Касно е дремката, гледај да е станат до 14:30 најкасно, ако веќе спие. Ако нејќе нека не спие, ама сабајле до 8ч најкасно да е буден, ќе видиш вечерта до 21ч како ќе заспие сам.
Ова дете никогаш не е уморно, до сега нема заспијано така наеднаш од шо му се спие.. туку мора триста чуда, не сакаше порано да заспие денес легнавме во 13:30 де му се мочка, де му се кака, де приказна. Ко ќе завршам со приказните уште пола час се врти во кревет си игра, шо јас ќе заспијам ама не и тој, и после неколку пати велење од моја страна и убедување да не мрда одвај да заспие...
Не му давај да спие, и мојов така сака да заспие во 18ч, е нема тогаш, кога не спие на време нема спиење во 18ч, не му попуштам ако сака нека урла до 20ч, ама нема да има дремка во 18ч.
Во текот на денот, кога ќе се умори, му треба нешто смирувачко, нека прилегне, прочитајте нешто, нека погледа некој цртан, ќе присобере сила. И накај седум можеш да почнеш со ритуали за заспивање ако е веќе уморен и спремен за спиење. Така некое време додека да се навикне и да си го фати редот.
Турбо сме цел ден, шо нозе ќе беа само скока и трча и не се изморува. Дали сме дома или надвор, преѓе и со точакот бевме си реков кај 10ќе заспие тој дури сега.. Па ние вака не правевме ко мали, јас барем кај и да легнев ќе заспијав , во кола во кола, на слава, на гости само да подлегнам, какви приказни, туширање ритуали. Мислам дека има удел жешково, жива вода се буди а со клима сме, му смета ептен. Пред да се затопли си спиеше во градинка, порано а беше станат во 7:30.
Знајш кога вели дека му се спие, само кога треба да јади за да не јади ова го прај. Инает има голем...
Треба средина да му најдеш. Во шест да заспие му е прерано, во девет е касно ако не дремнал, а ако дремнал тогаш нема да заспие до 23,00. Сериозно, пробај кога ќе видиш малку да клапнува да го смириш, и после во кревет порано, не знам дали имате ритуали, ние обично вечераме, пижамчиња, пригушувам светло, затемнувам, све само да се заспие побрзо.
Ќе прам некако, еве утре да не го заспивам денски секако станува уште кај 8 часот сам, рипа ко некое рипче, а нас ни се спие и не трга одма да станиме, не сака ни да си подлежи малце да одмори од спијањето. Порано да излеземе и 19:30 да се приготвиме со нерви за да го заспијаме. Уште спие со нас и е малце напорно, не сака на креветче. Но морам да признаам двајцата сме уморни кога треба да спија малово, не истрошува оти пробано е се, а не давам ни благо ни ништо и општо преку ден само овошје. И дури многу му е тешко еден да го заспива мора и двајцата да бидеме до него за да не истроши максимално. Општо да речам спијањето му е како мачење, не онака да ужива да се релаксира, да го фати дремка. Ако не сум до него ко ќе стани имаме плачки, денес исто имавме и ме бара.
Денес стана во 8:00, не преспа, сега читам приказни еве три прочитавме, стана да мочка, сега да се кака, не сака да спие. Губам нерви начисто
Дури во 10:30 заспа, шо морав да излезам од соба оти пропуштив со нервите и заспа со татко му. Сакаше и вода и цело време е мама, мама, само ме бара дури спијаме, си игра со косата, се вртеше, не му се спијаше. Да не е некоја фаза во развој?
Ќе му треба време да се привикне, само држи се до рутината и секој ден ќе е полесно. Како ќе доаѓа времето за кревет ќе почне да му се приспива зошто ќе знае што следи. Си имаат и фази кај што потешко заспиваат, ама поминуваат. Рутината за спиење ги олеснува многу работите.
Како да се одвикне да спие со нас, големо е, ние жешко и мрда? Ова пробав да го направам ко беше мало неколку пати креветчето го местевме до нашата спална, но тој се разбудуваше и легнуваше меѓу нас. Сега кога ставам држач на спална за да не падне , се разбудува, гледа кај е и одма на средина сака. Дали ако земам некој кревет да му е поинтересен гледав како кола и го сместам до нашава спална ќе сака да спија таму? Па после како ќе расте да ја средиме неговата соба...
Многу сум загрижена. Ќерка ми има 3 години. Ја зедов од градинка и ми раскажа страшна лага. Не обична лага прикладна за нејзина воздраст, да излаже нешто во смисла дека јадела во градинка, а всушност не јадела или да излаже дека некое дете ја удрило.... туку лага што е цел долгометражен филм со детали. Нормално и поверував кога ми кажа и се испаничив и откако од градинката ми покажаа и докажаа дека не се случило ништо такво, ја притиснав ќерка ми и таа ми призна дека лаже. Јас бев во шок!! Како е можно дете од 3 години да е таков совршен лажго? Па воздрасен тоа да го излаже треба да седне и да го мисли и осмисли, не па таа...Нормално после тоа и објаснував на сите можни начини за лажењето дека не е убаво. Се отепав од зборување, а таа првото што направи кога татко и си дојде дома излажа пак, му рече дека сум ја тепала... Ве молам споделете совет, искуства, мислење... ќе ја носам на психолог, ќе продолжам да и зборам за лажењето дека е лошо... не знам друго што да правам, ете немам ум, во шок сум. Да беше 6-7 години, ќе разберев да има капацитет да осмисли таква лага, ама на 3??? Јас да сум толку глупава и да не приметам дека ќерка ми дотолку го усовршила лажењето? Почнав да се обвинувам сама себе дека не знам да си го воспитам детето... не знам ни како ќе спијам вечер, ни како ќе си го покажам пак лицето во градинката.... срам ме изеде...
Не викам дека не е проблем што излажала, ама мора и со добро и со лошо да пробаш, пример лошо како казна да има некоја, да преиспитуваш дали навистина те излажала, ете за во градинка пример, не знам колку ќе упали на 3 год. казна, и колку ќе разбере, ама пробај. Децата знаат да имаат бурна фантазија, а понекогаш и да излажат па дури и да не признаваат, не знам што е тоа што толку те допрело во градинка што ти раскажала, ама сигурно е нешто големо. И јас би се преиспитала да е нешто многу големо, иако знаел са излаже за нешто дека не направил, а тој да го направил, ама после тоа ќе признае. Следи некое време ситуација и проверувај.
Мислам дека во вакви случаеви казната би имала обратен ефект зашто во иднина би лажела за да се извади од ситуација. Мислам дека разговор би помогнал повеќе. Мое мислење, веројатно психолог би знаел подобро кој пристап е правилен.
Детето има бујна фантазија. И мислам дека е дел од развојот тоа. Всушност она не е ни свесна дека лаже. Еве кај мене големата имаше период кај што си измислуваше другарче и си збореше со него, измислуваше приказни. И на малата ѝ се има случено да измисли нешето, три и пол години е. Нема потреба од такво чувство на вина да имаш или да го носиш детето на психолог. Според мене