Се гледа дека не ми се работи, па цел ден си пишувам. Немој да се срамиш, ќе помине тоа. Дете е, си ги брани нејзините работи. И нас не ни е убаво кога имаме гости дома, па да ни чепкаат по плакар или по шминки.
Ај да ме посоветувате малку Ќерка почна многу многу да се распрашува за свекор и свекрва ми, починати. Не баш секој ден, ама еднаш у две недели бара да и кажам кај се. Вчера беше ептен детален муабет со "Јас ќе ја видам ли баба на небото" "А она ме гледа ли мене" "А ме гушнала ли" и сл. Пробувам да ги закрпам муабетите колку што и разбира главчето и ѝ реков На небото. И кај била на небото? Таму викам на едно облаче седи и те чува. И ме рокна "А како ме чува ако не ме гушка". И луѓе веќе не знам што да одговорам, дајте помогнете ми 3 и пол години е скоро, не очекувам вакви муабети аман
Тргни ме и мене ако добиеш соодветен одговор. Јас му кажав дека дедо е ѕвезда на небото кога имаше три години. Свекор само што почина. Е сега после три години сеуште прашува, каде е дедо, како стана ѕвезда, ме гледа ли? Сакам и јас да станам ѕвезда ми вели. Не знам да те советувам, внимавај што ќе кажеш. Твојата е мала, ама мислам дека од 3 години натаму се сеќаваат на многу работи кои сме ги кажале, до каде сме биле, па и до облеката и обувките на другарчињата во градинка им се меморирани. Мојот сега ќе прави 6 и упорен е во добивање на точниот одговор. Не сакам да му спомнам смрт, бидејќи си мисли дека кога е болен може да умре. Ако јаде со нечисти раце дека може да умре. Во градинка играле некоја игра, и си доаѓа дома и вели, Мама Лана умре. Јас: што како? Па легна и умре ми вели.
И јас сакав, ама немам пиштол. Се јавив на пријателка да го праша нејзиното што се случило. И тоа кажа дека умрела. Па после ни кажаа дека таква била играта. Леле сега пишувам и се смеам сама кога се потсетив
Исто ,4.5 г е си играат со другарчиња. Умре и докторот ја излечи Не сфаќаат уште што е тоа ,мене еве сеа дедо ми почина и бев само онака дома мамјка ми и тетка ми дојдени беа а пред една недела додека уште беше во болница дедо ми бевме и тогаш и кажав дека е во болница. Сеа не ја земав ми вика мајка ми зошто не ја донесе и викам како ќе и кажам кај е дедо и. Па во болница ,а вас викам нема да ве види какви сте ? Плус за еден месец јас ќе треба да идам во болница (пораѓај) знаеш ли колку филмови може да си направи ? Ее па така е.. Не знам некои луѓе како ич да не мислат Инаку татковиците и мене и на мм ни се починати и знае да праша а твојот татко каде е. Со дедо Боже и викам на небото и од таму не чуваат. На коментарот дека сакал да стане ѕвезда би рекла дека ,,сите некогаш ќе бидеме ѕвезда ама треба првин да остариме имаме деца и сл.. ама па и тоа е нож со две острици после може сите стари за така да ги гледа Оф не знам треба да се внимава многу...
Тешко е да си родител, најтешката задача во животот. Јас кога немам одговор му велам : прашај го татко ти
Мм го корости тоа прашај мајка ти. Пример го прашува него а каде е твојот татко он и вика заедно со таткото на мајка ти. Она пак ама каде ,прашај ја мајка ти ...
Ај добра си на време си ја фатила. Смотај приказна и терај со таа. Мојата нема дедовци. До пред некој месец не ни збореше за баби и дедовци. После почна моите баба и дедо живеат многу далеку, пробав да и кажам дека дедо и е горе на небото, не ме исперцепира. И сега… ми вика, “моите дедовци живеат мнооогу мнооогу дааалеку (па пауза) во земјата!” И тоа мртва сериозна. Ако може некој од ова да ме извлече нека повели од каде и е не знам стварно
Како синко да го опиша од збор до збор, 3 години и 5 месеци, со тоа што кај нас плус ако ни дојдат гости си крие играчки во друга соба што не сака друг да му ги чепка. Иницијално за се е не, не сакам... Кај нас помогна давање избор во смисла време е за миење заби сакаш јас да ти ги измијам или сакаш сам!? Ако негодува смирено, ама со построг тон истото повторувам за да знае дека нема друг избор. Или ако излегуваме сакаш со тато да се облечеш или со мама!? Да не набројувам. Кога треба нешто да се прави пример да си одиме од игралиште го предупредувам 10 мин пред да одиме, уште толку и си одиме, имаш уште 5 минути, ако па не сака му викам уште колку пати ќе се пуштиш кажува пример уште 3 пати и си одиме, ако не сака нема попуштање со одиме макар и плачел, и тогаш пак давам избор сакаш да одиме од ваму или од таму, ќе ме држиш за оваа или за другата рака и обавезно нудам грицки тоа помага многу. Во однос на делење играчки не го форсирам зошто мислам дека се мали и дека не разбира што значи тоа, а ако не сака пример да се поздрави со некого исто му го почитувам тоа не го терам со сила. Исто не сака со непознати деца нешто да направи се лути ако му го чепнат точакот пример во моментот не го карам ако се налути или не остави да му го чепне другото дете точакот, ќе искоментирам мама не сакаш да ти го чепкаат точакот!? Добро ако не сакаш, кажи му на детенцето дека не сакаш, за да му дадам до знаење дека сум на негова страна, ама после тоа му зборувам дека не е ништо страшно, дека нема да му го земе детето точакот. Мислам дека се мали уште за многу работи да ги разберат. Многу работа и трпение треба, некогаш и јас губам контрола па и ќе му свикам и после ми е мака, ама па жив чоек не можеш цело време да си зен и смирен.
Давај мислење за сирупот дали продолжи исто така заспивањето да е брзо и ефикасно ? 8 ми месец сум веќе ми е пренапорно ми иде од земја да ја треснам ко ќе почне да ми плаче дека и се ЈАДЕЛО во 22 ч а цел ден се молиме да јаде нешто
Леле да Мислам пак се лигави она пред спиење со вода, сакам јадам, ова она, па вчера ми квачеше јајца 20 минути на шоља "пробувајќи да кака" со звучни ефекти со се. Ама легне ли, после приказната за макс 20мин е кома. И се поретко се буди ноќе. Ова луѓе се трпи веќе. А не сме го довршиле ни првото шише уште. Ама немаше ефект од одма да кажам, првата недела не видов никаква промена дури и мислев на полошо дека иде. А за јадењето и тактика сум и спремала, пошо секоја вечер ко ќе спомнам спиење нејзе магично и се пријадува. И сега и викам Јади прво за да имаш сила да ја ислушаш приказната. И така го скратив лигавењето дека е гладна.
Абе пижами кога ќе спомнам бега кај баба и ,не можам 1 саат да ја приберам од таму. После ќе дојде ќе облечеме ,па и се мочка ,ќе легне сакала вода и сок, ќе легне и и се јадело. Почнав од 6 за пижами да и спомнувам па баба и и вика рано ти е . Болна беше 3 ноќи ич не спиевме само плачеше или збореше и сеа у 23 заспива до 10:30 сабајле спие ама од понеделник и во градинка ќе мора. Инаку и јас и викам јади за да не бидеш после гладна ама џабе и да касне пак и се ,,јаде банана/ портокоал ... " Приказна ич не почнувам 1000 купив за џабе. Кога ќе почне да распрашува нема спиење Инаку ете ноќеска во 23 ч и текна кај биле нејзините дедовци
Тебе баба ѝ ти праи проблеми уствари Абе и се јаде ама јас колку филмови и правам, ко ќе порасне ќе ме тужи за цел живот шо ја лажам - Ако јадеш сега банана, ќе му биде тешко на мешето и ќе плаче - Кај сеа портокал ти текна, тоа кога е темно надвор не се јаде За приказни за распрашување и кажав Ако ме прекинува цело време, ќе заборавам да читам Јас знам да читам само ко ќе почнам па до крај. Инаку ако ме прекине, магично заборавам како се чита, не ги знам буквите. Еднаш, два пати и прекинав, трет пат почна да ќути. Ама дозволено и е на неа "да ја прочита" па да си легнеме. И нормално дека бираме приказни од 7 страни ХААХХАХАХА. И ставив у спална 5 најмали приказни и тие се за спиење да бира а големите преку ден може да се читаат оти инаку се лепат страниците ако е темно надвор, не гледа приказната Ќе ме тужи, ти викам
Сите ми праат проблем (баба и ,татко и ) туку и многу е таква. Пример кога забременив а беше рано да и кажам а и откако и кажав и викав не можам да те земам ме боли стомакот. Не зема во градинка секој ден пред спиење да плаче дека ја боли стомак ? 3 недели не можеа да ја смират па ми се јавуваа измет да проверам ,уринокултура и на крај ми текна и кажувам на воспитувачката абе вака и вака. Ај вика да видам ги седнала им зборела за бебиња и видела дека и други деца ќе имаат бебе па се помири некако... Мелатонин земав еднаш ама ептен беше чудна тогаш...
Ко Луна исто ќе ти пишував дека не толку детето колку околината што ти е проблем. Срам/не срам, ја имам и гладна оставено затоа што дедо и зад мене кловн изигруваше и мојава почна да фрла храна и да истура, како помала ова. Мислам не да изгладнам дете де, ама во моментот ја собирам храната, "грмам" низ куќа зошто ќе остане гладна во принцип слушај ќеркo, сети се снао. Вака течи се: - Х, храната не е за фрлање. Во моментов нема повеќе јадење затоа што правиш така и така. Мама се лути, кога ја истураш чинијата... Неколку пати така, сега од сенка ни бегаат додека јадеме, и дете си јаде мирно и културно и се За успивање, влегуваме во спална и излегување нема. Гледам да е секогаш во слично време и не ме интересира ни баби, ни дедовци дали има по дома, ни ништо. Не дека заспива наеднаш, се мачиме и ние најмалку пола час, сликовници, песни, приказни ама на сите им е кажано вклучувајќи го и маж дека дистракции и игри после тоа време нема. Edit: помало дете е кај мене. Уште со памперси, кога ќе се одвикне, може ќе бара Вц и слично.
Баба и е неарна ,нема да се сети и да и нацртам. Ама има и некои други проблеми со психата така да не ни очекувам дека ќе се разбереме. А татко и од мала беше ,,само да не плаче" па сеа е навикната дека ако вришти ќе добие а он пробува да то смени тоа ама на погрешен начин па така имаш ,,не вришти ако вриштиш ништо не правиме" Она вика посилно И тоа може да трае додека не се замешам да ја смирам и до пола саат.
Леле мама ова со изборот кај нас веќе не пали сакаш вака или сакаш онака, одбива и кажува како она сака или не сака. И на предупредувања уште 10 уште 5 минути не се замара. Е жими уцениве со грицки, благо и сок уште држат. И она старското со закани ама не ми се свиѓа, милум или силум, бројам до 3 (нејзе и е интересно сеуште) ако не дојдеш ќе биде силум и ќе плачеш и некогаш плаче некогаш слуша
Офф епа не знам мајка, ваљда choose your battles за нешто ќе попуштиш да е по нејзино за нешто нема попуштање. Како и да е фаза е и ќе помине само читави да останеме со паметот овој период е време за поставување правила и граници, така да можеби и малку по строго треба, не знам не сум паметна. Еве една виртуелна гушка во знак на поддршка и разбирање.
Баш вчера коментирав со една другарка дека не знаеме како да постапиме веќе. Ваљда е најбитно да разграничиш кога треба да си строг, а кога треба да тешиш. Mission impossible сеа за сеа ми е