Труднички муабети Јас немам одено ама се мислам има во државна и се почнува од 36 недела ,баш кога бев на скрининг 4д ја прашав докторката што ме гледаше и ми рече дека е за прворотки дека можат сите што сакаат да се пријават имате време да размислите позз
Јас идев на предавањата на ГАК до нова година.Убави се,има доста работи кои можат да се научат,околу тоа што е потребно да се носи во торбиците,кои се прави а кои лажни контракции,како да дишиме кога ќе имаме болки,начини на масажа за ублажување на болките (и практично вежбање со мажите), и се околу самиот чин на пораѓање. Тоа беше во два часа, еден час имавме предавање за матични клетки,па повиваме едно бебе (кукла) и еден час шетање низ болницата, убаво ни објаснија каде да се пријавиме кога ќе добиеме болки,и целата процедура понатаму.Потоа не однесоа во предродилните сали и во родилните (кај боксовите), и во собите во кои ќе не сместат после породувањето.Мене многу ми се бендисаа часовите,можеш све што сакаш да си прашаш. Имаше и уште еден (5-ти) час,на кој јас не отидов, и на тој час се собираат сите групи, и си поставуваат прашања, а како ,,гости,,се мед.сестри,бабици, доктори, анестезиолози,педијатри итн. Секоја група е составена од 8 жени + 8 мажи секако , значи вкупно 16 луѓе, и затоа може све убаво да се чуе и да се праша. За пријавување ќе си се јавите на некој број на клиника и ќе ја побарате сестра Зоре (ако го чувам нејзиниот број ќе ви го пишам), и она ќе ве распредели во некоја група. Уххх ама се расприкажав во 6:30 сабајле...Јас топло ви препорачувам да одите доколку сте во можност.
сите совети се добредојдени, ама искрено колку можеш да ги применуваш вежбите за дишење конкретно кога ке те фатат силни болки незнам.. барем јас имав огромни болки и неможев воопшто да дишам , а не пак да ги дишам болките како што ни кажуваа на часовите... е сега добро е ако можите да се движите повеке во предродилната сала, или да правите клекни стани, ама пак ке речам и тоа не е некое правило, дека на крај полесно ке се породите, зависи од самиот огранизам
Бесплатни се предавањата. Инаку,да што вика Љубичица, кога ќе ти дојде моментот тешко дека ќе мислиш на дишењето,иако еве мене некои болки кога ме фаќаат пробувам да дишам како што не учеа,и стварно ја олеснува болката.Ајде здравје, ќе видиме
Бев вчера на предавањава во ГАК и да ви кажам не сум нешто задоволна. Докторката или стручното лице кое се трудеше нешто да објасни само кружеше околку една точка и верглаше се едно исто. Кај не го почитува твоето одделено време и секој пат кога и звонеше тел. си се јавуваше( автоматски не знаеше каде застанала) па пак јово на ново. А групана кој 27 кој 35 недела се каша попара. Зар таа 35 недела се прашувам ќе успее да ги дослуша 4 недели ? А ај батали и тоа него положбана за седење крш доле на онакви за вежбање ајде де издржи во лоша положба. Ете јас некако не сум фасцинирана не дека не слушнав корисни информации туку едноставно не е тоа тоа. Всушност и кај нас се е така сакаат нешто да направат во западен стил но незнаат како
Зошто не ме чуди ова? Ц..Ц...Ц а и јас сакав да посетам некој час после 35 недела,ај ваљда лоша смена се погодила... Ако оди пак некоја од вас,споделете искуство...Стварно сакав да одам
ако сакаш да одиш закажи си уште сега, земајки во предвид дека се оди еднаш неделно дали ке ги изодиш сите часови ако си 35 недела.
Ај ако може некој да ми даде број за закажување...сакам да отидеме дур имаме фора И кога се оформуваат групите?!
бидете активни до крај,немој да лезите само во кревет последните недели,пешачете водете лјубов и партнерот со вас додека ви траат болките за морална подршка,ништо друго не ви треба ,ни везби ни ништо!
Аууу само не лежење последниот месец, пешачење нормално секојдневно, јас до поцледниот саат бев активна и ниту еден момент од целата бременост не залегнав, од самиот почеток си функционирав најнормално па се до крај, така и вие идни мамички, само активност до крај за да немате проблем при породувањето
Гледајте породувања на интернет или на ТВ, да бидете спремни. Сега да ми е овој памет ќе бев спремна, а јас ги слушав оние што ми викаа дека подобро е да незнам што ме чека. Верувајте подобро е да знаете. И повеќе одење и активирање на мажињата.
Да да дознавајтена нет за породувањето,дишете правилно и стојте колку можете повеке на нозе и туркајте најсилно што можете.
здраво девојки, немам искуства во врска со пораѓањето но имам слушано многу работи, од кои сигурно во моментот ќе се заборават - демек ко ќе те фателе болки шо поќе да се движиш -пред да одиш в болница да се породиш со јајце 3 пати под блуза надвор внатре (круг) и да велиш како кокошката така и јас да го родам - да не и кажуваш на мајката дека се пораѓаш. - да се напијаш вода од чевлата на мажот има уште многу но не ми текнуваат во моментов.... со лесно