Не знам колку ананаси изедов, колку км прошетав, колку скали качував, колку време во топли купки лежев, колку односи со маж ми имавме.. ништо. Таа решила тој ден да излези, а не ние кога сакавме.
Вчера читав на српски страници за таа перинеалната масажа се мислев да ја практикувам АМА прочитав мнг искуства дека се фаќало инфекции баш од тоа и после бебето при пораѓај можно било да се инфицира Искуства?
Ме интересира дали сексот како чин е тој што го олеснува пораѓајот, или спермата е таа што го отвара грлото?? Смее ли свршување внатре, некако шубе ми е
И сексот и спермата. Ама повеќе спермата. Содржи супстанции што го омекнуваат грлото и помагаат полесно да се отвори. А контракциите од оргазмот ја вежбаат матката. Ама побитна е спермата сепак
Абе од кога му го кажав оваа на маж ми запна секој ден за секс, до душа и јас си имам желбичка сакам да имам секс ама не е свршувал во мене.Посебно сега од кога ми кажаа дека сум 1цм отворена и дека можеби ке требасо провокации запна да имаме секс почесто како природна провокација за да почнам да се отварам повеќе и да избегнам да ми ставаат провокации.Грлото не ми е омекнато уште па вреди ли да се проба со свршување внатре? Плус помагаат ли урмите да почнам и со нив ???
Ако ти е нормална бременоста, ако се е во ред, ако ти си имаш желба слободно имај си секс, ама за свршување внатре мислам дека не е препорачливо баш дека го омекнува грлото, тек после 37 недела за да го омекне за пораѓај.
Hmm jas ne bi so svrsuvanje vnatre nedaj boze poradi nekoj bakterii, infekcii itn, podobro zashtitete se
Јас во бременост не би имала секс без кондом. Веќе последните две недели можете да пробате со свршување внатре мада мене тоа не ми помогна.
Да секс со свршување внатре кај нас помогна. Вечертс имавме, сабајлето ми почнаа слаби болки, кон 14ч ме примија 5 прста отворена и во 20ч се породив
Епа баш сега со 1цм ти е таман за свршување внатре да ти го омекне грлото и поише да се отвориш. Пробај немаш шо да изгубиш, може ќе упали. Ние вечерта пред да се породам имавме, сабајлето на контрола бев 4 накај 5 прста отворена и тоа без никакви болки вечерта во 8 се породив
@Bella* Јас ја правев од 35 недела на секои 3 дена, незнам дали имаше некаква врска ама не распукав на тој дел воопшто туку ме сецнаа странично на усната ептееен мал рез 1 конче. Бебе никаква инфекција немаше
хаха фала на инфо,ама јас завршив со раѓање еве бебе е скоро 1 година лани сум прашувала за ова,како и да е не практикував перинеална а и не испукав воопшто
Јас таква бев после операција, дали од анестезијата не знам може и од страв и шок, но цели 4, 5 саати бев во бунило со константно повраќање и треска. Сестрите не знам колку ќебиња ми донесоа не можев да се стоплам. Па така се надевам дека ова трудничко искуство нема да го завршам така