Тоа ќе ти пишев, тоа не е за секој ден само ако е ептен изразено максимум 3 дена се мачка. Ако си во Грција можеш бепантен егзема да земеш, таа е без кортико, можеш секој ден.
Bepanthol имам, од неа и ставам сега, само што не сака ич да и ставам крема, па и ставам кога спие и наутро ја мачкам. Ќе видиме како ќе биде
Имам прашање за мајки на деца кои се прво одделение: дали ги спремавте децата за на училиште? Добивам муабети од тип, моево дете ја знае азбуката, собира до 20, бои во линија, црта портрети итн. Исто, добивам муабети дека учителките во 1во очекувале одредено предзнаење. Ме интересира какво е тоа предзнаење? Ако треба да има предзнање, што ке прават во школо? Што точно ке учи таму и каква основа треба да дадам јас дома? Детево паметно, ама уште е дете и без причина не сакам да го форсирам да држи молив и да ја знае цела азбука на 5 години. Боење со водени боици е океј, ама дрвените не ги сака баш, го фаќа мрза кога треба да избои цел цртеж. Пишвање не му е омилена активност, додека со пластелин прави фигури со најситни детали. Знае да брои до колку треба, има укапирано како треба да додава броеви, знае и да собира и одзема. Не сакам да му кратам од детството за да на дружба со мамички кажам дека знае да напише диктат, ама не сакам ни да биде единствен во одделение што не знае одредени работи.
I mene me intersira ova , nie ne sme vo Makedonija moeto e 5 godini i sega ke ima testiranje a ke trgne za 2 godini vo skolo. Spored testovite sto gi gledav boi, broevi i kolicina, formi, imeto da znae da go napise, levo desno da odredi,.da drzi moliv, da sece so nozicki, da odreduva kolicina t.e da sporeduva, da znae da nacrta slika koja e zadadena.Ama mene me intersira sto.uste treba da se znae za taa vozrast.
Знае се што треба за негова возраст, дури и повеќе (во зависност од кои стандарди проверувам), просветни лица потврдија дека е интелигентен (не проверка, туку пријатели со кои се дрижиме ние или бабите) и тоа не е проблем. Мене ме интересира како припрема за училиште што е потребно. Генерацииве спремни одат во школо, да знам што да работам.
Обично од градинка имаат предзнаења, таму ги припремаат за во училиште. Поточно, седење во место подолго време, фокусирање и следење на предавање, правилно држење на молив, цртање, боење, нешто математика ама без бројки, само со цртање. Букви и бројки не мора да знаат, секако прво тоа учат во училиште. Ако детето изрази желба за да пишува бројки и букви пред да оди во училиште, во ред, ама наметнување да научи пред време, нема потреба.
Фала многу. Се ова што наброја е постигнато дома, во градинка не оди. Ке поработиме на цртање зимава, црта со детали (нос очи уши коса (кратка долга) раце со прсти животни) ама има простор да изгледа поубаво тоа.
Ако треба да тргне во школо описменето, што да оди воопшто? Училиштето е за тоа, да научи. Не дома ние да го научиме. Знаете ли вие колку им е досадно на тие деца кои ,,знаат,, се? Ништо не им е интересно во школо. Сакаат да прават други работи и така назадуваат само. Не одат напред. Се согласувам дека е потребна некоја минимална основа, во ова време на живеење најмногу само за да се оттргнат од екранизација, ништо друго. И да, постојат наставнички кои би рекла се за грев, бараат предзнаења, за да си олеснат работа, која веќе ептен им тежи. И постојат мајки фалбаџики, на кои децата уште во утроба факултет им завршиле. Никако форсирање, мој совет, оти тоа често знае да даде контра ефект
Имам пробано и со Еуцерин ама не помага. Баш гледам и други членли пишувале во мегувреме за адвантан. Ја земав пред некое време од бугарија само два пати намачкав и до сега надолг период да не и се појават пак. Знам дека има кортико ама кај нас освен кортико ништо не помага. Така да ја препорачувам Адвантан од мое лично искуство. Можеби на некој ќе му помогне. Афлодерм кога мачкав после некој ден пак се појавуваа.
Тука кај нас треба да знае да бои, да сече со ножички, да склопува реченици, брои до 20, да знае некоја логика кроз игра најчесто, животните да ги знаат со нивните малечки, разликување на слика за поголемо-помало и тоа е проценката. Искрено не знам ни јас за шо толку форсирање, знам дека матријалите за учење во Мк се потешки него тука во странство ама ти кај што си мислам дека е слично на нашево.
Кај дерматит различно е со секое дете, најбитно и да му ја погодиш кремата. Не секоја крема делува кај сите деца. Супер што сте нашле соодветна крема. Со афлодерм и кај јас кратко ефект само и ја баталив. И со малиот со газето имаше мака кога се роди немаше ефект афлодерм со бепантен средивме. Можеш и со бепантен да пробаш и таа е убава крема ја имаш во зегин.
Ако уште на 4-5 години запнеме со учење на букви, бројки па и читање и пишување, прашањето е: кога ќе имаат децата време за слободно детство? Мојата е 4 ипол год. ма воопшто не ми е во план таква подготовка за училиште. Си има една година како предшколска па колку ќе ги подготват таму, толку. Овде во странство кадешто живееме, во градинката имаат слободна игра скоро 80% од времето додека за внука ми во градинка во Ск веќе купуваат вежбанки по математика (нарачано од учителките) а нема ниту пет години детето. Треба да ги оставиме децата да бидат деца, барем во малкуте години кои ги имаат за тоа пред да влезат во строј и седнат на столче по мин. 6 часа дневно. Ние не одевме ниту градинка, ниту забавиште па пак постигнавме се' што се однесува на предвиденото образование.
Кај нас еве Росица си плаќаме 900 денари. За 4 години дете што нема никаква желба ни да бои а камоли да пишува. Јас толку засекирана ги гледам другите деца како бојат цртаат пишуваат. Моето абер нема.