Не се согласувам дека сме затворени. Коментарот беше даден иницијално со осуда на оние кои имале тежок пораѓај со образложение не оделе на часови. Не сме сите исти и во стресна/панична ситуација не реагираме исто. Има трудници кои од кревет не смеат да мрднат. Тие осудени се на тежок пораѓај?! Не велам не на едукација. Не верувам дека бар од радозналост нема некоја да пушти некое видео во денешно време. Сепак, задача на персоналот е да те води низ процесот, а не да се однесува како кон стока. Јас од тоа што имам читано тука, најчести поплаки се на неоднос, а не на нестручност. Џабе ти е се, ако не си човек.
Никој не ти гарантира дека ќе поминеш лесно или тешко ако одиш на часови. Разликата е во тоа што си колку-толку подготвен. Не мора да се оди на часови, доволна е основна едукација од релевантни извори, а не од рекла-казала муабети. Оти искрени да бидеме тука може да се изначита се и сешто. Па не еднаш имам читано коментари како докторите ги мразеле, им се качиле крвнички на стомакот и стискале со сета сила?! И ова не за да им помогнат, туку оти ги мразат и сакаат да им наштетат!? А се би било поедноставно доколку би биле информирани. Мене тоа ми е муабетот. Па и јас имав тежок пораѓај, константни болки, без паузи. И мене ми се качуваа на стомак, ме сецнаа прилично, ме прегледуваа "крвнички" итн... па во ниту еден момент не реков дека ме мразат. Тоа се стандардни процедури. Јас може грешам, ама еве и @bittersweet која е акушерка ќе ви го каже истото. Друг муабет е односот на медицинскиот персонал таму. Ама едното нема врска со другото. Се согласувам дека добар збор и однос може да помогне, ама дека од тежок пораѓај ќе ти го направи лесен, тешко Може само да имаш помалку трауми.
КАДЕ ВИДЕ ОСУДА ВО 4-5 МОИ ПРВИ КОМЕНТАРИ? најди еден збор каде викам срам да ви е не одите? Кажав свое искуство и препорка. На крај, Дафи ви кажа, ете прашајте си ги бабите, така раѓајте. Навистина обвинувања само на форумов... Сори за капс.
И мене ме сечеа, седнаа на бокс и со цела сула го стискаа стомакот, со ќебе ме виткаа и го превиткуваа истото и ме стискаа, не знам колку време влечеа со вакуумот... ама ете, во ниеден момент не помислив дека намерно ми прават така(иако немав часеви предходно) или да имам огромна траума. Уствари не само што немаше траума, на испаѓање од болницата им реков повторно ќе се видиме. И се видовме пак, многу скоро. А оти немав трауми и не мислев дека намерно прават? Оти беа луѓе и се понашаа кон мене како кон човек, жена родилка и совесно и компетентно ја вршеа работата. Болката не ја намалија ама чивечкиот однос многу смени за крајниот впечаток, премногу. Ако ти се погодат некои без трошка емпатија и целосно непосветени на работата џабе е се. Никакви часеви не те спремаат на тоа некој да те третира како стока, а сум слушала и читала и такви искуства, на жалост. Пак ќе речам, зијан нема од часеви, само плус може, но да не се сфаќа трагично доколку не се посетат истите.
Не се плаќа. Они си прават презентација за чување матични клетки последни 15 минути, а 3 саати има акушерка со 30 години искуство која обајснува за секој детал со слики со се како изгледа еден пораѓај. Нормално ако не те интересира матични клетки си одиш. Дури и кажуваат зошто гласно викаат на родилките, ама еве ај немало потреба да се знае тоа.
Па некој клучен (еден) збор ли е потребен за да се добие впечаток? Начинот на кој ја тераш дискусијата МЕНЕ ми остава впечаток на осуда.
Незнам можеби се повторувам ама Тука некој многу се прави паметем. Нема да кажам кој сам ке се препознае. Одев и јас на часови кога останав лани бремена и многу ми помогнаа ама не му помогнаа на Др.кој незнаеше што се случува така да се е индивидуално во секој случај убаво е да си упатен штета нема може да има само полза.@Cka убаво се си кажа
За ова збор нема. И јас мислам дека ова е основна карактеристика која им недостасува на нашиот медицински персонал. И тука нема што да се дискутира. Мислам дека сите ќе се сложиме, ама... пак ќе кажам, треба да сме информирани за тоа што отприлика не очекува (посебно ние што живееме тука, знаејќи ја жалната ситуација со здравствово) Така можеме само да добиеме, во никој случај да изгубиме. Не знам навистина зошто се крена олкава дискусија, кога на крај горе-доле сите ќе се сложиме дека исто мислиме
@Cka Да не треба да се потпишеме сите кои така почувствуваа од твојот пост?! Еве и дафи кажа дека нема потреба да се ствара тензија како без предавања ќе имаш тежок пораѓај. Кукла ,колку што знам идеше на такви во систина. И она кажа дека нема нешто посебно да чуеш од тоа што можеш да најдеш и на нет. Ти од на дафи постот разбра нешто сосема различно од тоа што таа сакаше да каже. И?! И одговори со иронија,бабите да сме ги слушале.Епа и твојот начин на пишување ни створи таква слика ,како што ја опиша кукла.
АЈде кажи кој збор тебе ти личи на осуда? Нормално дека со иронија и потсмев ќе пишам дека ќе раѓале како бабите, 21 век сме.
Ама нема потреба од надмудрување. Целото твое образлагање остава таков впечаток. Немаше потреба од 5 поста да докажуваш дека е пожелно да се оди.Доволно ќе беше еден,да кажеш мислење и во ред. Да,сите знаеме дека нема штета ако идеш. Напишавме дека во сите градови нема такви предавања ТИ ,НЕ -ИМАЛО пишуваш.Приватни биле велиш. Те прашав колку плаќаш за такви часови? Или тука се чита само тоа што му одговара на некој. Јас се почувствував лошо после твоите постови и еве не знам како на друг начин да ти го кажам тоа. Ќе мора да раѓам ( дај боже де) како баба ми
Еј ај извини жити се колку постови пишувам. Ако не ме цитираа и не ми пишеа дека не е така, немаше да одговорам. Оди види ми прв пост. И мислам ти пишав дека се бесплатни часовите. Еве сум ти пишала, ама кој да чита...битно е да напаѓаш ДА ТИ ПОВТОРАМ, не се плаќа.
При бидејќи не ми го разбра прашањето околу тоа дали предавањата се бесплатни и достапни за сите граѓани, јас ќе ти се извинам и ќе се приклучам кон твоето мислење: ЖЕНИ ОБАВЕЗНО ОДЕТЕ НА ПРЕДАВАЊА.БЕЗ НИВ ТЕШКО. А оние ,кои не по ваш избор ,не можете,Господ да ве чува