Да 1 кафена лажичка на ден. И се какаше истиот ден. Со лаксативите лошо пројдовме со парафинсково супер
Д Давам 2 дена пиколакс се искака, вчера не ... Ќе видиме денес како ќе биде. Како го даваше тој порталак? Ќе пробаме се. Повеќе ми е дека нема он мака со опстипација повеќе психолошки му е. Дај боже брзо да се среди.
5 ml дневно наутро давам. Цел месец треба, дали ќе давам цел незнам, ќе видиме како ќе биде. Оваа недела е ОК, оди без страв и без хистерија секој ден.
Знае ли некоја да ми објасни за обем на глава на дете? Какви се тие долни, горни граници на обем? Моето е слабо и високо дете, на 3.5 години има 13.5 кг. Крвната слика е префектна. Пред некој ден докторката ми вика дали сме му мереле обем, мн му била мала главата, па му мереше, па бил на долна граница по некои си табели на нет што ги бараше. Не спомна ни каков негативен ефект би имало тоа во развојот на детето, сами што ми даде причина плус за секирација.
Ќе ти ја ставам табелата од апликацијата која ја користев за ќерката за следење на раст. Последно глава и мереле на околу година колку што сум запишала, после тоа не ми ни текнало да проверам сама (сега е 5 год, 15ипол кила). Според ова, на 3ипол год просечен обем е 49см (отприлика од 47 до 51см е во рамки на нормала).
Мајки минатата недела бевме на систематски на очно на син ми открија цилиндри на двете очи, утре сме пак е сега прашањето ми е буквите на сликите дали се на кирилица или латиница? Не заприметив ич а сега ми вели сакал буквите да ги погодува нејкел сликичките му се мешале инаку и обично го интересираат букви и бројки па да пробаме и со буквите..
Мајки нешто да прашам што го прави синко а не знам дали е во ред тоа да го прави на негова возраст 3,5 годинки е прво лижи се гриза се , му е како некоја навика и се што и да му дадеш тој го става во уста, објаснето е по 100 пати на ден дека не треба така, ќе го тргни по некое време пак во уста, не е нешто конкретно туку се, засега почна да ме слуша и да не лижи и да не фаќа се што ќе најди пример колата шо е валкана, вратата од лифтот и самиот сега вика не да лижам овде ама пак други работи уште ги прави, секоја играчка шо ја држи враце за да си игра таа е веќе излижана изгризена колата извадени колцата а само шо е купена, масата ми е изгризена комодата фали парче и со убо и со викање пак истото па истото, и не чини за него се во уста да клава бактерии и секаква нечистотија истово го прај во игротека се да се излижело ко бебе кое ќе му излегуваат заби шо не ме чуди од шо насекое се разболува може и вградинка е така и си тера ќе го искараш пак после истото па не знам како да го научам знај дека не смеј ама ништо не помага. И прај како некои движења шо прв да напоменам е многу здраво паметно момче се разбира почнува да зборува но многу се возбудува и врти со рачињата некако и ако е седнат и со нозете прета многу брзо. Ова најчесто го прај кога прај нешто што му е интересно пример игра со коли и во самата игра се треси со раце со нозе со се. Испушта и некои звуци на возбуда и го прај то неколку пати дури не го прекинеш и не мисли на истото, кога гледа цртани истото значи и то му е како навика се надевам дека не е нешто страшно или каде да го однесам да го видат,мислам треба на дефектолог или кај матичната да го однесам. Шо мислите вие или имате видено вака да е нормално, исто во парк видов една мајка чупето исто така му правеше само неа цело време без прекин таа велеше од преголема возбуда и ко ќе се возбудува вака прави. Моето не прави цело време само кога вака се стимулира со игри со цртани со нешто.
Јас би с е консултирала со педијатар прво па ако смета дека треба да се проследи некаде ќе ве испрати. Не би требало ништо сериозно да е штом кажуваш збори разбира најнормално функционира ама за мир во глава можеш консултација . Знам едно девојче во мало кога мн ќе се израдуваше така си имаше карактеристични движења со рацете ама си е ок , типичен развој веќе е возрасна девојка.
Aj сега совет,помагајте Големиот е 3 и пол години а имаме и новороденче дома. Денеска имавме епизода со плачки и викање. Не знам чија беше вината. Бебето плачеше и го зедов в раце да го прошетам низ соба. Во меѓувреме си реков да ја намалам климата и му го побарав даљинското на поголемото дете. Не да ми го даде убаво тој ми го фрли накај мене, а така никогаш нема изреагирано. Претпоставувам загледан во цртаните (пуштам некогаш цртани,ретко) и не примети што прави. Го прашав зошто фрли така а на тоа стана и ме удри по нога додека го држев бебето. Ми се споија жичките дека така направи , ја оставив малата в креветче и го удрив 2 пати по газот. Многу се расплачи , гласот му зарипна. Не го удрив толку многу,за така да изреагира. Во очајот и паниката почнав да се извинувам, да му ветувам чоколади и прошетки... знам дека и јас згрешив ама премногу ме изнервира. Можеше и бебето да го удри,со такво ,,подавање на даљинско,, можеше и телевизорот да го скрши. Обично не прави вака, послушен е, го имам фалено и тука дека многу слуша. Не ми правеше муабет наредни два саати,лут ми бил. Откако замина кај баба му и јас се исплачив убаво. Сакам да знам како да постапувам во вакви ситуации и да немам грижа на совест како сега. Цела ноќ неспиена со бебето,уште ми фалеше да плачам со поголемиот. Се чувствувам како лош родител некогаш и се преиспитувам по 100 пати.
Мајки на три годишни деца Кога ви го прекинаја млекото да го пијат ? Мојов за два месеци прави 3, и два дена веке во уста не става млеко Дали некоја промена или период незнам што ќе е ама бајаги нервозен е направен
Нема многу малку или малку, удар е удар за децата. Посебно ако прв пат си го удрила. Во таква ситуација не реагирај веднаш, смири бебето, потоа на раат разговарај со другото. Треба и со другото многу трпеливо за да си го зачувате односот. Не мора веднаш веднаш во моментот да реагираш, собери си ги мислите, па разговарајте. Мојата не ни пиеше млеко, не мора да пие млеко, немој со сила да му даваш, нема некаков бенефит секако, не си создавај нервози и ти.
Син ми намали со пиење млеко после 3г. И искрено едвај чекав да прекине, ништо добро нема во тетрапак млеко. Ама научен беше од мал, цицаше, па адаптирано до 2 ипол, па после алпско. Ноќе не сум давала заради забите, ама денски пиеше по мининум 2 чаши . Сега пие во градинка кога им даваат, дома ептен, ептен ретко бара. Може еднаш во 3 недели.
Моите двете на 2 години прекинаа да пијат млеко. Ако мислиш на ноќно време. Ама сеуште пред градинка и школо си пијат една шолја "кафе" (млеко со несквик),со мене. Без грижа, подобро е да не пие млеко.
Кога почнуваат децата да заспиваат сами? Да си легнат во детска, добра ноќ и да ги оставиш сами да заспијат? Ми се потрошија живците за заспивање и кажување приказни, сакам да си легнеме сите и да спиеме. Помалото може и ќе се навикне некако многу е самостојно ама ова првото мамина маза, не може да дише без мене.
На полни 5 години. На 2ипол се преселивме и си доби своја соба, на 4 ја преместивме од креветчето во голем единечен кревет. Од тогаш јас престанав да легнувам со неа, ама зошто татко и пак лежеше во кревет со неа додека заспие, и со мене бараше да седам во соба, па седев на земја. Сега веќе трудна со второ, не сакав да форсирам да спие сама, ама од нигде никаде спомна самата од утре ќе спијам сама. Сум и зборела дека време и е, ама секогаш категорично викаше не. И штом сама рече, пресеков дека тоа е тоа. Првата вечер пројде супер, втората и третата со плачки, четвртата и петата стана 10 пати (сакам да мочам, сакам вода, сакам вратата отворена, сакам вратата малце затворена, а ти мамо што правиш, сакам тука со тебе да седам, не ми се спие итн), и само ја враќав назад. Сега веќе цел месец легнува, читаме приказна и искачаме, заспива за 20тина минути. Се на се многу лесно пројде зошто мислам дека и доволно голема е, верувам дека уште лани ќе беше ова возможно ама не ни пробав дека знаев дека нема да има конзистентност (ни со маж ми ни со бабите), и не сакав јас само да и правам притисок.
Оф не погоди и може нема да сум ти најголема утеха. Но малата 5 години сама заспива во својата соба и преспива цела ноќ. Големото 10 уште се успиваме легнато до него и навечер обавезно ни доаѓа во кревет. Децата се секој за себе своја индивидуа свои карактер ете кај него навиката остана поради х други причини и сега се мора да оди така бавно за да се одвикне. Имало да и те како сме свесни дека е голем. Така да од што помали ги одбиете т.е. им создадете услови полесно ќе го поминете тој дел од развојот. Инаку така да си легнат и добра ноќ ќе почекаш малку повеќе поголеми. Иако се зависи од детето
Ова мазата го префрлив во негова соба од 2 ипол години баш од таа причина зашто знаев дека подолго ќе трае. Со нас спие кога е болен, кога е лигав, периоди итн. Легнувам до него му кажувам приказни, заспива и го оставам сам ама што викаш ни доаѓа во сред ноќ. Има ноќи си преспива ама треба да е ептен уморен. Цела година е вака, не знам кога ќе се осамостои повеќе. Малото го заспивам со млеко, цела ноќ си ја преспива сам во детската, сабајле ниту плаче ни ништо, си седи во креветчето и чека да го земеме, 16м е. Со големиот не знам што ќе правам.
Мојата е 3 години и 3 месеци, скоро цела година сама спие во соба ама уште доаѓа на сред ноќ кај нас во спална ако се разбуди. Без нас не заспива, ако не оди во градинка денски не се ни трудам да преспие зошто е борба, а некогаш се гледа дека ѝ се спие ама не сака. А во градинка си заспива сама без проблем. Навечер мора книга да ѝ се чита или приказни да се кажуваат, само што додека читаме или раскажуваме не заспива, си слуша. Затоа ѝ давам 3 книги да си одбере па после некоја приспивна музика пуштаме. Ама не смеам да мрднам додека не заспие. Не знам и јас што ќе правам, ми се чини дека уште долго ќе тераме вака.