@mariz Јас сум од Гостивар и искрено мн е битна соработката со докторот и бабиците. А исто така едно од најбитното е дишењето. Кога имав контракции се фокусирав на дишењето.... а помеѓу секоја правев пауза до следната за да одморам и за да можам да ја издржам следната контракција. На бокс исто не пискав ( сфатив колку и да врескаш, нема никаква помош) за џабе се троши енергијата а и така пораѓајот си се одолвлекува. Е сега на последните напони собирав сила е богами тогаш му удрив едно викање
Абе мислам ако не помогне којзнае колку за пораѓајот, бар предзнаењето за нешто нема да ни прави да ги сфаќаме толку трагично сите фази при раѓањето... доволно е да знаеме дека ете тоа и тоа на пример е нормално при пораѓај... а не после леле што ми правеа овие ненормалниве, ме остакатија (така мислев кога родив, ама при читање повеќе искуства, пораѓаи.. сфатив дека некои работи биле нормални). Битно е дека на свет дошло живо, здраво бебче, дека мајката после тоа е добро... ништо друго не е битно, тоа е најбитно од се! А чим се одлучив брзо за второ, не се плашам пак да раѓам, сепак не е нешто најстрашно на свет.. дури сега кога ја читам мојата прва приказна се смеам
Нема да ги снајде којзнае што ама ќе знаат што им се случува со телото. Барем јас сакав да знам. Полесно ми беше. Ако имаат опција нека одат. Зло нема од нив. Иначе одев во ГАК 4 часа што станаа 8 саати, у Систина еднаш и предавања организирани од едни приватњаци за матични клетки. ГАК беа најдобри. Највеќе ми помогна дишењето во предродилна и воздржувањето од напон.
И јас како @RainBow со мислење за часови. Нели викаме теорија и пракса не е исто. Ќе ни удри адреналин во глава, што паника, што возбуда, којзнае дали ќе се сетам што треба да правам. По моја логика, персоналот треба да те води низ процесот дур си таму - да ти кажува и што се случува и како да дишеш и до каде си стасан со пораѓајот. Вака, ако ме фати паника, а тие не се тука да ми кажат како треба, џабе часови и се. Секое искуство не е исто, како што не е иста и физиономијата на телото. Некоја ќе се отвори брзо, некоја бавно, широка-тесна карлица.. Сето ова влијае на должината на процесот, болката, интензитетот. Јас очекувам да ми кажуваат што да правам дур сум во болница Едит. И уште ова. Како и за се друго во животот, дур си уште под адреналин, поинаку се доживуваат работите. Како минува времето, нкрмално е да се забораваат работите и да се релативизираат. Тоа не значи дека помалку болело - едноставно избледило
Часовите нема да ти ги намалат болките, може и нема да ти помогнат во дишењето (барем мене не) ама и тоа како ќе ти помогнат полесно да се соочиш со ситуацијата која ти следува. Да знаеш отприлика што и зошто ти прават. Ако те сецнат, зошто се прави тоа, ако те остават на бокс, зошто, итн... Многу полесно е кога си подготвена, отколку кога одиш ко мува без глава. Барем мене ми беше, што знам
Ке ти олесни епидуралната, освен ако одиш без неа мене адреналин ме удри само што го извадија од мене... предтоа не
Океј е да се знаат фазите и се тоа, секако сè ни е достапно во денешно време, сè може да се прочита, има видеа, и јас доста читав, кој сака секако може да се информира. Ама ништо од тоа не гарантира дека ќе го олесни пораѓајот како погоре што си пишала. Може се да знаеш и пак да не се отвориш, може да дишиш како што треба, ама болките да се огромни и, иако очекуваш, сепак интензитетот да те изненади. Едноставно сè се случува. За лежењето на бокс два саати и мене ми кажаа, не се сеќавам баш дали тоа беше споменато на предавањата, знам имав тука прочитано, а кога ме соши ми кажа сестрата дека ќе лежам. Треба да информираат што се случува, да одам на некаква операција сакам да знам што и како ми прават и сметам дека се должни сè да ми објаснат. Затоа и се таму, за нас, за да ни помогнат. Иако сметам дека сите информации се само плус, зло нема од предавањата, ама и не треба толку да се прават дека без нив жениве лошо поминале.
Да, може ќе одат на часови ике отидат на царски па џабе патот. Јас не паничев, се ми беше во глава, свесна бев дека ако паничам полошо ќе биде и размислував точно на секоја фаза од пораѓајот како што ја опишуваа на часови. Вежбав помеѓу како што ме учеа, дишев и броев како што ме учеа. Начинот на дишење ја намалувал болката, сега не се сеќавам ама струно ни беше објаснето дека кога се стегаш и врескаш и не дишиш за време на болка се зголемува количеството на киселина во мускулите и повеќе боли. Не сакам да земам пример од ниедна приказна тука да не се чувствуваат лошо мајките ама некои работи ако ги знаеле предвреме немало толку траурно да ги осеќаат во тие моменти. Плус на еден од часовите на учеа дека болката е радост, не паника, и затоа полесно беше со радост за секоја контракција. Мене само не ми беше јасно зошто на бокс чудно ме легнаа на страна со икс некако нозе, тоа не ни го кажаа, за после да ми кажат дека бебето лошо било наместено и така го наместиле правилно за да не одиме на царски. Тогаш се исплашив оти не знаев што се случува. Иначе се отворав 1 см на саат, по пропис. А да зна
Едно време нашите баби не знаеле П од претпородилни часови, па и тогаш имало и лесни и тешки породувања. И пак ќе кажам во сите градови нема опции за часови. Па не стварајте паники кај трудниците ,кои и те како се ранлива категорија, дека ако не оделе на часови нема да знаат да се породат.
Подобро е да не се знае во детали што го чека човек првиот пат.(мала шала) Со насмевка отидов. Се сеќавам дека утрината, на пат накај болница гледав во небото, облаците и гласно размислував колку убав ќе биде денот... Арно и што не сум се нашминкала. Ко во транс. Ама барем позитивна бев додека не штрапнав таму. Вториот пат стравот ми беше во пети поради првото искуство а поминав сто пати подобро. Не беше поради тоа што знаев што како ќе се случува туку едноствно бидејќи беше сосема друг пораѓај. Првиот пат бабиците и докторките ми зборуваа, даваа инструкции и не бев сама ни за секунда. За рака ме држеа и тешеа нон стоп...па ништо не помогна. Правев се што ќе кажеа без да преиспитувам некој збор или да мислам што/ како/ зошто. Вториот пат ме остави бабицата на бокс и отиде кај друга пациентка. Кога се врати ми рече отворена сум. Препрашав дали е сигурна. Мое мислење е доволно е да се слушаат упатствата кои се добиваат во моментот. Силите ми беа толку на крај првиот пат што не знаев како се викам а не да се присеќам што како. Ми требаше глас, човек, некој до мене за да се фокусирам на него и неговите зборови. Слушав што кажуваа и така правев. А ако треба да биде со лесно, ќе биде. Ако побавно трае отварањето ќе си трае и тоа е. Две пораѓаи кои немаат никаква врска еден со друг. Кој сака/може нека си отиде, штета нема. Кој не е во можност нека не сфаќа трагично. Треба само да се слушаат упатсвата. Никаква теорија не може да те спреми целосно за тој момент како самата пракса.
Ок. Јас им дадов совет да одат на часови за да им биде јасно а дафи мисли дека бабите знаеле. Се повлекувам не можам против аргументов. Цел свет оди на часови кај нас паника е ако им речеш да одат. НЕ ОДЕТЕ ЏАБЕ СЕ ЧАСОВИТЕ РАЃАЈТЕ КО ВАШИТЕ БАБИ. се извинуам што воопшто споделив искуство. Едит. Кај сум пишала дека нема да знаат да се породат?
Ама не Цка, ние не сме ко цел свет. Немаме ни бабица како што треба ,а не пак нешто друго. Ете јас почнувам од мене, немам каде на часови, да доаѓам бремена специјално за Ск само за нив, не ми ни паднало на памет. И да ќе раѓам како баба ми, оти државата не ми овозможила друг начин.
Има часови. Група со акушерка која оди нуз цела Македонија. У еден ден предаваат и оти трае 4 саати даваат и сок и кифла и вода. Информирај се
Супер ако има. Немам слушнато. Ама и да нема, не е крај на свет како што го претстави ти. Ете тоа ми беше муабетот.
Јас не одев на никакви часови ниту па обрнував внимание како да дишам, си дишев најнормално, не врескав додека бев на бокс ама си зборев како навиена со докторот и сестрите, во предпородилна освен што реков неколку пати ме боли многу онака си кутев, не ми одмогна ништо тоа што не дишев правилно да кажеме, релативно лесно и брзо се заврши се. Во 13 часот ми укчучија провокација, во 15 бев потполно отворена.
Па не оди низ цела Македонија. Во мојата општина чија болница опслужува скоро 40.000 ж , до пред месец дена немаше гинеколог да те породи,не пак акушерки. И уште нема такви часови. Ма ние немаме 4Д кај да направиме,часовите ќе ни се луксуз,затоа и ваљда не идат кај нас. А сигурно пари од буџетот се двојат и ние да ги добиваме овие услуги,ама ете ваљда не сме дошле на ред.
Премногу сте зaтвoрени зa "нoви" рaбoти. Убaвo ви кaжувa @Cka . Пoмoгнете си и спремете се. Дури и дa немa предaвaњa вo вaшиoт грaд, рaзмислете дa пoгледaте некoи тутoријaли (вaљдa имa). Не знaм зoштo дoбрoнaмерен сoвет се дoчекувa нa нoж. Нa крaј нa крaиштaтa вaше си е...aмa сoветoт кoј ви е дaден е нa местo. Јaс не oдев нa предaвaњa. Незнaев, немaше, немoжев, штo знaм. Oтидoв сo сoвет oд пријaтелкa. "Диши смиренo, не пaничи, не вришти. Се е дo мoзoкoт!" Тaкa и беше. Зa трудничките денoви би ви реклa дa јa пуштите oмиленaтa клaсичнa музикa. Дишете вo ритaм нa музикaтa. Вежбaјте гo телoтo и мoзoкoт кaкo дa се спрaви сo емoциите кoи ве вoдaт вo ритaм нa музикaтa. Oвa е музичкa јoгa Пoмaгa зa oпуштaње и е мoј пaтент. Бaрем терминoт