Дали и кај вас на 4 години збеснуваа децава вака? Како да го фаќа инат и нервоза ако нешто не е како што тој наумил, се тепа, се бутка, за инат фрла трошки доле, ќе му кажам да јаде на маса убаво, тој намерно зема и рони, истура вода на маса, не ме слуша буквално ништо, за се ми тера инат и ми оди контра, со сите е истото однесување, не само кон мене конкретно, ужасно многу ме нервира оваа фаза што му е моментално, и со добро и со лошо сум пробала, не помага, одвлекувам внимание за некоја друга активност, ама не заборава тоа што го наумил.
Најмногу збеснува ако не добива внимание во моментот, тогаш ги прави овие работи.. А да си прашам дали сакаат надвор, дека зимава повеќе бевме дома нема енергија ни пак се радува дека ќе излегуваме, се влечка, се молиме за да одиме некаде ни парк ни ништо и само му е зборот нешто за купување, се сака, благо, вода, пица па сега и количиња не можам да го однесам во парк оти така му е направено се и сешто да има во парков и да гледа, па не се малце пари, и тезги со играчки пуканки и се скокање, рингишпил по 100 денари и само се расправаме дека не може се да се добие, а нема каде да го извам и од инает дека него не му се купува се сака само дома да седи и не излегува..
Женски дали на 4и пол години многу се лутат? Пример не е се по негово и ко ќе се налути знае да удри, зема тупањца и мава ова ни е секој ден скоро, кога бара внимание и не може во моментот да добие затоа шо ја претерува. И место да си се расплаче како секое дете ко ќе не добие се шо сака тој поинаку ми реагира. Сака цело време да играме, ние не можиме со саати само со него имаме и друга работа, не сака 5мин сам да се заигра. Е многу приврзан. И се лути исто често доколку ние двајца правиме муабет, ти ќути вика и сака само тој да е вклучен. Дали е се нормално вака да се понаша?
@Lisandra , дали оди во градинка? Дневен центар или слично? Каков е во однос со други деца било во парк, игротека, дали се заигрува? Може од старт се имате поставено дека само неговите потреби се битни и мора да се задоволени, па до максимум го користи тоа. Факт дека дека може е и карактер, ама на 4,5 години веќе е доволно големо да се заигрува само, било редење коцки, сложувалки, игри со имагинација или пластелин. Да не бара 24/7 внимание.
Оди, сака да оди си игра по малце со сите, кога ќе го прашам вели си игра, си играше со едно детенце многу често и детето сакаше да си игра и со други и малце се лутел оти не само со него, се приврзува многу. А морам да кажам најмал е во групата но таму беше оти е стварно напреднат ама другите дечиња се и поголеми и по карактер малце побурни шо тој е многу послушен и мирен. Не сака сам, бара со некој ќе најде начин да те вклучи во играта, а пример му велам сега треба јадење да се прави вели а со мене кој ќе игра, па не е убо вака сам и ми паѓа жал шо еден од нас е постојано со него. Играме се заедно, бориме заедно оти инаку не сака да бои, со животни играме и пробуваме малце да се вклучиме и тој да продолжи и после се лути прекинува и сака цртани, а не сакам мн цртани да пуштам. Како да го навикнам малце сам да е?
@Lisandra , да не случајно има страв да остане сам? Од било која причина. Ако не е тоа случај тогаш само ве манипулира колку и да звучи лошо за внимание. Дали си пробала наместо ти се вклучиш во неговата игра, да е обратно, тој да е вклучен во вашите активности и тоа без попуштање. Значи јасно и гласно. Мама мора да прави ручек, ти сакаш да и помагаш ( да мие зеленчук, подава зачини или што и да може на таа возраст) или сакаш да редиш коцки? Мама мора да ги стави алиштата да се сушат, сакаш да и помогнеш или ќе правиш тоа и тоа. Тато ќе ја мие/чисти колата, сакаш да помогнеш или ќе си црташ? Изборот толку, ни потпаѓање на плачки, ни цимолење. Малку строгост и од ваша страна.
Здраво за вдлабнатина тоа нели е додека се оформи главата до која возраст дали се консултиравте со педијатар
Она што кај мене помогна, моето беше исто вакво лепенче, беше тоа што почнав по малку да ја навикнувам. На пример, ќе почнеме некоја игра, јас и кажувам што да продолжи да прави, и викам одам да ставам во кујна нешто и се враќам за минутка, ама навистина се враќам, инаку се губи довербата. И се враќам, си играме, и викам одма се враќам, одам само да ставам тоа и тоа, па се враќам, после ова време малку по малку се продолжуваше, ама со кажување, и за тоа време, она сигурна дека јас сум тука и ќе се вратам, ќе си заврши што сум и рекла, па ќе си најде нешто плус. И така малку по малку навикнување. И реалноста е дека им е досадно сами, плус немаат толку уште алатки со кои би се послужиле да им е забавно. После како поминува времето си наоѓаат занимации, ќе започнеш ти игра, ќе му кажеш што да праи, некои идеи ќе нафрлаш. Мојата со пластелин си играше многу, форми правење, па кифли демек, па хранење мечиња, јас ќе и наместам, па ќе ја оставам кифли да праи пример, па се враќам да ги ставиме да се печат. Си треба трпение многу, ама секој чекор што сме го направиле кон осамостојување бил ваков, малку по малку, неосетно некако. После веќе и сметавме во замислите, па не бркаше сама да си игра.
Апдејт за нова ситуација, во градинка гледам дека детево цело време се повлекува и избегава да игра многу со децата, како да се плаши, на видео видов дека него го нема каде што играат децата и само го прашував кај е зошто го нема на видеото и почна по малце да ме лажи дека играл и слично, потоа дека играл криенка ама сам, јас само го прашував за да ми се отвори и да ми каже дали нешто го мачи, зошто не игра, да не има некој проблем,кога во момент бев нападната со карање од мм како само му покажувам со муабетот дека тој не чинел и дека бил проблем, јас стварно со него не можам да се разберам.. Рацете ми се фатени оти ништо не можам да прашам, да се интересирам, да го воспитам, да му помогнам, оти ова не прв пат, не можам да знам ништо, не знам како да му помогнам, оти од една страна се чувствувам како јас само да се интересирам и се треба да игнорирам за тоа како детето се понаша, немам никаков кредибилитет се чуствувам така, а од страна на сопругот од него очекувам и тој да се уклучи малце за со детето. Не може да му се рече никако ни на никој начин нешто, се си врти ако него му одговара (мм)ни малце да се искара одма сум јас проблем ако треба малце да се искара за нешто детето. Детето се буни оти во секоја ситуација тој го брани и наместо да застане на моја страна и малце да се уклучи детето добива двојни пораки, шо го направија дете без малце самодоверба, дури добива на сила да возвраќа на мене со дрскост се разбира од тоа шо го слуша од татко му, проблем се и некои манипулирачки разговори шо детето ги прави и ги има научено од така мало, на се има капаче и возвраќа. И така ништо не можам да го прашам, ни дали јадел ни дали спијал, ни дали играл со децата ни како си поминал. Ми вика прашувај ти кажа и то е то. Но јас гледам дека има некој проблем и не можам сама да го решам кога немам поддршка, пошто нонстоп отвара кавги кога и да се зборне со детето. А сакам да му бидам поддршка и кога нешто да го мачи да ми кажи, да го советувам, да го зајакнам некако да не се плаши од ништо, да си игра со сите, то ми е намерата. И се расправа пред детето повишува тон и слично. Дали јас грешам нешто???
Јас разговарам пред спиење. Сами, во тишина. И моето не зборува пред татко му. Ќе полежиме малку, и ќе му раскажам јас како си поминав на работа. Што ме насмеало, растажило. Па чекам тој да ми каже нешто. Полека почнува да се опушта и да ми кажува што се случило. Не се, не очекувам цел ден да ми го раскаже, ама нешто барем да каже. Пробај така, може и кај вас ќе успее. Татковците мислат демек машки деца и се без емоции
Знам така почнав да го прашувам по малце, како си помина дали си играше, со шо си играше, со топка дали си играте и тука веќе почна малиот да лажи дека си играл, па дека си играл сам криенка како да се крие од децата, после му реков дека го гледав видеото и го барам и го нема, кај беше со шо си играше и влегува мм и прекинува муабет, се расправа, доста не го прашувај, му покажуваш така дека има проблем некој, го тера ајде одиме вградинка само да не ме слуша нешто, за ништо да не можам да кажам или дознаам повеќе , да ми се отвори и од сосема нормална ситуација отвори кавга за и пред детето да се слуша, се расправаше викаше.
Затоа ќе зборуваш само на само, пред спиење. Мора да почне да се доверува некако. И тоа да не е како распит во полициската станица, туку разговор. Измисли демек едно пиле ми кажа дека Петар го турна Зоки, и види што ќе ти каже. Ама немој пред татко му. Најчесто не лажат, туку си измислуваат децата за да избегаат од реалноста.
И јас и мм многу зборуваме со син ми, ама тоа го правиме насамо. Некако не ми доаѓа природно пред мм како да се кочам, а и мм имал исто чувство по опуштен бил кога сњ насамо. Не е ок вака што прави мт што се расправа пред детето со тебе. Дали имате некој проблем меѓусебно па затоа детето да се повлечува? Каков однос имате со мт, сведок ли е син ти на чести кавги меѓу вас? Не сакам да ти набивам чувство на вина навистина само е многу битно да го откриеш коренот на проблемот, па затоа треба да ги размислиш сите околности. 2 пати син ми беше сведок на малку побурна расправија меѓу нас еднаш беше во кола и само ја сврти главата на страна и ќутеше а вториот пат беше дома си замина тој во неговата соба и ќутеше. По ова искуство сфатив дека ако често е изложен на вакви ситуации може да се повлече во себе и од тогаш кавгите ги оставаме за кога ќе заспие, ако не може да се стрпиме во моментот еден од нас излегува некаде или јас најчесто одам на тераса да си дојдеме при себе