Искрено јас имам одбив спрема сѐ што е зегинско, односно што го има само во нивните аптеки. Можеш од овие да земеш Едниот е со прополис, а тој лизобакт е друг состав
Знам,се' тоа давам од сабајле,ама нема ефект.упорно ме болии,ме болии Тој прв ми излезе на гугал. Инаку и јас имам одбивност кон Зегин,нападни знаат да бидат многу.
Како се справувате со прашања милион преку цел ден или додека е дома, значи секој 2мин нешто се прашува и кога сме во парк игра со деца но сепак ние го водиме за игра, ние играме со него, денес му реков со децата дека треба да игра, не му оди на сите , ретко со кое ќе си заигра, знам не ги познава но сепак ние сме први за игра со него, велам постојано, само нас не бара и дома нема да поминат 5мин а нешто да не побара или да праша... Ова веќе ко опсесивно ми делува.. Знам е љубопитен можи се сите на 4години така??
дееефинитивно нескротлива е љубопитноста во овој период Добро е некогаш да се возврати прашањето за да се види на кој начин размислуваат и како им тече фантазијата, пр. Што мислиш ти, како се случува тоа..? да речеме за некое прашање на кое не го знаете одговорот или не сте во позиција да одговорите...барем во мојата пракса 99% ќе слушнам нешто што прв пат го слушам во животов и после ми е драго што прашуваат зашто имам увид во нивниот свет, а од друга страна и јас сум се растеретила од одговарање..зашто нели, не сме сезнајковци..а за Играта, многу е важно да научи да си игра самостојно. убаво е што сте вие тука, но не секогаш затоа што се ослонува на вас за насочување и така никогаш не му е досадно, а треба и мора да му е досадно. за да си изнајде решение на досадата треба да размислува и да фантазира, да му дојдат идеи и да се ангажира, да пробува да си ја реализира идејата.. така и ќе стекне верба во себе, ќе му се зајакне самодовербата, па и процесот на социјализација е полесен..значи игри со коцки, колички, кукли, боење, цртање, сецкање и лепење хартија, сложувалки...одберете некоја игра согласно интересите негови, објаснете му како се игра и покажете му како може да игра. на почеток сигурно ќе бара да играте со него, но не попуштајте, дајте му до знаење дека ќе бидете во близина за да го поддржувате и фалете го кога ќе се обидува да игра сам.
Благодарам, не сум помислила да го потпрашам шо мисли тој ко ќе наведи едно прашање, како му оди размислувањето и како ги замислува работите. Во однос на играта,игра само и ние ко ќе играме, пример еве сака да бои нешто му давам нешто шо го сака, боја каква сака и седнуваме почнувам јас да му помагам, но тој не сака да продолжи или сам да земи четката и ми ја враќа вика мама, јас му ги бојам цртежите, така сака така правам, шо не е случај во градинка таму сам си бои, лепи сечка, помагаат но сам го оставаат со децата и сите тоа го прават заедно и тој тоа го прифаќа. Но тука дома е постојано со нас, за се шо треба е мама претежно, ако средувам нешто пример алишта му кажувам морам да средувам, тука е до мене и ме чека, ме прашува уште имаш а кога готово, никогаш не сум сама, ова почна од ко ги тргнавме цртаните зашто сакам да се заигруват не да зјапа во екрани, мило ми е шо му помагам за се но од друга страна како да не можам да земам здив. И ко ќе јадеме пример само прашува му велам ко ќе јадеме не се зборува, пред да заспијам исто постојано е ова, а и немаме некој на пет минути шо може да го земе да го прошета и поигра освен градинка. Кога ќе ги носите на систематски прегледи, дали на 4години ги прават?
Дали и вашите деца цело време се нервираат со играчки, со облека со се пред неа што не може да го успее. 3 ипол години е ама навистина почнав да се грижам веќе. Нормално е или треба да ја носам некаде?
@Snowflake92 @Tiny Love Уф, фала ви ми олесни малку на душава.. Се мислев дали е до мене или има некој проблем.. Сокривам една играчка зема друго пак од почеток, по цел ден исто па исто се мислам постојано се вртиме во круг..
Не се грижи мајка,иста е и мојата.Има едно бебе големо е,како вистинско.Ако некоја облека не може да облече,нервоза веднаш,писка вика,а што е најлошо не дава да и помогнам,нее сакам сама,сакам сама ...и така..мајка..во круг се вртиме и ние. Период е,ќе им помине
Полни 3 години. Една е, не знам дали е размазена т.е. не и се допушта се, ама некогаш ради недостаток на време ќе и допуштам да беснее по дома т.е. и викам немој да се качуваш на кревет или не го рони пластелинот пример, она се качува и се смее и не ме регистрира, се додека не се налутам, со викање и насилно симнување од кревет по 10 десет пат и нормално завршува со плачки и нервози. Исто и надвор, трча, беснее не ме слуша воопшто, исто и со татко и. Не знам кај грешам! да дополнам: кога сме дома ќе ја фатам со арно, некако ќе се прелажеме, ама надвор не можам секогаш бидејќи се и одвлекува внимание и не ме ни перцепира.
Тантруми на најјако... 3 год е , гризе, тепа, се вади по негово према мм и мене... фала богу со малата е супер, ја гушка, ја бацува.. Кај моите и во градинка е супер, мирен.. Мене ни таткому воопшто не не слуша.. само дедо му го слуша ептен што и да му се каже, како да го научам дека и нас треба да не слуша а не баш само дедо му... Пукнав веќе, ни со убаво ни со викање не бива... Исто и надвор, трча, беснее не ме слуша воопшто, исто и со татко му...
Мајки дајте предлог нешто за имунитет за малата 3.6 години е. Не е многу често болна,фала му на Бога,ама со оглед на тоа што оди во градинка,иде есен,зима,вируси...а имаме две бебенца дома,3 месеци,па некако да ги малку од малку заштитам. Што мислите,искуство од овие?