Каков Б комплекс даваш? Цел ден е на нозе, а навечер два саати муабети в кревет. Да ги намалиме и ние сатите за успивање
Е ова никад не ми било проблем, само 5 секунди да затворат уста и заспиваат. Некад 50 мин ги чекам да затворат ама добро, барем не роварат не скокаат Вака денски има разлика во "темперамент"?
По препорака од педијатар ми е Има бе, еве ја седи мирна и бои со водени боици. Не се расправа за се нешто. Генерално посмирена е.
Како за мојава да збориш, нели баш ја виде. А со други луѓе надвор од градинка како е? Мојата е со селективен мутизам. Ама мора да најдеш некој ептен упатен за овој проблем, ние за жал немавме успех никаде до скоро. Сега нема да зборам пред време ама имаме напредок, а и најверојатно причина поради која дошло до се ова. Само ќе ти кажам едно, еве како паталец, нешто се има десено(не мора да значи дека е во градинката) што ја има: исплашено, навредено, направено да не се чувствува убаво едноставно во моментот. Пиши ми пп ако сакаш. Јас моментално сум во една фаза кај што сум пресреќна што имаме чекор напред... Како детево преку ноќ да ми се мења... Со секој нов ден, нов напредок.
Го надминавме ова ама фала ти премногу. Сега уста не затвара ни во градинка Мило ми е за вас. Браво. Ќе успеете
Може не сум во тек, што мака имавте? Сакам да кажам, не е нормално по 40 мин да се успива? Спиењето се помирив дека е такво, спие околу 10-11 саати навечер и околу 1 саат попладне. Но, навечер станува минимум еднаш. И успивањата и се од пола саат до саат. И никогаш не е уморна. Да седне да бои? Научна фантастика. Ок, можда 5 мин само. А и, пу пу пу!
Другарка вика за нејзиното дете ова, пижами, мочкање, миење, раце, заби, ставаме вреќа, бакнеж од мама и тато и за 2 минути е детето заспано само. Јас ваква Зар постои нешто такво, кај нас успивањето е хорор. Ако вртиме сликовница 284728 прашања има и уште повеќе се продолжува успивањето. Сум пробала и со цртан на Тв, не упали. Може пола ноќ да си гледа. Е спие 9-10 часа без станување ноќе. Дење ако ја оставиме и 3 часа без проблем ќе си спие ама гледам максимум 1,5 час да е спиењето.
Нормално е по 40мин, не по 140 минути или у превод у наши саати по 2.5-3 саати да се успива. Стануваше по 40 пати ноќеска, овие 2 ноќи нема ни станато шо е прекрасно. Нова рутина имаме Една приказна читаме и гасиме светло. Негодуваше ден два Ај уште една , уште една, ама се навикна и така тераме
Мене дефектолог нон стоп ми потенцира дека не е нормално да станува навечер, а еве ве читам повеќето стануваат на таа возраст. Уште се буди, некогаш има ноќни терори, обично продолжува одма, бара млеко… Се успива за 10тина минути. За друго дојдов, се облекуваат/соблекуваат ли сами? Мојата нареден месец прави три, абер нема да соблече/облече јакна, патики, ама повеќе и е како од мрза. Ќе почне и ќе треба да се помачи, уфф мама ај ти, не можам тешко ми е. Ако и речам мораш сама, спремна е да седи така облечена. И за тоалет уште не кажува, односно кажува ама не сака да оди во вц да кака/мочка… Ептен ми е стресно веќе, нон стоп размислувам нешто да не не е во ред.
Ако ти е за утеха: Ќе се среди... Ти опушти се и во игра. И моите две каснеа со се сега се понапред од нивните врсници. (Јас цело време мислев дека се машки и лењави затоа касниме) Ама не можат уствари сите деца исти да бидат. За големиот во третата година не се знаеше ни ден ни ноќ за спиење уште и ние трчкавме по него дома, да го облечеме, да го нахраниме... буквално само што наполни 4ри години во две недели созреа, почна да се понаша како учениче по дома се сам. (Сам спие во соба, сам јаде, сам се облекува - соблекува, сам се бања, сам мие заби буквално се сам) И нема тантруми, си бара решение ако не може нешто, мора да може нешто друго. Станува во текот на ноќта порано накај 10,11..., ќе дојде да види дали спиеме и се враќа презаспива.
Од пред 3 недели почна да се жали од болка во меше. До дега никогаш се немаше пожалено. И јас во паника сум. Почна нешто да се стиска да не пди редовно во тоалет. Ајде па запек, од тогаш приметувам има тенка столица, вчера па пролив. Како да не се до искака до крај. Некако е нервозна само мрда… и од време на време се жали на мешето. Се жали околу папокот и кога го собере стомачето ја болело…
Зошто не е нормално, што е причина и како се средува, ти кажале? Не знам кога почна, 3 ипол е сега скоро, АКО САКА, знае од гаќи, чорапи до јакна да облече. Сеуште ја облекувам јас најчесто, стално брзаме и не можам да чекам.
Конкретно уште не ми кажале ништо, ама се сомневам дека со АДХД е поврзано, и можеби дека однесувањето преку ден се должи на неквалитетен сон односно спиење. Дете треба да е најадено, наспиено за да може било кое однесување да се гледа од друг агол, па затоа и ова ми го спомнаа.
Дали имате заприметено и нешто друго преку ден, како се однесува?? Да пробаш да даваш б6 по едно навечер.
Дали многу се лутат на 5 години, оти син ми постојано е лут и нервозен, значи во градинка супер поминува како шо велат учителките си играл, јадел се, мирен премирен и го земам со душа чекам да го видам тој од одма се лути, се бунтува за се, не можам да го гушнам, ништо не ме слуша, прави само некоја беља низ дома и прашањево сега шо ќе прајме дома, а кога е дома и не оди некој ден е се супер, весел, не многу послушен но не е битно нормално дете е , ама после градинка дали не е убаво одморен кога спијат и е изморен, но е како друго дете и постојано прашува дали утре ќе оди во градинка како да не сака да оди.
Го имаш одговорот. Не сака да оди во градинка. Сега е убаво времето, после градинка прошетајте во парк, на лулки. Купете сок, вода да пие. Или нешто за јадење. Кога не им се допаѓа ручекот и ужината, децата се гладни и незадоволство го искажуваат со лутење. Јас секогаш кога ги земам имам сок или вода и им давам. И штом ќе ми побара чоколада знам дека не јадел. Па одиме право дома на ручек, па после на шетање.
Дали имате проблем со послушност на 3ипол години? Знам дека имате уствари, ама мислам дека 95% од времето ништо не слуша тоа што ќе и се побара и каже. Дури и за сериозни ситуации, како поминување улица и држење за рака. Други по наивни ситуации се кога не сака да се облече/соблече, бања, мие заби/раце. Пример намерно ги облекува чевлите наопачки и го одолговлекува излегувањето надвор. Или ќе каже сакам да одам, ќе се спремиме и да се облекуваме на врата, ќе рече сега не сакам. Кога и го чистам носот со правосмукалка (не се бунтува за ова) застанува до мене и ми се смее и намерно се враќа наназад за јас да се влечам со цревото по нејзе. Не сака да дели играчки. Иако не сум премногу напорна со ова, сепак и давам до знаење дека некогаш треба да дели. Дури и туѓото не го дели. Вчера си играше со 2те деца од приајтели, скоро на иста возраст се сите, они имаа 3 мали топчиња, мојата ги зеде сите 3 и не сакаше да им ги врати, сакаше по нејзино да си игра. Кога и зборувам дека не се нејзини и дека може заедно да играат или прво таа па тие она се лути. И уствари јас многу губам трпение и се нервирам, најчесто во себе, ама вријам. Ги гледам децата околу нас, не се такви, не знам како да и го променам ова однесување. А може си е и карактер. И кога нешто ќе и се забрани, пример нема да добие чоколадо или нема да одиме на игралиште или не смее да отвара во фрижидер, прави драма и се лути. Во градинка оди, таму е се ок, често сме надвор кога е убаво времето, се дружиме со пријатели со деца нон стоп, дома исто и се посветува внимание, цртани не гледа, има енергија и не застанува, зборува и разбира премногу. Дури јас некогаш се срамам од однесувањето нејзино, возевме точак и застанавме до едно штотуку проодено детенце со баба му, детенцето застана до нејзе и и го чепкаше точакот, и реков ај заѕвони му со ѕвончето да му биде интересно, она рече НЕ! со намуртена фаца, детенцево после и го чепкаше багажникот од точакот она се сврти и му ја стави раката да не и фаќа на тоа место. Вакви ситуации ни се секојдневие, и ај кога сме со „наши“ луѓе не ми е толку непријатно, ама кога се случува ова со не познати ми е многу криво и незгодно. Знам дека се деца, ама не можам да најдам една причина зошто има вакво однесување, се плашам дека ќе ја одбегнуваат од што премногу шефува.