Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Limeta

    Limeta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2023
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Мајка сакав да ти пишам порака ама не успеав те молам пиши ми
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    12.084
    Пол:
    Женски
    Една мисла ми дојде.

    Ќе го растиш, ќе го учиш во првиот бурен период на изливи на бесови, испади пламени, како фрлањето, удирањето не се опции, и што? Тоа е гаранција дека еден ден ќе биде нормален човек?

    Нема гаранција.
    Ама баш е иронија.
    Демек ако го научам на 3 години дека нема фрлање предмети и му давам инструкции, дека нема нашкола кога ќе почне да биде баш таков. Или тинејџер. Или возрасен.

    И баш ќе се насочиш на тоа, ќе имаш на ум дека го држиш во раце, го контролираш, и утре баш тоа дете може да застрани.

    Само размислувам.
     
    На Mother of 2boys и LadyD им се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    26.044
    Пол:
    Женски
    Затоа ќе го учиш и разговараш со него и понатаму соодветно на возраста. Посебно во најкритичните години треба пред се да сме другари со нив отворени за комуникација. Ако имаш опција за бирање школа ќе бираш, ако немаш ќе си посветен и ќе прашуваш често какво е однесувањето на твоето дете, а ти ќе си како што кажав пријателски настроен и на тој начин уште ќе го воспитуваш.
     
    На elenaklasik и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  4. ♡☆♡

    ♡☆♡ Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    51
    Како сте задоволни од перницата на лимес? Конретно мислам на таа од 2-5год што е, или препорачајте ми некоја друга. Ви благодарам
     
  5. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам и сум презадоволна.
    Нема да згрешиш. Колкаво ти е детето?
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам и сум многу задоволна. Ја перам на 60°, ја сушам во сушара неколку години ни форма изгуби ни ништо, буквално иста е како првиот ден.
     
    На Mother of 2boys и ♡☆♡ им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.377
    Допаѓања:
    31.606
    Пол:
    Женски
    Женски, шо и е филмот на мојава со криење на предмети?
    Во смисол, зема играчка и ја покрива и вика "Тука ќе ја скријам, да не ја земе некој"
    Не е учена така, учена е да дели и стварно не ми е јасно од кај е ова.

    Фаза е? Видела нешто во градинка?
    Ве молам за мислење мами4ки :D

    И Среќен Божиќ :!::l::hug:
     
    На Tea SK и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.548
    Допаѓања:
    7.334
    Пол:
    Женски
    Јас чисто културно се препишувам на градинка :D

    Сака да дели, сигурно во градинка ги учат, не сака да дели, се брани, сигурно во градинка и земаат и така си тераме.

    Може некоја фаза е, ништо загрижувачко.
    Среќен Божиќ и од нас.
     
    На Трагедијаупмм, Cosmic Girl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. ♡☆♡

    ♡☆♡ Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    51
    3 години
     
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    26.044
    Пол:
    Женски
    Арно е ако е играчка. Мојава голема крие уште работи и тоа клучот го скрила од кола, маж во 7 сабајле мораше да излези на закажан термин, клучот нигде и се прави наудрена. После некое време го скри клучот од дома кој беше со код внатре, не признаваше дека е она 2 недели, мислев истрескано го имам негде и баравме начини како на црно да напраиме копија оти мораше да платиме 1500евра казна, случајно го најдов во едно новчаниче во кеса меѓу играчки што мнооогу ретко ги користи. Среќа не плативме толку иначе ќе врискав. Крие што ќе и е при рака ама наше да е и мртва ладна не сум јас ни вели. За така играчки знае само да каже не смее никој да растури или да ми го тргне од тука
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Дали имате правено детална анализа на крвта? Дали се решаваат работи како нејадење кај дете?
     
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.688
    Допаѓања:
    10.399
    Пол:
    Женски
    Дали го имате користено за деца?
     

    Прикачени фајлови:

  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Можеби во градинка имала искуство со некое дете да и зема играчки и тоа да проаѓа незабележано од учителката. Обиди се да дознаеш од неа низ разговор дали некое детенце од групата и зима без дозвола играчки.

    Извини малку подолг одговор, ама морам да споделам:
    Ме потсети дека едно момченце од мојата група во градинка секој ден ме малтретираше, ќе ме турнеше, ќе ме удреше, ќе ми ги растуреше играчките и секој пат ми ги земаше едни мали делчиња од коцките (и после одеше и и ги даваше на друго девојче:envy:). Малку беа на број и сите сакаа да ги користат. Тоа проаѓаше без да примети и да реагира учителката. Јас доаѓав прва во градинка, пред да дојдат другите дечиња и ќе ми ги дадеа учителките играчките. Никој не регираше така, сме делеле, ама кога ќе дојдеше детево, мене ми се темнеше. Обавезно грубијански ќе ми ги запленеше и неможев да си поиграм на раат.
    Зборот ми е дека никому не кажав дека ме малтретира дете од групата, никогаш не се пожалив на некој возрасен. Еден ден ги пикнав во џеб делчињата пред да дојде насилникот и да ми ги грабне и си ги донесов дома. Мајка ми ги најде и ме праша од каде ми се. И реков од градинка. Мислеше дека сум ги украла и добро ме искара и ме натера да ги вратам. Дури поголема кога бев и кога зборувавме за крадење кај децата и кога ја спомна таа случка (како единствена кога нешто туѓо сум земала) и кажав зошто сум ги „украла“ и и беше криво што така реагирала. Не и беше јасно зошто сум преќутела. Искрено и јас не знам зошто не се жалев.
     
    На Трагедијаупмм, elenaklasik и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    10.536
    Пол:
    Женски
    Добредојдовте во тема кај големите :D.

    Мојава она се крие. Идат гости, под гости подразбирам најбољи другари секоја недела што ги гледа или баба и и дедо и, и она вика сега ќе се кријам. Се пика под јорган и седи така пола саат....јас мислам си измислуваат игри со мозочоњата.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.377
    Допаѓања:
    31.606
    Пол:
    Женски
    Те послушав срц, фала ти
    Како што ја разбрав - играат криенка во градинка со предмети :bandit:

    Според твоето искуство, ја потпрашав низ игра за другарчињата и негувателките, позитивна е :sun:

    Е сега за друго дојдов, ова малку посериозно е :!:
    Не знам како звучи ама веќе некое време мислам дека детево ми има благо ОЦД.

    @Tea SK со тебе мислам дека се зафркававме еднаш на оваа тема, па дај сподели те молам до кој степен на перфекционизам е нормално.
    Се мора да е под права линија, нервни сломови добива ако се извитка ќебето пример.
    Ако не го претисне домофонот, ѕвончето, итн итн.. ситници, ама доста често се случуваат.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    10.536
    Пол:
    Женски
    Мојава малце олабавена е. Уште ги има патерните, пр. виножито гледа и за секоја боја има одредено ова е мама, ова тато, ова вујче итн. ама вриштењето за рутински работи ако не се направат прекина. Ти викам јас како се приближи накај 3 ипол се сталожи многу.
    Мислам она не запира по цел ден скока и вергла пее, збори ама како со возрасен можеш да се разбереш.
     
    На le.soleil и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.377
    Допаѓања:
    31.606
    Пол:
    Женски
    Супер (fingers)
    Јас преска и објаснив дека не мора баш се да е тип-топ..
    И со нејзе можеш да се разбереш веќе, не е толку страшна. Или се навикнав :D
     
    На le.soleil и Tea SK им се допаѓа ова.
  18. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Сега една другарка ми кажуваше дека детето баш се понаша како да има оцд. Не се сеќавам скрос на примерите што прави, ама мислам беа тргнува со истата нога со татко му на пример, скрос дефиниран ред на правење ствари пред спиење итн. Ваљда не е чудно, шознам :D

    едит: возраст 2 години и некој месец, ако значи нешто
     
    На LiquidLuna и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Епа супер ако било игра во прашање, а не нешто негативно.
    Што се однесува до однесувањето што наликува на OCD:
    На оваа возраст (предучилишна) децата обично имаат некои рутини, па и ритуали кога извршуваат некои секојдневни задачи што се бараат од нив (како станување, спремање за градинка, спремање за спиење и сл.). Тие им помагаат да се справат со своите емоции подобро. Срединските промени кои се неизбежни им поставуваат нови барања и предизвици и на тој начин подобро се адаптираат на нив. Тие промени може да им ствараат емоции на страв, вознемиреност и сл. со кои се справуваат со такво однесување. Тие рутини им даваат чуство на стабилност, на сигурност. Така учат правила и ред (па учат потоа и за исклучоците од правилата)
    Како растат и ќе учествуваат во игри со други, ќе мора да научат и некои вакви рутини, па понатаму развиваат хоби, собираат различни нешта и сл.
    Сето тоа е нормален развој, а таквото однесување им помага поуспешно да се прилагодат на социјалниот живот и средината.
    И тоа е клучната разлика од патолошко однесување и OCD.

    Патолошко е однесувањето кое пречи во секојдневните активности, кое толку одзема енергија и време што го спречува детето да функционира нормално.

    ОЦД кај децата обично се јавува во школска возраст или адолесцентен период. Ако се влошува однесувањето потребно е консултација со психолог кој има искуство во третирање на ОЦД.

    Инаку кај волку мали деца доволно е вие како родители да му дадете емотивна поддршка на детето. Може да го прашате детето зошто го прави тоа. Обично се крие некоја несигурност или страв зад тие ритуали. Најдобро е да не му се објаснува логички дека тоа и тоа не помага за неговиот страв, да не се кара детето и никако да не се казнува. Треба да знае дека вие го препознавате неговиот страв, но да не го поддржувате. Треба да се поддржува посакуваното однесување - ќе наградите кога нема да прави така, на пр.
    Битно е да се осеќа сигурно и стабилно, а може малку и да се охрабрува да биде бунтовно, како на шала или на игра. Тоа и така природно им иде на децата.
     
    На Трагедијаупмм, azelea, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.377
    Допаѓања:
    31.606
    Пол:
    Женски
    Прекрасен одговор.
    Многу ти благодарам :hug:
     
    На le.soleil и Cosmic Girl им се допаѓа ова.