Еве види дали ќе отвори http://www.vodiczaroditelje.rs/clanak/uputstva-i-beleske-sa-priprema-trudnica http://www.vodiczaroditelje.rs/en/node/180 на вториот линк најдоле ги пишува типовите на дишење
Вообичаено е да жени кои биле физички активни за време на бременоста побрзо и полесно се породувале, болката е таа само има разлика од тоа да се породуваш 4 саата или 14 саата. И јас би ги советувала сите трудници да го слушат докторот, најдобра работа се вежбите со дишењето, многу помагаат за време на породувањето и да не паничат, така се стега матката и се пролонгираат контракциите и да не викаат, така само си ја губите силата што ви е потребна за време на породувањето.
Да многу е добро,има многу убави статии и емисијата оди секој ден на Б92 телевизија само во различни термини е,незнам кога точно
ЈАС ЌЕ ВИ КАЗАМ ОД ИСКУСТВО.....ВО ТЕКОТ НА БРЕМЕНОСТА ОД ВРЕМЕ НА ВРЕМЕ НА НЕКОЛКУ ДЕНА ОСЕЌАВ НАПОНИ КАКО ЗА ПОРАЃАЊЕ..ШТО НЕКАКО УСПЕАВ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ...МНОГУ СЕ ПЛАШЕВ...ДА НЕ ДОЈДИ ДО АБОРТУС..ИТН...И КОГА СЕ ЗАЧЕСТИЈА ОТИДОВ НА КОНТРОЛА...НЕ СЕ ЗНАЕШЕ ЗОШТО Е ТОА ТАКА,,БОЛКИ ,НАПОНИ НЕНОРМАЛНИ...КОГА НА МАТИЧНИОТ МУ ТЕКНА МИ РЕЧЕ НЕМОЈ ДА ИМАШ СЕКСУАЛЕН ОДНОС СЕГА ИЛИ АКО ИМАШ МОРА СО КОНДОМ...БИДЕЈЌИ СПЕРМАТА МОЗ3Е ДА ПРЕДИЗВИКАЛА ВАКВА СОСТОЈБА...ПРИМИВ ДВЕ ИНЕКЦИИ СПАСМЕКС..ТАБЛЕТИ СПАСМЕКС И СЕ НОРМАЛИЗИРАВ И НАЈВАЗНОТО,,ИМАВ СЕКС НО ММ НИКАКО НЕ СВРШУВАШЕ ВО МЕНЕ..А ПРЕТХОДНО НА СЕКОЕ СВРШУВАШЕ..СО ПОМИСЛАТА АЈДЕ БРЕМЕНА СИ СЕГА..МОЗЕ ВНАТРЕ..ГРЕШКА Е...И ЗАТОА ДА СИ ЗНАЕТЕ СПЕРМАТА Е ИДЕАЛНА КОГА ЌЕ ПОСАКАТЕ НАПОНИ,,КОНТРАКЦИИ ЗА ПОРАЃАЊЕ...
Совет само слушај те што ви зборуваат и соработувајте со акушерката или доктор☺ да се дообјаснам Кога ке ви дојдат напони оние како за голема нужда слободно непнете колку што можете
Девојки, еден најдобронамерен совет. Од ова што читам гледам дека некои работи ако сте можеле да одите на часови за пораѓај ќе ви било поразбирливо и полесно можеби ќе сте поминеле. Потрудете се да одите на часови, многу се битни, мноооогу, ќе ви биде полесно.
И јас тоа би препорачала, многу ми е криво што не одев за првото. Не знаев на што да се фокусирам и како да постапувам, иако се на се океј поминав, не влегував во толкави детали што и како било, но мислам не се помачив премногу иако тогаш тазе породена мислев дека сум поминала најлошо на светот, а не било така Неколку приказни прочитани ме потсетуваат на мене, недоволно познавање на некои работи... со тоа недоволна соработка со докторите. Дали да одам сега за второ на часови се мислам, дека имам искуство веќе некое си викам нема потреба.. што знам
Да одиш. Ако не друго барем на прворотките кои одат на часови секогаш им се добредојдени мајки кои претходно раѓале. Да им ги раскажат нивните приказни и нивните искуства околу породувањето. Така е, ама затоа постои интернет, па можеме колку - толку да се информираме. Некои приказни кои ги читам тука искрено ме запрепастуваат. Тотална неинформираност. А се би било поинаку доколку трудниците отприлика би знаеле што ги очекува. На пример: не ве мразат докторите ако по пораѓајот ве остават на бокс, тоа е стандардна процедура и е за ваше добро. Исто така доктор кој инсистира на спонтано породување не го прави тоа за да ве мачи, туку повторно за ваше добро, итн, итн... Вакви приказни има безброј на форумов.
Фала ти Јас па се мислам да не е глупо да одам, а веќе сум поминала низ пораѓај.. ама дека не поминав сјајно, не ни мн лошо.. но сакам да знам повеќе работи и со второво да поминам полесно...
Јас кога одев, акушерката неколку пати напомена дека најубаво и е кога во групата има мајка која претходно раѓала и дека би сакала постојано да има. Поинаку може да им го пренесе целото породување на новопечените мајки. Плус друго е кога некој ти пренесува искуство од прва рака... Обавезно да одиш
@An-na за тоа дека доктор кој иницира за природен пораѓај дека поддржувам и се слагам со тебе е во ред,ама тоа дека на некој односот не им чини со пациентите,особено родилките,тоа можам со глава да го потврдам! Колку изначитана и едуцирана и со собрани искуства отидов,со истерана многу лесна бременост, па поминав многу лошо. Сите сме различни,едни поотпорни на болка,други помалку отпорни. Имаше родилки што не беа ни шиени,со породување завршено за половина час,па офкаа и кукаа бебињата да им ги тргнат,не знаеле што да им прават,многу им плачеле! И не е од неинформираност,од лошо искуство е! Сума сумарум секој со своето!
Се согласувам. Мојот пост воопшто не се однесуваше на тебе. Прочитај наназад низ темава, ќе видиш за што зборувам. Секакви приказни има. Тебе сеуште ти е тазе породувањето, па затоа можеби ти изгледа толку страшно и тешко (не викам дека не било) И мене првиот месец не ми се ни зборуваше за породувањето. Мислев којзнае колку страшно сум поминала, меѓутоа сега кога гледам од дистанца сфаќам дека и не било толку страшно. Може и со тебе ќе биде така
Не го ни сватив дека е наменет за мене се надоврзав само на дискусијата од моја гледна точка и искуство
Да одиш. Акушерките се кажуваат. Кога читам во породилни приказни распукале при напон одма се сеќавам на зборовите на акушерките како да не распукаш. Јас на неколку места одев на часови за различни искуства. Јасно ми беше секое движење зборување од акушерки и доктори. Секоја болка ми беше радост. Читам се измачувале колку боли. А акушерките ме научија како да ја издржам со насмевка секоја болка. На 100ка цтг јас се смеев и кафе барав. Ме научија како да дишам за да не боли... одете на часови. Ако ништо друго да ви кажат оти се дерат акушерките.
Мене па воопшто не ми помогнаа часови. Не дека ми текнуваше како да дишам при какви контракции. Ме обзеде возбуда и воопшто не мислев на тоа, мислев само дали е добро бебето. (не беше добро наместено.) Секако кажуваат на бокс како да дишеш, кога да напнуваш кога не. Затоа најважно е само да се слуша и соработува. Кога ти викаат не напнувај, контракцијата помини ја со дишење такво и такво треба да се слуша. Не сметам дека којзнае каква корист има од тие часови, ништо посебно. Ама ете, за кого како.
Дишење не само на бокс туку и претходно. Ако не дишиш за време на болки нема циркулација на кислород и повеќе боли. А сите стегаат заби и не дишат. Ако врескаат исто. Ако зборуваат исто. На пример на еден напон кога рекоа не напнуј знаев дека проверуваат дали да ме сечат. Ако напнев тогаш ќе распукав. Кога видов како бабицата ги става рацете знаев дека главата излегла и еден напон ме дели од крај на пораѓај и напнав силно. Знаев како да вежам помеѓу болки за побрзо да се отворам. Знаев што значи кога викаа какај сега... Се ми беше јасно. Многу бев прибрана и глас не пуштив 6 саати. Плус 6 саати не ми дадоа да седнам.
Отворањето е многу индивидуално, некој пак ќе прави што треба, ама не се отвора и тоа е тоа. Сигурно не е зашто не оделе или не правеле нешто. Јас не правев ништо посебно и пак се отворив брзо. Акушерката баш на предавање кажуваше како има многу што едноставно паника ги фаќа и тоа е тоа, џабе иделе. Ти ако си правела така не значи секоја на часови што ќе оди исто ќе прави. Јас ни за контракции не ми текнуваше кое како беше со дишењето, ама правев телото како ми кажуваше, а после слушав што ми се кажуваше. Акушерката се кажува, ми кажа за последниот напон дека ќе излезе бебето и да дадам се од себе, ми кажа сега напнувај, сега не, диши вака, диши така. Нормално кога вика не напнувај, значи не треба да се напне, ама ако не може да се издржи и да знаеш зашто не треба да напнеш џабе е, пак ќе се напне. Сакам да кажам и тие на часови што немале можност да одат не значи дека којзнае што ќе ги снајде, не се пораѓаат сами во поле, некој ќе ги води и дава насоки, само треба да се слуша и да се слуша сопственото тело. За тоа и е скроено на крајот.