Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    6.937
    Kaj nas vo gradinka ne ucat nisto ama nekade godina ipol pred da trgnat na uciliste im baraat predznaenja nekoi. Na testiranjeto baraa da znaat da izbrojat do 10, da gi prepoznaat formite, da go napise negovoto ime, da prepoznae boite, da go nacrta negovoto semejstvo i da go oboi, da go drzi pravilno molivot, da opise edna slika sto gleda na nejze, da znae levo i desno, drugoto bese logicki nekoi vezbi..Sega e 5 godini i samo gi sledam negovite interrsi i rabotime na toa.
     
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    10.534
    Пол:
    Женски
    Многу ми се глупави споредби кај деца 4 годишни кое што можело, знаело, кое не, како да тоа е некоја сигурност што ќе направиш во животот.
    Мајка ми цел живот збори како јас на 4 год сум си го пишувала името, сум броела до 100, а братучетка ми до 10 тогаш научила.
    Еве ја братучетка ми електроинженер е, јас логистика работам....
     
    На Camille84, LadyD, Nairobi88 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа. :rofl:

    Реално, ако детето потешко учи, истата ситуација ке ја имате и на 5 години ако почнете дома сами, и ако на 6 почне со учителка на училиште.
    Само што ке го скратите детството.

    Син ми ги распознава сите букви, ги научи преку картички, со илустрација за секоја буква. А - авион. Бројките ги знае, брои 100+ по логика.
    Знае песнички, лесно ги учи.

    Ама да седне да пишува нема шанси. Не сака да бои со дрвени и фломастери, со водени и темперни обожава. Пластелин неколку години му е фаворит.
    Пиши бриши може, ама не многу долго.

    Карти игра, па и собирање учи тука.
    Игра и шах, правила знае, држи внимание.

    Генерално е заинтересиран за физичка активност, спорт, шетање, па месециве е зезнато многу седењево. Ама се снаоѓаме некако.

    Од септември ке мора, можеби и природно ке се заинтересира.
     
    На Zumbulche, Mumoftwo30, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.922
    Допаѓања:
    12.080
    Пол:
    Женски
    Сликата што ја имаш прикачено е таа од Топер?
    Имам неколку: една од Топер, како книга торбичка, со лепенки интересни работи, имам и од просветно дело.
    Чек ако не ќе ги прикачам.
    IMG_20250123_182350.jpg
    Ако сретнете други слични книги, споделете.
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Мало училиште- книга со активности од Просветно дело
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.922
    Допаѓања:
    12.080
    Пол:
    Женски
    Кога ќе забраните/ограничите/не дозволите нешто во дадениот момент, како реагираат вашите 5годишни деца?
    Имаат ли испади, викање, инаетење сѐ уште?
    Мојов во регрес оди :sweat:
     
  7. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    3.991
    Да. Ќе вика ќе црка ама јас си стојам на своето, смирено кажувам дека не може и зошто не може и толкуѓ. Ќе плаче додека не и здосади и после се смирува сама и толку, после како ништо да не било, па ќе и текне некоја друга игра или било што.
     
    На azelea, Panovic, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.187
    Допаѓања:
    24.583
    Пол:
    Женски
    Тука е сепак карактер, секое различно, моево од 4 год навака нема такви испади, завршија тантрумите и многу се смири. Не се инаети за ништо со нас, со мене и татко му, ако речам Не тогаш е не, со дедо му да и него му вика, ама и тој го фаќа така со инает.
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    26.042
    Пол:
    Женски
    Лае, 'ржи, треска врата.. човек шо ќе биде како тинејџ не знам
    Иако периодично е, знаат бубите да ја фанат некој период, после тоа е многу послушна и права цурица, па пак после со буби и така во круг.
    Јас нас најголем проблем е кога одиме Мк и буквално се иживува на баба и дедо, ако не и одат по газот лошо им се пише.
    Исти кај мојава ме иритира што ако дојде некој дома на гости што она не го мириса баш, се затвара во соба и не сака да излези да се поздрави само, намќор. Тоа не знам како да го сменам.
     
    На elenaklasik, azelea и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.604
    Пол:
    Женски
    @Cosmic Girl Ми треба совет :)

    На кратко, ќерка ми не збори во градинка.

    На долго, пред 2 дена во муабет со негувателката дознавме дека ќерка ми повеќе покажува отколку што кажува во градинка. Дома е сосема обратно дете, уста не затвара. Негувателката си мислела дека е такво дете, мирно и срамежливо и не ја "замара" условно речено да збори. На нас ни дојде како шок дека не зборела воопшто. Била премирна, можеби најмирна во цела градинка ми кажаа.
    Сабајлево на оставање и реков "Ајде мама кажи и Добро утро", ќерка ми ја изнагушка негувателката. Незборењево со страв не го поврзувам затоа што оди со трчање, се враќа со смеење, буквално ниеднаш нема излезено плачејќи или нервозна. Секогаш е среќна.

    Дај ми совет дали да ја носам на психолог да го надминеме ова затоа што ми е страв за понатаму. Пример во школо ако не кажува дека и се моча или не знам.. мозоков шашма ми е. :drunk:

    И ако некој друг има вакво/слично искуство, споделете ве молам. Јас сум запрепастена :|
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    И мојата е таква мајка,дома уста не затвара,не можеме муабет саглам да си направиме,јас да кажаж,јас да кажам,а во градинка обратно,ни дојде како шок кога ни кажаа дека не збори.
    Башка таму мирна,мирна,а дома уште на лустер се нема обесено.
    Во градинка со учителката одговарала со климање на глава само,а знае се' да зборува убаво,разбира се'.,тоа се случи кога премина со истата негователка а нова учителка.Мојата на никој во граднката не збореше само со другарчињата.
    Кога ја прашувам зошто не им зборуваш на учителките,ми вели срамувам се,не ми се зборува,ќе зборувам кога ќе ми се сака.:D
    Еве 2 месеци веќе почнала да им зборува,ми кажаа од градинка,ама дома уста пена ми фати зборувајќи и дека мора да зборува со нив,да не се срами.
    Така да мислам дека и твојата ќе се разбори таму.
     
    Последна измена: 30 јануари 2025
    На Cosmic Girl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.604
    Пол:
    Женски
    Ме утеши малку срцка. И јас сум шокирана од муабетов богами :?:
    Фала ти :hug:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna колку време оди во градинка? Мојава на почетокот исто со никој не збореше, само до воспитувачките седеше и посматраше. А дома уста не можевме да и затвориме.
    Ова траеше неколку месеци, па уште неколку со шепкање им се обраќаше таму на сите.
    И полека се опушти, сега уста не можат да и затворат и само бара правда и се докажува ако смета дека некој и ги повредил правата (facepalm)
     
    На Cosmic Girl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    26.042
    Пол:
    Женски
    Исто беше мојава, јас кога и да кажев во градинка дека Нина дома е темпирама бомба, дека е преактивна, знае да е непослушна и инает најголем, они се чудеа. Нити изгледа така ми викаа нити се понаша така.
    Ние посетивме психилог пошо имаше моменти на голема непослушност и тогаш ја раскажав секоја ситуација. Она ми објасни дека таму е "притисната" не буквално пошо она премногу ја сакаше учителката и никогаш негативно не ја представи нити дома идаше уплашена, среќна беше, туку притисната во смисла не се чувствува толку слободно како дома пред вас кога e, и затоа после дома и е издувен вентил и почнува со скокање, инает, лутење, но пример ако одевме на гости Нина си беше онаа што ние си ја знаеме дури некогаш и да ти иде од земја да ја треснеш, а тоа ни го кажаа како дел од карактерот,не сака да е подчинета ( друго дете да ја командува) и со лошотија си се позиционира да не можат да ја маткаат наваму натаму ама пази тоа не го праи со секое дете туку си има пикирани на две дечиња и никако да смириме тензии.
    Нина е сега 5г, тежок караткер има многу и инает али последниве месеци имаме дете дома, знае да има испади уште ама се поретко, се прави со неа муабет, се излегува без драма и се надевам дека ќе е се подобра. Нас проценка ни дадоја дека после 6-7г ќе се смири кога ќе почне да ги разбира повеќе чувствата и тогаш ќе може помалце и да почнува да се комтролира во одредени ситуации така да очекувам да има и понатаму тешки моменти али дефинитивно е подобра.
     
    На Miss_S, Cosmic Girl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.604
    Пол:
    Женски
    Од 9 месеци срц, а со новата група е веќе оддамна, не е нова затоа сум изненадена.

    Фала ти @Bubish26 :hug:
    Мислиш дека е добро да посетиме психолог сега? Не е рано на 3 години? Јас прво сакам со матичната да си направам муабет секако, и мислам дека можеби и џабе ќе посетиме кога и таму веројатно нема уста да отвори :worried:
     
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.148
    Допаѓања:
    26.042
    Пол:
    Женски
    Не резговараше Нина со психологот нити беше присутна туку ние баравме совети како да постапиме во одредени ситуации, па тогаш јас и раскажав одредени ситуации за да ни даде совет. Нина тогаш беше 4 и пол г така да мислам може да побараш совети тоа не е ништо страшно, не бевме ние ни на проценка ни ништо. Само кога е инает, кога имаше тантруми, кога е непослушна сакавме некој да не насочи правилно како да постапиме во тие моменти.
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.604
    Пол:
    Женски
    Аха, погрешно те разбрав тогаш. Фала ти :hug: Тоа дефинитивно сакав да го направам, ама те сфатив дека и Нина била таму. (facepalm):lol:
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    10.394
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna сега и мене ме замисли, 4 години е мојот, дома е 100 на саат, се тепа со брат му, се кара, немирен е, лудува, итн... Во градинка е премирно дете, не се закача никогаш прв, слуша се што ќе му кажат, не збори многу, ама па не дека не им кажува ако му се јаде или мочка, ретко и тешко се спријателува, има неколку дечиња што му се добри другарчиња, со други тешко.. И сега и јас не знам што да правиме, дали да посетам психолог и јас, што ти е во план тебе?
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.604
    Пол:
    Женски
    Јас прво ќе идам кај матичната оти ни е цар за овие работи, да ме утеши и упати. На 100 ума сум систер, ако е карактер нека е така, ама да не е нешто друго, појма неам. Не ни знам што може да биде друго, ама ете црв имам во глава сеа (facepalm)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Добро е што ви кажала учителката како се однесува, зошто ни вие ни таа не би знаеле дека различно комуницира дома и во градинка. Учителките може и да не знаат да го препознаат точно проблемот и да мислат дека детето има проблем со говорот или дека е аутистично, или пак да мислат дека е инаетливо или дека дава отпор.
    Зборувањето слободно дома, а не зборувањето во градинка или надвор од дома се вика селективен мутизам. Се јавува само во одредени ситуации каде што детето се чуствува како што рече членката „постегнато“ или поанксиозно. Може да не зборува и со членови од поширокото семејство и со други лица надвор од дома.
    Подобро е можеби да се гледа на него како на индикатор за емотивната состојба на детето. Обично децата што се посрамежливи, поанскиозни по пририода може да реагираат вака на промените во средината зошто не можат да се справат со емоциите. Обично на оваа предшколска возраст се јавува ама понекогаш не се приметува, па се провлекува и до постара возраст.
    Може да помине спонтано, но подобро е да му се помогне на детето порано да го надмине и да се опшути да зборува со други додека е помало, да не се чека до школска возраст.
    Некои погрешно го идентификуваат како проблем со развојот на говорот, инает, давање отпор. Или ако се со добри манири како срамежливост но е малку повеќе од срамежливост, зошто детето не одбира да не збори, туку е блокирано и не може да збори. Сосема ги разбирам твоите грижи како родител дали таа ги адресира своите потреби до учителката - дали кога има потреба за вц трпи или кажува дека и се оди.
    Може навистина да и смета во секојдневните активности во градинка, било забавни или едукативни.
    Може да не комуницира и со врсници, па ни со најблиските во присуство на другите.

    Нема долна возрасна граница за носење дете на психолог. Може да одите на психолог, без разлика дали детето ќе зборува со него или не. Дали ќе предложи да се работи со детето кај нив или само совет ќе ви даде и ќе го следи на контроли, не е битно. Секоја помош и поддршка е добредојдена.
    И дома и во градинката треба да има поддршка детето.

    Она што може да го правите за да и помогнете е да ја поттикнувате да зборува и вербално да се изразува, со тоа што не смеете да ја терате со сила.
    Инсистирањата од типот кажи, кажи не треба да се применуваат.
    Никако на сила да се тера и настојува да зборува!

    Вие може да го охрабрите со начинот на кој комуницирате со детето во оние ситуации кога ќе забележите дека молчи пред другите. Поттикот е преку начинот на кој комуницирате во секојдневието.
    На пример оставајте и време од барем неколку секунди да одговори на поставено прашање. Прашањето треба да е така поставено што ќе мора да одговори со подолг одговор од да и не.
    Или ако успешно искомуницирала вербално да се пофали со дополнително објаснување што е тоа што се пофалува. На пр. браво што кажа дека сакаш тоа и тоа.
    Кога заедно правите нешто, во тек на активноста гласно кажувајте ги нештата што ги прави таа или вие.
    Кога таа нешто зборува повторете го кажаното, фразата што ја употребило повторете ја или парафразирајте го тоа што го кажала. Особено ако рекла нешто тивко или во група со други. На тој начин и потврдувате дека е слушната и разбрана. Некој спомна дека шепкало детето, ете во таква ситуација може вака да се повтори кажаното (како ехо или парафразирано).
    Убаво би било учителките така да постапуваат, пошто тоа таму се случува и во тој контекст треба да научи да се ослободи и да зборува. Вие кога сте присутни можеби нема ни да го видите тоа молчење или пак многу ретко ќе сте сведок на таа ситуација. Кога ќе го изложите на непознати луѓе и места, можеби тогаш би биле сведок, па ќе може да му помогнете.
    Можеби некои учителки знаат како треба да го охрабрат детето, бар на некое инстиктивно ниво, ако не на некое посвесно и понамерно ниво. Службата (педагошка и психолошка) во градинките доколку ја има, би требало да знае како треба да постапуваат во вакви ситуации зошто најчесто и прво кај нив се појавуваат- во градинка. Но не знам дали воопшто имаат во градинките психолог и колку се тие служби ангажирани со секој посебен случај или бар со секоја категорија на проблеми.
     
    На Marge, LivingGlam, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.