Нема правило тоа е факт али на душичката ти иде убаво тие последни недели дека ете нешто правиш и особено ако си прворотка доста помага на психата и го намалува стравот од породување. Најубав метод е позитива и самодоверба. Никаков страв покрај девет месеци бременост, самиот чин на породување е само неколку саати. Се ќе биде во ред.
Само плитка пенетрација ако толку му е шубе, свршувањето е важно. Маж ми се жалеше дека го искористувам За два саата откако почнаа болките бев 8 см отворена.
А што ако на пример сум се отворила еден прст а не знам и мм ми сврши внатре? Можно е нешо да се деси или да се фрлам и ја у овој процес на убрзување?
Ќе кажев нешто бизарно но ајде нема Неможе ништо да се деси. Постои нешто што се вика "чеп" и постои нешто што се вика водењак со амниотска течност. Доволна заштита.
Дедо Боже здравје да ти дае на просветлувањево. Не планирам цел месец да терам трудна. Маж ќе мора да попушти.
Абе дај тој дедо Боже на тебе прво да ти даде трпелив маж па лесно да се породиш, затоа и се советиве. А дека нема да тераш цел 9ти месец тоа не гарантирам Моиве се родени 39+6, значи апла на крај и покрај сексот
А нели прво паѓа чепот па после се отвара грлото на матката? Ма ја врска немам веќе, само знам дека сум веќе скоро 40та гн и сакам да се породам во најскороо времееее
Ова не беше оптимистички како што се надевав. Да беше пролет или есен бар, жими се не ги можам жештиниве веќе...
Пробајте да не викате, чувајте сила за туркање. Мене ми кажуваа да туркам кога е најсилната контракција. Туркајте како да какате Она што мене ми се случи, а што никој претходно не ми кажал - јас се убив од повраќање. Буквално откако почнав да се пораѓам, и после тоа, јас повраќав и се тресев ко да имам треска. Ама не е ништо страшно, верувам дека од шок и болка, така ми реагирало телото. Да знаете дека постои можност за тоа И исто што никој не ми кажал претходно - дека откако ќе го родиш бебето, не завршува тука, туркаш пак за плацентата. Моето беше брзо, помалку од 2 часа.
Ova za seksot ne go praktikuvav minatiot pat ama ovaj ke se fatime sovreme za rabota pa belkim ke ima efekt
Еве јас ќе си кажам ништо практивував освен сексот и не знам дали е до мене или до сексот ама болки минимални со пукнат водењак и во болница стигнав со 8прсти отворена.. за 1 саат се породив
Секоја жена е различна. Јас немав секс, не вежбав, не се движев премногу(освен она нормалното, обавезно пешачење малце еднаш на ден). Низ дома умерено работев. Не се мачкав со ништо, стрија немам. Се породив лесно. Бар за мене е лесно. Со 3-4 напони. Болки интензивни само пола саат. Оние предходните ми беа ништо во споредна со тие крајните. Ама, не се плашев, знаев дека ќе боли. Не дека не реков: следното со царски и уприватна. Ова додека беа болките оти не знеав дека брзо ќе заврши. Кога видов дека за 20 мин се роди, реков ауу па нишо страшно. Муабетот ми е, најбитна е психата. Јас бев спремна, па и со меше си зборев. Дека нема да се мачиме, туку ќе си се роди лесно. Секое породување е само за себе. Не зависи од ништо, не верувам дека има нешто што помага или одмага.
На почеток на бременост ја прочитав цела тема и еве сега во 9ти пак за да се потсетам. И ми текнува кога прочитав за сексот си реков супер зашто цела бременост имав огромна желба за секс Е како влегов во 9ти не ми се помислува на секс. Се осеќам дебело, подуено како топка... Така да, ќе морам позитивна да одам во болница
Јас мислам дека треба да ги слушаш и да соработуваш со докторите и сестрите џабе да не се ја трошиш силата и енергијата....
Ќее те дружам со позитивни мисли само оти не дека јас не сакам секс ама "посилниов" пол до мене толку е исплашен и на секое мое офкање се штрека и вели каква партија бе ние го чекаме да излези ти сакаш да го вратиме назат...е толку сум се смеела да бев отворена ќе летнеше бебето.....
Денес сум 38 недела. Доста ми е стварно не можам веќе, а докториве се убедени дека ќе надминам термин со една недела минимум. Нит ме прегледале нит ме виделе, си кажуваат онака.. Не знам што би било попаметно.. Секс спомна докторот,а маж ми вели језиво му делувало тоа. Ананас и урми не јадам. Не знам.. Вежбам нешто од јутјуб гледам, ама не бе.. Абер нема.. А се си мислев брзо ќе се породам нема да терам до крај.. една пријателка ми кажуваше, во 38 недела ги убедила докторите да ја породат, и викале остави бе нека порасне бебето уште некој грам, ама таа не сакала да слушне и ја породиле. Јас таа опција ја немам.. Не би ми дале провокација уште сега, ми рекоа дури во 41 недела ако нема абер ќе ми дадат...