Абе какви предавања какви бакрачи. Ако некој тешко се отвора ко што бев јас ништо не му помага. Па како сакаш диши. Не сакам да се присеќам на мојот пораѓај. Во предродилна сала го доживеав најголемиот стрес. Ова за ГАК зборам.
Ама како што очекуваш другите да ги читаат сите твои постови дур објаснуваше дека сите треба да ги посетуваат предавањата, така да ги прочиташе и сите мои. Ти кажав ПРИ БИДЕЈЌИ во мојата општина во болницата која опслужува 40.000 ж нема 4Д кај да направиш, до пред 35 дена немаше гинеколог, а каМоЛи предавања да има ( а ти ТВРДЕШЕ дека акушерки шетале во СИТЕ градови) , е јас видов осуда кај тебе што нема да можам да посетам такво предавање. И за да се утешиме ние кои не сме од Скопје мораме да си мислеме дека добро ќе поминиме и без тоа ,ќе раѓаме како нашите баби,при бидејќи -шо мер мора уф Скопје да се стегнеме за едно лафење
Јас не одев на тие предавања. А тоа дека полесно ќе се породиш ако одиш, кај секого е различно. Кај некои нема ефект.
Никoј не гaрaнтирa декa леснo ќе се пoрoдиш aкo oдиш aмa вo секoј случaј aкo oдиш немaш зијaн, a мoжнo е дa имaш кoрист. Јaс сaкaм дa се зaпишaм и ќе oдaм нa чaсoвите бидејќи сум првoрoткa и бaрем мaлку дa се зaпoзнaaм сo се штo ме чекa и сo нaдеж декa бaрем мaлку ќе ми се нaмaли стрaвoт.
Во мојот град предавањата ги држи сестрата која ина многуфина ја нападна за мафините пред нова година. Како сестра и личност е многу фер и добра и бремените се задоволни од неа, јас едвај чекам да одам на часови кај неа, иако по жешково и не ми се шета преку ден. Иако знам како тече пораѓајот, зашто тоа го учев, сакам да одам на тие часови, оти сметам дека психофизичката подготовка има многу важна улога во целиот тој процес.
Знаете ли каде има часови во овок период? Клиника нема до септември, во Систина завршиле исто така. Има ли на друго место, ве молам препорака ако знаете
И јас ќе одам во лулка, ама немам прашано на телефон за групи и кога се почнува. Само знам дека во 27ма недела може да се почне(тоа од фб видов). Ќе прашам па ќе пишам овде сигурно.
Ти планираш да одиш. Јас незнам дали да одам. Плус зашо царски ќе бидам незнам колку ќе ми бидат од корист.
па немам ислушано ниту едно предавање никаде, и малку шубе ми е, па се мислам да одам. Ќе размисла до утре па ако остане некој купон ќе купам и ќе одам
Јас ги поминав часовите и еве некои совети кои ни беа кажани: Правилно дишење.Вдишување преку нос, а потоа издишување низ уста многу споро. Вежби и дишење најизменично кога ќе почнат болките. Кога ќе имате болка ќе дишете како што пишав горе, а кога ќе престане болката нозете нека ви бидат подраширени, стапалата на едно место и само со колковите да мрдаме лево десно. Потоа некој нека ве измасира убаво низ цело тело за подобра циркулација. Многу пешачење во 9ти месец. Односи. Ставете нешто топло на половината или влезете во наполнета када со топла вода кога ќе почнат болките. Ако дозволуваат внесување храна на одделение земете си чоколадо и кока кола за да имате повеќе енергија за породување. На боксот кога ќе имате напон земете воздух задржете 2 сек. и потоа напнете како да одете по голема нужда. Болките ќе ги препознаете по тоа што почнуваат од половината и се шират напред и надолу и се на ист временски интервал, 15,10,5мин. Болки од типот овде ме боли, па после некое време на друго место ме боли се лажни болки. Немојте да одете во болница ако болките ви се на 15 мин. издржете, вежбајте со колковите и дишете правилно. Кога ќе се намали времето тогаш одете. Кога ќе ви пукне водењакот веднаш одите. Добра мисла и смиреност, без паника, слушајте ги акушерката и докторот. И запамтете од таа болка не се умира.