Машала. Кај мене во 36та беше околу 3кг и се роди на термин 3900гр. Можно е да биде големко, па да те изненади и пред термин. Иначе, кај мене секс не помогна и само што ми текна дека јадев ананас еден ден пред да ме фатат болките. Случајност или не, не знам.
Маж ми е роден 4500 грама и докторот вели да очекувам и јас поголемко бебе да родам бидејќи и двајцата сме крупни. А и сега сигурно е над 3500 гр. Не е тоа мало нека излезе веќе..
И јас викав дека ми е доста во 38ма, а се породив ден пред 42ра недела Со провокација. Нема како да убрзаш процес. Едноставно чекаш и тоа е тоа. Знам дека е ужасно тешко ама ако мислиш само на тоа нема да ти биде полесно. Само позитивно и чекај бебе да реши да искочи. Едит: мој совет ти е исто така пешачење. Само тоа ми помогна да се отворам.
Јас пешачев премногу ама тоа не ми помогна ич за да се отворам побрзо ,и јас се породив ден после термин со провокации.Обично викаат дека секогаш прворотките ги надносуваат бебињата
Јас секој ден пешачев, и секој ден идев на цтг и преглед зошто нели над термин, па секој два дена по еден цм се отварав. Во мојот случај ваљда помогна. Од пресметкиве сега тешко ми станува Ептен сафра е последните недели.
За пешачење баш доктор прашував. Ми викаше дека со тоа ќе ми се олесни пораѓајот, а тешко дека ќе се убрза. Треба ептен да се преморам. Ми забрани претходно орбитрек да не ми пукнел водењак прерано. Па сеа се мислам да го развежбам ама сепак страв ми е.. И тоа како сафра е, последниве две недели едвај дишам и многу брзо се изморувам, и пред тоа губев сила, ама ова е страшно. Како неспособна се осеќам.
И мене ме чекаа прво болки да се јават за да ме породат па се породив 40 недела и два дена. Немав болки кога отидов на преглед али тогаш прв пат во 9 месец докторката ме провери вагинално.6 прсти отворена бев а претходно немав некои болки кои би укажале на тоа.Сигурна сум дека ако ме провереа вагинално порано а не по поминат термин, ке се породев порано.
Знам дека едвај чекаш да го видиш бебуш ама опуштисе ќе имаш време за да се гушкате одмори дури можиш после е убав ама напорен период..не се брзај се си иди во свое време..јас се породив во 41 недела со болки не отворена па мораше со провокација..брзо помина и сега ми фали бременоста
Мене ич уф, како друг човек бев. Мислев нема да се врати старата јас, ама се стабилизирав со време, супер ми е П.с.и јас спремив торбица во 36 недела, па до 41 чекав. Не се пораѓаат сите во 9 месец
Не верувам дека ќе ми фали бременоста. Имав лесна бременост, без лошење, без повеаќање, ама сега се осеќам како подуван балон, болки во коските имам како стара баба сум, дишењето ми е како астма да имам,се движам ама не е тоа тоа со стомак толкав. Па и страв ме јаде за килажава не сакам да се мерам не сакам да видам колку имам покачено.. Во право си за тоа дека ќе ми се смени животот, ќе ми биде убаво со бебенце, а сепак напорно, ама нели тоа сакавме сите . Сакам да ми олесни, огромен товар осеќам и некоја неизвесност, а тоа ми е и најтешко, неизвесноста ме толчи. Сакам да заврши ова. Баш вчера зборувавме со мм дека ќе ни биде тешко првите месеци додека фатиме ред, ама тоа е. Сакам да се случи веќе. Ќе ми фали можеби слободното време кое го имам сега, ама јас така си ги сфатив повеќето работи во животот. Кога останав бремена и цигарите ги откажав и алкохол не помирисав и не се жалев , си велев си скратувам задоволства кои не ми се толку важни за нешто кое ми е приоритет. Кога почнав да осеќам болки во коските, да качувам килажа, да изгледам ужасно и да се чувствувам ужасно си реков дека така треба да биде, на некој начин да си ги жртвувам некои работи, да си го жртвувам изгледот за нешто многу поубаво и повредно во животов. Така и си велам за животот после бременоста, ќе си жртвувам излегувања,уживања и средувања за да поминам време и да се посветам на бебето кое ќе ми биде најважно. А сега ич не ми се чека и од синоќа правам вежби од youtube иако ми изгледаат безврска, си велам ако ајде само да биде побрзо.
Исто..спремна уште во 36 недела а се породив во 41 Ќе помини не се секирај брзо поминува ти посакувам лесен пораѓај и уште полесно да навикните со бебуш
И јас имав лесна бременост, мешето како меше не ми беше проблем. Многу сакав навечер пред спиење кога клоцаше бебуш, цел стомак ми го изместуваше . Туку чудно се осеќав, киселини имав, скриен шеќер, пазев што јадам, пазев што козметика користам, пазев да не му наштетам со некоја постапка на бебе. Па кога ќе имав стрес уште поголем стрес си правев да не му биде нешто на бебето. Анксиозноста во бременоста не ми фали, ама за ова што клоца дење ноќе исто како во меше сѐ вредеше.
Мене ми фали бременоста. Ама нова бременост за некои 5 години. Сега не ми паѓа на памет. Јас и не сакав да се породам рано, ден пред пораѓај бев на кафе, иако со лажни контракции. Си велев да се породам барем на термин или покасно. Епа желбата ми се исполни. Цела бременост бев активна, и пешачење, скали, секс, јадев се што ми се јаде ама синко не се брзаше. Затоа сега брза, денес во лазење му се лизна раката и се чукна во образ. Мене од 35та ми беше спремна. До 41 којзнае колку пати фати прашина. Кога ке те мерат пред пораѓај, пиши ми ја цифрата. Ја гарант ке имам поголема. Ке видиш дека бебето ке ти е целиот свет. Мене ми фалат кафињата и излегувањата, ама кога ке излезам, ги малтретирам дали јадел, пиел, спиел, мирен ли е, плаче ли. Го оставам само со маж ми, мајка и свекрва ми, знам дека одлично е згрижен и наместо да пијам кафе раат, јас пишувам. Знам дека не можат да пишуваат, па пак им ѕвонам.