Jas pravam smuti sekoe sabajle za site cetvorica i stavam obavezno aronija, ne brojam tocno ama bidejki se deli na 4 casi ne e nekoja golema kolicina. Mislam deka i toa ima udel za hemoglobinot sto i se normalizira na malata pokraj seme od kopriva sto stavam vo jadenje. Vi smutito stavam i visna smrznata, taa kombinacija (portokal, banana, visna, aronija) mi ja prifatija i dvajcata i sekoj den pijat
По 5 максимум! Ова и друг пат го имам пишано низ форумот ама ај пак, за да не се случи и на друго дете. Кај ќерка ми аронијата направи страшен запек, со чепови едвај излегуваше. Дури да откриеме од што е запекот ( свеки давала сок од црни сливи и сок од аронија мешано) се изнамачи дете. Траума и беше да кака! Затоа ништо повеќе од 5 зрна!
@referentka Повторно јас вакцина за пнеумокока ли ставивте на малата? Прашав денес јас и ми кажаа дека за овие вакцини треба да се запишеме и кога ќе им стигнат да ни се јават. Докторката не беше на работа, информациите од мед. сестра ги добив. Благодарам!
Мајки дали при внесување на суплимент за железо во секој случај секогаш лажно повисоко покажува поради моменталното внесување на железо? Ни рекоа од денес пауза со суплимент, за да видат каква е крвната слика...
Не знам конкретно за оваа терапија ама има логика. Нели кога правиш испитување за ТСХ дента не се пие Еутирокс. Така да најверојатно треба да се прекине терапијата за да се види дали има подобрување во кр.слика по извесно време од земање терапија. Ако некој има поточен податок да пише.
За стрептокока. Кажавме дека сакаме да ја ставиме на малото. Ја порачаа. Кога стигна ни се јавија дека е стигната, услов за да се прими-детето да е здраво. Поради возраст и тежина на детето ја поделија на две дози и едната веднаш ја прими а другата доза...(неможам да се сетам за колку време,ама однапред закажуваат термин). До ден денешен благодарна сум што ја прими. Куртуливме од стрептокока и се што носи таа опака бактерија, а во градинка скоро секое дете пати од неа.
Мене ме прашува дали сум грешка, јас конкретно за стрептокока прашував и ме убедуваа дека не знаат за таа вакцина, правеле порачки на вакцини за пнеумокока. Јас едно, тие друго и ајде пак реков јас да прашам да не сум грешка. На крај ме упатија да се обратам до клиника Скопје.
Не разбирам медицина,навистина...ама знам дека вакцината беше против стрептокока зашто така и ми кажаа да си ја побарам. Јас бев кај докторка Венера (кај вакцините) во Букурешт.
@makedonkamak @referentka исто е. Streptococcus pneumoniae е бактеријата, т.е пнеумокока. Само се чудам тие како не знаеле да објаснат кај вакцините.
Да беше докторот тука, подруго ќе беше. Вака , јас со прашањето многу чудна им испаднав. Ме прашаа да не сум грешка зошто во план биле вакцини за стрептокока понатаму. Не се разбиравме и затоа ми рекоа најверојатно да одам Скопје. Ме откачија битно, не ми рекоа да одам повторно до кај докторот да си прашам како човек. Затоа повторно ја прашав Референтка.
Оваа вакцинс не е во картон за имунизација. Ама каде што имам прилика ја препорачувам, особено ако детенцето треба да оди во градинка. Откога ќе тргне,може и доцна да биде зашто кога ќе ја " закачи" ептен тешко и долготрајно е лечењето. Откога ќе ја прими вакцината, детето е по отпорно, далеку полесно (на нога) ја поминува болеста и секој нареден пат е поимуно се до момент кога е носител на бактеријата ама не се разболува т.е. организмот не реагира на неа. Ова е мое искуство. Нормално, секое дете е различно но не сум чула поинаква "приказна" од мајка на дете кое ја примило вакцината.
@makedonkamak те разбирам, кај нас во диспанзер е залепено известување за вакцината на пултот, битно истата е да не се мислиш.
Кај нас не беше така. Син ми земаше железо може една година, ниту еднаш не се покажа погрешен резултат на крвната слика а ја правевме секој месец. Значи железото не мрднуваше од место и со суплименти. После подолг период едвај дојде на долна граница и прекинавме со суплимент. Продолживме само со сок од цвекло од кој сум мн. задоволна општо за цела крвна слика.
Секојдневно и ние пиеме сок од цвекло, но пред два дена, за прв пат ни се покажа ниско железо. Се зачудив искрено, си јаде се добро. Се мислам дали да зголемам количина на цвекло?
По колку цвекло ставаш? Јас правам по половина доза и ставам по 1/2 кг. од се'. Цвекло, лимон, морков и јаболко. Син ми се навикна и само него го пие, сега бевме на одмор 1 месец и немаме правено ама треба пак да почнеме. П.с пробај стави повеќе цвекло, ако не го осети малата терај така.
Јас правам свежо цеден сок секој ден, од сезонско овошје плус цвекло. Немам мерка, ставам од прилика едно парченце. Почнав да ставам повеќе, а и давам и аронија па ќе видиме.