Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Татко му е секаде, не сум ни пет мин сама со детето, нон стоп слуша во ништо не учествува, глуми совршеност кога се гледа дека има некој проблем, јас барем гледам дека треба да се реагира да му се помогне, преку разговор со поттик да не се плаши, да ужива како секое дете, да се ослободи , да не се стега. Ако има потреба да посетиме и психолог.Кога и да прашам ама само да прашам како помина и толку веќе сум прекината во муабетот. Едно време се ми кажуваше од градинка шо се случувало, тогаш ме послуша и застана на моја страна и се свртија работите кон подобро детето стекна доверба. Се опушти, сега пак се вртиме во круг.
     
    На Mother of 2boys и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Да можам да кажам дека многу често се реагира пребурно пред детето и најчесто немаме некој меѓусебен проблем освен детето, ама започнува кавги и сега јас или треба да поќутам или ќе се вознемирам и јас навлегувам од после. Тоа дете не треба да го гледа и најчесто сме со различни мислења, но забегува во крајности. Со дерење и неконтролирана.
    На пример пред ова да се случи имавме муабет дека детето треба малце и да се остај самото да си поигра, самото да одлучува шо сака и јас предлагам како да пристапуваме на некој проблем е и од тоа се отвара кавга, од ништо, малце да го поигра е па тој да си продолжи да се остава самото малце, да не е зависно цело време од нас, со шо му велам сега имам работа не можам поиграј си нешто со играчките е на тоа добивам и тоа дека не одговара, мојот начин на размислување и нема благи разговори туку веднаш кавги.
     
    На Mother of 2boys и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Сакам да ти пишам порака, ама заклучено е.
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    6.678
    Пол:
    Женски
    @Lisandra , дали поминувате време со детето 1на1? Да го однесе едниот во парк, или на пазарење, или било каде? Што би се рекло еве ти во слаткарница да седнеш со него и да си разговарате?

    Може дека нашиве работи се такви и ретко кога сме двајцата заедно со детето, со исклучок на викенд, навикнати сме да функционираме со детето 1на1 преку неделата.

    Инаку може и да е некој страв ако често слуша викање, кавги и да се повлекува. Прво поработете двајцата како родители и одберете страна и начин на кој ќе се однесувате. Земањето различни страни во воспитувањето нема да донесе некои добри резултати.
     
    На Cosmic Girl, Mother of 2boys, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    5.743
    Помали се моите ама уште од 2 години се жалат нешто дека ги боли рандом. Посебно кога ќе ги сакарам одма почнува да ги боли нешто. Што знам, не сум секогаш сигурна дека измислуваат, се познава кога стварно ги боли, повторуваат почесто, покажуваат каде, кенкаат а кога измислуваат ќе кажат еднаш и ќе се вратат на лудување.
     
    На Pvad22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Треба да е уклучено, како да уклучам??

    Ретко поминуваме сами со детето, такви ни се обврските завршуваме и шетаме заедно.

    И јас мислам дека е од тоа, не треба да слуша викање и само контрање, треба почитување и многу да се работи, јас баш ќе поработам кон тоа да правам асолен муабет со него дека со викање и покажување кој е попаметен само ништо не се решава, мора од тоа да иди тоа да е коренот на проблемот, заеднички да решаваме оти вака ништо не сме решиле..
    Кутро дете

    Тој не ни го свати муабетот, влезе слушна нешто и започна кавга, за се сака да се ќути и ништо нема проблем, се е совршено.
    Не треба кавги разбирам и дека од тоа иди се.
     
    На Mother of 2boys и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.985
    Допаѓања:
    4.800
    Ова со маж ти мора да си го решиш, ќе седнете ќе зборувате да си најдете заеднички јазик за воспитување на децата. Прашај го зошто така реагира.

    Како заклучи дека во градинка детете цело време се повлекува, ти кажале учителките? Ако не ти кажале, не мора да значи од едно видео дека е така. Ќе разговараш со учителките и нека ти кажат. Дали можеби премногу ги анализираш некои ситуации, велам во ред е да анализираш, ама да не станува опсесивно. Мојата е помала 3г и 3м, во градинка на родителска не советуваа преку игра да дознаваме што се случува со нашето дете во градинка. И мојата ништо не ми кажува. А вака па директно ако ја прашам како ти што си го прашала нема ни да ме погледне. Скоро па никогаш не ја прашувам, како си помина, дали си играше, со што си играше. Најчесто ја прашувам денес кој седеше до тебе или на твојата маса. Или ќе седнеме ќе играме со кукли и ја прашувам, имаш ли ваква во градинка. Или ги местиме играчките и им даваме имиња на децата од градинка. И после ваква игра се развлекуваат некакви зборови, што правеле и како се осеќала и сл. И се согласувам дека навечер кога ќе легне во кревет најмногу кажува за како и поминал денот, ама јас повеќе слушам не и зборувам не ја ни препрашувам премногу, пошто нема да ми одговори и може и да не продолжи. Едно дете имаме, па го има оној „синдром“ на едно дете, не дели, лутка е, знае да замавне кога не е по нејзино, разгалена офкорс, а збори многу и некои работи ги перцепира како возрасен и тогаш многу ме револтира, па дишам и викам чекај сепак е дете. Анализирам и јас, ама не носам заклучоци затоа што немам факти, цело време сум во грч дека во градинка ја одбегнуваат затоа што е таква сака да шефува и стално си замислувам дека сите си играат заедно, а она си седи сама, не знам зошто такво чувство сум добила. Е пред недела дена беше на роденден кај детенце од градинка, маж ми ја носеше и имаше задача да ја следи како она ќе се однесува, а како другите деца со нејзе. И кога влегла славеничката и го извикала името и се стрчала се изгушкале ко да да се сестри што не се виделе 30 години. Мене не ми се веруваше искрено, ама душава ми се згреа. Кога е со нас е друго дете. Затоа верувам дека во градинка се сосема поинакви. Зборувајте за чувствата преку игра, најди некои сликички, некоја приказна, со некој што е лут, тажен, среќен, исплашен. И најди други начини да дознаеш што се случува, немој со директни прашања затоа што не им се збори за тоа, не ги интересира.
     
    На elenaklasik, Cosmic Girl, Tiny Love и 2 други им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    24.318
    Пол:
    Женски
    Такво е детето, таков е карактерот, моето исто првото вака, исто потполно како што опиша, в градинка во никоја групна игра не учествуваше, на приредби само тој не беше вклучен, не сакаше да бои таму, само настрана седнат до учителките. Вака како тебе исто се прашував дали е во ред, на последниата приредба лани пред да одат за првачиња одвај го убедиме 1 строфа да кажи, прв беше, ја кажа заедно со учителката за рака и толку, имаа уште 3 4 песни во ниту една не играше, си дојде кај мене в публика. Малку се опушти после 4 год, почна да игра во игротека иначе нејќеше ни да влези, на сите родендени плачеше и до мене седеше. Прв пат свеќа дуваше за 6тиот роденден, сега декември дотолку мразеше родендени. И пак си е таков повлечен, е опуштен ама таков е карактерот и крај. На школо соработува се, учи, добар е ако е најмал од сите. А еве сега ќе имаат патронат и пак не сака да учествува, па нз што ќе направат, дали ќе го убедат.
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    @Lisandra убав совет ти даде @Mucika

    Некогаш на деца од претшколска возраст им е тешко вербално да се изразат како се осеќаат.
    И да лажат или измислат одговор им е полесно, отколку да зборуваат за своите емоции.
    Подобро ќе се изрази низ игра дете од оваа возраст. Слушај го кога си игра "Ко бајаги" игра, кои се ликовите во неа и какви ситуации и дијалози има меѓу нив. Посебно на емоциите обрни внимание.
    Ако сака да црта и тоа е добар начин да видиш што осеќа - цртежот.

    Инаку ова со маж ти што не сте усогласени околу тоа како да се однесувате кон детето мора да го исправите што побрзо. Пред него мора да сте како едно и да се поддржувате еден со друг. На само може да дискутирате и да се критикувате еден со друг но не и пред него.
    Можеби имате различни мислења за тоа што му треба на детето во моментов, што не е нужно лошо. Но треба да се ислушате еден со друг, да разговарате, споредите и заедно да одлучите како ќе се поставите кон детето.
    Никој родител не добил готово упатството како да го воспитува детето што го добил. Некогаш ќе наоѓате соодветни мерки и начини попатно, зависно од ситуацијата и детето. Можеби начинот на едниот родител ќе се покаже како поефикасен, може не ама треба да се проба.
    Но најлошо од се е ако се сомнева бар еден од родителите дека нешто се случува си детето на психички план или дека има било каков проблем тоа да се игнорира..
    Секогаш е подобро да се следи и да се реагира порано. Ако маж ти смета дека претеруваш, разговарајте зошто мисли така. Дали можеби мисли дека нема проблем или знае дека има ама дека ти не го решаваш на соодветен начин? Мисли ли дека на тој начин ќе го влоши проблемот? Што предлага тој да преземете?
    Еден на друг бидете си контрола, никој не е совршен родител..
    Секако детето со своите постапки и однесување ќе ве насочи каде грешите а каде добро постапувате.
     
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Имало многу ситуации, кога и да се видиме со децава од градинка и порано имав пишувано, дете го бара да си игра, го прашува го сакаат многу тој во една ситуација се расплачи, во друга сака да седи до нас, не оди да се поздрави ништо од тоа, а идат децава, не бара нас да сме тука до него. Во градинка играше само со едно детенце, шо многу се поврза со него и кога детето реши да си игра и со други тој плачи и се нервира, се лути. Малце комплицирано е се. И јас пробувам да разберам некои работи. Му ја сменија учителката како најново е сега и не спие на дремка неколку дена.
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Му се менуваат нештата, луѓето (велиш учителка, другарчиња) околу него. Може се нема заради тоа адаптирано сеуште. Не се осеќа сигурно зошто гледа промени во рутината што ја имал.
    Ќе се стабилизира и во градинка кога ќе помине малку време ама му треба и ваша поддршка.
    Вие дома мора да му ставате до знаење дека сте тука за него. Тоа што бара да сте заедно е израз дека има потреба од сигурност и дека ја бара.

    Играјте заедно, ама и различни активности правете заедно. Некој спомна заедно да готвите, месите или средувате. Не мора да е со играчки секогаш таа активност. Може да е и надворешна активност.
    Сето тоа е добро.
    Доволно е да осети дека сте тука за него, кога и да му затребате. Не мора да инсистираш да зборува ако не е спремен, доволно е да му кажеш дека што и да биде вие сте тука за него.
    Вашето присуство е она што му влева сигурност. Обидете се да не му правите драми и кавги дома
     
    На elenaklasik, lovely91, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Може и јас претерувам но пробувам да го разберам детето, да го исправам, но тој ми вика остај го детето да биде дете и пробај ти односно јас поинаку да го воспитуваш, односно мојот начин не чини, а неговиот воопшто го нема, кога и да зборнам нешто сум корегирана и анализирана како и шо кажувам, секој има различен начин на комуникација, ама пак тој не дава ништо од себе и му реков и ти да пробаш повеќе да се вклучиш јас чекам и на тебе заедно да се преземе нешто, оти има социјален проблем детето, и така.
    Ти благодарам многу и ќе исчистам се ова некако да го разберам и јас малце да се корегирам.
     
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Не може да не се реагира никако.
    И секојдневното однесување и вашите заеднички активности се реакција.
    Многу подобра реакција од вербалната
     
    На Mother of 2boys и Lisandra им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    9.308
    Пол:
    Женски
    Затоа реков да зборувате со маж ти, дали смета дека нема проблем или знае дека има ама смета дека треба да се адресира поинаку?
    Ако смета ова второво дека во прашање, тогаш не може да не направи промени во своето однесување и во вашиот однос кон детето и нив да ги прилагоди на потребите на детето и едноставно да чека да се решат сами.

    Мора да сте двајцата во процесот вклучени.
    Не може целата одговорност да ти ја препишува само на тебе. И кажи му ако има критики за твојот начин на воспитување и комуникација со детето да не ги кажува пред детето. Тогаш се руши авторитетот на партнерот, се даваат двојни пораки и имате совршен рецепт за размазување дете.
     
    На Mother of 2boys и Lisandra им се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.985
    Допаѓања:
    4.800
    И да не спие на дремка е во ред, мене ми се смени колешка на работа па не можам да се прилагодам, не па дете. Мене ми личи дека детето е многу свесно. Замисли пример во една фирма кога ќе се смени менаџмент, колку од вработените имаат анксиозност и не спијат навечер додека не се прилагодат на новата средина.

    Помала е мојата знам, ама многу слично се однесувала во некои ситуации. Само јас не сум го видела како проблем, јас сум била многу повлечена и сеуште сум. Она пример не е толку повлечена иако и треба неколку саати да се заигра со некое детенце, ама е мноооогу претпазлива, па така се што играат другите она се плаши и не игра со нив. Сама па да пријде на некој, тоа некој сајнс фикшн за нас. Еве и со наши луѓе кога сме на гости или имаме гости, она е повеќе со возрасните отколку со децата. И нон стоп бара некој од нас да си игра со нејзе, во игротека сеуште ме бара со нејзе да влезам. Ако и земат играчка и е сама се трга на страна, ако сум тука и и земат играчка може косата да им ја искубе. Бевме во странство на гости, имаат две дечиња, она нон стоп се лутеше ако они не играат само со нејзе, само со нејзе смее да се игра, со друг никако. И се фрустрирам, многу се фрустрирам некогаш, мислам дека сум постојано на штрек, ама го сметам за нормално детско однесување, мое е да и објаснувам и научам, но не очекуваме инстант резултат.

    И знам дека знаеш за цртаните, ама јас лично приметувам огромна разлика кај мојата макар гледала и по пола саат на ден цртани и тоа исклучиво на тв што има тоа. Не јутјуб или телефони. Ако ги тргнам скроз 3-4 дена, после како да имам друго дете, кое е поприсутно, кое знае што сака, кое само се заигрува, не избувнува, слуша повеќе и комуницира повеќе, ама тогаш сум и јас поприсутна. И зборувај со маж ти, но не со тензија и со намера да се карате и докажувате кој е прав крив, кажи дека си загрижена и дека сакаш да смените некои работи во однос на воспитувањето.
     
    На Трагедијаупмм и Lisandra им се допаѓа ова.
  16. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Да , на мешето се жали или на коленото (facepalm)
     
    На Pvad22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    6.477
    Пол:
    Женски
    Веќе повеќето ти кажале се што имам да ти кажам па да не се повторувам само ќе додадам уште нешто ситно. Очигледно е таков карактер син ти душа мала таму не можеш многу да сменеш. Пробај периодот да правите некои активности двајцата сами надвор од дома, за да имаш ситуации каде што ќе се поврзувате посебно со него ти и мт, тоа е многу битно. Не може и не е пожелно да имате иста релација, ама убаво е да има заеднички теми со тебе, и заеднички со мт. И теми и игри и активности надвор од дома. А за мт и самата си свесна дека таква комуникација води на полошо и мора најскоро да се прават промени. Можеби и ти си претерала со прашања и го напнуваш син ти зашто си загрижена, и нормално е јас целосно те сфаќам, ама може со тоа шириш некоја токсична атмосфера дома и ете мт реагира бурно. Не ја оправдувам неговата реакција никако. Ама ти кажаа пробај преку игра да ловиш информации не директно, или некој период закочи со испитувања и обрни внимание само на поврзување со тебе и детето надвор од присуство на мт. Убаво е што стално сте заедно ама ете еднаш-два пати неделно може да си имате посебно дружби. Јас верувам дека си препосветена мајка те читам долго и ти се восхитувам на трпението и на анализирањето на се. И не го очекувај тоа од мт, машки мозок тешко дека ќе е како нашиот, кај нив се е океј. И плус повеќе величат кон перфектност од нас, ние сме по реалистични со децата. И мм е таков кога и да му спомнам за некој сомнеж кај син ми тој ќе ми каже 320 докази дека не е така, а тоа дека е не го гледа. Опушти се малку не размислувај еден период толку длабоко, гледај да правиш пријатна и забавна атмосфера дома, да осеќа детето сигурност и поддршка, а и да гледа љубов меѓу вас. :l:
     
    На Cosmic Girl, elenaklasik, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу стварно си :l:
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.970
    Допаѓања:
    10.073
    Пол:
    Женски
    Како се справувате да одговорите на прашање кое реално не го знаете ни вие одговорот?
    Вчера, ќерка ми, 3 ипол год ме праша "каде сум била јас, кога ти си била дете и си живеела со баба и дедо?"
    Се погледнавме со маж ми, ја ќутам туц муц, не знам мама и викам, среќа маж ми покреативен и вика на журка беше со сите дечиња, чекавте да ви отвориме врата да излезете.
    После тоа заврши муабетот ама некако неспремна ме фати дете од 3 год. Не ми се свиѓа како изреагирав, а одговор секако вистински немам.
     
    На sani99 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    1.882
    Пол:
    Женски
    Мана вака ми беше кога ме праша ,,мама а кај е твојот татко(починат ми е ) и некако ем не сакам да и измислувам работи околу тоа ама и премала беше да ме сфати па и го кажав добропознатото кај дедо боже не чува ама некако се осеќам дека тоа не е правилниот одговор.