Тресењето го имав и јас, раѓав во Август, не беше од студ. Толку се тресев што прашав што ми е. Една сестра ми рече адреналин. Ми имаше логика. Инаку, посебно туркање за плацентата немав, искочија заедно со бебе.
Дечки може ли да ја активираме темава? Со првото дете немав поима што да правам и ми се чини душа испуштив, ама сега сум 37н и вежбам техники на дишење и пешачам секој ден. Имате ли некои совети што да се практикува во последните денови за да се олесни процесот на природен пороѓај. https://deca.mk/vezhbi-za-dishene-vo-bremenosta-i-za-vreme-na-poroduvaneto/ http://www.novalek.mk/pomosni-tehniki-na-disenje-za-trudnici
Никакви вежби не сум правила, не ми е текнало да правам а и сега гледано немаше ни потреба како прва бременост пораѓајот ми беше ептен лесен и брзо се породив.
Во текот на бременоста биди си активна. Пешачи колку што можеш повеќе. Двете породувања ми беа лесни.
Секоја бременост е различна, така и породот според мене. Еден ден не бев седната да лежам во бременоста, пешачев, вежбав активно до 37ма, истерав 5 свадби на нозе прва на оро, последната почеток на 9ти месец, 10 летови имав, ова го пишувам пошо стварно не бев залежена ни ден, 39-40та недела секој ден по 2км одев на излегување, кога ќе се вратев дома таков притисок имав долу, што мислев само еднаш ќе стиснам и ќе летне малава и пак душа ми илезе. Иста жена се порѓала со првото за 4 саати, со второто 15 или обратно.
Здравоо.Има ли некој од вас што се пораѓал природно во приватна болница да ми пише порака во инбокс сакам да прашам нешто.Сепак фала ви ♥️