Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Да, не се однесуваше на вашата ситуација @Bubamaricka делот за удирањето, тоа го пишав повеќе за сите што би читале за темава.
    Душиче, сигурно има повеќе емоции што може се премногу за него штом така се однесува. Тоа што се повлекува некогаш сам на страна е како да си дава тајм аут сам на себе. Ама во секој случај уште не знае како да се справи со емоциите, има ниска толеранција на фрустрација и тоа е многу нормално за мали деца.
    Сакаат се одма и секоја желба и потреба одма да им биде задоволена. Дел од растењето е да научат да го одложуваат задоволувањето на потребите. Ќе научи. Како што почесто ќе се дружи, ќе научи да биде повнимателен со децата.
    Конечно нешто и ќе остане, како негов карактер. Можеби кога ќе порасне ќе си биде дете кое ќе си се заложи за себе, ќе си има поразвиена потреба за себе-сочувување. Јас нешто слично кај син ми имам видено. Како мал беше малку поразличен од сестра му, малку делуваше погруб кон децата од неа, и кога пораснаа се различни. Не би го нарекла себичност, сепак знае да помага на други на драго срце, ама си се брани и чува себе и својот интерес, поставува граници подобро и од нас возрасните. Сака да е најдобар, да е прв, компетитивен е ама вели дека не за другите туку за себе.
     
    На Oneo, LiquidLuna, elenaklasik и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Ме интересира мислења од членки како на оваа возраст се адаптираат во нова средина, во странство дечињата, дали му фалат луѓето, децата колку ќе биде тешко за детенце шо нема братче, сестриче.
    Како ќе се адаптира кога има бунтовник карактер главно дома, не и во градинка, таму е потивок.
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.894
    Пол:
    Женски
    @Bubamaricka ти го прочитав прашањето.
    На иста возраст се и моите деца.
    Сега големиот е 5, малото 2.

    Кога се роди бебето, поголемиот тогаш 3годишен беше човече ко опседнат.
    За волја на вистината, опседнатоста му беше уште пред некоја година, кога беа почнати и врескањата, дневни ноќни.
    На периоди добро дете, послушно, даваше раче надвор, дома редот го следеше, а во други периоди отров!
    Со раѓањето на бебето, дома имавме тешки ситуации навистина.
    Голема лутина, револт, љубомора искажани преку вриштење. Кога ќе го донесеше дедо му на врата од шетање вратен, верувате дека ми се темнеше.
    Значи од сопственото дете да ти се темни. :sweat:
    За разлика од кај вас, кај него немаше некое тепање кон нас, ама имаше психичка тортура.
    И тоа си го имаше и претходно. Кабелот на смукалката да бил оптегнат по цел, па ако се накривеше вриштеше, кафеави чорапи сакаше многу, ако не беа такви пак вриштење, косата ако ја фатев плачеше. И тоа од нецели 2 години беше ваков.

    Тешко комшиите, јас да слушам од дете такво врискање, тоа ќе си помислам дека нешто не е во ред.

    Со текот на времето, се смири, се подсталожи. Знае и сега да писка, да се лути остро, да се буни ако не е по неговото замислено, ама со осет малку повеќе. Не му одиме по теркот негов секогаш, знаеме и да го нервираме :D да му вратиме за сиот стрес досега.
    Знае да се искаже повеќе, има речник богат, чувствата повеќе ги искажува, што сакал, што мислел, како му е нему и така. Секако, не секогаш вака, знае да биде и збеснат.
    Го удира корне тегне малово, напорно го прави денот некогаш, ама барем имаме комуникација сега.

    Вие засега ништо не можете да направите, освен физички да го спречите и да му покажувате разбирање и љубов и многу граница при обиди за удари.
    Козмик @Cosmic Girl многу убаво објаснува, убави совети дава. :hug:
     
    На Bubamaricka, Cosmic Girl и Zumbulche им се допаѓа ова.
  4. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik фала ти многу за споделеното искуство. Посебно што апсолутно ме разбираш како ми е. Пробувам да го разберам има многу чувства силни и не знае да ги искаже, ама па верувај надвор некогаш на игралиште срам ме фаќа. И секое излегување е ова не, немој така, те молам немој вака, полека ќе го паднеш детето, пушти го девојчето прво беше... Некогаш си викам па да го оставам да се бори, ама тоа ако е во право, ако не е тој во право ите како реагирам, зошто знам што следи. Ќе се среди знам треба време и многу трпение и живци од нас родителите. На моменти и жал ми е малово му се радува му се смее големиов ќе му мавне една, па малово се радува мисли го игра.

    @Cosmic Girl искрено немам проблем да се бори за себе и да се заложи за себе, подобро така одколку да биде people pleaser. Нормално во граници на нормалата да не е во екстреми. Побарав совет за да знам јас како правилно да постапам, и да го насочам правилно, а карактерно како ќе биде во иднина зависи и од самото дете претпоставувам, не е се до нас, наше е правилно да насочиме.
     
    На elenaklasik и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.998
    Ве молам за совет и да споделите доколку имате искуство со ваква ситуација како мојата.

    Имам син 3.5 години, се уште не зборува, не сврзува реченици, но брои на анг. мкд до 100, ја знае азбуката на анг,Мкд, пее песнички, сите форми,бои,животни,професии,возила ги знае, ги пишува сите букви на кирилица, спелува на англиски, но се уште немаме повратна информација од него. Нити сум го форсирала за букви бројки ниту пак сум го учела, кога одиме во продавница за играчки јас земам едно тој оди одма кј едукативните играчки и каде има букви бројки тоа зема. Го влечат овие работи од мал. Знае да се заигра и со играчки други секако, но припритет му се едукативните играчки. Но ете, не знае да каже се уште како се вика, не знае да каже што сака, буквално ништо.Работам со него околу тоа секојдневно колку можам. Ако се најде во тесно ќе каже што сака и што сака да прави, но тоа е ретко. Посетува извесен период дефектолог/логопед и имаме дега за сега мал напредок за разлика од тоа што беше пред да оди на часови. Во градинка прв пат почна да оди во Октомври и на почетокот беше се океј се додека не почна да ги каса децата, да ги штипе. Сето тоа траеше среќ кратко време 3-4 дена, па се смири тоа некако, но револтот или гневот од нешто почна да го покажува дома и применува на нас. Не штипе цело време и каса, а исто и сестра му која е помала од него. Не можам никако да го смирам кога почнува да вришти, ме удира итн. Се пробавме со сопругот, зборуваме цело време тој се само смее и пак продолжува по старо. Знае често и да се гали да не бакнува да си игра со сестра му да ја бакнува и милува и нејзе. Кога е со други деца ќе се заигра, но откако ќе му здосади играта и нив ги каса и штипе. Дефектологот вели дека тоа е нормална реакција, но сепак мислам дека вака прави затоа што не знае да зборува и не знае да се изрази како што треба и сето тоа му прави нервоза. Не знам веќе како да постапам и што да направам немам памет. Да појаднам дека поголемиот дел од денот го поминувам со него повеќе отколку со сестра му, откако се роди таа тој почна да покажува знаци на љубомора, но не толку многу, се додека сестра му не почна да оди и да му се меша во играта. Си игра со играчки но најмногу игра со букви, бројки, боици, на табла со креда пишува по цел ден, како да е опседнат со азбука и бројки. Дали некоја од вас има ваков сличен проблем да сподели искуство со менени да ме поисоветува што и како да правам за да го барем малку променам сето ова.
     
    Последна измена: 11 февруари 2025
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.022
    Допаѓања:
    25.683
    Пол:
    Женски
    Си брани територија и нормално да се лути заради сестра му. Јас да имате повеќе заеднички активности со него. Не го карај ако и се пушти на сестра му, туку објасни дека таа му е сестра, треба да ја чува и да ја сака највеќе. Дефинитивно има фрустрација и тоа се должи на љубомората, таа криза ќе се надмине само смирено. Ја сум против учење на азбуки и бројки искрено, па и на втор јазик доколку не се живее страство кај што мора да се знае вториот јазик. Играјте игри многу, прошетки, театар за деца, кино, кај што ќе имате време само за него. Читање книги, рутина нека стане пред спиење да му се чита, преку ден кога треба да има мирна активност да листате книги со објаснување. Мемори играјте, слагалици. Ќе се опушти со зборување чим знае, само не го форсирајте да мора да ви одговори. Мислам дека е фрустрација или некој вид траума кај него, заради љубомора и заради градинка. Секоја промена влиае тешко кај нивните мозочиња, секоја промена треба време за да се процесира.
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.998
    Ти благодарам за советите. За буквите и бројките верувајте дека и јас сум против му ги кријам некогаш за да се заигра со други работи. Секојдневно после градинка го носам во парк да си игра, дома читаме, боиме, сложуваме сето тоа го правиме и поголем дел од денот сум повеќе со него отколку со сестра му. Ова со касањето и штипањето му е најново од пред месец дена, претходно не правеше ништо слично. Се надевам дека ќе се смири и ќе се среди.
     
  8. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    2.622
    Пол:
    Женски
    Мајка врати се една две страни наназад на темава јас прашував за гризење и удирање, има одговор од Косми многу убаво објаснето и предобри совети во однос на тоа.

    Нормално е да покажува револт заради сестричката, плус и многу емоции не знае да ги канализира и ги изразува е така со гризење, удирање.

    Не сум стручна, но можеби можеш да искористиш тоа што ги знае буквите па да седнете заедно уз игра да го напишете неговото име и да му го повторуваш јас се викам ... Моето име е... Не мора да го тераш да повтори повеќе пати ти зборувај па да видиш може ќе почне и тој. Битно не го напнувај за да нема спротивен ефект. Ама пак ќе речам не сум стручна ова прво ми падна на памет.
     
    На sikica7 и sani99 им се допаѓа ова.
  9. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.998
    Ти благодарам многу, мене секој совет моментално ми е добредојден!
     
  10. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    905
    Имам проблем… не можам да се разберам со 5 годишно дете!

    Многу сум тажна искрено,не лута или нервозна, тажна сум, не знам како да постапам.
    Последниов месец е како друго дете, не ме слуша ама буквално НИШТО, само се дере и вика ако не е по негово. Имаме гости моментално баба му и дедо му и му угодуваат ама и го караат и они веќе пошто стварно е неподнослив,па не знам дали е до нив.
    Јас сум бремена и хормоните ме удираат на најјако, не можам да го поднесам веќе. До сега не сум му спомнала нешто за бебето па да е некоја реакција на љубомора, едноставно е непослушност според мене и не знам како да си помогнам и да му помогнам и на него.
    Ни со добро ни со лошо не бидува, никако. Не се кара само со мене туку и со татко му и како за инат да му прави некој работи.

    Можеби треба да посетиме психолиг?
    Дали имате препорака за некој детски, ќе одиме за брзо во Мк?
    @Cosmi извини вака што те тагнувам ама даваш убави совети па ако имаш еден и за мене… или некоја друга ако се соочила со непослушно дете.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.022
    Допаѓања:
    25.683
    Пол:
    Женски
    А зашо не му спомнуваш за бебето? Според мене треба од прв ден да е информирано за се, да му се дава " задачи" во смисла да одбере алишта, да здипли нешто за бебето, да иде на преглед со тебе, да го викеш кога чука бебето, едноставно да се осети важен и главен.
    Да, дефинитивно со стариве полудуваат, и кај нас е иста ситуација, дома нормално ќе има и непослушност некогаш и тешки денови ама се се враќа во нормала, кога е со нив тоа е неподносливо и сите притисокот ни го крева и почнуваме и меѓусебе да не се поднесуваме. Јас затоа ич не сакам да одам Мк искрено.
    Нас во тие кризни моменти кога буквално како на ѕид да му зборуваш, ни помагало да се тргнеме од секојдневието. И пофалби, мнооогу пофалби кај нас функционираат. Занемарување на глупостите што ги прави и само бравоо за секоја работа што ќе на направи супер и повторување дека сме горди на неа.
     
    На LiquidLuna, Amore.Mio и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    905
    Не му спомнувам во смисол да му викам дека бебе е тажно кога он е лош, оти тоа му спомнуваат стари као немој да ја нервираш мајка ти, плаче бебето во меше .Инаку он знае и е среќен, доаѓа ми бакнува стомак и продолжува со глупости.
    Биравме оградици пред некој ден заедно, кога зборуваме за тоа е умен, затоа мислам дека не е некој револт заради тоа па да се понаша вака лошо.

    Ме напнува моментот кога навистина му викам по 5-6 пати со убаво дека е време да влезе внатре бидејќи треба да јаде пример, а он вика, ечи цело маало од него и никако нејќе да ме послуша.:headbang: Тежок карактер и инат е.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Случајно го видов постов, си ја тагнала другата членка :)
    Инаку што се однесува до непослушноста, на возраст од 5 години е нормално да се појави. Детето почнува да се осамостојува и се осеќа малку поспособно да речам.
    Ако кога биле помали не слушале од прва, сега се малку поголеми и си ги бранат своите потреби и желби. Успешно ќе ги откријат вашите слабости и што проаѓа кај едниот, што кај другиот и тоа ќе продолжи да го практикува. Малку поуспешно ги тестираат нашите граници и се обидуваат да ги поместат, така што нема баш послушно и од прва да послушаат, туку ќе се обидат да „преговараат“ и ќе се борат за совето. Тоа „преговарање“ секако нема да биде како со возрасен и не треба да очекуваме дека вербално ќе кажат што осеќаат, што им треба или што сакаат. Ќе го изразат тоа со однесувањето, некогаш подраматично, некогаш со испад.
    Изразот на незадоволство од мрштење, до испади на бес треба да се сфати како комуникација на детето - изразува лутина, фрустрација, незадоволство итн. Карактер сеуште не е, зошто сеуште се формираат неговите особини на оваа возраст. Ова се развојни периоди кои се нормален дел од растењето, ќе ги има и понатаму, како ќе се осамостојува...
    Бидејќи семејството треба да е средина во која се изразуваат емоциите, треба да ги охрабриме да ги изразуваат, ама истовремено да ги научиме тоа изразување да го прават на начин што е поприфатлив и кои не им штети на другите околку него. Тоа е тешка работа, бара нерви и свесно посветување, ама тоа е на крајот на краиштата она што претставува воспитување на детето.

    Како родители има начини како да му помогнете на детето, а и на себе.
    Вниманието треба да го добие од вас кога ќе манифестира добро однесување, добар начин на комуницирање и тоа ќе го наградувате (со ваше внимание и соодветна реакција).
    Ако е многу фрустриран може тоа внимание ќе го побара на понеадкватен начин- со изливи на бес и тантруми и тогаш нема да му давате внимание зошто така го наградувате непожелното однесување. Тоа значи на целосен игнор. Нема да изразите ни со гест, ни со мимика, ни со збор, ни со ништо дека неговиот тантрум ве вознемирува, особено не до степен да му удоволите.
    Некои реакции на лутина (како мрштење, скрстување раце или лупкање со нога) може и ќе ги превидите, да не речам ќе му ги дозволите, ама екстремните изливи на бес не треба да ги адресирате воопшто. Во спротивно ќе научи дека на тој начин вие попуштате и му давате она што бара. Кога игнорирате (мора да игнорираат двајцата родители) со тек на време ќе се намалат и целосно ќе престанат тантрумите.

    Второ, да поставите јасни граници за себе пред детето, односно на детето да му пренесете попрецизно што се очекува од него. Тоа е она што викаме дека децата сакаат ред и правила и се прилагодливи по природа кон нив. На вашите промени, тие ќе се адаптираат. Но треба да знаат кои се правилата и што се очекува од него. Пр. до кога сакате да се прибира дома, до кога да си легне и сл. Прво му кажувате што треба и што нема да биде ако не послуша - на пример ако си легнеш после 10, нема да можам да ти читам приказна (или што и да е што бара детето пред спиење) зошто јас сум уморна. Потоа кажаното и договореното ќе го спроведеш- ќе остане после 10, нема да му читаш.. Значи не плескање, физички казни и сл, туку со вашето однесување, ќе добие казна или награда.
    Кога казнувате, што е друга тема сосема, поентата е да му се забрани нешто што му значи, не да се казни физички. Пр. да му се забрани да игра надвор, да игра игрица и сл.
    Но имајте во предвид дека наградата за пожелното однесување има далеку поголем и подобар ефект од казната за непожелното однесување.

    Трето - бидејќи семејството не е робовладетелство и тиранија треба да му се дозволи на детето да има избор за своите постапки и одлуки ако она што го барате од него не го сака. Дајте му опции, наместо да му наредувате. Ако самото избира меѓу понудени опции, наместо да треба да послуша една која не ја сака ,а му ја немтнуваме, поверојатно е дека ќе постапи како што избрал и со памлку револт.
    Пр. ако не сака да си легне, нека не легнува, нека има избор што може да прави додека не му се приспие, а што нема да ви пречи во куќниот ред. Може сака сам малку да си полежи, да си поигра со некоја играчка или сл. но после ќе си легне.
    Размислувајте од негова перспектива малку и како вие би реагирале ако вам некој ви побара нешто на ист начин како што барате вие.
    Разбирам дека некогаш сме уморни или хормонални, или немаме време и сакаме одма да послушаат, ама тие се посебни индивидуи со свој памет и потреби кои не можат да се занемарат.
     
    На firequeenn, MikicaBt, Mandela и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    905
    Ти благодарам, ќе го споделам ова и со сопругот за да делуваме заедно, се надевам и ова е некој период и ќе помине.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.894
    Пол:
    Женски
    Во склоп на разговорите погоре за искажување чувства и беснотилок кај децава морам да ви споделам еден коментар од поголемото дете. :)

    Откако се роди бебето и месеци потоа со маж ми внимававме да не го гушкаме пред поголемиот, секогаш кога не беше тука, користевме прилика да го гушкаме малото. Знам, смешно е, ама кога имаш мал пират дома, тоа е, ќе се снаоѓаш како знаеш. :emo:
    Зашто знаете, бурен период, па и темперамент оган и да не потпалуваме љубомора уште толку.

    И еве по 2 години каков напредок имаме:
    Го гушкам вчера малиот и ме гледа другиов, јас внесена, не можев да запрам од бакнување, и другиов ми вели па мамаа аман, само X го сакаааш, мене не.
    Јас ваква :$ :wasntme: :D
    И смешно и слатко ми дојде, и ме сецна и сѐ. Ама интересно секако, дека се учи да се изразува.
    Ете што значи кога знаат да формираат мисла и реченица како поголеми.
    Затоа да знаете за помалите дека голем дел од нивните тантруми се поради неможноста да се искажат.

    Станав да го гушнам одма, ама некако ладен беше типот. 8-| :lol:
     
    На Zumbulche, LiquidLuna, sikica7 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може да ми предложите активности за 4 и пол годишно девојче во околина на Аеродром и Ново Лисиче?
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.841
    Хип хоп :)
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Каде има хип хоп во Аеродром или Ново Лисиче?
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.022
    Допаѓања:
    25.683
    Пол:
    Женски
    Хмм ние пак ја гушкавме/гушкаме малава од прв ден пред големава и обратно. До сега не сме имале ни од двете некаква реакција. Додуша кога ќе се гушкаме со голема, мало знае да се упика и да ја гушка дада :rofl: А ако јас и мм се гушкаме, улетува големото да се гушка одма
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    27.841
    Видете ги Аква Денс и dance studio abstract.
    Првите имаат во Раде Кончар и Капитал, вторите позади Бисер.
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.