Мајки од кога дома почнаа да не ви спијат децата преку ден? Мојата 3 и 4 месеци,абе за жива сила не сака да спие,цел ден си игра,скока,рипка,од кај и' е толку таа енергија?! Во градинка си спие од 12 до 14..дома не сака..уморна е..ама не се предава..
Веќе може 2 м не спие денски, значи прекинал околу 3г и 7м . Ретко се случува сеа да преспие денски дома ако станал рано. Во градинка спие
Од 2 години мојата прекина да спие. Оди сега во градинка ја будиме во 6 ипол и сепак не преспива. Навечер си легнува во 7 ипол.
Од 2.5 години негде престана да спие. Одбиваше дремка, требаше да го нишам пола сат в раце за да заспие, па престанав да бидам упорна и тој престана да спие. Сега ретко да преспие, обично во кола ако заспие и тогаш знае да затера два сати па се буди раскенкан. И поубо му е и нему и мене без дремка. Побрзо да ми заврши денот По 13-14 часа останува буден. Знам дека е многу, знам дека е малку сон, ама тој си беше таков од бебе и шо да му прам, тоа е. И кога има дремка, пак по толку часа му се собираат да е буден.
Мајки, ги оставате ли дечињата после 3ипол - 4годинки да си играат во песок и со камчиња на игралиште. Покрај лизгалки, лулашки, на крај завршуваме со игра во песок, омилена игра не знам зашто. Многу дечиња поминуваат и возрасните не гледаат како заразни, им велат на дечињата тука кака не е убаво да се игра со песок, и си ги носат на друго место.
Секако. Најчесто тоа е така, зашто после игра со песок ,родителите имаат многу работа:тресење облека, патики, перење, туширање..... одбегнуваат додатна обврска, за жал. А најинтересна игра е со песок, смирува. Често знам и јас да им се придружам.
90% од децата пикаат камчиња во уста, затоа им бранат да играат, што е и логично на најмала возраст. Ќерка ми не ставаше ништо во уста, од година ипол игра со камчињата на лулашки, ама од секогаш памтам дека родителите им ги вадеа камчињата од раце на другите деца дека пробуваа да ги јадат.
За игра со песок не сум против, песок на лулашки, искрено би се плашела повеќе ради што кај нас би се нашло во песокот и отпушоци, измет од кучиња/мачки, и слично. Повеќе од тој аспект,не дека не чини играњето. Моево од скоро 1 и пол година сеуште става работи во уста така да и делот во двор што го спремаме за игра, ќе почека за песок, сепак за понатаму кога знам дека нема да става во уста, секако би активирале такви игри.
Ние живееме покрај езеро и секој ден сме во песокот и во каменчињата. Едното дете е 4 години, а другото 1 година и двете обожаваат да играат со песокот. Малото во почетокот ставаше камчиња,песок,некое дрвце во уста ама со тек на време одвикна од таквото ставање. Да точно е дека после тоа мора целосно пресовлекување,патики перење, туширање ама задоволството е преголемо. Искрено никогаш не сум размислувала дека дете од 4 годни не треба да игра со песок затоа што и јас и сопругот цело време играме со нив
Всушност,и ова спаѓа во потешкиот дел, зашто повеќето сакаат да ги остават сами децата да играат и да здивнат. Не да одат постојано по нив. Јас никогаш сум немала проблем со пикање ствари во уста сами, дури ни јадење можам да ги оставам сами да се препелкаат без надзор. Ама не ги оставам. Сепак,деца се. Колку пати само од градинка дошле со полна коса и патики песок, дури и во гаќите имале
Мајки, им се случува на вашите деца да плачат сред сон ноќе? Јас веќе се сомневам дека нешто син ми има проблем, дали ментален, дали емоционален, не знам. Кај да барам чаре, што ли му е, дали недостаток на витамин или подлабок проблем ли е. Да објаснам. Има периоди многу бурни во неговиот развој. Некогаш е фин, разбран, многу свесен, некогаш е збрлавен. Еве повторно има период кога почнува со рикање сред ноќ, повторува тоа што сме велеле преку ден, сакам ова, сакам она, плаче лудо, завива, значи не знам шо да речам. Дека ова е ок, не верувам, ама затоа барам помош. Повеќе мајки што сум прашала, рекле дека децата им спијат мирно. Значи фрустрацијата ни е на максимум, нервите ни се потпалени од што вака е подолго време. Целите сме на штрек, мозокот ни свикна на такви тревожење, аларм сред ноќ, плачење... Плаче како овде да сме правеле кавги големи дома, како да сме го тепале или ние со сопругот ко да сме се заклале. Со сопругот убав однос имаме, ок е, не е дека гледа нешто неубаво од нас. Не знам веќе шо да мислам, ајде кажете А особено е ваков при некоја настинка или температура вчера имаше. Како цело време да се врти некое вирувче во него иако нема надворешни симптоми
Ние купивме и две вреќи песок за да си игра, а имаме дел од дворот со камчиња и иако е голема уште си игра со другарките у камчињата. Мислам дека другите родители имаат проблем со валкањето, флеките... Кога е под три години мораш со него да седиш. Од песок у уста ништо нема да му стане ама од Камче да.
Кога почна сето ова? Дали од настинка/вирус завршил во болница или со системи и слично, па да има некоја траума доживеано и сега секое настинување да си го поврзува потсвесно со тоа и да се плаши? Ова ако веќе плачењето се јавува баш кога е настинат. Евентуално да е поврзано со градинка. Да го караат него таму или други деца, па да се плаши од викањето.
Во врска со тоа дека детето некогаш е смирено и фино, а некогаш како „збрлавен“ е нормален дел од развој. После 3 години почнува интензивно осамостојување од родители (детето почнува да може да прави работи сосема само), се јавуваат стравови, се развиваат емоции, социјално интензивно се развива детето. Некогаш ноќни терори се дел од нормален развој на деца. Не знам колку долго трае и какви се симптомите. Дали е свесен за тоа што се случува околу него додека плаче или не е свесен. Проблематично е ако многу често се случуваат (секој ден на пример). Ако си загрижена и ако има последици по неговиот развој, фунцкионирање во текот на денот и слично консултирај се прво со педијатарот, а потоа можеш и психолог да вклучиш ако се сомневаш дека има некои ситуации што ова може да го предизвикуваат.
Здраво. Вака, за настинки да кажам и да не го заречам, од нога ги поминува, со минимална температура. Една година како оди во градинка и дали 10 дена вкупно бил отсутен ради настинка или вирус. За градинка некогаш вели не сакам, ама оди, нема некои знаци дека таму доживува нешто или пак јас немам осетено. Не е дете коешто сѐ ќе ти прераскаже денот од градинка, а инаку дома зборува многу, само прашува сѐ што го интересира и мора да добие одговор. Ако не добие, по 10пати истото. Море, секако повторува по 10пати. Мислам дека детево ми е од поосетливите деца и како го разбира светот, така и станува некако со свој карактер, можеби и стравови. @Lisandra да, во право си, многу преживува во ноќта, знае да се вознемири од настани, да се презасити и тоа е, го повторува потоа сред сон. Еве сега не е нешто настинат, ама столицата му е помека, нема некој особен апетит, пред некој ден имаше само до 38 тт, плус на ноктињата има бели точки поголеми, и навистина, му треба некој витамин. Ќе одам на матична. Сакам комбинација од цинк со б витамини. @JoyJoy немаме секоја вечер такви страшни ноќи. Еден период имаше мирно спиење по 11 часа. Ама еве сега пак нешто знае да се појави плачење, викање сред ноќ. Пример вчера една свика татоо татоо возам сакам да возам мислам така рече, а вчера се возеше на количиња. Две количиња возеше, сакаше и трето и не му дадовме, и почна упорно да бара ама не доби. Обично кога бара нешто упорно и сака да го добие, после во сонот го повторува. Инаку ноќни терори си ги имаше низ целиот развој периодично, од година и пол па се до скоро, лани да не прам муабет -врвот! И сега секое спиштување, а бе умот ми се вжештува. Па дали знаете, преку недела немам главоболка што на работа одам, со луѓе таму цело време странки, а за викенд почесто имам главоболка и повраќам од мачнини ради децава, ме исцрпи особено големиот по цел ден. Здрав и жив да е, специфичен е. @karak да, во последно време гледа видеа на Јутуб пуштени на тв, гледа онакви странски деца што прават нешто по дома. Не гледа некои насилни, ама сепак и овие се брзи, така отсечни, брзо се менуваат случките. Тоа сѐ треба да го процесира. Гледа и едно мајмунче кое си прави работи како да е човече. И тоа е тоа. Денеска имавме ден со дружење, ќе видиме ноќва како ќе биде. Фала ви шо ми пишавте
@elenaklasik ona sto posledno go israzuvav i slushav od predavanie za deca beshe deka poseben zamav zema ekranizacijata kako probelm decata teshko se fokusiraat i voedno pregolenoto gledanje vo ekran posebno pred zaspivanje mu pravi bura na mozokot. Imam dve deca koj i te kako koristat posebno golemiot veke golem navlecen na pc ps tel i tv malata samo na tel i tv i uspeav veke nekolku veceri da im trgnam tehnologija. Malata se buneshe kaj nejze veke 4-5 dena sme samo na tv golemiot pred spienje igra so kocki. Od sekojdnevno nokno budenje kaj dvajcata dobiv miren son. Zatoa ona sto prvo mi padna na pamet beshe toa dali se pred ekrani.