1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Сум пробала да заспие во 20ч и не сака, пак се драми и така.
    Иначе секогаш сум сезалагала за тоа рано легнување, и ден денес е така.
     
    На mKdevojce и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. #PPE#

    #PPE# Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2

    Ај да пробам да ти одговорам т.е да ти пренесам совети кои ние сме ги добиле и за кои имаме читано. Иста возраст е, сме биле во слична ситуација и можам да кажам дека скоро ни е надминато ова. Знае да каже на игралиште на деца дека е на ред, дека било прво на лизгалката, да праша дали може да земе некоја играчка и сл.

    Најпрво се работи за таков карактер на дете и тоа е ок. Доколку детето е заинтересирано за книги, можеш да побараш книга со таква содржина – каде децата си играат со другарчиња и пр. не ги сакаат деновите кога градинката е затворена и сл. Исто така би требало ти или мт да го придружувате додека да се вклопи во играта, па после се повлекувате. Така постојано и после некое време нема ни да треба да се вклучувате воопшто. Очигледно е дека му треба време да се опушти. Штом вели дека сака кај тие деца сигурно сака да си игра со нив, ама му треба време. Може да пробате и да ги поканите дома тие деца со кои си игра во градинка. Децата сакаат кога си играат со исти дечиња често, тоа е подобро отколку да се договарате со повеќе деца со кои ќе се гледа поретко. Кај нас тоа малку помогна, ама исто така си најде и другарчиња кои не сме ги канеле и тоа што одговараат на карактерот, што мене ми е мн. интересно. Јас не би рекла во таков случај дека детето под дифолт е срамежливо. Од одредени причини требаше да се менуваат групите во градинката кај нас (каде оди уште малку трета година), и ни рекоа дека е срамежливо па затоа така беше групирано – на крај излезе најдобро решение, ама уште пред да почне во новата група имаше некои ситуации кои го докажаа спротивното. Е сега, уште имаме да работиме на мн. работи, ама секако со децата мора нон-стоп да се работи.

    Психолог не знам дали многу ќе ти помогне, ама има многу (аудио)книги за воспитување кои нас лично многу ни помогнаа. Исто така и советите од воспитувачките во градинка, кои се вклучуваа во решавање на секој „проблем“ до сега и ни даваа добри совети. Исто откако забележав дека не реагира мн. кога некој ќе му направи неправда, ги замолив да му објаснуваат во таква ситуација дека може само да се „брани“. Ми раскажаа дека претходно имаа реагирано со тоа што ќе ја решат ситуацијата т.е. ќе му објаснат на др. дете дека тоа што го прави не е во ред – што е секако ок, ама на нашето не му помага мн. во „одбраната“. Го прифатија предлогот и оттогаш ситуацијата се подобрува. Совет од стручни лица е да се реагира директно во ситуацијата. Зборувањетото многу помага. Можеби, а и најчесто ефектот не е видлив веднаш, ама помага многу. Јас оставам да се справи само со ситуацијата, не реагирам многу, освен ако не се екстремни ситуации. Ама ако некое дете земе нешто или направи нешто што не му се допаѓа и гледа во мене/нас ние кажуваме дека треба да си каже/да си ја земе играчката, дури и има едно дете во градинка кое има проблем со контрола на емоциите и не ретко иде во конфликт со сите деца и знае да удри; тогаш велиме дека треба да врати и/или да одговори остро и да си замине. Јас лично не верувам дека само од себе ќе помине без работа на случајот – се разбира без притисок и мн. љубов и трпение.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    686
    И моето синче не спие од 3 години попладне ама затоа во 19:30 е веќе во кревет. Ако во 20 часот го фаќаат “будалите” значи пола час порано веќе треба да биде легнат. Не може тоа време да го водиш надвор, нормално дека ќе се понаша така од премора.
     
    На Sofi.ja, Mumoftwo30, strelec231992 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Пробав секако, не сака да заспие се врти до 21ч во кревет, иначе го ознесувам накак 19ч надвор, пред тоа е мн жешко. Со сила ако го терам да спие денски ствара агресија, не знам веќе како да постапам.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. $$$$

    $$$$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, незнам од каде да почнам да раскажувам, имам дете од 4 години и последниот месец е неподносливо неговото однесување, за се буквално плаче, вришти, се кара, расфрла кога не е по негово, па дури и удира (знаело и порано да има такви периоди но некако поминувале за кратко време и не со овој интензитет. Пробано е и со добро да му се објасни дека сето тоа што го прави не е убаво, пробано е и да се извлече од него што е тоа што го мачи па дури го имам и плеснато по газе повеќе пати (иако знам дека тоа не е решението но ги поминува сите граници во се). Мислам дека нешто го мачи,гледам некоја тага во неговите очи сакам да му помогнам но веќе незнам како да пристапам до него бидејќи несака да соработува.Дали да се обратам до детски психолог, дефектолог или некој предлог што вам ви помогнало. Поздрав.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Колку време треба да спие дете од 4години, колку часа да му се соберат?
    Тешко заспива преку ден и навечер.
    Станува 08.30 потоа имаат денска дремка каде па не сака да спие, го земам заспива после градинка еден час и пол пример, но одвај некако заспиваме, во кола му е мака е готов да заспие дома после се расонува, а кажал ми е мака, читаме сликовници очиве му светат расонет скроз тешко оди заспивањето, станува после некое време е па кенкав од спијањето дури се расони, навечер заспива кај 11 некогаш 11.30.
    Нешто не правиме како шо треба и не сака во градинка да спие, дали дека порано легнуваат кај 12.30?
    Навечер е толку доцна дека жешко е и не се излегува. Дури се прибериме, дури заспијаме...
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    6.638
    Треба порано станување, касно е 8 и пол. Да стане во 7 , ќе си преспие во градинка во 12 и пол и посче дома во прикладно време, максимум 9, 9 и пол да е легнат. И ќе се фати некој ред. Ама треба и детето да сака да прифати вака. Пробајте, нема што да се изгуби.
    Моето дете од скоро 4 години преспива преку ден од 2 до 3 и пол и вечерта си легнува до 10 најкасно. А станат е во 7 и пол утрото..
    Да не е повеќе од саат и пол денско спиење.
     
    На Mother of 2boys и Lisandra им се допаѓа ова.
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Колку часа спие и ноќна и денска?
    Сега видов исто преспиваат, но тоа шо поинаку заспиваме.
    Може да пробам и така, оти иди некако од ко ќе стани одма да преспива вградинка, и не заспива па е преморен му се крши дремката и дома после потешко оди.
     
    Последна измена: 25 јули 2024
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    6.638
    @Lisandra Преку ден саат и пол.
    Навечер 10 саати во просек.
    Еве една табела :) 1582eebae86ed12ea8a406ea94351b88.jpg
     
    На Mother of 2boys и Lisandra им се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Фала ќе го легнам порано вечер, за да стани сабајле оти не сака да станува.. да стани 07.30 ќе биди супер, ќе може да преспие после.
     
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    4.759
    Пол:
    Женски
    @Lisandra , кога оди во градинка, мислам во колку часот?
    Кај нас приемот е најдоцна до 8:00 наутро.

    Додуша моево е многу помало ама најдоцна до 7:00 сме разбудени.
    Вечерно успивање околу 21:00.
     
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    09:00 одиме
     
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Значи генерациски е проблемот со спиењево...
    Исто 4 има ,денска не спие дома веќе цела година,во градинка кога како. Заспива во 22-23 не заради жештината од 21 почнуваме и само некои изговори ,сакала вода ,сакала кај баба и да спие (се враќа по 10 мин) сакала да оди во вц... и секој ден нервозна легнувам.
    Пробав сликовница ко ќе се раззбори мислиш се разбудуваме а не заспиваме.
    Пробав и мелатонин ама па ми е страв само така... и не знам крај да најдам.
    Наутро околу 7 ја будам за во градинка со плачки одиме 90%. Исцрпена сум.
     
    На Lisandra и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Мојот е 3 ипол, и одбива да спие денски, а не може да издржи и му се приспива накај 17ч, ама не му давам да спие толку доцна, некогаш заспива сам бакај 13-14ч и спие макс. 40 мин.
    Навечер си легнува 21ч ако не е спиен денски, а ако е спиен се молиме до 22-23ч.
    Нема гајле кај нас за топло, со клима сме цело време и е супер.
     
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    14.712
    Мојата во 20:00h е веќе во кревет, сабајле во 08:00h станува за градинка сама. Преку ден нема спиено веќе две години. Според мене околу 12 часа сон е оптимално, а и нам баш ни одговара овој ритам.
     
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    5.684
    Пол:
    Женски
    Од 10 до 13 часа е вкупниот сон за возраст од 3-5 години. Мојот спие толку, ама порано од 21 часот не го легнува жива сила, и не сакам да правам туртури врз детето, да му стварам притисок само да се нервира повеќе, да супер е да легнува во 20ч ама ете не сака, легнува во 21ч и спие до кај 8-8:30ч. Според мене и ова е океј.
     
    На Amore123, mKdevojce, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Блазеси ви :l:


    На мојава фактички и се собираат 8ч шо е малку...чаре -не гледам :(
     
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    6.638
    Да, и така е добро. Мене реално и пологично ми изгледа вака ама под услов да е смирено детето, а не после 5, 6 на одручек да бидат тортури и за мајката и за детето. Ако е по цена да се нервираме двајцата и сите околу нас, тогаш ќе преспива преку ден се додека не ја надмине таа фаза на тантруми.
     
    На Mother of 2boys и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    5.132
    Mnogu docna ti zaspiva, dete na taa vozrast veke toa vreme treba da e vo dlabok son. Moeto e 4.5 godini vo 19.30 e vo krevet, citame kniga i veke 20 h e zaspan i spie do 7 /7.30 zavisi koga kako. Preku den poveke ne spie.
     
    На firequeenn и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    2.793
    Пол:
    Женски
    Уште не сме заспани 10:40 трета приказна читавме.Денес заспа во 14:30 спијаше може еден час, сабајле станат е од 9дека сабота.
    И ме умори луѓе не знам шо како да се прај. Се тушираше, јаден, пиено млекце. Станав веќе се изнервирав:(

    Да дополнам вчера го станав рано, 07:30 за пак да спие во градинка, се пробале и нејќе.
    Заспа 17 часот стана за еден час, за пак тешко да заспиеме вечерта..