Совети за развојот на деца од 3-5 години

Discussion in 'Дете' started by referentka, Jun 12, 2018.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2023
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    10,397
    Gender:
    Female
    Да да, бројки ми се вртат од тоа како на 3-4-5 години треба да знаат деца се и да се спремни за во училиште. Како што кажав, а ете и сама си го долови моментот дека ти го учиш своето дете така, утре затоа ќе имаме поделби помеѓу деца во 1во, кој колку повеќе знае букви и математика, на 6 години.
    Ајт пријатно.
     
  2. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Joined:
    Dec 15, 2022
    Messages:
    892
    Likes Received:
    1,295
    Gender:
    Female
    И моето се опседна со бројки, од септември ќе биде прваче. Ги научи броеви во градинка, дома не му покажував. Не ни пишуваше до пред некој месец.
    Ама почна да си собира на памет и да ме прашува дали два плус два се четири. Па почна да собира и броеви над десет и до сто. Двоцифрени. Јас не ни знам како да му подвлечам внимание или ако ме праша дали 22+23 се 45, како да му одговарам дека не знам ли?
    И ние го запишавме на малац генијалац за да може да пишува дека од бебе дома не можи да фати молив во рака, одма му го зема. Интересно му е сака да оди, таму само учат да пишуваат броеви до 10, нема сега некоја математика.
    И еве го овие денови лежи дома дека го повреди колкот па почна да црта и тоа убаво. Ќе му дојде време за се. Треба трпение.
    И не се сите деца исти, имаат различни интереси, исто како и ние.
    Немојте да се обвинувате ако некое знае а некое не.
     
    Autumn Love and Kolache na mama like this.
  3. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Joined:
    Dec 28, 2020
    Messages:
    1,425
    Likes Received:
    2,940
    Gender:
    Female
    Моето многу сака бројки, почнаа математика во градинка од септември и моментално тоа го интересира.
    Во градинка што сме во група дел од децата бојат и најчесто се тоа девојчињата, ние што сме мајки на момчиња некако сите исто, немаат некоја желба за боење, цртање, па често и се шегуваме за тоа.
    Околу боењето, дали ти му викаше да боите или оно само сакаше? На која возраст почна? Гледам дека не сака, па не ни се трудам околу тоа, ама па не знам дали и тоа ми е правилно.
     
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Joined:
    Dec 15, 2022
    Messages:
    892
    Likes Received:
    1,295
    Gender:
    Female
    Не бои, си црта куќа со соби, детска соба дневна спална. Кој каде си игра или кујна. Елка. Ама тоа дека сега по цел ден лежи и му е досадно во кревет. На детски начин е нацртано ама сепак е добро, има напредок.
    Многу сака сложувалки, магнетни коцки, магична змија, има голема фантазија. Ама бројки се опсесија. Секаде каде и да оди само бројки забележува. Регистрација на автомобили, цени во маркет(facepalm)
    Во градинка тетката ни вели дека најмногу фантазираал од сите деца.
    Раскажувале приказни и тој раскажувал како сме оделе на одмор со авион, па имало турбуленции, па маски сме ставале....
     
    Autumn Love and Kolache na mama like this.
  5. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Joined:
    Dec 15, 2022
    Messages:
    892
    Likes Received:
    1,295
    Gender:
    Female
    Во градинка на 4 год сите го пишуваат името. Секој пат кога нешто цртаат, прават, има изложба и секој цртеж е потпишан од детето.
     
    Kolache na mama likes this.
  6. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Joined:
    Aug 2, 2019
    Messages:
    1,677
    Likes Received:
    3,991
    Мојата ќерка е 4 и пол години и во забавиште оди мала група,живееме во Грција инаку. Во забавиште научи да си го пишува името, јас пред тоа не сум седела никогаш да ја учам. Ама само името и мама знае да пишува еве од пред некој ден, пак со учителката тоа. Да брои до 10 знае од 3 години, на 3 те јазика ја научив јас и брат и кој е поголем од неа 7 години, сега е. 12 тој.
    А сега знае да брои па може до 30, 40.
    Се интересира сама инаку. Во врска со цртање сака да црта и да бои многу, сама си седнува си зема се што треба и си бои, секој ден скоро.
    Инаку дека рековте од машко и женско нели разлика и син ми инаку многу сака да црта и бои од мал и до ден денес црта. Така да може да е до детето, не мора сите деца да знаат да бојат , ако не сака - не сака. Остави го, еден ден само може ќе посака, а може и никогаш нема да сака едноставно не му е убаво тоа.
    Еве син ми не сака ич музика, на часот по музичко дреме едноставно и не сака и не сака да пее и тоа е. Со исла убавина не бива
     
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2011
    Messages:
    1,684
    Likes Received:
    5,927
    Ти ја разбирам поентата дека се претерува со форсирање на активности и учење на децата работи несоодветни за нивната возраст и верувам дека добар дел од родителите се гордеат со некои работи што децата им ги научиле ама мислам дека не си во право дека не треба да им се следат интересите и да ги учиме тоа што ги интересира. И не сите деца што знаат понапредни работи ги научиле затоа што родителите лечат комплекси и ги форсираат, едноставно ако детето покаже интерес, ќе научи и само, од книги, тв, од слушање и нема начин да го спречиш тоа ниту пак треба да го спречиш. Ама, едно големо ама, точно е и тоа дека децата што предвреме совладуваат работи имаат потешкотии подоцна во училиште. Бидејќи знаат се што се учи во првите одделенија, на нив им е досадно и не ствараат навика за учење и работа што подоцна кога материјалите стануваат потешки, тие деца ненаучени да учат имаат проблем да ги совладаат. Тргам лично од себе а после од најблиска фамилија неколку примери. Јас сум научила да читам и пишувам премногу мала откако паметам за себе сум знаела да читам и пишувам. Не ме форсирале моите, едноставно ми покажале, брзо сум научила и супер. Во основно школо немав проблем. Учев 5 мин пред час и толку. Веќе во средно почнаа проблемите. Немав фокус да посветам саати а не па денови на учење, а тек па на факултет беше хорор. И поради моето искуство се плашам дека ќе одам сосема спротивно да не ги учам моите ништо дури и да ги интересира а со тоа можеби нема да им го развивам потенцијалот ако го имаат.
    Најпосле, членката сподели свое лично искуство, сметам дека малку несоодветно и изреагира. Нејзино дете, нејзина одлука. Ти прави што сметаш дека е најпаметно за твоите деца. Јас често велам колку и да се трудиме да го избереме најдоброто и најправилното, некаде сигурно ќе ги зезнеме.
     
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Joined:
    Jun 12, 2023
    Messages:
    3,686
    Likes Received:
    10,397
    Gender:
    Female
    @le.soleil Во право си за се, да. Имав ситуација каде што дете од 4 г. почна да се потсмева на син ми како не знаел да си го напише името, а он знаел, така и почнаа плачки како тоа дете знаело букви а тој не. Јас како родител не се осетив лошо, требало лошо да се осети тој родител што го следеше однесувањето на своето дете а не изреагира никако.

    Сакам да кажам дека утре ќе ги има сите тие поделби околу децата, баш поради нас како мајки што пробуваме некогаш натпревар да направиме од тоа кое дете е попаметно. И не, нема да го учам на собирање и одземање на 4 години, туку му објаснив дека во училуште се учи, тоа што другово дете проба да го исмее не е убаво, итн. Ме нервира фактот што има такви деца кои што немаат емпатија спрема останатите, а родителите се гордеат какви деца имаат, без да им укажат дека не е убаво било кого да потценуваш.

    Муслењето ми падна во очи, а не дека јас имам нешто против некој како треба да си го воспитува детето, тука сите имаме право да споделиме совет и искуство, како и да прифатиме критика ако сме пишале на јавен форум, ништо против никого немам во секој случај, тоа е мое расмислување, кој како сака и е спремен нека воспитува дете, мојот начин сметам дека е правилен за мене и за моето дете.
     
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Joined:
    Nov 8, 2018
    Messages:
    2,328
    Likes Received:
    9,394
    Gender:
    Female
    Секој ден разговаравме и ништо не кажуваше, вчера прв пат ми кажа причина.
    Гледале новогодишна претстава со Дедо мраз што е болен, и се разболел поради бактерии, а пред брзо време дома свекрвата ја правеа операција и он не знам како си ги поврзал тие работи едно со друго.
    Ми рече: Дедо мраз се разболе зошто имаше бактерии на рацете и му влегоа во мешето, исто како на баба ти, и она беше многу болна во болница.
    Најверојатно се има исплашено да не му се случи него нешто слично....

    Има мало подобрување сега цела вечер не стана да се мие, за преку ден ќе видиме како ќе поминеме.
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,374
    Likes Received:
    9,353
    Gender:
    Female
    Баш ми е мило што е подобро. :)
    Душа паметна и храбра, што собрал сила да си ја отвори душата и што успеал да го пренесе она што го чуствува преку зборови. Тоа воопшто не лесно за едно мало дете.

    Во развојот на сите деца доаѓа до еден момент кога почнуваат да разбираат дека нешто може да ги одвои од родителите и од најблиските, односно дека луѓето се повредуваат, умираат или им се случуваат други работи заради кои може да останат без нив покрај себе и тоа трајно.
    Од една состојба дека родителите и блиските се секогаш тука, се осознава наеднаш дека може утре да не се покрај него.
    Децата тие идеи не само што ги размислуваат туку и ги доживуваат на емотивно ниво. Исто како да веќе им се случило во себе ќе си ги евоцира емоциите што таква случка би му ги предизвикала - страв, тага, загриженост.
    Тоа обично така спонтано го дознаваат преку приказна, цртан, пример од средината, од поблиското семејство што му доаѓа како шок за едно мало дете.
    Детето на претшколска возраст има капацитет интелектуално тоа да го разбере, ама нема доволно емотивна зрелост да се носи со емоциите што тоа сознание му ги буди. Сеуште нема механизми на таа возраст да се справи со стравот и грижата.

    Сега кога знаете што е причината, работите ќе тргнат на подобро.
    Битно е да бидете заедно со него во периодот дома, после градинка, да си играте, цртате и правите различни активности заедно. Полека да работите на тоа да му се врати чуството на сигурност што му се расклатило. Зошто во основата е стравот дека ќе сте одвоени од него. Мора да му се потврдува дека ќе сте секогаш тука за него. Спонтано ќе се среди, како што се појавило, така ќе го снема проблемот, ќе биде ок.

    Корисно би било и ако му се раскажат или покажат примери каде што успешно се справуваат луѓето со микроорганизмите. Ако има капацитет да разбере дека има предизвикувачи на болести што не се видлили има капацитет и да разбере дека ние самите во нашите тела имаме „нешта“ што нив ги уништуваат и не дозволуваат да се разболеме. И тоа да се поткрепи со примерот каде некој се опоравил после болница, лекар, боледување и сл. Колку да му се објасни дека не е беспомошен.

    Само внимавајте да не биде претерано разговарано на темата што го плаши, секој ден или по неколку пати на ден.
    Подобро е да се објасни во некоја прилика кога е тоа спонтано спомнато и да не се навраќате понатаму често на муабетот за бацилите.
    Некогаш децата што имаат вакви стравови бараат повторно и повторно да се зборува на темата што ги плаши, препрашуваат, бараат да им се раскажува нешто безброј пати, да гледаат слики или видеа на темата...како фиксација да имаат на темата, па дури и некоја фасцинација.
    Со постојано зборување на темата само се одржува и потхранува тој страв и најдобро е да не му се удоволува ако почне така да прави.
     
  11. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2013
    Messages:
    1,683
    Likes Received:
    2,160
    Gender:
    Female
    Мајки, ми треба мислење за следново. Малиот има 4 и пол год. На почеток од декември почна како да 'рка со грлцето, звук како да му пречи нешто. Тогаш имаше како шлајмче, а по некое време се раскашла. Одевме на лекар, го наслуша, на гради рече нема ништо, можеби така прави ако има некое шлајмче па му пречи. По некој ден пак контрола, крвна слика ок, грлото не му беше црвено и пиевме сирупче. Помина кашлицата, ама еве уште така прави ко ќе голта. Го прашувам дали го боли грло, дали му пречи нешто, да кажи што осеќа, вика ништо не го боли и не му пречи. Ама веќе ме загрижува, некако мислам како од навика да го прави тоа. Не знам што да превземам, што испитување да правам. Дали да испитам бактерија преку брис нос/грло ( носот често го чистиме, ама не нешто да му е затнат или да има мрсули). Дома со клима сме, но поголем простор се топли, не сме премногу затворени. Стварно не знам што да направам, а тој по цел ден 'рка со грлото (звукон како кога сакаме да го прочистиме грлото и како да голта со напор а вика ништо не му е). Понекогаш ако се загледа нешто интересно на тв не прави така, ко да заборава.Дали му е тик или проблем, не знам. Може да споделите ако имале бактерија вашите дечиња откриена преку брис од нос/ грло какви симптоми се појавиле?
     
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,374
    Likes Received:
    9,353
    Gender:
    Female
    Може нешто навистина го иритира на грлото, не би исклучила додека не се провери, а може и после такви настинки да се формираат некои такви навики како тикови.
    Не треба мислам да брзате со заклучок дека е тик, зошто велиш дека не сте испитале сеуште дали нешто реално не го иритира. Следете го некое време, па ако продолжи можете да видите со специјалист по ОРЛ што ќе каже и дали ќе прави дополнителни испитувања.
    Иначе освен бактерија, може да се и вируси, синуси воспалени или да му се слева некој секрет позади од носот и да го чешка, може да е алергија на нешто што го има во воздухот, премногу сув воздух, дури и неисчистени навлажнувачи на воздух и климите може да се извор на инфекција...
     
    lavinija28 likes this.
  13. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Joined:
    Nov 23, 2012
    Messages:
    2,446
    Likes Received:
    5,213
    Gender:
    Female
    И син ми сега направи 4 години, сите букви ги знае на англиски, на македонски само некои, сите бројки ги знае до 10, не собира/ одзема ама многу го интересираат бројки и букви и ништо не научи наметнато, ништо, за се беше заинтересиран сам....учеше дел од цртани, дел од градинка, па се интерсираше дома, ајде кажи ми ја азбуката, кажи ми ги бројките и нормално ги запамети...боење не го интересира без разлика колку и да го форсирам...бои 3 мин и толку, а да цкрапа по мебел обожава (пола ѕид ни е зелено црвено црн :D) , а боенка го интересира 3 мин и толку...во градинка кога им даваат да цртаат нешто, гледам по сликите половина деца мислиш пикасо се, половина цртаат цкртаници меѓу кои и моето...така сфатив дека не треба да се замарам и споредувам, секој со интересите...имам другарка ќерка и бои од 1 година, зборува од 1 година, брои од 1 година итн мојот зазборува после 3тиот роденден па сега појќе од девојчето знае...Секое дете своја приказна не гледам зошто mom shaming дека детето знаело да собира...сигурна сум дека некој не го застанал со сила да го учи...Јас мислам да чекаш до некоја возраст, ќе си дојде природно...и да не дојде, не сме сите родени сликари
     
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    7,187
    Likes Received:
    24,583
    Gender:
    Female
    Ве исчитав наназад. Јас мислам дека ако има интерес за нешто детето треба да му се овозможи нештото, освен ако не е нешто што сметаме дека треба или смее.
    Моето, првото, од бебе од 8 месеци сакаше часовници, му донесе свекорот стар саат и се заигра со него и некако омилени му станаа, до таа мера што таа љубов кон нив ги засака бројките и ги препознаваше до 20 на 2 год. Посебно до 12, бидејќи на нив, на часовниците има 12 бројки. Кај и да одевме купувавме часовници, му носеа за родендени, му "носеше" и Дедо Мраз за Нова година, од алиекспрес порачував, над 50 имаме дома. Секаде одеше со сат в рака, саат или количе :D До кај 4 и пол год му беше таа љубов, потоа не. Значи научи и да ги пишува бројките после 3 год не памтам точно, на 4 год почна сам да брои до 100 и на мак и на англискисамо седевме дома и си почна да брои сам, јас се зачудив. Азбуката пред 4 год ја препишуваше, велеше која буква е оваа, пр, ќе му кажев и пишев, па така ги препишуваше и тој, фактички како прецртување беше. Имаше период од неколку недели кои интензивно бараше да пишува само бројки и букви, како хипнотизиран, до тој степен што отидов и кај матичната да и кажам, бедоксин му давав, значи многу беше чуден, зборував и в градинка со воспитувачката, таа рече дека ок бил таму, па му помина и потоа нејќеше да пишува, па така до прваче сега, до 5 и пол год воопшто не пишуваше. На школо супер е, не му е досадно, ги имаше и подзаборавено буквите па сега ги учи правилно да ги пишува. Бројките ги знае и ги сака уште. Сака математика, со лесно решава, а македонски пр домашна пишува ама со тегнење, не со желба :)
    Друго што сакав да пишам, боење, цртање не сака, никогаш не сакаше, в градинка не боеше, сите набоени цртежи беа, неговиот празен :D воспитувачката ќе речеше, нејќеше да бои, со сила никој не тераме ништо.
    На школо црта и бои тоа што треба таму на ликовно, дома нејќи пак, едноставно не го сака и крај, не сакам јас математика на пр, секој е различен, така и децава од мали се со различни интереси. Него од годината му правев диу игри, многу сакаше да седи и да игра, да сортира, слагалици сакаше, на 2 год составуваше слагалици, таков си беше.
    И уште нешто не сакаше музика, песнички ни дома ни в градинка никаде, не сакаше в градинка ни во салата да трча со деца и да вежба, еве и на школо прво ниво е сите предмети освен музичко, физичко и англиски второ ниво. А англиски од 2 год ги знаеше формите, боите се знаеше, ете заборавил до прваче :D па сега пак си ги учи.
     
    Last edited: Jan 22, 2025
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Joined:
    Jan 1, 2010
    Messages:
    4,924
    Likes Received:
    12,082
    Gender:
    Female
    Мамиси генијалки со дечиња генијалци (highfive) :D

    Јас наминав да ве прашам нешто.
    Ве читав за тоа што знаат да прават децата, и се задумав дали сега да почнувам да воведувам содржини, активности поврзани со школо или да сум go with the flow...
    Сеа вака кога ве читам, искрено малку сум така je ne sais pas што би се рекло на френч, бидејќи мојов е тапа со азбука.
    Наскоро прави 5 и тек денес си ја научи неговата буква. Ок. Супер.
    Ама и се задумав зашто досега бев на ставот дека сам ќе учи од прво одд. И се прашувам да не случајно не ми текнало да направам некој вовед во абуката или нешто со бројките.
    До толку што ми проработе анксот и почнав да копам идеи во мозоков што да купам што да купам.

    Мојот е темперамент, и на периодо тој нарав му се зголемува и намалува. Еве сега е во период со голема потреба да се движи и изведува со телото, дома не може да застане, се витка, се превртува, го чепка и братчето, исцрпувачки ептен.

    И нормално, со сиве овие работи, тој трча, нема активност друга и кај мене си доаѓа вината.
    Ќе си покукам така и после си викам па сѐ во свое време, ако сега нема фокус и има потреба од физичко издувување, што можам, да го застанам и да го учам сосила? Не.

    Ама сепак, разумната страна, свесноста ми вели дека барем малку мора претшколски да го спремам, оти ме фаќа мал страв да не го испуштам, да не не му дадам фокус и внимание, интерес и љубопитност за нешто.

    Од активности што наброивте, мојов сака да бои, градинката му има влијание што работат таму со книги некои, нешто овие дена пречкртува демек става икс, заокружува, тоа сѐ од таму. И ми текна па зошто ја чувам една книгичка со активности, наводно си мислев нема да може а тоа колку е лесно хах. Онаква со поврзување точки со броеви и му кажував тој поврзува и се научи.
    Броеви знае да ги наброи ама за пишување само 1 и 2 наопаку. Азбука јок. Прееска нешто пробуваше Е да пишува и тоа е. А вака нема интерес ај мама кажи ми пример да побара.
    И тоа му велам дај моливот да ти покажам како да ја напишеш. Не бре брате не слуша, ама јас јас јас и ем не знае точно, ама како се тепа не остава човече.
    Пластелин игра кога сакам јас да чистам :D
    Англиски знае азбука од песните инаку за пишување скраја, не ни мора.

    И за она што дојдов беше дали да земам нешто енциклопедија, за планети, за појави во земјата, за не знам што. Дајте идеја.
    Дали да форсирам или да оставам.
    Ако оставам имам грижа на совест дека не давам информации а веќе деца знаат на оваа возраст доста работи, можеби го отупувам, а не сум свесна за тоа.

    Редно е да почнам малце така школски м?
     
    lackygirl likes this.
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    1,036
    Likes Received:
    4,081
    Не им е во градинка последната година предшколска година? Не сум запознаена баш со школскиот систем во Мк, ама би требало последната година од градинка да полека ги спемаат за во школо. Овде каде што живеам, последната година од градинка редовно ги носат во библиотека и во школо да поседат малку на час, за да таа транзиција од градинка во школо не им дојде многу нагло. Плус самата програма во градинка последната е доста поразлична од претходните, повеќе е прилагодена за школо. Ако е така, реално немаш што од дома да го спремаш воопшто.
    Моево ќе прави 4 за неколку месеци, сам покажува интерес за броење и многу сака да брои, за буквите неговата си ја препознава и знае да ја напише. Завчера ми дојде со ливче од градинка напишано м а м а, ама сигурно некоја од воспитувачките му помагала. И бројот 1, ама наопачки :D Маж ми понекогаш знае да седне и да му зборува за букви и бројки, ама јас никогаш и против тоа сум. Не можам да ја видам предноста што било кое дете би ја имало ако научи да чита/брои/пишува помало. Може во прво ќе знае најмногу и ќе му биде досадно, ама во второ веќе сите ќе знаат колку него, сигурно нема некој да го прилагоди материјалот на него и да го учи поразлично од другите деца, пошто он ете веќе знае одредени работи. Јас ич ништо не го учам моево, ако покаже интерес, знам да му објаснам, ама гледам да не се задлбочувам многу во тоа, да сепак продолжи со слободна игра. Е сега мојов има една играчка телефон со такви игри - букви, бројки, броење…ја форсира и игра дење/ноќе во последно време, ако нешто научи сам, нека го, ако праша, ќе му објаснам, ама јас сама да го учам - не планирам.
    Исто не сака да црта и да бои, скоро па ич. И да седне, за 2 мин станува. Пример тоа ми е криво, јас многу уживам да бојам и да поминуваме време така заедно, ама нема со сила да го терам ако не сака.
     
    elenaklasik likes this.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    7,187
    Likes Received:
    24,583
    Gender:
    Female
    В градинка ги учеа буквите, нешто и од бројките учеа мислам, имаа и математика таму книга за во градинка, нема потреба ако не е заинтересиран да земаш ќе си научи на школо. Можиш пр пред спиење да му читаш нешто, јас му читав секоја вечер по 1 сликовница мала од кај 2 ипол год дур се роди брат му, до 4г и 8 месеци после прекинав и ми е жал ама ете не се стига.
     
    Mother of 2boys and elenaklasik like this.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Joined:
    Jan 1, 2010
    Messages:
    4,924
    Likes Received:
    12,082
    Gender:
    Female
    За книги имаме доволно.
    Читаме, и јас ко тебе дури можев читав па прекинав, ниту тој се интересираше.
    И му остана тоа време запаметено кога му читав пред спиење, а потоа следуваше период татко му ко го заспиваше и не му читаше.
    Па сега пак ако легнам до него, му текнува. Зашто сме поделени дома, јас со малото, маж ми со поголемиот за заспивање.
    Има периоди кога сака книга, се интересира, и кога не сака, заборава, нормално, разбирам зошто е тоа така.

    Туку дали понаучно да му пристапам, во смисла да купам енциклопедија за вселена, за природа, појави и процеси или животни.
    Со онакви вистински слики, не детски како цртани како на книгите на Либи пример, туку вистински книги со информации.
    За тоа се мислам.
    Има деца планети знаат, имињата, или градови, еве едни комшичиња што имаме баш кажа таткото градовите во земјава неколку ги знаеле.
    Е сега дете од 5 години колку знае што значи еден град а што држава...:?:
    Можеби некои имаат голема интелигенција, разбираат, можеби мојот е просечен, ко мене да речам. :$ :D

    Дете ќе наброи што ќе наброи, тоа што си го научил, ама што сфаќа од тоа...
    Повеќе е корисно практичното знаење или учење директно во природа со гледање.
    Барем таква бев јас како мала. Не ми влегуваше и не притока што е или извор или брана бе, браните што ги учевме по географија. Никогаш не нѐ однесоа на излет да видиме какви се.
    И така ми беше потешко учењето, слика имаше, ама ете практично сакав.
    Можда и со децава е така, џабе имиња кога мозокот не е спремен.
    Ама пак ќе речам, веројатно и до детето си е...
     
    lackygirl likes this.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    7,187
    Likes Received:
    24,583
    Gender:
    Female
    Ако мислиш дека ќе го интересира купи му, ние имавме од девер ми енциклопедии од топер за животни, човечко тело, една за мозок и уште една заборавив за што беше :D мојов се интересираше за таа со човечкото тело, па научи некои органи, др не му беа интересни. Диносауруси никогаш не засака како што гледав деца да ги сакаат. Др што научи на 4 год, кај е Биг Бен (зш омилен му е, дека сакаше мн сатови), крива кула, Ајфеловата кула, сега го прашував брзо, заборавил :D само Биг Бен не заборавил.
    Има интересни книги со активности од топер, со поврзување, побарај таква баш е за таа возраст.
    Screenshot_20250123_085352.jpg
     
    elenaklasik likes this.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    2,872
    Likes Received:
    28,580
    Имам два учиника кои тргнаа во училиште без да знаат да читат и пишуват и сметат.
    Имаа некои основни познавања, знаеа по некоја песничка, да бројат... Одеа во градинка, ама лабавко си беше и таму.
    Големата ќерка пребрзо учеше, одма сфаќаше, немаше потреба дома да ја учам да совладува да чита ( сама се научи ) , да пресметува, да пишува. Некако се лесно и баш брзо и одеше. Постигна многу повеќе од деца што тргнаа со големи пред знаења. Работев дома со ќерка ми, колку да го потврдиме тоа што го знае.
    И никогаш не се покајав што не ја пуштив спремна во училише, да чита и смета предвреме.

    Малата ќерка беше друга приказна. Потешко ... но сепак се е совладено предвидено за возраста. Ама многу вежбање, често повторување, многу објаснување. Е овде сто пати се покајав што барем последната година од градинка не ја запознаев со букви, бројки... барем минимално да знаеше , ќе ни беше полесно.
    Ама не е невозможно и ученик кој немал предзнаења да напредува солодно. Ете ја, на крај од прво полугодие читаше, веќе пишува зборови, смета до 20. Би рекла дека е дури и добра, само многу сум и посветена за да има резултати.

    Муабетот ми е дека секое дете различна приказна. Ако имат децата интерес за учиње пред училиште тогаш работете дома, и те како ќе ви е олеснотелно за во прво одд .
    Ако немаат интерес за букви и бројки, не очајувајте, не е ништо изгубено, ќе научат на училиште. Некои полесно, некои потешко ама секако ќе научат.