Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.850
    Допаѓања:
    33.913
    Пол:
    Женски
    Не знам сваќе да не е протест заради доаѓањето на новиот член.Сите деца изразуваат љубомора ма колку и да го сакаат бебето.Мојста беше 4,5 кога плакаше бебето затнуваше уши и пискаше.
    Сигурно е фаза.Ќе помине една фаза доаѓа полоша, учиш да броиш до 100 па до 200 па до 300 и така се навикнуваш и наоѓаш полека начин на кој реагира и тој го применуваш.Некогаш функционира некогаш не,бараш постојано па ти иде да отвориш врата и да избегаш и никогаш да не се вратиш.
    За на крај кога ќе те прашат како е да имаш дете да голтнеш и да кажеш нешто најубаво ама премногу напорно:hug:.
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    37.181
    Пол:
    Женски
    Те прочитав сега тука и јас така баш се чувствував како детето да ми го контролира животот. Ама ќе помине ете. Сега е срце дете.
     
    На snegulkata, Mother of 2boys и SanelaS им се допаѓа ова.
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    6.423
    Ziveeme na 2000 km od site i ima kpntakti so niv okolu 4 nedeli godisno,samo vo toj period e posebno galen.
     
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Јас применувам награди и казни. Се што ќе добие плус од основните потреби знае дека е заради добро однесување, примерно. Казните се многу ретки и за екстремно лоши ситуации и тогаш идеме до крај, не попуштам ни ден порано, пример за тв или идење некаде. И знае што следи после се.
    Има моменти кога се лигави и претерува ама најчесто е од умор, досада, во таков случај гледам да го легнам или да му најдам занимација, па покасно разговараме. Имаат некои чудни моменти на 4+ приметувам и кај мојот, некако почна да се смета за многу возрасен, повторува мои реченици и затоа сега многу внимаваме низ дома и на речник и на однесување.
     
    На Zumbulche, SanelaS и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  5. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    И кај мене големата (4 години) почна ептен безобразно да се однесува. Како некое разгалено дете, крајот не можеме да и го фатиме. А како мала беше мирна. Вчера излезени и бара со точак да излези. Па на пола пат и текна дека нејќи поќе точак, пешки сакала. Па после тоа и се качи на малата во количката и не следуваше. Секое излегување со кавги сме со неа, ептен разгалено делува и се однесува што ме вади од такт. Веќе не знам ни како да постапам. Ич не ме слуша и само се караме.
     
    На Panovic и Skyler им се допаѓа ова.
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Има и кај нас моменти со точакот или од дома се убаво ќе се договориме, ќе се сретне со другарче од градинка и почнува лудилото трчање, неслушање, ми возвраќа најневоспитано што може. Ама почнав ригорозно искрено, една работа да не ме послуша одма зимам во раце точак, ранец, брат му во количка и накај кола. И плаче, ме моли, ми ветува ама не, право дома се враќаме. Се има случено и да не го однесам на настан што долго го чекал пример роденден, биби и боби, ќе преплаче дома ама знае дека следен пат не се зезам. Мајка ми од жал вика претерувам ама боље јас сега да претерам отколку он за некое време.
     
    На Speechless, Трагедијаупмм, Panovic и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.340
    Допаѓања:
    90.073
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи на Адхд.
    Не е лошо проценка да направите.
     
  8. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    Пробувам да ја условувам така ама некако ич не и е гајле и ништо не и значи ако не пропушти нешто.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Не знам дали темава е соодветна, но тука сте мајки и на малку поголеми дечиња, па можеби имате искуство, ваше или туѓо, а во моментов секое мислење ми е добредојдено.

    Синко има 3г и има проблем со социјална интеграција.
    Претешко му оди опуштањето со други дечиња за да почне да си игра. И таман ќе се опушти, доаѓа време за дома и следен пат е истото. Ова не се случува само со одредени деца, ниту пак со одреден пол или возраст, туку со сите.

    Исклучок се две дечиња, од кои едното му е братучед и не живее во нашиот град. Со нив е свој, си игра, зборува, пробува работи и игри шо вообичаено не би ги направил (нешто шо него му изгледа потенцијална опасност, на пр да скокни преку 2 скали). Меѓутоа и кога е со некој од нив, ако има трето детенце, тој се повлекува.

    Во градинка оди веќе 6ти месец континуирано. Таму има група на неколку дечиња, со кои кажува дека се дружат. Покрај нив се здруживме и родителите и често излегуваме заедно, некогаш однапред договорено, некогаш сите се среќаваме, бидејќи на исти места ги шетаме малите. Ако е со било кое другарче од нив, сам, прво му треба одреден период (релативно краток за разлика од дечиња што ги знае, ама не се дружи толку често) за да се опушти, а потоа си игра, но ако се две или пак повеќе дечиња тој се повлекува. Ќе вози точак по друга патека, иако сите возат заедно или ќе си шутира со топка додека другите заедно копаат во песок или ќе собира камчиња додека другите играат брканица... И колку долго и да седиме, тој не оди кај другите. Го бараат другарчињата, секако со оглед на возраста никој не инсистира, ќе го викнат и ќе заминат да играат, му зборуваме и ние, некогаш таму, некогаш дома, некогаш и не форсираме, го оставаме да прави како се чувствува...

    А кога си доаѓа дома од градинка, прво раскажува секое детенце од нив шо носело, шо правело во градинка, со кого и што си играле (истото го велат и негователките, иако често по сликите што ги праќаат на вибер група не изгледа дека е така) и нон стоп бара да излезиме за да си игра со другарите. Но кога и да се видиме, одново е истото. Го прашуваме дали сака да одиме на друго место или да правиме нешто друго, но не, сака да е таму каде што се и тие, но не со нив.

    Сакам да му помогнам да најде начин да ја помини "кочницата" шо не му дозволува да се вклопи во друштво. Не барам да е лидер, ни најгласен, ни најдобар, ни рамо до рамо со другите, сакам само да е дете со убаво детство.
     
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Дали можеби многу често прави работи шо не му се интересни и не сака да ги прави односно се форсира?
    Ако не го влечи фудбал не го праќај повеќе, со сила не можеш да го натераш да прави нешто шо не сака, треба самиот да го посакува тоа.
    Дури и во градинка намалете малце со одење.
    Нека детето има желба да оди, кога ќе види таму му се другарчињата самиот ќе бара, ќе му биде досадно дома.
    Ништо не треба да се форсира, треба спонтано.
    Чичкото нека не се меша во однос на тоа дека на детето треба да му се купи се шо ќе посака.
    Вие ќе му купувате шо му треба со објаснување дека тоа треба да си го чува, да не го крши, ни да го кини оти нема повеќе да му купите, ќе кажеш нема пари за се шо треба да се купи ова да го чуваш, ни чичо нема, јас така велам кога пребарува.
    Не можеш сама, треба со сопругот да се согласите со исти мислења шо и како со детето, не правете го ова пред него, разговарајте мирно и сталожено и после да бидете усогласени за воспитувањето.
    Дајте му малце слобода на детето да прави работи шо ги сака.
     
  11. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Исто и мојов е ваков, само што моево не оди во градинка па си мислев дека има тоа голема улога..
    дома со ќере и најмалото збудалуваат, а кога ќе го однесам на лулашки со сестра му после школо, он мене ме вика да го лулам, со него на лизгалка да одам, ако седнам на клупа седи до мене и не мрда. Го вика сестра му да си игра со нив ама он никако не сака.
    Опуштен е дома и со братучедите негови, ама со непознати деца нејќе да чуе..
    татко му еднаш го однел кај пријател и тој има син 4-5г и вика кога го виде детево позади нозе ми се сокри и не мрдна.
    Ма да кога ќе ми текне и ќере на таа возраст околу 4тата година, така се срамеше и не приоѓаше на никого ни одеше ако ја викнеа непознати дечиња.. се опушти сега од кога почна во школо (завршува 1во одд), па се надевам и синко ќе смени тогаш. За некој ден 4 ќе полни заборавив да кажам :D
     
    На Lisandra и IRBBB им се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Вие со дечиња малку помали од 4 години.
    Колку ве слушаат, што знаат да извршат сами?

    Мојата е 3г и 9 месеци.
    Кога ќе и кажам пр. Ајде време е за кревет:миење, мочање и пиџами. Абе ко да сум ја натепала (facepalm) тоа драмење , боже господе.
    И било што друго, ќе го направи ама само ако таа сака.

    Во веце јас ја бришам сеуште.

    Сама знае да се облече и чорапи и хулахопки ама само ако таа сака.

    Си го враќам филмот, големава беше 3 и пол кога ми се роди малата, за се ми помагаше. Ја чуваше, заедно ја капевме, ми поддаваше шампонче, пешкирче. Ја хранеше понекогаш. Ама таа пак од секогаш била старо-мало :D ко свекрва |(

    Се си мислам да беа обратно, малово ништо од тоа немаше да прави. Знам дека има разлика од дете до дете, ама си велам додека е време ако има уште нешто да ја научам. Секој ден работа, во трка со времето, си минува, да не испуштам нешто.

    @IRBBB големата ептен тешко ми се вклопуваше кога почна во градинка. Знам кај нас беше пречка и јазикот што не го познаваше. Ептен беше срамежлива и повлечена. Дури од еден пријател со така малку погруб глас плачеше. Имаше фобија од него :D
    Ептен ми беше тешко додека се навикна по неколку месеци. После си најде другарки и одењето во градинка ни беше задоволство.

    Се додека не дојде малата да оди во градинка. Дома качак, таму мушичка. 8 месеци ( со зборови ОСУМ) збор немаше проговорено со учителките, ниту ужинката не ја јадеше.(facepalm) дури еден ден ме праша учителката дали зборува дома на наш јазик барем. Аха, и викам, дома сите имаме мака од неа :D
    Дури после тоа едвај некако се пушти бар чао да им речи и учителките беа пресреќни што и го чуле гласот. :D
    Со деца исто воопшто не беше комуникативна, сите си играа, и сестра и со нив, таа в скут кај мене.
    Само еднаш ќе ја прашав дали сака да оди да си игра и не ја форсирав веќе.
    Се додека имав зелено светло од педијатар дека се е ок со детето,само е затворено и срамежливо, не се замарав, знаев дека кога тогаш ќе се пушти.
    И ето сега, игра со поголеми од неа ко цел живот да ги знае. Зборува со сите. Јади со сите.
    Ептен ако има многу луѓе и деца знае сеуште да е со резерва, ама ме погледнува дека сум тука и си продолжува да игра.

    Единствено само разговор и разговор.
    Ама пак ќе кажам, ништо со форсирање да не се добие контраефект, па да се дозатвори.
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30 и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Исто сме и ние драмење за се. Какви заби мијање, вода не сака да види на него, се бориме со една капка ако има на блузето..
    Сношти играше, се испоти и плачеше за фен да му ја сушам косата во паркот(facepalm) Сам уште не се облекува:| Сега е почнат со облекава да ми пребира, шо и како да носи, сакам патики,па сакам сандалки, не ова блузе ова, одвај да се натераме да облечи блуза со кратки, со долги сака(facepalm).
     
    На Трагедијаупмм и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Од која колекција препарати за сончање сте најзадоволни, сакам лесно да се мачка, да е како спреј.
     
  15. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.079
    Пол:
    Женски
    Биодерма, лесно се мачка не остава бело и е во форма на спреј.
     
    На KuklickaSk и Lisandra им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    25.679
    Пол:
    Женски
    Иста имам дома. Она точно одбира со кого ќе игра и ако нема некој шо и одговара не се нафаќа, и само ќе гледа од страна. Најчесто на таа возраст играше сама ако се осудеше да игра,не се делеше од нас, моравме да сме близу неа за да се спушти пример на лизгалката, она од бебе е по игротеки, јуреше во парк со тротинет и се качуваше секаде без да сме до неа ама на таа возраст имаше како некоја блокада и не сакаше ни да влезе да игра без нас, дури и зимата до пред 4ти роденден го имавме тој проблем, само со братучедите се осудуваше и со маж решивме ни да не покушаваме без нив искрено, пошо само ќе отидевме и онс до нас седеше. Во градинка си има другарчиња 2-3 и со нив игра амс имс период во денот кај што сака да се осами и да игра сама. Доколку оделе во парк кој неа не о е познат не почнувалс со игра се додека не го проучи цел простор. Тоа се смена овие неколку месеци после 4ти роденден, уште опипува ситуација амс е поопуштена. Мене ме загрижува тоа што ги остава на некои деца да ја гризнат или удрат, не барам она да врати оти така и направиле ама зошто да дозволува да и се доближи толку близу без причина да ја гризне..
     
    На Трагедијаупмм и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.655
    Пол:
    Женски
    Потполно исто се однесува. Се лизга, скока, игра, ги прави сите вообичаени работи шо ги прават дечињата на негова возраст, но само ако нема (многу) деца или ако е со едно од двете блиски дечиња шо ги има. Е проблемот е шо братучед му не живее во нашиот град, а другото другарче живее на сосема спротивна страна од градот и се гледаме кога ќе се погодиме во смена со неговите родители.

    За тоа со удирањето не знам како е во градинка, но скоро бев сведок на два пати- првиот пат скокаа во трамболина со едно дете од градинка, тој падна, а детенцето легна на него. На почетокот лежеше врз него и го скокоткаше, ама од смеа почна да скока врз него. И наместо да се тргни, да го тргни или барем да му речи да стани од него, мојов плачи и лежи. И другата ситуација го турнаа од точак за да му го земат точакот, исто, стои како закован и плачи. Секако дека изреагирав на двата пати, го зедов, го гушнав, нема да го оставам да се почувствува осамен и без поддршка, изреагираа и мајките на дечињата. Му зборував и му зборувам кога има такви ситуации да не стои, да се тргни, да му кажи на некое дете ако го повредува дека не сака да му го прават тоа, ако продолжи да кажи на учителките во градинка или дома..не знам дали ќе има некаков ефект.

    Не знам дали да оставам на времето или да побарам совет од психолог. Маж ми вели дека ист бил и тој како мал, дека претерувам, ама мене ете не ми дава мир.
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.838
    Јас со биодерма го мачкам бебето, големиов со Нивеа kids 50ка бела. Супер е, како спреј, лесно се мачка, еве го не е ни поцрвенет, супер штити.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    9.975
    Пол:
    Женски
    Убава е Биодермата, како нешто поскапо.
    Јас земав од Зегин спреј, некои нови ни се чинеа, ама ми рече аптекарката од лани им биле, и многу сум задоволна, лесно се размачкува.
    Исто од Sun Dance во ДМ, многу сум задоволна.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    17.887
    И јас мислам дека не треба да се грижиш. Големата на таа возраст беше иста.
    На лулашки, по гости и сл беше многу срамежлива. Во градинка си играше само со неколку дечиња. Со тек на време се повеќе се опушташе. Сега има 7 год и се е поразлично. Сака многу да се дружи и одлично се вклопува во секое друштво.
    Е затоа брат и , е целосна спротивност. Лидер и во градинка и на лулашки...
    Сите дечиња се со свој карактер, да не бараме проблем во се ...
     
    На lovely91, Skorpija25, Zumbulche и 5 други им се допаѓа ова.