Хахахаха добро ти е тоа со пиењето вода од чевелот на мажот убаво кажа zuto, сигурно е природна анестезија И симнувам капа на таа што ќе проба
здраво девојки , интересни совети хахах маж ми е повеке по патики па се мислам дали да пробам со патика Шалата настрана , како што ми се ближи денот за пораѓај така и јас чачкам на нет некој совет барам демек ке си олеснам . Денес најдов за зачинот ким , ги олеснувал породилните болки и помагал за подобра лактација при доењето , повеќе млеко за бебчето ќе имало . Некој дали има искуство со ова , што мислите ? Ај со лесно нека ни е на сите .
Баш така. Кога се пораѓав со син ми многу испаничив и не дишев како што треба. А не ги ни слушав сестрите. Така си направив проблем. Ама за вториов пат знам како треба.
Јас знам за на мајката да не кажуваш бидејки ке се грижи и ке те мислела нонстоп па така да не имала повеке мака. Јас на никој не кажав оти така испадна потоа од како се породив известивме. А од овие другиве адети ништо не направив
Јадам ананас и урми, секс без сперма, бидејќи меболеше, шетам по 2 саати, одам по скали, горе долу, што уште? Се нервирам, не излегува!!!
И јас исто Домакица, само без сексот, а плус ми рекоа риба. Утре на мени за ручек риба, ај баш да видиме. До кај си ти?Кога ти е последен термин?
ma nema polesno potesko poroduvanje.. na koj kako mu e pisano taka.. znam deka treba pesacenje,sum slusnala za ananas da se jade.. inaku za urmi procitav pogore.. tie mn pomagaat za majkata da dobie mleko i da ima dovolno. barem kaj mene pomaga.
Совет од другака ми која само што се породи. Позитивно размислување. Смирено. Соочени со ситуацијата. Свесни дека ќе помине. Концентрација. Автосугестија. Многу помагало. И со анестезиологот што правевме муабет на предавањата на клиника истото го сфативме. Со оглед на тоа што матката е мускул, нејзините контракции и отворањето на нејзиното грло може доста да зависи од психичката состојба на родилката. Не е пожелно големо ниво на стрес, затоа што се грчат мускулите а грлото на матката потешко се отвора. Се се сведувало на психичка состојба и најголема помош е самоконтролата... Јас ќе пробам со овој совет. Се надевам дека после породување нема да се цитирам тука со пцовки!!
Каетана се сложувам за автосугестијата и смиреноста. Најубаво е со време и со песна да се тргне на породување. Мене ми беше прашањето што е со бременоста кога ќе помине терминот, нормално плодот е поголем и самите доктори ти даваат надеж од 50% природно, 50% царски. Немаш статус, незнаеш за што да се спремаш, си велиш на крај и мојот и на бебето животот може се во опасност.
Точно Домаќице, комплетно те разбирам... Не можам да ја замислам твојата, да ја наречам фрустрација од чекање и неизвесност... Јас конкретно сум договорена со мојот доктор дека не чекаме 40 недели да поминат. Чекаме да ми дојдат болки, ако не, околу 39-40 недела ќе ги предизвикаме и одиме на спонтано породување... Оф топик - барем често ли си на цтг штом си поминала термин? За предизвикување сум чула за секс дека помагал... Дали стручно има врска, не знам...
Во првата бременост го надминав терминот 6 дена и природно се породив.Можеби покасно си останала бремена затоа и бебчо касни не се секирај
Зошто опасност? За каква опасност зборуваш? Ма само опушти се и не се замарај толку. Ќе си дојде кога ќе треба. Ако е плодовата вода во ред, тогаш нема место за паника. Ако пак се заматила докторите знаат што прават. Дали царски или природно ќе бде се во ред и со тебе и со бебушот. Се надевам дека ќе поминеш со лесно и за брзо ќе се пишуваме во темата Бебе
Мој совет веќе кога ќе почнат болките, постојано шетање и правилно дишење...Кога ќе почне контракцијата вдишувте малку подлабоко и полека издишувате, се додека не помине болката па потоа дишете нормално. Болката верувајте е помала и поиздржлива. Дишењево го продолжувате и на бокс онолку колку што е можно. И концентрација! Треба да се сконцентрирате на тоа што ни кажуваат акушерките и докторот, и концентрација врз дишењето. На тој начин се штеди и силата наместо да викате на цел глас. Знам, болка е, но и врз викањето имате контрола. Навистина не ми е јасно од каде ја наоѓаат таа сила тие што се дерат. Се погодив во соба со прозорци кон внатрешниот дел од болницата, а бидејќи беше лето прозорците стално беа отворени и нон стоп слушав викање од породилните сали. Како во хорор филм да бев
И јас еве до сега некако имам позитивен став кон чинот на раѓање и едвај чекам да дојде,само ме плаши тоа што вика Домачица ако го надминам подолго терминот па да ме провоцираат,ама што ќе дојде тоа е. И како што вика @Kitten најбитно е дишењето и концентрацијата,тоа ни го кажуваа и на вежбите,а најдов и на една српска страна како треба да дишеме при самиот тек на породување. Мене ме интересира од тие што сте се породиле,дали навистина физичката активност во текот на бременоста ви помогнала во смисла на тоа полесно и побрзо да се отворите?
Azelea, ај ако не ти е тешко прати ја страната за дишење. И јас вчера прашав што ако го надминеме терминот и др. ми рече 7-10 дена е нормално. Ако си има плодова вода убаво му е ич не се секирај ќе се породиш кај и да е оваа недела 100%.