Јас од 36та го почнав поради тоа што морав да се пазам. Ако има некој кандида не смее да ја прави масажата. Со ова масло:https://www.shop-apotheke.com/beaut...duct/S-COM-SH_K-Midtail1/57206298456/01830531 А го користам и ова за “парење” што не знам на мак како да го преведам https://www.google.de/search?q=Heub...oECAwQAQ&biw=375&bih=553#imgrc=oNA_d8XcGZxC5M Ќе видиме што ефекти ќе донесат
Mozete da vezbate nekoi polesni vezbi ima na youtube. Posebno vo poslednite nedeli, mislam ke pomognat dosta. Sepak sekoe telo e razlicno. Srekjno na tie so treba da se porodat skoro.
Здраво, од лично искуство ке зборувам бидејќи секоја од нас е различна, кога бев во првото бремена ни знаев ни ми кажувал некој за полесно отварање па требало да биде по 13ч болки да се породам, со второто имав прилика да работам со голем бр на луѓе од кои повеќето беа од 20-60год кога им кажав дека сум бремена тие што беа во поодминати години ми рекоа {дете кога ке бидеш 8ми месец јади си секоја ден по 5-6 урми се до пораѓај} така и направив, не примија во болница со слаби. 'менструални болки' а бев 9прста отворена додека ме примија, клизма ми го пукнаа водењакот ја за неполни 2ч бев породена и не бев ни сечена ни внатрешно пукната, сега сум 38н3д трет пат бремена пак јадам урми па ке видиме здравје како ке биде... Извинете за долгиот пост
I jas za urmite go imam slusnato istoto ama nemam probano. Sega sum so treta bremenost,mozda ke probam
Јас ги користев и маслото и она за парење наизменично. Со парењето над 40та недела и секој ден. Се породив 41 недела со пукнат водењак. Дотогаш не бев ни прст отворена. За време на породувањето после пукањето на водењак магично се отворив од нула до десет за 3/4 часа. Многу брзо. За мене лично верувам дека имаше ефект. Препорачувам.
Јас јадев урми, качував скали, ананас јадев. Цела бременост лежев со утрогестан и во 41 со провокавија болки за 2 часа, и буквално 10 мин на бокс родив. Највеќе ми помогна тоа што дишев на напони длабоко, и чував сила да буткам на бокс. Можеби имав среќа, но вака би родила 10 деца, само бремена да не сум Не знам како, но имав концентрација достс да дишам за да си олеснам. Мој совет, дишење и само дишење.
Масажата е за да стане еластичен перинеумот, да не распука и да нема потреба од епизиотомија, не е поврзано со отварањето на матката. Ти сечена си? Јас пак ќе кажам, ни урми ни ананаси...секс и само секс!
И ја би секс, ама на маж језивко му било, ќе имал чувство дека ја допира беблата. Некој совет за оние со мажи како мене, како да ги натераме на секс? Силување отпаѓа многу е поголем од мене па не можам ништо тука.
Мене ми е страв да помислам на секс. 9 месеци суша. Ќе има некоја логика ако сега при крај се охрабрам и пробам или ич да не си правам стресови?
Секс во 9 месец е права ствар. Ако маж ти нема проблем со тоа, да си се онадите за полесен пораѓај, а башка и ради вас двајца, здраво е.
Јас што не пробав за вториот пораѓај за да ја натерам да излезе и ништо, што цервикс ке имав Не секс, не урми, не ананас, јутуб пуштен со вежби се чепатев, во када со потопла вода се киснев и плус доктори со раце ми помагаа уште од 38ма, не и не, грло запечатено Плус толкаво бебе излезе првиот пораѓај, мислев второто ке му ја летне... ама тоа е, таква конструкција имам најверојатно па и 3 одеднаш да носам до 41ва ке ги носам мислам
Јасно. Масажата е за мускулите, пареата е за омекнување на грлото на матката. Седум см. Немав контракции мораше бабицата да ја “влече” со раката. Иначе имаше мало главче ако беше се во ред ќе поминев без сечење (иако и сечењето не го сетив и брзо зарасна). Некаде пишував веројатно во труднички после часовите за породување кои се научно докажани дека помагаат кои не помагаат, а сеуште се користат. Чајот кој се пие ( го заборавив веќе како се вика) немаше никаков ефект. Сексот беше еден од нив али мојот нејќеше ни да ме допре ни под разно од прв месец му беше шубе. Ако некој сака нека прочита. Има многу методи за полесно отварање.
Плус да надополнам бев преактивна, по цел ден на нозе, не се поправив премногу... стомакот во скут го носев, мн доле ми беше... А имам две познанички на едната и пукна водењак 38ма и во болница отиде со 9 прсти отворена и без болки без глас за час се породи (го гледав пораѓајот ), а другата исто 38ма првородка и пукна водењакот без никаква најава, стомакот уште до горе и беше Се породи брзо без голема мака. Од вежби и ананаси, ништо применето