@Cosmic Girl и јас сакам да ти се обратам за помош. И секој што имал искуство со ваква ситуација. Син ми за 2 месеци ќе наполни 4 год. Во септември започна да оди во нова градинка, во многу поголема група и поголеми деца и одбива да оди во тоалет додека е таму. Значи 7 саати тој не сака да посети тоалет. Пред тоа одеше во друга градинка, каде што групата беше многу помала и самата градинка исто и исто така одбиваше да оди, ама после можеби 2 месеци се опушти и одеше без проблем, а тука веќе 5 месеци, нема никаква промена. Го потенцирам тоа дека има разлика во големината на градинката и групата, бидејќи мислам дека таму лежи проблемот. Во принцип е комуникативно дете, на почеток се држи дистанцирано, ама после тоа се опушта, не многу брзо, си има негово темпо, ама не останува и долго на дистанца. Има добра комуникација и однос со воспитувачките и свој круг на другарчиња и не прави никаков проблем за одење во градинка. Зборувано е со педијатар, тој вика дека немам простор за грижа, дека има деца што до школска возраст не одат во тоалет во градинка/школо и дека тоа не е ништо страшно. Од градинка воспитувачките исто имаат став дека немам простор за грижа, дека он си е супер, само тоа со одењето во тоалет се должи според нив, дека тоалетот е малку подалеку од занималната и дека му треба време, затоа што ходникот, односно пристапот до тоалетот за него е сеуште несигурна територија и му треба време сам да го надмине тоа. Ми кажаа пример дека тој е дете што многу малку си игра во ходниците (градинката е од отворен тип и сите деца слободно се движат низ ходниците и имаат катчиња за игри, значи има таму и деца од други групи што него му се непознати), поради тоа што му е несигурна територијата. Последните две недели се почесто го наоѓам во спортската сала (што е релативно далеку од занималната) и верувам дека веќе чекор по чекор го надминува тоа “несигурно растојание”, ако можам така да го наречам. Со нас нема проблем за одење во тоалет таму, оди, ама ние како родители смееме нормално да одиме само во тоалетот што е за пресоблекување, во нивните тоалети не смееме, а мислам дека тој нема да се опушти сам никогаш таму да отиде, бидејќи деца влегуваат и излегуваат цело време. Како да му помогнам? Како да пристапам? Секој ден го прашувам дали бил во тоаелет, секако пробувам да не го акцентирам тоа премногу, кажува не, ама дека не се стискал. А дома штом влезе, одма трча во тоалет. Се плашам и дали јаде и пие доволно во градинка, од страв да не му се приоди во тоалет.
Може имал некоја случка каде што некое дете било љубопитно да го види во тоалет. На пример,на моето дете тоа му смета. Има едно дете,за кое втор пат ми кажува како кога одел он во тоалет доаѓал и го гледал.
Воопшто нема отидено во тоалет, нема ни пробано сам да влезе. Самиот простор го доживува како нешто несигурно и одбива да влезе.
Ај Ве молам за препорака за психолог. Пишав и во соодветната тема ама дека за детска проблематика ми е муабетот, можеби тука ќе најдам препорака. Фала ви
@LiquidLuna ти прочитав неколку мислења наназад.. Немам препорака за психолог, дојдов да кажам мое лично исуство, иако различно од твоето. Моето дете на околу 2.5-3 годишна возраст почна да покажува револт и инает каков што немавме видено претходно. Очајна дека не знам како да му помогнам, размисував и јас за психолог, но беше Корона време, па купив книги за детска психологија и воспитување на децата. Ќе ти помогне да сфатиш низ што поминува и ќе ти даде насоки како да постапуваш. Мудар родител среќно дете, Сафари на духот, Воспитување на децата..
Исто "How to talk so little kids will listen" е многу убава, еден период ми помагаа советите, моментално сме во хаос. треба да се навратам и да читнам пак.
Разбирам дека можат ако сакаат слободно да се движат и сами да одат до тоалет. Само не ми е јасно дали воопшто некогаш влегол во тој тоалет за деца? Кога оди во тоалет, кои тоалети ги користи? Дали оди во другите тоалети каде што сте влегувале претходно заедно? Дали некогаш некоја од учителките го однела до тие тоалети или никогаш не влегол таму? Баш никогаш? На пр. кога првпат дошол во новата градинка дали со учителките влегол во тој тоалет и го прошетале низ сите простории низ кои смеат децата да се движат. Зошто едно е да гледаш дека деца одат во некоја просторија, а друго е да влезеш ти лично. (Исто, да те внесе негде физички учителката е различно од тоа само да му каже дека може да оди во тоа вц) Мене ми е ова нејасно: Дали е тука проблемот тоа што не оди никаде во вц или проблемот е дека оди кога сака ама го избегнува тоалетот за деца? Зошто еден проблем е да одложува празнење, а друг проблем е да не го одложува туку само да го избегнува тој конкретен тоалет. Едно е да трпи кога му се оди, а друго е да не трпи а да оди во друг тоалет. Зошто велиш од една страна детето вика дека не смета дека се стиска, ама од друга страна трча во вц штом дојде дома. Што прави кога имаат задача од учителката да измијат раце (после активности и игра, пред јадење и сл)? Дали оди во тој тоалет тогаш, ако оди дали оди во група или сам? Дали тогаш бира чешма во друга просторија? Можно е и навистина да нема честа потреба да врши нужда, особено ако не пие доволно течности во градинка. Ако се заигрува или не обрнува внимание на тоа колку е полн, може и да не приметува дека има физиолошка потреба. Можеби осеќа потреба да речеме кон крајот на престојот кога веќе му е полна бешиката после повеќе саати, па да го одложува тогаш одењето зошто знае дека наскоро дома ќе може да си оди во своето вц. Може и тогаш само да се стиска зошто тогаш приметил потреба. Зошто ако му се мочало многу уште на почетокот на денот и не одел, на крај ќе се измоча во гаќи, нема да може да одложува до дома. Може има нешто заради што го избегнува тој тоалет и заради што не му се допаѓа. Може не му се допаѓа заради самиот изглед (мирис, светлина, изглед) или заради новоста на местото. Може и другите деца да се причина, како што спомна членка погоре.
Ти благодарам за одговорот. Инаку проблемот се среди, вчера и завчера бил, значи кога тој сам ќе одлучи дека тоа е тоа и ќе надмине некоја блокада што си ја има во главчето. Мислам дека нема да имаме проблем повеќе со ова во иднина, штом првиот чекор е направен. Инаку воопшто не сакаше да ги погледне тоалетите, за одење во вц, за миење раце - без проблем одеше, воопшто со никого не сакаше да влезе внатре за мочкање, кога пробував со него и кога ќе видеше каде одиме, почнуваше да се влече по земја дека не сака таму, само еднаш со маж ми се приближија. Како што знам, ништо пред тоа се немало случено. За многу работи тешко прави прв чекор, ако осеќа некоја несигурност, претпоставувам и ова беше така и ни зборување влијае, ништо и тоа кога сам ќе се справи со тоа, како ништо да не било.
Мајки како се справувате со удирање и гризење? Синко е 3 години, му се роди братче, претпоставувам од таму револтот му доаѓа, ама последниов период многу често не удира и гризе. Значи ако игра нешто и не му успее од прва нешто да направи се нервира и доаѓа мене ме удира или брат му или татко му. Ако се сопне исто ќе се налути ќе легне на земја и ќе стане и исто доаѓа некого да удри. Ако нешто не му се дозволи или не му се даде знае и да гризне. Кога ќе то видам дека доаѓа ќе му ја пресретнам раката за да не удри и ќе го прашам мирно што сакаше да направиш? И мртов ладен да те удрам да плачеш. Повеќето пати гледам да не пламнам и да почнам со викање, ама ова веќе претерано. Се објаснуваме цело време дека не е убаво да се удира, дека не е убаво да се гризе, дури и построго сум му настапила ама не како за инает ако повишам тон уште толку ќотек ќе јадам. Еднаш и го казнив дека нема да гледа дента цртан што и не е решение ама реков да пробам, ама џабе. Чаре?
Јас да кажам дека ќерка ми денес кажа јасно и гласно Добро утро! Негувателката пресреќна, јас си подмочав од среќа @Cosmic Girl царица си И да кажам дека имав долг муабет со негувателката и жениве исто така се царици
Ќе се само цитирам и ќе ја замолам @Cosmic Girl за помош. Те молам ако имаш време шкртни некој совет.
И мојов ржи, вика, фрла, помина фазата на тодлер ама овие однесувања се уште присутни. Исто како на периоди бубачки го фаќаат, не му се погодува ништо, а друг период е ново дете. За поздравување, јас не би се срамела пред другите ако не се поздравува. Не се грижи, нејќе нејќе. Не мора. Полека како расте, знаеш, ќе присвои и за тоа навика, манири. Сега се мали и најискрени. И мојов со некои деца не ги сака, и некогаш знае да се диви така, пример од некои пријатели ако не му е по ќеф детето, ама не го форсирам. Ќе кажам ајде оди играјте заедно еднаш двапати и толку. После самиот ќе се опушти.
Супер! Баш ме радува што и негувателката ви е добра. Со поддршка од сите дома и во градинка, се ќе се среди.
Децата од оваа возраст кога ќе се повредат или нешто нема да можат успешно да направат, лутината и фрустрацијата ја изразуваат со агресија. Немаат толку добра контрола врз емоциите и импулсите и тешко одложуваат реакција. Во тие години вербалните способности не им се многу развиени да имаат зборови да ги искажат емоциите а и социјалните вештини им се уште неразвиени. Удираат по другите или на некој друг начин ја искажуваат лутината зошто поинаку не умеат. Јас разбирам дека како родители може и да сте во позиција да осеќате срам или загриженост дека детето не се однесува убаво кон другите, можеби и во себе да чувствувате вина. Особено ако и самите сте применувале физичка казна врз него или и самите сте изгубиле контрола во некој момент врз своето однесување и добило некое плескање мало или сте биле груби, па мислите дека научило лош пример. Нема потреба од такви чувства, било и поминало. Од сега фокусирајте се на давањето позитивни примери на детето. Казнување за таквото однесување не е потребно, напротив агресија може да е само лош пример. Не може да се плесне детето зошто плеснало тоа некој друг. Спречувањето на раката кога замавнува е добро, ама нека биде со посоодветна вербализација и со пример кој ќе биде позитивен и едукативен. На пример- Задржете му ја раката и кажете му нешто во стилот "мама се допира нежно, полека". И раката негова донесете ја до вас нежно. Кога се прави контакт со друг човек или животно галете го заедно и зборувајте дека тоа се гали нежно. Исто добри се и реченици од типот: ние не се удираме, ние се галиме, нежно се допираме или луѓето и животните не се тепаат, само нежно се допираат и сл. Тонот треба да е љубезен и смирен ама цврсто и доследно да реагирате и да спроведувате. Значи секој пат кога ќе реагира неприфатливо да се реагира. Дете на оваа возраст може не разбира се што се кажува, ќе треба може почесто да му се повторува отколку на постаро дете ама на крајот ќе се исплати. Некогаш дури и контра реакција од вас е добра, како на пример да се гушне детето кога ќе видите дека е на работ да избувне и пред да нападне. Ова би го сметала оправдано ако гледаме дека она што го изнервирало или повредило е нешто што стварно му е премногу и му е поболно. Тоа нема да го размази туку ќе му стави до знаење дека емоциите што ги има е во ред да ги чуствува, само не е во ред да ги манифестира со агресија кон другите. Поентата е да научат дека нема лоши емоции. Но и да научат емпатија односно да им се става до знаење дека не е во ред да ги повредуваат другите. Тајмаут е исто добар начин зошто му дава на детето можност да се смири пред да реагира и го учи да си ги контролира самостојно емоциите и да одложи да реагира веднаш на нив. Ова е добро за малку поголемките деца. Кај тодлери може да се практикува и скренување на вниманието (redirecting) на нешто друго. На возраст од 4-5 г нагоре треба да се зборува повеќе одошто да се дава практично пример како кај помалите. Кај помали деца, особено ако уште не се вербални, потребно е и со практичен пример да му се објасни како треба, зошто тоа има поголем ефект од зборот.
Ти благодарам многу. Не сме го удриле, сме повишиле тон да, ама да сме го удриле не, затоа и некогаш кога ќе ме удри му викам мама тебе те удира? Не, не треба ни ти мене да ме удираш. Исто ако се налути зошто паднал пример не сака да го гушнеш ме брка, ако му се доближиш уште повеќе се нервира и ако сме дома го оставам така, само останувам во иста соба и тогаш ќе поплаче и ќе дојде ќе ме удри... Ако сме надвор па ако падне не го оставам да се тркала на земја и на сред улица па тоа е борба кик бокс, се опира да го пуштам турка, удира. Му ги валидирам чувствата сум му рекла во ред е да плачеш и да се лутиш не е во ред да удираш. Исто ако се удри бара да го бакнам да му помине и јас кога ќе ме удри му викам дојди да ме бакнеш кај што ме боли. Некогаш доаѓа некогаш не, зависи. На игралиште ако некој нешто сака да игра на истата лизгалка пример или ќе оди пред него на скалите знае да го поттурне и му зборувам не е убаво така може заедно да си играте, еден по еден ќе се пуштате, не е битно кој прв. Неколку пати дури сум го тргнала од лизгалка ако е тој крив настрана па сум објаснала и сум го натерала и да се извини. Ќе пробам се што ме советуваше па ќе видиме.
Остана дома 10дена заради болест шо ли влезе во него луѓе, не се издржува.. шо е ова шо не најде, колку прозборува се расправа и општо не за се шо треба да се направи. Бара само цртани или игри до бескрај заедно. Очигледно влијае тоа ако не оди во градинка. А шо би било доколку еве пример не оди од некоја причина,, не знам како ќеси помогнам, не сум спремна, се појќе сум зачудена од каде олку прозборува и знае шо се да ти кажи, шо не знаеш ни дали да го искараш одма ќе се расплаче....