Сега баш пишував во друга тема. Јас пак сакам од друго списание. Мојава има сега Росица, гледам Просветно дело е изгледа издавач, можда директно нив да ги прашаш. Мене Месечко ми е поинтересен, Интеа прес ги издава, дали некој знае дали можам да си ги купам приватно?
Кај нас во градинка им даваат Супер Смешка и лани и годинава.На мојава многу и е интересна,има доста содржини,понекогаш и во градинка работат во нив нешто за цртање,боење.Имаат страна од самата едиција Едука.мк и може да си купеш и сам. За ова може да им пишеш на издавачот каде и како може да се купи Месечко. Росица мислам има и во Просветно дело.
Сакам на синко да му земам од оние магнетните коцки, плочки што и да е. Според вас, за 3-4 години кои се посоодветни?
Ние имаме/имавме од двата вида, плочките повеќе ги играат. Омилени им се. Коцките скоро и да не ги погледнуваа.
Ги имаме првите, ги зедов кога беше помал си играше но сега на 4 сака од другиве плочки за редење, ние ќе порачаме од Али експрес.
Ние ги имаме вторите , ама според мене за дете од 3-4 год се малку парчиња. Сака да направи нешто, а нема доволно и не и се интересни, се мислам да докупам ама пак кај и да е малку ќе бидат, а не се баш ефтини.
https://www.storybox.mk/geomag-magnetni-plocki-32-elementi Јас од овие си мислев, ама скапи се, ми е страв да не не ми играат.
Во Панда се поефтини, еве исто со 32 парчиња: https://igrackipanda.mk/product/magnetni-kocki-32-parcinja/ И со 72 се поефтини: https://igrackipanda.mk/product/magnetni-kocki-72-parcinja/
Јас од поефтината варијанта што ти ја пратија од Панда му имам земено на малиот, се изнаигра. 2 години има.
Ух е сега е полесно Каде-каде поевтини се, и да не играат, ајде нема да ми е толку криво. Ќе нарачам деновиве. Фала ви!
Здраво Синчето ми е 3г. Пред една недела имаше температура. Од брисеви направени излезе стрептокока. Моментално е на панцеф. Додека имаше температура се жалеше на десно колено дека го боли. Сега е подобар, но на коленото се уште се жали повремено. Дали имал некој слично искуство?
Стрептокока знае да направи болки во зглобови подолг период. Немам лично искуство, ама од деца што знам дека имале таква мака, им проаѓало само од себе. Ама знае со недели да трае.
Како се справувате со поактивно дете шо цело време бара внимание, како да не добива а добива премногу, доколку е дома постојано нешто сака да се прави а не сака сам да се заигра, ако не играме одма бара цртани да гледа и ќе ти досадува дури не му пуштиш. А од цртаните имам забележано многу повеќе го стимулираат и одбегнувам да му пуштам оти се превозбудува дури се препотува. Е сега по цел ден не сме оставени ни пет минути, те трга, бара се нешто, збора цело време а играме многу но колку можеш да играш, сигурно не цел ден, ако е убаво времето се шетаме, или одиме по игротеки е сега проблемот е шо таму се повлекува и не покушува да поигра со другите дечиња, посебно ако не ги познава, во градинка се повлекува си игра само со едно детенце шо ок е тоа, но еве не сака со други да проба макар шо го бараат. Сака цело внимание да е кон него и кога ние двајца не можеме ништо да збориме, ти ја затвора устата, има малце љубомора. Ова е и кога заспивање тешко заспива многу приказни, сака да зборуваме после да му пеам, па топло му било, па вода, па светлина сметала не сметала, може еден час и пол се успеваме, таман ќе си речеш да одмориш малце од него оти мене лично ми е пренапорно и стресно кога треба да е дома цел ден, ај кога оди на градинка после неколку часа некако можеме да го играме. Во градинка не бара толку внимание и супер си се однесува. Ако сме на гости или со некој само тој сака да зборува и со него да зборуваме. Има 4 години.
Мислам дека премногу му е дозволено. На 4г треба веќе да си "избега" во свој свет и да се занимава сам, точно дека треба и активност со вас дали едукативно или нешто надвор ама да се има граница. Еве пример, големата ќе праи јануар 5г., мене и на маж никогаш не ни забранила да седнеме на кауч, на свекрва и свекор ги диригира како сака, да стојат, не дава да седнат, ги тера некој глупави работи. Они се криви, и попуштаат од мала, нека ја вика свекор и се ужива во нејзините глупости, епа чим е нека, седи в кош нека те манипулира она. Вие сте дозволиле да ви затвара уста, тоа не е добро. Малве поцврст став и ќе се среди.
Лелее исто и кај нас еве 4 години... па ни коцки не сака да реди,боење пластелин ништо. Оваа година во градинкапојде. Ептен кратко сам седи кога е татко му дома обавезно бара внимание, а кога сме сами знае да си заигра со играчка. (Кај нас можеби е од братчето љубомора некоја). Телефон еве еден месец како исфрливме од употреба. Телевизија никогаш не пуштам. Во последно и во кујна го вклучувам. Секој ден правиме по нешто. Ама деовите ми се баш долги. Два дена не оди во градинка, настинат и еве на секој саат нешто му фали. Се надевам и јас на повеќе искуства.
Во понеделникот не го пуштив градинка бидејќи кашлаше цела ноќ, ај реков да не го мислам нека седи дпма со мене секако втора смена бев на работа. Си реков таман ќе имаме време да си помуабетиме, да си поиграме. Е сега имаме и бебе дома , не можам како порано да посветувам внимание. Се трудам колку можам. Во фаза на лазење е бебето и оди по нас насекаде и ни ги растура играчките. Големиот се лути,вика по мене. Јас толку вака немоќно се осетив , ни време можам да посветам како што сакам, ни работа можам да фатам низ одма кога се двајцата со мене. Кујната хаос ми беше а требаше и оброци за малата да спремам, после тоа да измијам па да одам на работа. И нормално малце да се дотерам на човек да личам. Среќа свекрва ми ручек спремаше тој ден, вие што готвите секој ден,алал вера како стигате. И данокот од тој ден дојде на ред кога стигнав на работа по некој час. Направив грешка и си платив од свој џеб пари за тоа. Не дозна никој за грешката ама јас си знам колку се изнервирав. Буквално дневницата си ја дадов. Зошто? Оти на глава ми се качи големиот тој ден, ме пукна. Од бебево од како е родено мака не видов - само од него. Да е љубомора спрема сестра му, не е. Не покажува. Само сака повеќе да го слушам, погласно зборува од вообичаено, повторува работи.. Сака да игра со,коцки и пластелин. Телефонот му е ограничен (обично гледа наутро со појадокот) и кога гледа е строго контролирано што гледа.
Љубомора е, само на по друг начин покажува, не кон неа лутина туку кон тебе. Така беше мојава, никогаш не посегна по сестра и, дури сега од кога веќе малава е во тодлер фаза и знае да кубе, да мава, она не и враќа никогаш. Бесот е кон нас. Неговиот простор е во опасност така свати го, мирот,вашиот однос му се нарушени и нормално е да ти вика. исто кога почна да лази малава, да оди и да растира се, тоа беше пискотници, агресивност во смисла преташе со нозе, лаеше , лупаше врата, непослушна беше, не беше тоа секој дневно кај нас ама ете знаеше да има вакви испади. Дури одмор ни пропадна зарад нејзино помашање. За среќа сега си игаат заедно т.е големава научи да ја игра и да не и се лути , а кога сака да направи нешто што не сака да и се растура, договор е кога спие малава.
Ти немаш проблем со децата ти имаш проблем со себе. Сериозно мислиш дека додека ти дојде време за втора смена дека ќе успееш да играш со две и да средиш две деца јадење и пресоблекување, да средиш дома, да направиш ручек, да се спремиш за на работа и да работиш ко што треба, па и ручек да направиш?! Дај жити се намали очекувања од себе си. Кој е тој родител што може ова се да го направи? Па со едно дете ова не можеш да го постигнеш, а не со две. Во твојов случај би ми биле обврски играње , пресоблекување, кашичка готова за малото, за поголемото нешто набрзина, се спремаш за на работа и толку. Не се оптеретувај, физички е невозможно ова што си го набројала да го завршиш.