Ајде да пишам некој ред за синко мој. Има 3 и пол години. Почна од неодамна градинка. Не одеше досега оти е прелесен за чување а и имаше кој да го чува. Имам флексибилно раб.време и не ми беше проблем.Работев секојдневно со него додека не одеше. Секој ден лом рацете од фломастери , водени боици, пластелини. Една маса има негова и не пазиме на неа дали пишува. Таа е за него. Во кујна редовно е вклучен за поедноставни работи. Сака да оди градинка и да игра со децата. Не е некое диво дете,сака деца, сака да му ги покажува играчките, дели играчки. Пред да оди не пребира што ќе носи, тоа што ќе му го облечам си го носи и збор не вели. Среќа имам што не сме во преговори наутро за облеката. Така сонливи ненаспани со мало бебе дома олеснително е што не пребарува. Спие со татко му, сакал со него. Претходно со мене спиеше ама сега сум потребна кај бебето и тој тоа го знае и го разбира.Тато утеха Му давам млеко за пред спиење,сам бара и уште го немам одучено од тоа. Нема некоја штета од тоа, вака здрави му се забите како што гледам. Благо знае дека само после ручек се јаде,никако не дозволувам да си го расипи ручекот. Си има ред, се знае кога е време за оброк. Е сега ако сме излезени или на гости друга е приказната. Немам срце да го делам од други деца, да ги гледа кај што јадат благи работи а тој не. Никогаш ми нема направено сцена во маркет, во иготека,во парк,на гости. Од дома се договараме кога ќе речам си одиме-си одиме. Пред да се роди бебево ми викаа ,,ќе видиш сега љубомора што е". И синко на сите им ги затна муцките. Ни видов ни ништо. Помил никогаш не бил, само ја бакнува и ја гушка. Можам да замислам колку ќе се блиски кога ќе потпораснат. Ме прашува на телефон од кај баба му дали е станато од спиење бебето за да се качел горе. За да не ја разбуди. Свесен е за се. Да барав вакво дете немаше да ми даде Господ.
Јас ништо не давам 5 полни е мојов. Само витамин Ц бидејќи му течи крв од носот. Витамин Д не му давам од 3 и пол... И зимава му давав Бекутан мулти со омега.
Мајки, да прашам, го има некоја гледано курсот кај Марија развој низ игра, за разбирање на развојот кај детето, мислам дека така беше? Многу го фалат, баш ме интересира дали навистина е толку фасцинантен.
Женски, кажете ми на дете од 4,5 години колку Драмине од апчињата за против повраќање се дава? И давав до сега 1/4 , да не треба сега пола да дадам?
Сонце Драго ми е што читам убави муабети вака...И ние сме во тој период сега, се надевам на вака убава приказна. Кога тргнавте во градинка пред доаѓање на бебе дома, или после?
Друг "курс" зедов од Марија, глупости живи. Ко да чита од учебник, толку сувопарно и сто пати досега слушнато што не ги ни догледав видеата. Застанав негде на пола. Не знам за овој конкретен курс како е, ама би ти рекла да си купиш или симнеш книга за развојот кај детето. Секако истите работи ќе ти ги каже таа.
Кој курс го зеде ако сакаш да кажеш Имам земено од кај неа два. За последниов навистина се задоволни мајките, само пофалби ѓомити и затоа ме заинтересира. Ама добра шема има разработено. Го пушта двапаи годишно, сега наплаќа месечна рата од 1500 и вели ќе додава секој месец по една нова тема и така за да ги задржи пријавените. За следното пријавување, ќе има предвид колку ќе ѝ се пријават. И веќе ептен маркетиншки почна. Тоа што рече највеќе држи вода, купи си неколку книги за развојот, ем пакет сите ем поевтино ќе испадне од нејзиниов курс, кој до последно по 100 евра го наплаќаше.
Самостојна игра. Ти кои ги зеде? Задоволна беше? Абе јас сум и за курсеви и се' друго од кај шо може нешто добро да научиме ко родители. Вложуваме така и во себе и во своите деца. Не е дека не може да се научи нешто, само очекував да биде поинтересно. Никаква интеракција во коментари, не бара повратна реакција од слушатели па да се развие дискусија, да се разменат искуства и да се дадат конкретни насоки на примери и проблеми... буквално како да слушам некој како ми прераскажува учебник со дефиниции и категоризации. Од видеа на Јутјуб и од психијатриве по Инста сто пати повеќе ќе научиш. Поинтересни се за слушање. Јас едноставно не кликнав со Марија. Се надевам дека ако прочита ќе го сфати ова ко конструктивна критика, зашто стварно немам намера да навредам.
Го имам земено за самостојна игра и за браќа и сестри. Исто сум за курсеви и секакви други помошни насоки за родителството. Па од самостојна игра, искрено, уште повеќе се исфрустрирав, зашто некако од неа чувствував притисок, според нејзините насоки, дека треба детето да игра, колку треба да игра, самостојното играње колку е битно, за фокусираност, автономија, за академски успеси понатака во животот...за трпение и сл. И некако потоа самата си се обвинував и се фрустрирав зошто детето не игра повеќе и зошто не игра некои игри какви што сакам јас. Некое време ме држеше тоа чувство, потоа баталив. Еден психолог ми кажа дека децата може да имаат тенецитет во играта значи се задржуваат подолго или ..... другиот назив беше некако на В не ми текнува, кога скокаат од една игра на друга. Е така нешто ми е првото дете, брзо ги менува игрите, имаше моменти и кога се задржуваше, тогаш се радував дека учи да си игра, ама главно побрзо дете кое сака да менува. Второто дете е обратно засега, со повремени промени, колку што може едногодишно дете да игра долго. Ама повеќе знаеше да игра само со една играчка во раче. За курсот за браќа и сестри, многу работи ги знаев ги имав помислено како мајка улога, само што се чувствувам несигурно, па како да треба некој насоки да ми пружи. Сега со поголемото дете имам предизвици, и затоа мислев да се пријавам, може нешто ќе научам, ама да не се разочарам оти доста работи самата од себе веќе ги мислам, ги знам ги применувам можеби и да не ги дадам парите така. И таа си се оформува, понатака со курсеви ќе научи што е во ред кај луѓето што не. Како што досега сфати што пали кај мајките... Ја ценам, се труди, сака да помага, има добра мисла. Понекогаш и како заобиколено да ги кажува работите за дома кај нив, додавајќи дека на курсевите споделува повеќе. Добро, како сака.
Пробав да ги носам есента кога бев 5ти месец бремена ама многу набрзина ми фаќаше вируси и само болен беше и прекинав. Аи пимислив да не ме префари и мене,за бебето ми беше повеќе страв. Сегаоткако се роди бебе почнав пак да го,носам па ќе видиме како ќе биде. Од втор ден со преспивање ми е оставен. Искрено,големо олеснување е градинката. Да можам да се посветам на бебево, си сака нега и внимание. Колку и да е мирен, ако е дома сака и тој внимание сепак е дете. Вака со градинкава е добро,нека потрае. И јас да можам да бидам подобар родител. И да бидам одморена мајка. Секогаш може подобро.
Мајки како се однесуваат вашите дечиња на 3,5 годинки? На кратко ќе напишам шо е проблемот. Почна многу да се нервира, сака само тој да се слуша и кога и да зборуваме ни вели доста мама доста тато, ние ништо не можиме да си збориме дома, збеснува се дури не му обрниш внимание, а пример си играш со него и се сака цело време нешто да правиме заедно, исто така и кога не е по негово некоја агресија знае да касни да изгреби или да те штипни. Многу станува не мирен а вградинка е пувче се слуша. Бил многу послушен а ние немаме многу контрола над него. Во продавница само пребарува, вистина и ние потфрли ме кога му купуваме многу работи, ама пример ќе се запни и ако треба ќе легни на земја само да го добие тоа шо го сака. Не плачи само инает. Често се жали де кај мене де кај татко му кога е искаран и се вади со едниот или другиот. Многу му е досадно а Денов е цел исполнет со активности прво во градинка скоро секој ден е надвор во парк со деца дома со игри постојано. Исто така и се плаши од некои дечиња во градинка шо се малце погруби и некогаш знаат да го удрат тој вели дека го тепаат, се разбира не е вон контрола сето тоа, но му давам совет дека треба да се брани и да враќа но тој е премирен и сака да ја реши работата со убаво ги кара но никако не му враќа. Некни ми рече дека тоа дете го удрило и тој плачел, како малце да го направиме по јак да не се плаши толку лесно,ако може некој совет. Само две дечиња шо се и физички покрупни се такви и карактерно а со другите со сите си игра како шо треба, но нив кога ќе ги види бега пошто се имаме видено,но тие деца таков му е односот и од страна на родителите спрема нив и сега и децава такви.
Истиот проблем го имаме и ние. Совет некој да не знае како да се одвикне од чичање прст кога заспива и додека спие. ????
Јас пробав да ја опоменувам и пред заспивање ама завршуваме со вознемиреност и понекогаш плачки па уште 40 мин се смируваме... па прекинав кога ќе е заспана ако сум будна и го вадам...
Kako najlesno i nadobro moze da mu se objasni na dete od 4 godini deka najdobriot drugar sto mu bil do togas ne go prifaka poveke ,deka go ignorira i deka e potrebno e da ss trgne od nego. Jas probav so zboruvanje, ama ne sum sigurna dali ne me razbira vo toa sto go zboruvam ili ne saka da prifati.
Малата ми е 5 години она што приметувам дека мириса под пазуви. Искуство некое каде да се обратам и нели е мала за таква миризба. На кисело испотено. Обично таа миризба се јавува кај поголеми еве машкото ми е поголемо и не мириса а малава да. Искуство совет или каде да се обратам