Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    И ние два три месеци сме без екрани, толку зависност и штета сме имале што еве веќе два месеци ужоваме по дома со разноразни игри, креативност, смиреност, смеа...
     
    На azelea, lackygirl, mKdevojce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    26.047
    Пол:
    Женски
    Зависи колку му пушташ, мојава не ме замара пример мене, си игра во соба со малото или кого спие она сама. Тв гледа кога ќе стане не знам така се освестива со какао и тв ни 15-20мин, и навечер исто толки. Сама си стопира пошо дизни гледа.
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    26.047
    Пол:
    Женски
    Исто, беше, некогаш пак знае така. Пример бев со неа и бебево да барам фустан за свадба, она ја занимаваше малава, ми чуваше работите, туркаше количка, јадевме сладолед, се јави золва ми дека ќе не земат од трговски да отидеме кај нив ради роденден нејзин, таму свекор е и свекрва е, моево дете се промена скроз, безобразно. Зашо, кажи ми да ти кажам
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Да е викенд, гледа повеќе, додуша кај нас брчи телевизорот скоро по цел ден. Малиот не го регистрира некогаш, големиот гледа мистер Бин. И за раат седење му пуштам, го оставам, не знам што друго.
    Изгубив идеи. Преку недела оди во градинка.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    26.047
    Пол:
    Женски
    А сам игра ли? Мора ли ти со него да играш? Еве пример малото кај и да е ќе стане од дремка, големава си игра во детска, а јас за тоа време си правам ручек. Чим заспие малава, а спие во дневна, она си оди во детска и на раат ужива да си мести тоа што ја интересира.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    На периоди игра сам засилено.
    Ќе оди во соба, ќе вози количиња, ќе се заигра со нешто. Па поминува таа фаза, доаѓа фаза кога е збеснат, трча, скока, не му влече внимание ништо.
    Или нѐ бара нас, сака со нас да игра онакви игри со глума.
    Сега го оставив со налепници да ги бара во сликовница и да ги лепи.
    Залепи едно, ме викна пред малку баш, види мама ја најдов тиквата. Браво! Му реков, онака баш израдувана.
    И сега игра, ама може пак да ме викне за заедно да бараме или па да ми покаже како направил.
    Ептен сака да се пофали кај нас, да сподели, да побара и како согласност дури некогаш во игра.
    А да ме почека дури го заспивам помалиот или да си замине во детска, тоа нема шанси.
     
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Бубиче, сега барам пак идеи што ново да купам од игри.
    Сакам сѐ ситнурија да приберам, и да обновам 3-4 играчки.

    Досега има табла, пишува со креди, има многу книги и боенки и сликовници. Коцки слабо, тука треба појачање. Количиња има ухаа.
    Онакви форми за местење во дупка има неколку, ги изгустира. Ги скрив.
    Касичка има, не ја игра.
    Повеќе е кон боење со фломастери насочен, ете, ако треба од телевизор да го тргнам.
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    26.047
    Пол:
    Женски
    Ние од старт се успиваме дневна, гасам светло и големава како што кажав гледа дизни, а малово заспива, ја оставам неа и идам кај Нина на гушкање гледаме малу заедно, и после тоа си легнува. За дење сами што ќе речам мама Клара ќе заспива ок вика и си оди во детска. Сега го прочитав текстот во другата тема, јас ги чувам сама дома, не идат градинка, големата одеше ама за жал поради преселба мораше да напушти, а тука уште место немаме добиено. Дефинитивно подобра беше кога одеше градинка ама ете тие навики и останаа и си ги почитува. Иако е женско, Нина е многу тежок карактер и доста активно дете.
    Пошо е мојава женско валда сака да си игра многу со ситни куклички, сама си меша играчки магнети/коцки, шо ќе најде и си прави како градче за тие кукли, проблемот е кога ќе стане малава де и све растури ама затоа ужива кога ќе спие. За едукативми игри мислам дека сама не може и мојава, то е најчесто е со нас, сепак и треба поддршка. Ама да избега во свој свет и да има слобода во игра тоа може кога спие Клара. И се и е на дофат од играчки, па така да сама си зема сложувалка или за боење, сака да си сечи, ете тоа кога е малово будна не смее ради ножиците, па си користи
     
    Последна измена: 17 декември 2024
    На Mother of 2boys, LivingGlam и elenaklasik им се допаѓа ова.
  9. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Барав низ темите ама не се снајдов слободно префрлете во соодветна. Се работи за скоро 4 год дете, разведени родители живее со мајка и па татко и т.е мојот сопруг ја зема по неколку саати. Вопоследно време мн смена со однесување, само се дери,вика,крши, треска врати. Очекував да е поразгалена да бара повеќе да и се купува нешто повеќе ама вакво однесување не. А па да не и се исполни нешто ауу па станот ќе пропадне. Не седи ни по моловите ни зоолошка фрла телефони си легнува на сред асфалт. При тоа сеуште носи пелена, не зборува јасно, нема речник доволно. Сум растела јас и др деца знан имаат периоди ама ова веќе не знам дали е нормално. Да сум јас би ја носела на психолог. Не знае со др деца да игра,само таа да се качела,само таа да се лизгала. Јас искрено повеќе ретко излегувам со нив затоа што веќе ми е срам. Колку жени не застанале демек како јас сум доктор за да се смири катастрофа. Дали ова енормално однесување?
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    7.337
    Пол:
    Женски
    @Besbes24 , дали е отсекогаш такво детето или само последните месеци/недели? Каков однос имало со тебе претходно?
    Не знам и ти со мајката каков однос имаш и дали би било коректно од твоја страна да предлагаш психолог. Може сопругот т.е таткото е најдобро да разговара по тоа прашање.
    За тригер може да е се. Ново бебе од едната или другата страна. Нова личност во животот на мајката ако досега немало.
    Генерално за доброто на детето е битно сите засегнати страни да се со исто размислување и ист правец на дејствување кон детето. Да не биде таткото дозволува се, пошто помалку време поминува и сл.
     
  11. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Не јас со мајката не комуницирам, последно е ваква мислам малку влијаеше и бебето ама него го сака а такви да речам напади имаше и порано. Не знам искрено не можам јас да ја сфатам, ваков карактер прв пат гледам па ќе оставам секако тие нека одлучат. Мајката мислам не ни знае што е психолог хахах. Сепак сакав да знам дали е нормално може фаза им е.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    7.337
    Пол:
    Женски
    Не сум била во таква ситуација одоколу гледано, еве по твојов опис ми личи дека е малку и љубомора покажување кон бебето. Може чувстува дека и бебето "и го зема местото" со таткото, ја заменува неа. Сепак 4+ години и не е така мало. Може не знае да се искаже ама со тантруми покажува.

    Твојот однос со детето каков е? Ако сте биле поблиски, сега викаш не сакаш ради испадите да излегуваш, може се чувствува отфрлено и од твоја страна. Пробај и ти малку да се доближеш кон неа. Колку и да се часови во неделата со таткото, во случајов со семејството на таткото, не мора да се секогаш во Зоо, во трговски или кај и да е, со материјални нешта.
    Ако сте дома, пробајте нека нацрта нешто, децата на таа возраст често со цртеж може да покажат што мислат, правете пример колачи со неа, вклучи ја во активности со бебето.
    Ако има во вашиот дом, сопствена соба или заедничка со другото дете, нека си одбере постелнина, или играчка, битно да знае дека припаѓа некаде.

    За делот со памперс и говор, може е добро и дефектолог да се посети, макар што имам примери во околината каде што поголемото дете, се поистоветува со новото бебе и превзема такви својства. На 5-6 години да јаде кашички, да бара цуцла, да сака шише.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Не со мене односот е добар си играме колку можам дека синко нема кој да ми го чува. Кога е таа се обидува татко му да не го зема толку за таа да не осети. Повеќе вака се однесува луѓе кога ќе има други. Не можам да сфатам зошто тогаш збеснува.
     
  14. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.150
    Допаѓања:
    10.540
    Пол:
    Женски
    Јас имам две деца, ќерка 3 ипол години и бебе 6 месеци. Кога се роди бебето, до пред некои 2 мес, ќерката се смени. Бебе го сакаше најмногу на свет ама кон нас....тотално непослушна, кенкава, неразбрана, за инат се правеше. Не знаеше како да искаже љубомора и искажуваше револт кон нас. Не беше во екстреми како што ти опишуваш ама збесна. Сега е вратена во нормала.
    Мене ми личи исто твоево како искажување револт. Во однос на тантумите зборам.
    Во однос на пелените и говорот на 4 години јас би се загрижила и би однела на дефектолог ама сепак тоа со родителите. Не знам сопругот твој кој однос го има ама он нека си тера тоа со мајката.
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    7.337
    Пол:
    Женски
    Веројатно научила дека така ќе добие повеќе внимание и тоа што го сака.
    Било од таткото, дали од тебе. Ако се во големата слика вклучени и баба и дедо или тетки, чичковци, револтот од бебето на тој начин го покажува.
     
  16. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    11.283
    Пол:
    Женски
    Ќерче во јануари ќе наполни 4 год.На спиење уште си го става палецот во уста,што ме ужасно невира.Кога заспие несвесно си го тргне,па пак го става и тоа со цуцање баш..ептен ме нервира тоа.
    И објаснувам со убаво зошто не треба така,бла,бла...не бре брате пак и пак.Дајте идеја како да ја одвикнеме?
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Те молам и мене дај ми решение ако најдеш. И ставав грозозо го јаде, и купив мавала лак тој горчи нон стоп го цица пак, последно од амазон земавме како нараквица си напрсток за палецот и тоа го вади и пак го цица. Преку ден не цица само додека спие, дури и ќе ја заспијам без прст она во спиење почнува да го цица. Лично мислам дека треба 3 4 дена нон стоп некој да и е над глава и да не спиеме и да не дозволиме воопшто да го стави, уште тоа ми остана. Или ракавици да и сошијам памучни на пижамиве дур е зима.. 3 год е.
     
  18. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    571
    Дечкото е 4 и пол годинки и уште го цица за спиење ама јас не преземам ништо затоа што сметам дека не е многу страшно односно само додека заспие а тоа не трае повеќе од 5 минути. Во текот на ноќта не го става, а преку ден од никогаш не го цуцкал.

    Знам дека барате решение ама доколку јас се одлучам можеби би пробала со нешто палено, горчливо.

    Јас и зборувам многу, свесен е за ситуацијата и викам знам дека не треба ама само малку :D
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    1.805
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучам строга но пробајте малку црн бибер. Скрос малку за да му лути. Не ме сфаќајте погрешно така како идеја ми дојде.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    11.283
    Пол:
    Женски
    И мојата го става само кога заспива,свесна е дека го става и дека не треба,ама навика ми е мама ми вели.:D
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.