Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    9.394
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Не знам дали прашањево и "проблемов" ми се за во оваа тема, ако има потреба преместете во друга.

    Не знам дали имам проблем со детето или нешто друго е во прашање.
    Еве овие две недели почна премногу често да се мие раце, можеби звучи смешно вака кога ќе кажеш ама и не е, дури почна да прераснува како опсесивно тоа да го прави, на се буквално се што ќе допре со раце одма трча да се мие, прво мислев дека си игра така и не му дадов големо значење се додека еве веќе 4 дена се буди ноќе у среде ноќ бара да се мие раце, и тоа по 3-4 пати во текот на ноќта станува и ги мие рацете.
    Не знам ни како да постапам, почнав да го лажам и да му викам дека ако толку често ги мие рацете ќе почне кожата да му паѓа, на што он ми одговори дека имал бактерии на рацете и мора да ги мие.
    Има 4 години.
    Има простор да бидам загрижена или не?
     
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.058
    Пол:
    Женски
    Учеле нешто за бактерии во градинка, за хигиена, и нивното мозоче го сваќа тоа буквално.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.606
    Пол:
    Женски
    Негувателката не има предупредено за вакви ситуации, баш за моево ѕверче.
    Кога учат нешто ново нели како хигиена, нова игра, почнуваат опседнато да го прават тоа.
    Кога ги учеа да јадат "средени" мојава без хартија до нејзе не седнувала да јаде. И капка да падне, се бришела одма. Дома не го прави тоа додуша, ко прасе испрљано шета и мака нема

    Совет -- мијте се заедно, темелно, и ќе му дадеш до знаење дека сега се супер измиени рацете и може да продолжи да си игра. Дај му намерно да фати нешто прљаво, и ќе го однесеш "Еве сега измиј ги рацете за да паднат бактериите". Нешто во тој смисол, може ти е пробано де ама само тоа ми текнува.
     
    На Lady Leona и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  4. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Син ми неодамна наполни 4г. Воопшто не сака да бои, црта. Ако почне, најчесто е “мамо, ти продолжи”, или да му ја држам раката и заедно да боиме. Бројки знае и да собира до 10, сега ќе почнеме со одземање. Многу го интересираат бројки. Букви распознава, ама не сака да пишува. Раскажува приказни, заспива со читање од новороденче, сега тој ги зима книгите и демек чита, а ја раскажува целата приказна до збор напамет. Да не должам и многу други работи кои треба да ги прави на негова возраст се совладани одлично...Ме секира само ова што не сака да црта, бои, а во градинка си работи без проблем. Да форсирам повеќе или да си чекам да си дојде природно? Следна година ќе е прваче, значи за 1,5г. и ме фаќа паника, може е фаза, а може треба и да почнам поинтензивно да работам со него. Не се споредуваат деца, ама внука ми на 4г. боеше, црташе и името си го пишуваше.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    10.397
    Пол:
    Женски
    Чекај, собира и одзема на 4 години? Внука ти си го пишувала името на 3 год?
    Добро, зошто ги форсирате вака децата? Еднаш се деца, дајте им да се изнаиграат, изнатрчаат, да се смеат, да имаат бујна фантазија...
    Зошто ќе оди во училиште ако знае да собира и одзема? Знае букви и бројки на 4години? Нека тргнат на 9 години во училиште ваквите деца.

    Мислам дека со ова си правиме самите штета врз нашите деца, децата се еднаш деца! Утре излегуваат предрасуди, како некој во 1во одд. знае да пишува букви, собира и одзема, а некој не знае името да си го напише, натрпевар си правиме од децата очигледно.

    Извини што те земав тебе за коментар, ама ми падна во очи пишаното.

    Патем, дали јас треба да се осетам како помалце мајка што не го учам да собира и одзема бројки, на 4 години? Еве не знам? :?:
     
    На dromka, Калатеа, mKdevojce и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Не е лошо да се консултирате со психолог, да видите што ќе ви каже, да ви даде совет како да му помогнете да не прави така.
    Можеби нешто научило, слушнало за бактерии и што предизвикуваат и се уплашило да не му се случи нешто. Може имало некој пример на познат/близок што се разболел и му предизвикало грижа и страв за себе. Многу често некој страв се крие зад вакви постапки, дека нешто лошо ќе се случи на него или на мама и тато. Зборувај со детето зошто го прави тоа, можеби ќе успее да се искаже.

    Не го карај, не му забранувај да го прави тоа, и особено не го казнувај. Не помага да се надмине проблемот.

    Прво помислив да не го сфаќа како игра да му е забавно, ама штом се буди ноќе од сон за тоа, тоа веќе ми е знак дека има грижа и вознемиреност, а можеби и некој страв зад тоа често миење.

    Штом не може да спие мирно веќе потешко ќе фунционира преку ден, така да треба да се реагира мислам.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    10.535
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со твојов пост од збор до збор.
    Дете до прво одделение освен да пее песнички, да трча, да игра игри и да си црта ако има желба нема никаква потреба да се форсира за учење.
    Школо за што е ако учени ги праќаме? И најјакиот тренд Малац генијалац на 4 год....каде бе...
     
    На LiquidLuna, Luna91, Em4e711 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Како сакаш осекај се, не го анулира фактот дека моето собира до 10, а внука ми на 4ч. си го пишуваше името. Ниту е најпаметно, ниту тоа што не знае е глупаво. Секое со својот развој. Не е форсирано, напротив, го следам што сака и така работам со него. Не знам зошто до толку се најде повикана. Прашав совет околу боење. Од вакви ликови што напаѓаат на човек му се одмилува да постави обично прашање.

    Па тек да наведов што друго знае. Али добро, ќе наидеш ти повеќе на поддршка, него јас што работам со детето и тоа по негова желба.

    За боење беше прашањето. Кој имал слична ситуација нека одговори, а остнатите тапшајте се сега што треба и не треба да знаат.
     
    На something, Autumn Love и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    10.397
    Пол:
    Женски
    Не се најдов ич повикана, немам грижа на совест, зошто знам што треба дете на 4 г. да знае и учи.
    Ако посака и палаглајдер на му купам на 4 години?

    Јас не се тапшам по рамо со никого, цел живот детето ќе учи, до тогаш треба да е посветено на игра а не на собирање и одземање.

    Сега ние сме "вакви" ликови, а вие па грижливи мајки што си ги учат децата на 3 години да читаат, пишуваат и одземаат. Јас па мислев дека беше нормално во училиште ова да се совлада.

    Наведи што друго знае, за да ги учам децава дома што не е нормално да знаеш до пред училиште.

    Јас го работам тоа што неговата возраст дозволува, а не се што тој ќе посака.
     
    На Luna91 и Tea SK им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    10.397
    Пол:
    Женски
    Не бе, ќе се натпреваруваме со децата сега, моето на 4 години знаеш што се знае?!!??! Сама меси пита.
    Самите правиме поделби на децата во иднина, да се отповикуваат уште во 1во одд. кој повеќе знае и дошол спремен од дома.
    Никогаш нема да учам дете како р правилно на 3 или 4 години да знае собирање и одземање, напротив.

    Малац генијалац, пијано, виолина, балет, англиски, германски, на триста непотребни глупости испозапишано дете, а тоа сака само игра и забава, ама шта чеш со исфрустрирани родители...
     
    На LiquidLuna, Valeryy_088, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Жално е колку се тригираше од знаењето на едно 4г. дете. Се надевам ќе си го увидиш проблемот со време.
     
    На something и Autumn Love им се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    10.397
    Пол:
    Женски
    Ептен се тригирам мајка, детето нека се забавува ПЛС.
    Јас тригери и проблеми околу воспитувањето немам во поглед на учење работи кои што не се за негова возраст.

    Секој има право на свое мислење, ти си пишала на јавен форум, секој има право да те реплицира и да се согласи или не со тебе.
     
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    10.535
    Пол:
    Женски
    Јас имам теорија за запишувањето на 100 активности, не знам дали ми е точна ама мене ми е логична.
    Детето преку недела си го гледам 4 саати попладне. Во тие 4 саати ти да му исполниш секој ден по една активност, мене ми иде како да нејќеш дома да го занимаваш, сакаш да си платиш и други да ти го занимаваат, ти да си лабавиш.
    На другар малиот иде 3 пати на пливање, еднаш на Малац и 2 пати на англиски, 5 години има. Ај бе вика шо ќе му праам дома...
     
    На Tiny Love и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  14. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Кога коментираш за друго дете, во случајот моево, се тригираш. Ако немаше совет, ќе ме скокнеше, како и секој оној кој не се гледа повикан. Но, ти се најде повикана. Најди си ја ти позадината зошто.
     
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    10.397
    Пол:
    Женски
    Јас повикана демек детето мое што на 4г не знае одземање, а твоето знае??? Океј е, доволно. (facepalm)
     
  16. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Не коментирам ја за твоето, ти го ставаш моето цело време во уста и ги вртиш работите. Си прашав за моето. Твоето не ме занима ич. Ти кажав два пати, еве трет пат, најди си ја позадината зошто се тригираше.
     
  17. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.407
    Допаѓања:
    77.697
    Пол:
    Женски
    Секое дете е различно и сака различни работи. Внука ти цртала, боела, но ете на син ти му лежат повеќе бројките. Ќе си дојде се на свое со оглед на тоа дека тогаш тоа ќе му биде задолжително, не го форсирај за боење ако нема желба.
     
    На dromka, Mother of 2boys и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    10.397
    Пол:
    Женски
    Така е, нека учат од 2 годишна возраст букви и одземање.

    Очигледно немаш доволно добар аргумент, па за мое тригирање се фати, што нема врска. На детето до 6 години, ти му даваш насоки и правила, не може тоа тебе да те учи.
     
  19. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Ниту пак ти имаш аргумент. Упорно си пишуваш за 4г. дете. И за жал ги вртиш работите. Не спомнав ни 2г. деца, ниту кое што треба да прави на одредена возраст. Си пишав за МОЕТО. Ама ти не читаш, или во глава ти се вртат сега бројки па не можеш да прочиташ. Јасно ми е. :mm: Но, ќе се повлечам од разговорот зошто очигледно твоето треба да е последно, па гледај последното цитирање да ти е целосно надвор од контекст за да си задоволна. Можеш ти, не се сомневам.
     
  20. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Чисто и јас да си кажам сама за мене,во странство сме ,ќерка ми за некој ден ќе полни 4 години,ниту сум пробала да седнам да учам со неа букви и бројки ,и според мене нема и потреба на оваа возраст.Од моја страна има право на слободна игра,до тесто секојдневно правење со спремање на колачи во секакви форми,до претурување вода во садови и правење на 'манџи' ,до скокање по дома и правење на игротека од нејзина страна,до растурање на се околу и градење куќа,до продавници со размена на производи и измислени пари,ја оставам да ги учи работите по некој нејзин природен тек.

    Сум наидела на мислења од наши во МК ,како не знае да си го пише името,па до тоа зошто не знае да одземе или собере,мислам дека тоа кај нас е наметнато уште од постари генерации,и се одеше по комшии па не фалеа кој колку знае.

    Не сакам да ја навредам членката со ова,секој си го познава детето најдобро и не е наше да судиме.
    Ќерка ми прашува што пишува тука или таму,но ни на мисла не ми е уште сега да ја учам на букви.Сметам дека поголем интерес за школо ќе има доколку таму учи секојдневно нешто ново.

    Ќе почнат училиште и крај нема учењето,нека бидат деца со безгрижно детство колку повеќе можат.
     
    На mKdevojce, LiquidLuna, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.