Прашав денес за психолог во градинката, на одмор бил, па ќе барам некој друг приватно.... Забележав дека или не го разбира или не сака да го прифати поимот ,,лага". Вели не лажам, а признава дека не се случило тоа што ми го раскажала. И реков сега мама треба да види дека ќе ми кажуваш само тоа што се случило, да ми покажи дека таа не е лажга и дека е умна и паметна. Се дури не видам дека е добра и не лаже нема цртани,нема шетање и нема носење фустани. Се сложи на тоа, дури и се израдува. Денес сабајлето и облеков шорцеви и не направи никаков проблем, што не беше случај претходно. Па сега ќе видиме... битно јас не спиев цела ноќ, во 5 сабајле кога почна да се разденува некако заспав..
@moon1 Има разни статии на интернет во врска со лажењето кај децата на мала возраст. Нема зошто да се вознемируваш и да не спиеш цела ноќ. Прифати го тоа дека е дел од развојот на детето и никако не го казнувај
Нормална фаза од развојот на детето е лажењето, сеуште немаат развиено емпатија и не знаат дека има лошо влијание. Само со примери и многу зборување за да сфати што всушност значи. Ќерка ми пред некој месец почна да лажи за да јади сладолед. Веќе јаден еден и вели дека не јадела. И разговарав со психолог баш и тоа ми го кажа.
Има бујна фантазија и развива креативност. Мислам дека не е страшно. Ќерка ми од две ипол години има замислено другарче, и некогаш ми раскажувала детали од случки кои никогаш не се случиле. На почеток ме вадеше од памет. Изрично да се напомене дека лажењето е лошо и погрешно и внимание многу да не се придава и да се форсира тој муабет. Колку повеќе внимание придаваш толку повеќе ќе и е интересно да си измислува лаги. Сите деца имаат фаза кога ја откриваат лагата и им е интересно да лажат, не ја разбираат грешката. Никако со казни и лошо таа не ја разбира тежината на лагата и не сфаќа зошто е тоа погрешно. Ќе почне да разбира со тек на време.
И мене ме има лажено, не сериозно нешто ситница, но јас почнав да му раскажувам приказни дека лажењето не е убаво, му велев ако лажеш ќе ти порасне носот, еве сношти имаше ако можеш и пушти му ја Биби и Боби ја гледаше една епизода за вештерката и џиновите, каде вештерката излажа па и порасна носот види дали ќе те разбере.
Оваа недела тераме без дремка. За денес сабајле стана 8 без 15, заспа сношти одвај 21:45, порано кај 08:30 легнавме. Е сега додека не е со дремка вака е многу не расположен, одвај се движи и одвај збора, не наспанан се гледа, нема ни сила ни енергија ко ќе го земам од градинка.. И бааги бледичок ми изгледа луѓе , да не се разболи вака. Кажете ми дали му е доволно ова спијање? Вечер ќе гледам 08 да сме вкревет, само шо си дојде од градинка, на сабајле не го разбудуваме, сам станува, ако сака да спие и да поспор повеќе реков не мора пример ни да оди некој ден или барем не толку рано. Ама сам станува.
Како да го научам син ми (за некој месец ќе полни 5год. ) Да не биде скржав и да споделува? Он со сите е скржав во суштина, а највеќе со брат му (1год) Он ќе сподели,ама откако јас или татко му ќе му укажеме
Како напредувате? Ова да ти кажам, јас толку ја учев да дели со децата, дели, па дели. И на крајот кога почна да дава, не и ги враќаа работите, мајките мува не ги лази. И после толку беше, престанав да и зборам, и реков ако сака може да даде, може да си направи замена, да си ги разгледаат играчките и да си ги вратат, ама ако не сака да даде, тогаш и да не бара од другите деца. Па некогаш знаеше да направи размена, некогаш даваше, некогаш не, како беше расположена. Многу се форсира тоа со делењето, скржаво да не било детето, да делело, бла бла, на крај ништо од тоа врска нема.
Оваа недела многу тешко со спијање, станува многу рано на сабајле некогаш 6, некогаш7:30 легнуваме порано час и пол можи и два часа заспива навечер, си игра, сака вода, бара да мочка , да кака, некогаш не ни оди во вц него само бара, после пак со игра и не заспива, преку ден не спијаме, а не можи да издржи до вечер пробува да заспие не може. Сношти е спијан само 8часа, ќе пробам малце да го одморам кај 13часот оти ни тој нема сила. Во секој случај ќе го однесеме на педијатар да не советува нешто. Јас и да пробам сега да го заспијам не оди лесно и не знам дали ќе одмори.. 8часа спијање не мислам дека му се доволни.
Тешко на родителите со ненаспани деца. Мора да го натераш да заспива порано, или да преспие преку ден. Навечер гасење светло, и мочкање пред да легне. Па ако не му страв нека игра само во темница, вие не станувајте. Секако ќе дојде до вас ќе легне. Нема попуштање, ќе се навикне , му треба време. Ако станува во 7, кај 13 часот веќе треба да преспие. Ако стане кај 9 не мора да спие, ама да легне навечер кај 8.
Не сака да спие, а и гласот му е фатен, знаеш онака ко ќе ти се спие и гласот се менува... Правам се шо можам, за мене не гледам и јас лежам и чекам да заспие, истуширан измочкан, се е средено како шо треба. Вчера ми рече јас сакам долу да спијам, не во спалната, ами таму не било убо... Долу немаме можност да спијаме. Два пати пример ме станува да кака, ни еднаш не се искака, и одиме сака муабет. Кога ќе легниме се е тивко, затемнето, свежо е, не е жешко, легнува се врти и игра, после следуваат прашања еден куп, мама зошто ова , зошто она и не можи да биди тивко оти само не прашува нешто, па јас ќе му возратам за да не го оставам така жално да не добие одговор, пак му кажувам полека и му велам ајде сега да спијаме, па прашува кога ќе станиме, а како јас да можам, спијам сине одма ќе станиме му велам само да заспијаме и ќе стани е, спијајмза да порасниш големо, да имаш сила за да си играш, гледај и мама е изморена, сите сега спијат, темница месечината е излезена се и секако имам објаснувано за да заспијам. Ме фаќа вкоса ме гали, од вртењето дури ќе испоти во главчето, па после ај да се исуши е оти му смета и така..
Не те читам од поназад, колку год е? Првото на 3 год точно престана да спие денски, и 8, 9 часа спиеше ноќе, цело време мислев малку му е сон, ама ете го 5 и пол год уште толку спие. Ништо не му е, едноставно не е спијач, ко мене исто од ко знам за себе не сум спиела 8 часа, од ко памтам можам слободно да кажам. 6 часа ми е дури и многу сон
Моево е 4г, од 2 и нешо нема дремка, 11-13 саати спие на вечер, сега летно време 9:30 заспива, оти до 9 ни е уште светло, а зима знае во 7:30-8 ж. Ако преспие, журка мојме да прајме, сите ќе попадвиме таа не. Можеби е погрешно ама јас Тв давам само пред спиење, преку ден само ако мора да се смири за да успијам малово ако е претерано гласна , така заспива не ни догледува, а јас се праам невидлива за да не ме замара оти ако сум до неа, губи концентрација и се и е поинтересно, а вака ја снемува за 15 минути. Шо знам така се успива од 2 и нешо и без проблем тера. Сега прочитав поназад коментар. Од преуморност, престимулираност мислам дека не ти спие. Мора да има некој баланс на активности, без претерано информации нови, без премногу замор наеднаш. 8ч е дефинитивно малу, ние од 6:30 до 8 и пол летно време сме во парк, па следи бањање, па лесна вечера, гасење светло со тв, не давам играње измеѓу, па ете така се зашеметува т.е се одмара од измореност надвор и заспива брзо.
Има развиен мозок и бујна фантазија. Не разбираат толку лага од вистина на 3г, можеби сонувала дека нештото се случило, можеби и замислила како би било... смирено објаснувај дека не е убаво да кажува работи кои не се случиле и дека тоа носи последици. Ќе разбере. И син ми измислуваше на таа воЗраст и тоа цели филмови. Сега има скоро 5 и не измислува на него дека му се случило туку измислува цели приказни дури игра, и за други деца.. Пример: мама знаеш на Марко татко му не знае да вози кола (нема врска...) или мајка и на Лана работи во болница (исто нема врска..) Дур игра па какви работи измислува баш да се чудиш. Реди камиони, па кажува кој чекал на граница, кој заспал, на кој колата му се расипала.. збореле ао децата во градинка за 'умрени', па нареди и умрени во колоната за на граница... па ајде збори како не е убаво тоа да игра... Страшно напорни се, или ние многу се секираме. Јас не се сеќавам мајка ми да се потресувала кога сум измислувала приказни, а измислував... Збори и со психолог, ама мислам дека нема потреба толку да се секираш. И моево големо не дава ништо на брат му. Све мое мое мое.. ама надвор ао деца дели, па си викам ај баланс.
Синко вчера прв пат сам го отклучи седиштето, мажот ми излегол да фрли ѓубре од колата и тој сам си излегол од кола, дали има други седишта да го врзуваме со појасите во колата шо се како за долу за да има само подлога или како да правиме..
На бустер ваљда мислиш. Зависи колкаво е детето, дали е доволно високо за бустер. Иначе ти препорачувам да му ја заклучите вратата од колата, да не се отвара од внатре. Види на самата врата на работ треба да има такво копче.
Малата ми е три и пол години. Од синоќа се жали грлцето ме боли,грлцето ме боли.. На дежурен не ми се носи,што може да и дадам да и се намали болката. И го прегледав јас,вака не и' црвено,нема отоци.