Овој период залади надвор, да не му е ладно па од тоа да се мочка? Мојот ако му застуди само тогаш знае да се помоча а веќе е 2 год без пелени.
Моето така откако ги оставивме неколку месеци грешки правеше само ако е настинат. Не мора да е тоа, но ако го гледаш затнато, растечено носе... и слично може да е од тоа.
Денес синко многу емотивен. Се изнаплака. Прво вчера некако си го напиша името, денес сакаше пак но не можеше, почна да плачи дека не знае, вели не знам јас и се исфрли во канта. После тоа бевме излезени, се виде со едни другарчиња од градинка, го викнаа да си играт тој замина, се беше супер, имаше поголемо детенце и уште едно помало тоа ги водеше во играта, е сега од никаде дојде со плачење, прашав зошто плачи, така ми дојде вели. Некој нешто да не ти рече, да не се удри, дали се добри децата, вели добри се, зошто плачеше, така... Уште не знае добро да зборува, тој зборува но тешко е разбирливо, ние си го разбираме, другите потешко, некако сме во место закочени, знае да ги каже зборовите, кога ќе му кажам како точно се изговара тој ќе каже, после пак по негово, не се труди и мислам дека почнува да му смета пример ако некој нешто не го разбере, пред на с се си зборува од повеќето деца се трга и мислам има удел многу говорот, па како да го подобриме, оти мислам дека заради ова нешто се има расплакано или да не му рекоја нешто како не знаеш да зборуваш, не знам не ми изгледа ја такви деца, ама кој знае. Одиме на логопед, читаме , зборуваме јасно, гласно, не разбира, но не е слободен чисто да се изразува и мислам има трема да не згреши, ако згреши се лути... Има четири години кој треба да ни бидат очекувањата?
Кај син ми во градинка има две три дечиња кои постојано ги удираат другите деца. Веќе имаат по 5 години. Тетката по многу поплаки од родителите зошто ова дете го удира моето ни објасни. Децата играат заедно и кога ќе дојдат некои од тие дечиња што не зборуваат убаво, овие ги бркаат и не им даваат да играат со нив. Тие се чувствуваат отфрлени и почнуваат да ги задеваат децата. Кога го прашав син ми што се случува, и тој ми кажа дека тој и тој не знаат да зборуваат. Му зборувавме дома дека треба да играат со сите, па веќе се нема пожалено дека некое дете го удира. Така да по нашиот пример, сигурно и син ти се чувствува неудобно кога не може да се искаже. Мора да работите на тоа, да го усовршите зборувањето соодветно на неговата возраст. Да го прашувате како се чувствува и да му помогнете полесно да се опушта со дечиња
Има ли некои активности за деца 3 години да се запишат попладне да не дреме дома додека е гаден воздухон или мали се уште?
Работиме колку шо ни дозволува, некогаш не сака пример да му кажуваш како треба да го кажи зборчето и ми ја затвора устата. Тој знај се точно да кажи, му велам пример речи колата, ќе кажи како шо треба, после некое време пак си продолжува по негово ќе вика колака. И сега мислам децава го играт, не дека не, тие го бараат за да си играат, но го имаат прашано нешто, па се немаат разбрано некако, па затоа така се чувствува. Му раскажувам, му зборувам, му читам правилно гласно и јасно за да ги разбери, па не знам на кој друг начин можам да му помогнам... Многу разбира од тоа шо го кажуваш, сврзува големи реченици со големо значење, проблемот се некои зборчиња шо си ги кажува како шо си сака.
Мајки во дилема сум. Девојчето е 4 г ,никогаш до сега не спиела без мене, со татко и два пати има заспано ,,по грешка" јас во друга соба сум била или во тоалет значи ја нема ни успиено никогаш. Многу љубоморна во однос на мене ,не дава ни татко и да ме гушне ни пак било кое дете да земам да држам и сл. Е сеа од работа имаме семинар 3 дена-2 ноќи во друг град. Не знам дали ќе се исчуваат сами... страв ми е да отидам. Знам дека веќе треба да се учи и без мене и се тоа ама... Исто во градинка си оди веќе 3 та година. Оваа недела поточно откако се вративме од одмор не сака да ооди.. ја прашувала воспитувачката дали ја сака ,мене ме прашува дали ја сакам.... Знам дека има различни периоди ама ова е веќе стварно долго време вака...
Се надевам нема да ти звучам премногу ладнокрвна, ама откако ќе отидеш во друг град сеедно е како ќе се осеќаш, нека му ја мисли татко и како ќе ја заспие. Нема сигурно да си дојдеш на полноќ зошто не ја заспал. Некогаш мора да се фрли таткото во оган за да најде начин како да се справи со детето. Може нема да заспие на време, ама нема цела ноќ да седи будна сигурно. Кај нас е обратно, со татко и сака повеќе од мене, па затоа ставивме правило, дека ќе се менуваме наизменично, еден ден со мене еден со него. Додека не почна сама да си легнува знаеше дека тоа е редот. Тешко е да смениш навика, ама повеќето работи што порано ги воведеш полесно е.
Не ми звучиш ладнокрвно дури и во право си. Сепак мислам дека е премногу одеднаш две вечери така да нема да одам Да беше една вечер сигуно ќе одев ама две ми е премногу... Ќе ме фатат мене панични
Јас би ти рекла да одиш. Ако не појдеш, нема да знаеш како ќе биде, може и позитивно ќе се изненадиш Малиот мој кога имаше 16 месеци морав да одам неколку дена на пат. Оставив дете што заспиваше строго на цицка, а се вратив на дете што заспива само без проблем и преспива цела вечер.
И мојава не заспиваше без мене, лепенка за мене по цел ден, не даваше ни шанса ни на татко ни на друг, па ја остадов на два дена прв пат имаше 2,5г тогаш,цел ден и беше исполнет од Зоо до Кино и не ме побара, па за спиење имало драма ама заспала. Сепак е 4г, со разговор можеш да припремиш, да му ја киднеш само без да знае дека не идеш вечерта немој.
Мајки нова ситуација имавме, пак се расплака овојпат беа други девојчиња шо се знаат од градинка.. И беа толку добри со него, го викнаа да си играат, тој сакаше да си игра и тргна со нив се оддалечи малце од нас и после се врати со плачење. Не разбирам шо му се случува? Го испрашувам убаво да не го удри некој, да не му рече нешто, вели не, дали се добри децата вели да, зошто плачиш така. После го потпрашам дали ти сакаш со нив да си играш ми рече не, шо мислам дека чувствува некој притисок дека мора со секој да игра , но тој самиот замина, сакал само со едно дете да си игра шо е од градинка и одбегнува да си игра со другите посебно со девојчиња. Сега на девојчињата малце подобро му е совладан говорот шо мислам дека има и тоа удел, работиме и ние но оди поспоро, само се плашам дека него му влијае тоа толку лично. Не сакам да мислам да не му се имаат насмеано ако нешто не кажи како шо треба и дека е до тоа и му е сватено буквално и не знае како да возврати или да рече не, па ќе се расплаче. Со машките до сега немало таква ситуација но сепак ретко се опушта со некое шо не го знае,, Не знам шо да правам стварно, сакам да ужива со децата и да си игра затоа што не е отфрлен, туку го бараат, добри дечиња се. Дали треба да посетиме психолог или како и на кој начин ние да му помогнеме.
А имаш ли седнато во градинка на разговор со учителката и да ти го каже неговото понашање таму, каков однос има со одредени деца, имаш ли побарано совет од учителката како да пристапувате со него и како да го пхрабрите? Не мислам за разговор од на врата, туку седнување на маса и објаснување детално неговиот процес од кога почнал во градинка и сега. И не го притискај да си игра, не го исќрашувај те молам зошто не си игра и дали го удриле, не му врши во моментот никаков притисок нешто да ти каже, многу често заради прашања децата знаат да го дадат одговорот кој сака родителот да го слушне, а е далеку од вистинит. Тие разговори треба да се случуваат спонтано, кога случката поминала. Мојата ми кажува од после се, од нигде никаде ќе ја прашам шо мислење има и како си поминала и ќе прекаже. Прво "добри деца се" не важи. Можеби сурово звучи и некои не веруваат во тоа, но јас верувам дека децата знаат да се големи манипулатори и едно да глумат пред возрасни, едно кога се сами ( од примери). Да плачи туку така не верувам.
Ќе зборам со учителката, зошто баш со тие неколку деца женски од градинка е така. И тука имаме дечиња и женски шо си игра пак не плачи, а во градинка никогаш се немаат пожалено нешто да се случило освен еднаш кога не можел да изврши некоја задача и тогаш плачел. Секогаш велат дека е супер и него ако го прашам вели дека убаво си поминал, само на прашање дали си игра со децата вели само за со едно дете а со другите не, зошто не, така вели.
Не мора да игра со други, нити ти нити јас се држиме со сите, и мојава е 4г па не сака со секој да се дружи ама чим плачел нешто има и мораш детално да бараш отчет не само добар е, туку анализа на целото негово понашање сам, а и со другатите. Тоа и е должност, мора да знае поопширно што се дешава и да даде совет
Мајки, предложете ми едукативни игри за 5 годинки. Енциклопедии за таа возраст.. дали можеби има и библија за деца? Сакам да изнакупам работи на македонски јазик.
https://www.bubamaraigracki.mk/10-edukativni-igri-na-makedonski-jazik Јас планирав вакво нешто да порачам за неколку дечиња за Нова година, баш во странство што се. Немам лично искуство, па ако има некој може и да сподели.
Голема е она за ова, ги знае овие сите работи, а кирилица не ја учам уште.. Можеби во групата за 5+ подобро да пишам.. иначе овие што ги прати изгледаат интересни за 3+ .