Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    И јас дојдов да прашам за спиењето…
    4 години наполни сега, заспива сам веќе година дена во негова соба, но се буди секоја ноќ и доаѓа кај нас. И кога сме спиеле во иста соба на пр.на одмор тој сака кај нас на кревет, значи заспива сам во негов но еге го после неколку часа… Не знам што да направам и кога ќе помине ова, не сме сврзале цела ноќ не знам колку време веќе.
    Има периоди каде што му е тешко да презаспие па лежи и до 2 часа буден, се врти постојано и не остава сите без сон.
    Колку трае овој период и има ли решение или до дете си е?
     
  2. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ќе да си е до дете. Мојата сама во соба од 4 год и 4 месеци, сега е 5 години и 3 месеци, до летото доаѓаше уште за саат два, потоа почна да доаѓа дури наутро, за од есента да сврзува цела ноќ во соба, кога ќе се разбуди си презаспива, па сега ретко знае да дојде сред ноќ. Дали имате светло? Ние сме со столна ламба и вратите отворени, да се чувствува посигурно
     
    На Amore.Mio и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  3. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    Имаме да,кај него во соба не сака да спие без, а и вратите се отворени секогаш но ете… Се сели во сред ноќ со 3-4 плишени играчки, перница ѝ бидејќи спие во вреќа без ногавици, оди во неа не ја соблекува :drunk:
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Хаха ама важно не ги заборава играчките :D освен многу зборување, друг метод не ми текнува, зборувај постојано, јас и' велам дека одам сред ноќ ја проверувам многу пати, па се теши
     
    На Amore.Mio му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    Јас мислев дека има некој страв во него, но кога го прашувам зошто доаѓа вели дека сака кај мама и тато да спие. Можеби па не е страв едноставно сака да спие со нас.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    5.410
    Јас пак ќе ви кажам до детето е неговиот карактер и поврзаноста со родителите. Малата воопшто не се буди 5 год како да немаме дете навечер, големиот 10+ г секоја вечер е со мечето во рака и во соба кај нас. Устава пена ми фати како треба да се опушти да спие како сме тука до него како е голем и ред други работи сепак е голем. Совет и чаре кој има нека ми се обрати. Хехехех
     
    На mal.ecka, Zumbulche и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  7. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Совет за некој спорт за скоро 4год женско,се мислам карате, пливање ама од која возраст примаат? Сакам за подобра моторика, паѓа на прав пат сто пати, плашлива е да се пентари, баланс некако слабо... плашлива е а и невнимателна, било каде во Ск ама најдобро ако е аеродром,ново лисиче,лисиче...
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    11.888
    Пол:
    Женски
    Мајки, едно искрено прашање и искрен одговор сакам.

    Имате вие ситуации во кои детето го преферира таткото наместо вас?
    Не зборувам за ситни работи, од типот не сакам ти да ме облечеш, сакам тато. Туку, мислам на ситуации во кои се осеќате како да не сте им потребни на децата, како емоционално да се позближени со татковците. Јас некогаш се осеќам како неважна за син ми, како емоционално недоволна, ко непотребна за неговите потреби.
    За волја на вистината, татко му е за сѐ присутен со него, лежи до него за заспивање, сред ноќ него го бара, во градинка го носи и го зема, го носи во раце по пат некогаш, баш му е заштита и безбедност. Ама јас како да изгубив во односот.
    Впрочем, имаше бурни испади подолг период, од кои мене разни прашања во глава ми се вртеа, дали на добар пат е детево, дали грешам негде или за на стручен лекар е... Тоа ме преврте, ми ја зголеми нервозата, анксиозноста, па дури станав и избувлива со него, некогаш сум и трпелива, ама баш наоѓа да прави скандал кога ме боли глава, кога немам сили да се носам со викање, а не се смирува и морам да се раздерам и на кревет со сила го седнувам.
    Плус помалиот ме дрибла со спиење цела година, ноќ немаме споено, психата ми е уморна од мислење и од неспиење.
    Сакам син ми кога ќе ме види, да види утеха, мајка, љубов, мојата прегратка да го смирува. Некогсш постигнувам и така ама не знам... До пред неколку месеци знаеше да вели мама многу те сакам и доаѓаше за гушкање. Сега не прави така. Не вели ни на татко му, ама барем него го бакнува сам од себе, а јас треба да му побарам.
    Мило ми е за односот на приврзаност меѓу нив, ама сакам и мојот однос да е подобар.
    Најверојатно негде уткам.
     
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    6.672
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik , не знам како си со време, работа, дали имаш на кој да го оставиш помалиот,меѓутоа мислам би му годело еден на еден време.
    Да го земиш ти од градинка, да одите сами во парк, во слаткарница, дома само вие двајца да правите нешто во кујна пример. 2-3 пати неделно ти со приказни читање да го заспиеш.
    Да ја "врати" довербата во тебе и да му ставиш на знаење дека си тука за него.

    Или во домашни обврски да го вклучиш. Пример ако ставаш алишта на балкон за сушење, да е до тебе и да ти подава штипки, попатно и да разговарате за градинката, за другарите, негови интереси.
     
    На Cosmic Girl, Skorpija25, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.350
    Допаѓања:
    182.446
    Пол:
    Женски
    Го поминав тоа. Имате бебе. Ќе се избалансира со тек на време.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    14.395
    Пол:
    Женски
    Мојава секако го преферира татко и, едноставно повеќе и тера кејфови од мене. Јас сум таа што кажува кога и колку да се јаде, спие, игра, а маж ми само вика "ако ти дозволи мајка ти". За да бидеме на иста бранова должина, генерално остава јас да одлучувам, ама после тоа мене ме прави "лошиот полицаец". Сега со ново бебе ми одговара што сака повеќе него да го бара, барем не морам пак јас да бидам лошата, поточно бебето да и е криво зошто нешто не може да добие во моментот. И очекувам дека ќе има период каков што опишуваш, ама мислам дека ќе се нормализира откако бебето нема да биде веќе бебе, нема да е комплетно зависно од мене.
    Совет конкретен немам, само дај му време на времето. Колку што условите дозволуваат, посветувај му време на големиот, ама мислам дека кога конечно ќе можете се да правите како фамилија, четворицата заедно, тогаш ќе се изгуби таа преференца за татко му.
     
    На Трагедијаупмм и elenaklasik им се допаѓа ова.
  12. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, ми треба еден совет како би постапиле во следната ситуација..
    Оваа седмица од градинка ги носат децата на базент да ги учат да пливаат имаат 5 години(предшколска), денес ќерка ми си дојде исплашена и ни кажа како се лизнала и била под вода и некоја наставничка трчала да ја извади, дека нешто имало- имало сигурно но дали било толку трагично како што она ми кажува не можам да знам..
    Не знам дали да ја прашам воспитувачката? Дали да и зборувам позитивно? Дали да не ја пуштам утре.. Стварно не знам како да постапам..
    Ваше мислење?
     
  13. Bulibu

    Bulibu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе ја прашаш воспитувачката што се случило. Знаете малите не лажат, точно можат да преувеличат некои работи, но никогаш не лажат барем за такви работи.
    Зборувај со воспитувачката нека ја опуштат прво малку и без форсирање додека и помине стравот. Ти дома разговарај со нејзе кажи и дека и тебе ти се случило дека не си внимавала доволно, а знаеме дека на базентите е лизгаво, се да биде смирено и да се надеваме на позитивен исход. :)
     
    На Трагедијаупмм, Cosmic Girl, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MoNiToDi

    MoNiToDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2020
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Мајки помош, девојчето има 3 години, до пред месец два беше бубалче. Овој месец е врискотници за се плаче многу е лигава дури и кога бара сок не вика мама дај сок него сооокк за се за секоја ситница плаче. Оди во градинка веќе 6 месеци. Башка дома ни е се океј нема нервози или негативна енергија. Што да правам како да се справам со плачкиве?
     
  15. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Нормално е тоа, еве го и мојов 3.5 год. Немаат контрола на импулс. Се одма и сега ако не хаос. Освен да останеш смирена и да моделираш шо сакаш да прави и како другата опција е да си мислиш дека е лигаво и да се нервираш. Не е лесно секогаш да останеме смирени и регулирани нормално дека ќе се издереме некогаш и бурно ќе изреагираме, ама тоа е друга прича :lol: кај нас до сеа ова помогнало у одредени ситуации, само треба мн време зборење дур не го видиш посакуваното однесување.
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    Мислев тантрумите намалуваат после 3тата година, но луѓе ми се плаче искрено,изморена сум,немам енергија,ќерка ми е 3++,ми ја црпи цела позитива,денес плачеше ,т.е врескаше 50 мин да точно 50 мин(гледав на саат),што не пробав ,да ја гушнам,да и зборам, да се тргнам од неа да ја оставам да се исплаче,да ја дигнам, ма таа ме бутка,па плаче да ја дигнам и се така во круг,причината: на куклата капата не и била добро наместена а 100 пати и ја поправив (знам дека друго е причината дека рано стана и е изморена),но нели можеме со убаво да се разбереме,зборува убаво,знае да каже што сака.Зошто врескање и на оваа возраст,мислев повеќе разбираат ,па полесно ќе биде:xБратчето плаче во исто време,исплашено од нејзиното врескање бебе од 10 месеци,таа не дозволува да го допрам.Комшиите верувам скоро време ќе не пријават.Дај кажете дека не сме само ние,тешко ми е ,2-3 месеци беше супер ,последно време пак почна,период ли е или што ли е.Постојано е прошетана,оди на градинка 3 часа само да си поигра и да се дружи со деца,неа и обрнуваме повеќе внимание да не се осеќа запоставено од бебе,а тој е толку мил толку послушен ,сам си игра по цел ден на под,не бара само кога му се јаде,таа гледа да го шутне да му земе играчка и по цел ден се објаснувам.Ако ова е карактер тешко мене|(
     
    На Трагедијаупмм и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Може да се работи за адаптација кон промената. Одењето во градинка може да им побуди желба да се вратат во возраста кога биле помали и да прават работи што не ги правеле претходно или да манифестираат некои видови на однесување кои веќе ги надраснале. Тоа е обид да се вратат во некоја претходна состојба кога се им било подмирено, биле згрижени и немале никаква обврска, кога од нив не се барало тоа што се бара сега (кога не морале да стануваат по наредба и да одат во градинка и да се разделуваат од домашните). Па се однесуваат како да се помали- се мазат, зборуваат бебешки и каприциозни.
    Ова се вика регресија, ама минлива е, не се плаши.
    Кога ќе се лигави одговорај и нормално, без претерано мазење и како што мислиш дека е соодветно за нејзината возраст. За побрзо да се надмине, поминувајте со неа време во заеднички игри и активности кога е дома после градинка и за викенди.
     
    На LivingGlam и MoNiToDi им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Да, сум видела тантрум од 50 минути. Здрав човек му иде да се поремети...
    И точно е дека не учат дека тантрумите се околу 2-3та година од животот, ама не престануваат нагло штом ја надмине таа возраст. Тогаш почнуваат обично, ама траат и после третата година, само ако се оди како што треба, имаат тенденција да се намалуваат како што расте. Односно, да стануваат пократки и поретки.
    Од твојот пост (делот што го болдирав) очигледно е дека е љубоморна на помалото братче.
    Веројатно не се карактерни црти во прашање, туку моментална емотивна состојба кај неа.
    Дај и време, сеуште и е прва година со братчето, не верувам дека е адаптирана сеуште на него.
    Плус тој веќе доаѓа на возраст кога почнува да се движи, па ќе гледа како и фаќа играчки и сл. Не е само мало бебе што спие на своето место...
    Верувам дека и посветувате време и внимание ама нешто плус може да се направи за да и се помогне.

    На оваа возраст може да и објаснуваш вербално и детето знае да зборува, ама повеќе ќе има ефект твоето однесување и примерот, отколку долгите објаснувања. Особено додека е во афект детето, џабе објаснуваш.
    Кога ќе има каприц не треба да се обидуваш да ја смириш, зошто така таа гледа дека предизвикува кај тебе внимание кон неа и пред се емотивна реакција од твоја страна. Најдобро е да не и покажуваш ниту лутина, ниту нервоза, ниту пак да ја мазиш тогаш и никако немој да се обидуваш да и удоволиш на бизарните барања. На тој начин само го поддржуваш тоа однесување и утре на ист начин ќе се однесува кога ќе сака да предизвика твоја реакција.
    Не си требала сто пати да и ја поправаш капата на куклата, туку си требала да престанеш да се обидуваш кога почнала да плаче. Кратко „не“ или „не може“ и остави ја, игнорирај.
    Објаснување зошто не, може да следи после смирувањето на детето. Пр. подоцна дента или наредниот ден..некогаш и децата после каприци знаат да дојдат кај родителот и да се сосема смирени и поинакви..
    Зборувањето треба да е во тие моменти со неа, кога е таа смирена.
    Зборувај и пред да се случат каприците, кога ќе осетиш дека тогаш е моментот за да направиш пример, за да поучиш, кога таа е приемчива и сл. Тоа нека биде со помалку реченици, јасни и конкретни.
    Користи ги ситуациите и секојдневните случки во твој прилог, како примери.
    На пр. кога помалото плаче и знаеш дека не плаче за нешто итно, а вие двете нешто веќе правите, играте или разговарате, не ја прекинувај. Доврши со неа, па оди кај бебето. Нагласи и дека ова што го правите е побитно.
    Или зборувај и за да поттикнеш протективност нејзина кон малото. Во смисла дека тоа е само нејзин брат, на никој друг и никој не смее да го пипне и да му наштети, зошто таа е опасна сестра и ќе го одбрани и сл.
    За емпатија да развиваш користи ги моментите кога гледате или зборувате за некој друг (другарче од вашето опкружување, лик од цртан или од приказна) и за неговите постапки и тогаш терај ја да се стави на местото на другиот и да ти каже како се осеќал тој во таква и таква ситуација. Или ако некој неа нешто и направил што ја повредило или натажило, потсети ја на тие емоции што ги имала тогаш кога нешто лошо сака самата да направи на друг (или веќе направила). Прашај ја - се сеќаваш ли како ти беше кога ..., не се осеќаше убаво, ти беше лошо, тешко, ... нели?
    Може личи како набивање вина, ама не е. Полесно ќе сфатат ако веќе искусиле и самите некоја емоција, осетиле зошто не чини постапката на своја кожа, па ти само ги потсетиш, отколку ако ти вербално се обидуваш да и објасниш туѓи чувства или да и објасниш зошто е тоа што го прави лошо. Децата се егоцентрични и учат да не бидат, односно да можат да се стават на туѓо место и да разберат како му е на другиот.
     
    На LiquidLuna, elenaklasik, Anya321 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Женски
    После тантрумот веќе спие 2 часа,заспа од премор,мн често сум пробувала да сум неутрална со емоциите ,седам на страна и не реагирам(мм вели тебе на лице не ти се читаат емоции во било каква ситуација),но ми верувале или не толку мн треска со раце и нозе се фрла на земја ме влече за нозе,мрда глава на сите страни,вреска непрекинато што мислам ќе и се слоши ,до толку е што после секој таков испад и се нафрлаат брунчиња на раце или нозе.

    За куклата и угодив(мислев дека нема да премине до овој степен и дека ќе продолжи да си игра) дека мн често се нервира ако чорапите не и се наместени исправно, ракавите на блузите, до горе јакната закопчана ,мајцата внатре во панталони,едноставно ништо да не и штрчи,незнам и тоа колку е во нормала на граници.

    Активности имам и јас сама со неа,ја носам на балет и заедно играме еден пат неделно,кога и да сакам да ја прошетам кога мм е слободен,бара и тој и бебе да се со нас.

    Знам дека е љубоморна на братчето,и збориме со примери,има братучеди,кога играат неколку пати е удрена и повредена,и напоменуваме како и било нејзе,да не го прави истото на нејзиниот брат,дека мама и тато никогаш не удираат,има некој ефект после долго време зборење,знам дека и ние родителите учиме и созреваме со нив,треба мн работа, но исцрпена сум емоционално,секој ден сум станата во 5 наутро со бебе кое и се буди преку ноќ,и навечер до 9 часот додека ги спремам со спиење.

    Друг проблем ни е тоа што не сака да спие преку ден а е преморена,секако сум пробала и само во кола кога ја возам заспива ,но тоа не е опција.Страв ми е дури да ја извадам надвор периодот кога е преморена,дека настанува уште поголем хаос и од дома.

    Фала ти на исцрпниот одговор и советите.Ќе му дадам време на времето,ќе пробам повеќе да ја игнорирам во такви ситуации,и се надевам како ќе се стопли времето ќе биде подруго со почесто излегување надвор.
     
    На Трагедијаупмм и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  20. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    Колку ви тежат машките деца на околу 4ипол години?
    Конечно малце накачи на килажа. Сега има точно 18 кг.
    Се со молење јаде.
    Мислам дека е слаб.