Како што пиша Софија, 3000 ден. Ти даваат сметкопотврда која треба да ја приложиш кога ќе го плаќаш пораѓајот и ќе ти ги вклучат во цената за пораѓај. За мене тие часови донесоја нови пријателства и доста ме спремија за пораѓај, посебно техниките на дишење, со кои издржав до 8 прсти отворена без анестезија. Исто и негата за бебе, многу се чувствував спремна. Ги препорачувам.
@SophiaBella ви блaгoдaрaм. Анaлoгнo нa oвa знaчи декa aкo не рaѓaм тaму си плaќaм сaмo 3000 и тoa е тoa. Кaжи ми кoлку време трaaт(кoлку недели) и кoлку минути е еден чaс?
Девoјки имaв пишaнo декa кoгa ќе прaшaм зa лулкa ќе Ви пишaм. Вaкa, чaсoвите трaaт еден месец и се вкупнo 8, двa пaти неделнo вo втoрник и четвртoк oд 19 чaсoт. Кoштa 3000 денaри. Се oдржувaaт нa улицa христo смирненски. Зa месец септември зaпoчнaтo е пријaвувaњетo. Нa дел oд тие предaвaњa oдиме сaмo мaмички a нa дел oдaт и мaмa и тaтo. Се нaдевaм декa мaлку пoмoгнaв. Ве
Мешиња штом влезете во 9ти месец јадете урми за омекнување на цервиксот и полесно отварање. Јас како прворотка стигнав во болница 6 прсти отворена без никакви болки, а верувам дека урмите имаат голем придонес за тоа (по 100г на ден јадев, а читав тогаш дека доволни се по 6 дневно). И до последниот ден се движев многу активно, да соработуваше синко малку повеќе ќе поминев доста лесно.
Па по два дена од се. 2 дена дишење и вежби, 2 дена нега и 2 дена доење. Часот отприлика траеше час и половина-два саати, зависи од муабетот и прашањата. За денови се договараат цела група кога им одговара. Има и шетање низ болница и запознавање со салите за пораѓај и собите. И да, веројатно ако не се пораѓаш таму, тие 3000 се цената која ја плаќаш. И во државна болница има часови, без пари, но истата не ја ни споредувам со Плодност, каде се е на ниво. И од сестрите добиваш мобилен за прашања, ем сокче си пиете, си вежбате на топло и чисто....Ех, носталгија ме фати. Најубав период ми беше тој И сега со бебе е убаво, но бременоста има посебен шмек, уживајте.
Мене матичната ми препорача секс и тоа со свршување внатре во вагината. Демек спермата помагала за омекнување на матката. Се породов лесно, се надевам дека беше од тоа хахаха.
Совети за полесно породување НЕМА кога дојде дојдено нема назад само напред со сите сили Еве сум и јас, да ме прашате што болови беа не знам да ви кажам заборавив искрено
На часови немав одено ама доста читав по нет, гледав видеа и такви работи..бев со провокација и малку поболно беше, некако немам време да одморам од контракција до контракција ама пак бидна..пробав да се фокусирам на дишењето ама при тие болки баталив и си реков слушај си го телото, така некако и беше..самото тело си кажува што ти олеснува што не..исто и персоналот ми беше од огромна помош, кажуваат што следува, што да правиш што не, и едноставно кога нив ги гледав смирени и љубезни и мене ми беше полесно..при крај ми рекоа ако сакам да вриштам да викам слободно па си се дерев чат пат и така некако ми олеснуваше кога ке се извикав..јас не распукав, не знам на што се должи тоа, но ако некој знае некој совет околу тоа нека сподели, гледам некои се мачкаат со нешто, не ми текнува со што..интересен момент ми беше кога ми почнаа контракциите, а не бев уште нели на бокс и една ид сестри те ми вика да си пуштам музика на телефонот демек да ми се опушти телото..јас ја гледам и си викам каква музика бе жено мене ми се втишти ми се плаче до музика ми дошло
Jas peshacev kolku sto mozev povekje I mnogu lesno pominav. Bidete aktivni kolku sto mozete povekje I ke bide po lesno se nadevam
Во контекст на пешачењето со претходните две бремености бев турбо и навистина еееептен лесно поминав на пораѓај(двата природни),оваа третава некако ми е многу помлитава,послабо пешачам,и плус дека не идам на работа веќе 3 месеци ептен се улежив,а капак сега снегов...ќе фатам пеш да се качувам до дома,осум спрата барем еднаш два пати дневно ваљда ќе се таман
Дали некоја практикувала Перинеална масажа и дали и помогнало? Јас почнав од минатата недела да ја практикувам, два пати неделно, меѓутоа не забележав нешто посебно. Ме интересира дали ви помогнала на некоја од вас.