Женска, од градинка имаат понуда за балет. Јас ја запишав ѕверкава, од 3 години почнуваат. Види и кај вас дали има нешто такво
Има и кај нас ама тоа после спиење во градинка, а и ни напоменаа дека нема поента толку мали зашто не слушаат наредби долго . За попладне гледав јас ама не е мојава за балет. Сакав нешто музичко или нешто за трошење енергија ама нема кај нас во близина за маливе Овие Малац Генијалац и сл ми се нон сенс.
Кај тие што имате проблем со атопичен дерматит кај децата по колку време го имаат. Кај нас повеќе од 4 месеца и стое, и само со афлодерм ќе се повлече и пак истото. Има ли крај ова? Инаку има 3 години.
Мајки, може некоја од вас со дете на возраст од 4 4 и пол да ми објасни како играат вашите деца? Каков развој имаат, на што се насочени во развојот. Станувам разочарана од тоа какво ми е детето и какви интереси има. Дали можеби премногу барам, ама навистина не знам што сѐ треба да знае на оваа возраст или да умее. Моево од игри вози количиња, има некогаш игра со преправање, бои со фломастери, и почесто си гледа цртани Mr Bean и некои слични. Ама некако ми е како на возраст од 2 и пол години. Прискокнува, се влече со брат му по дома, место да му покаже да му биде лидер во играта како постар брат, тој ги повторува приправајнците на помалото. А инаку е вербално дете, цело време зборува, прашува, планира предвреме, споредува, како адвокат е дома. Исцрпува, а всушност дали воопшто учи нешто детево, ако веќе има толкава интелигенција како што велат некои. Јас не верувам во тоа, просечно дете го гледам, нема ништо тука посебно. Во градинка е здружен со побесната тајфа, а тој лично не е дете што е бесно, пример да направи некоја беља намерно да крши или да растура. Напротив, средува, пофаќа од подот, не сака растурено. Ама когнитивно развојот ме интересира до кое ниво треба да биде. Што сѐ прават вашите деца и знаат да направат. Инаку јаде сам, сака да е самостоен, сам заби да мие, имаше иницијатива едно време и да се облекува, во тој дел сум задоволна ама... Еве внучето мое на негова возраст знаеше со карти да игра војна, не лути се човече. Еее моево не можам да го замислам така. И за да го поттикнам само мислам каква игра да му купам, нешто што ќе е добро за него, дали магнетни коцки, за јас да си ги играм на крај.
Генерација ни се нели и двете деца. Големава игра со слагалици, имаме премногу и ги реди без помош 70-90 парчиња слагалица. Тоа ја бива ептен. Мемори играме заедно. И читаме многу приказни и енциклопедијии. Не ги разбира скроз од енциклопедиите ама се интересира. Имаме и игри со магнетни букви па така учи азбука ама зо бројки е тапа. Појма нема Се понаша заштитнички према малото ама знае да одвали некој потег чуден и непромислен. Знае да се треска уште од земја и да ми крева живците со лигавење ама тоа се дешава ако добие некој критика па макар била стварно јас во право. Не знам според тебе што треба да постигнува 4,5 годишно дете ама сепак е мало и немој да очекуваш да не скока, да не се инати со брат му или да се спушта на помало ниво пд него.. Туку прашање, мојава станува уште секоја вечер по 1-2 пати и страшно ме иритира, кај вас како е?
Моево исто, ама на оваа возраст имаат и толку изразено негативизам кај што не можеш ни да знаеш што знае што не знае. Учи го било што ќе се изненадиш еден ден како знае, но не очекувај одма резултат баш поради тој негативизам. Инаку игра со играчки, читаме книги кажувам пеанички сега почнува сакам сам па еве плачки низ дома.
Ние сега за сега полека ги учиме буквите да ги пиши, неколку знае да напиши но тешко му оди, уште потешко шо знам дека знае малце ќе заглави и ќе се налути. Исто бројките до 10. Му ги копирам ги боиме ги лепиме. По малце и ќе напишиме нешто ако сака. Сака да бои но нормално не може убаво но тоа барем не се откажува. Цртаме палми дрва, облаци, сонце, црта кола, опседнат е со коли, како за играчки така и се. Сака да лепи и да сечи. Сака се шо ќе му дадеш ако гледа дека некој го анимира. Освен во случај ко ќе не можи нешто да напрај и се откажува, па одма сака да го фрли во канта. И ми вели не ми треба мене ова. Инаку многу разбира се слуша шо зборуваме и си мислам како со некој возрасен да правиш муабет не со дете оти знае и да врати баш онака како шо му одговара, сериозен и знае да се налути некогаш ко тинејџер е не мало дете. И да адвокат не прекинува со зборување, многу прашува. Се го интересира. Сам ги облекува патиките и блузите ако само тој сака,. Обично бара да му ги облечам и ми вели јас не сум големо јас сум мало, ти си голема. Ако сакам нешто да правиме нешто пример точно да кажи и да инсистирам некој збор шо не знае убаво да го изговори, ко ќе се налути ми вели овде не сме во градинка, дома сме. Ние во градинка сме или дома сме? Оти таму оди на логопед баш со овие зборови. За се има нешто да врати, се расправам со тинејџер.Му купив пудинг за него ми вели ти си го купи ти јади си го. Или нешто да додаде преге ми вели за нешто добро ти си знајш. Инаку многу сака деца, си игра, во градинка е супер. Сам може да јаде но не сака, бара јас да му дадам. Ич не е трпелив ако треба за нешто да се почека пример и само бара нешто да му купиме.
Бубиш, и мојов покажа интерес за сложувалки. Јас од порано му имав купено, ама така седеа, сега од 4 и кусур почна да ги реди тие што беа за 2 години. Добро, ги нареди нив, па после зеде една посложена. Се израдував за сложувалкиве, зашто како мала јас многу сакав да редам. Приказни читавме еден период, па му се здосадува. Интересите се менуваат и кај децава, секако. Вака вкупно земено, убаво се развива, јас сакам да е посталожен, пофокусиран, ама тоа е. Си мислев на некој спорт да го запишан или некаква активност, не знам што. Мојов сега не станува ноќе. На тоа што го доживеавме лани, луди врискање, фала на Бога сега се смири. Зошто станува твојата, што прави?
Од кога се оперира крајници лани беше тоа, јас ради бебе останав дома она беше со маж на болница, кога завршуваше посета дојдоја да и стават инфузија и ја фати паника, а мене буквално ме бркаа оти поминало времето за посета, па она се истрауматизира оти поминала ноќ без мене и од таа вечер станува секоја вечер амааа еден период се смени, почна сама да спие во детска, сама да легнува, преспиваше месец дена ноќ и пак продолжи со станување. Станува само иде кај нас во соба да се гушнеме ме влечи за рака да ја испратам до соба и си презаспива. За активност многу сака/сакаме тенис ама мала е, отворија кај нас група као предпочетно 4-6 години демек ама нема врска де изгуби скроз, се разочара и се убив од плачење ќе почекаме за тоа
Кај ќерка ми се појави црвенило на рацете откако почна ладното, истото сеќавам и лани беше така само зимата и само рацете на истото место скроЗ, испукана и е кожата, рапава и црвена. Кантарионово масло и ставам, кој друг крем е за такви работи да ми препорачате?
Ќе се надоврзам на муабетот за атопичен дерматит, девојчето има и баш приметив дека откако баш залади особено наутро и навечер ептен и се рашири по нозете и кај рачињата. Знам дека @KuklickaSk има најголемо искуство со него па може да сподели со што да мачкаме.
Јас малку каснам со одговор ама може некому ќе се најде. Малиот ми имаше атопичен дерматит најизразено кај вратот и често беше рани од што го чешаше. Ме афлодерм, не бодерма... На крај се среди со Еуцерин маслена купка за капење, млекото за тело со 5% уреа и спрејот за против чешање. Спрејот му го прскав 2-3 пати денот за да не се чеша.
Еуцерин Аквафор помагаше кај моево, спрејот. Иначе и Логона лосионот со невен помагаше. До кај три години имаше егземи на ладно, веќе не. Само сува кожа има сега во зима.
Моите двајцата се алергични на Еуцерин. Јас мачкам адвантан кога е ептен раскрвавен од чешање. Од грција земам. На малото редовно риластил млеко за тело. Се губат на море, после пак се јавуваат. Јас имав до кај 20 години егземи по тело исто периодично ми се појавува
Ние никој од фамилија немаме егземи ниту атопичен дерматитис, ако е наследно, не знам, ете таа има. Во Грција живеам и јас и ќе ја побарам таа крема што ми ја пиша баш. Кожата и е крута крастава и црвена....само што почна ладното така и се појави, инаку ништо и тоа само на рацете и денес и усните гледам и испукале...