И јас така мислев ама супер поминавме, брзо бива и знаат како треба со деца не се секирај. Што испитувања ви дадоа? И моиве спијат немирно и со будење со плачење ама никад не сум помислила дека треба нешто да испитаме.
Недостаток на витамини А за почеток да почнеме со Бкомплекс сируп затоа што она се буди и седи... будна ноќе. И на пример не можам да ја успијам без хистеришење веќе 2ра година. И гледам разлика кога е одморена и кога не е. Се приметува скроз различно дете. Тантрумите и се намалени во текот на денот, и полесно прифаќа заспивање, и дремка некогаш дури има. И затоа ми е на мисла веќе многу долго време.
Ајде со лесно да е, да си го најдете чарето, ќе прашам и јас за овој сируп матичната што ќе каже. Инаку да, исто е кај нас, дете наспано со дете ненаспано нема споредба. Ама решија мајмуните да не спијат денски во нормално време а да ми спијат у 5 и да дремам до 12 нема да може. И ако ноќта си отспијат 12 саати бројот на моменти на очај драматично се намалува, ако не, цел ден е хаос, од сабајле до вечер.
Луна, што ви дадоа за испитате? Големиот на 2г прв пат инфузија примаше и лежевме во болница, му земаа и крв од вена, урлање беше, ужас невиден од вриштење, ама се издржува, го држиш и смируваш, друг спас нема.
Родени се еден за друг овие Ќе си спијат по 12 саати и ќе тераат нормално, нема да се скараат Ух ох, да видам ливчето шо даде па ќе ти кажам точно...
Хлорамфеникол маст мачкај во носот 2-3 дена навечер коа ќе заспие. После направи пак брис, а можеш да намачкаш и пред брисот и треба да покаже негативно. Ова мене ми го кажа матичната кога имаше мојот бактерија во нос, дека не треба терапија, а ми требаа чисти брисеви за во градинка.
Утешете ме дека на 3год дали скок или тантрумите брзо ќе поминат Сум заборавила со големото дете, ама тој од што беше бубалче не следев ништо. Ова малово наплаќа за двајцата! Пред недела наполни 3 год и од тогаш почна. Акнување од земја, вриштење, ај тоа што пребира јадење препишувам на тоа што е поднастинат ама и со тоа ја претера. Се да е по негово, ако речиш не, готово од земја е треснат. Се надевам дека е само тантрум и нема да остане карактер оти и карактерот не му е за фалење
Женски, во градинка јади сам, дури и прв сака да изеде дома сака некој да му дава... Му велам ајде треба да јадеме, а мене кој ќе ми дава прашува и го оставам за да си јади и почнува да плачи и вели епа не јадам и не јади. И пак после го чекам да му се пријаде и ми е грев дека ништо нема да јаде и му давам. Никако не сака сам да јади...
Исто имам дома една инаетчика и вриштачка, 3г3м. Го имаше вриштењето летово, зимава беше добро, сега пак. Вриштење и рикање на цел глас пропратено со легнување на земја за свашта. И додека трае тоа мене тахикардии на најјако оти се стегам за да не ја изнаплескам салам оти баш заслужува... За јадењето не знам, мојата цела година веќе изведува со не јадење.
Ја опиша целосно ситуацијава наша Денес не можев да издржам, го плеснав. Од сабајле до попладневна дремка вриштеше за се и сешто. Плус и за телефонот на брат му, а тоа му е забрането да го користи. Ми идеше да си каснам од после тоа, ама бидна. Јас сум нон стоп 24/7 сама со нив и некогаш навистина спој добивам.
И јас сум сама со мојава цело време, ама и да има некој бре, еве кај моите сме, двајца луѓе во собата, она само трча по мене како некое лево сметало Не дава газот од столот да кренам, таа веќе тргната е пред мене накај вратата да се влечка кај што ќе одам јас, да кажам поточно, најчесто мочање. Па не сака ни на шетање да оди со баба и или дедо и. Само со мама сакам Епа ќе си седиш дома Најново кај нас, еве веќе цела недела, во иста боја од глава до пети буквално, значи до стегач, чорапи, се'. Ако не е така, ГОРИ БАЛКАН Еве во моментов носи МОИ чорапи, оти цела е во црно, е немав чорапи црни нејзини, наденавме мои Среќа имам мала нога, да не личи на партал Ама вака кога ми прави пред излегување со облеката, како сабајлево на пример... Абе 100 пати се покајувам што сум решила да тргнам негде со неа! Ама ај да го прошеташ, греота детето
@Emy867 дај да ги здружимеЕден ден ти, еден ден јас за чување. Ние навикнати, тие иста сорта. Првата плачка наутро е облеката. Ако ме му е по ќеиф, стартува. Мајка ми вика ти си крива. Абе знам, фала што ми кажа. Ама да си еден саат со него ќе го истрпиш, вака секој ден, ќе си речеш, ај упм нека носи што сака. Не се издржува, а околинава не сфаќа. Потоа плачките продолжуваат ако брат му накриво го гледа, седи на неговото место на кревет( оти нели креветот со потпишани имиња ни е) па и тој го провоцира, па јадењето му е бљак, па акп треба да се спие. Еее тогаш врвот е. ем му се спие, ем не попушта...... Секој ден, цело време.
Викаш со 2 исти такви створови нема да не стрефи некое лудило? Не дека сега сме баш најнормални, ама пак се трпи некако Твојот барем дремка има, оваа на 1.5год батали и дремка и бутури. Нема спомени од спиење 12 саати залепена е за мене, мамо, мамо, мамо, мамо, мамоооооо 21ч кога доаѓа, абе една радост што ме облева да знаеш
Изгледа е до БКомплексот ама почнав да ја успивам за релативно нормално време. Сакам кажам, вчера заспа за 6 минути Ретроспектива на последните 3 дена, саат, па 40 минути, па 6! Ај сеа сите Антиурочувачки работи да ги напраите, поплукајте, попрскајте со света вода