1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Знам, ама некогаш има денови кога за се попуштам од што немам нерви и ќе викам ако не попуштам. А џабе ќе викам тогаш ништо нема да научи. Нека се здрави и живи само. А и башка се девојчиња и момчиња. Со синко за да поминеме улица за рака ќе се разбереме, ама дека дома не се шутира топка со сета сила нема шанса. Или дека не се вози точак пример...
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    28.090
    Пол:
    Женски
    Вчера одбојка играше дома :x
    Ја маваше топката додека не свикав дека од нејзините пари ќе зимам за нов телевизор :D
     
    На Mumoftwo30, Bubamaricka и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Го земав сирупов туку да ми кажеш сеа кога го даваш ,во упатството само по оброк пишува..
    Навечер ли или ?
     
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    28.090
    Пол:
    Женски
    Препорака од педијатарот ми е сабајле и вечер по 2мл. Тоа сабајле почесто го заборавам ама навечер пред спиење, да
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    6.111
    Дали во Скопјево има некој центар да го пуштам малишанов да се занимава со деца по неколку саати во денот (3 ипол.г. е)?
    Градинка отпаѓа ко опција бидејќи ќе оди на друго место, не сакам да му правам дупло прилагодување за х време. Ама ете до тогаш и сега во тек на летово да има дружби со деца, не знае што да заправи веќе од досада иако е секој ден надвор по неколку саати в парк.
     
  6. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    901
    Хахах истиот муабет му го правам и јас на син ми кога прави глупости по дома:D ако ми скршиш нешто од твоите пари ќе си земам да купам и одма престанува :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Не е голем проблем ама веќе се нервирам цело време...
    Давајте чаре,нон стоп еден прст и е во коса и ја врти косата и со тоа ја корне ова трае многу долго време, сега после и никако да се одвикне,ја караме,зборуваме со арно лошо ништо не помага,веќе од една страна и е искубана и секогаш и ја врзувам иначе е за никаде (facepalm)
     
  8. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Дали сте биле во сабота за деца гледам има предавање во планетариум
     
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    10.059
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со дете што сака да команда цело време?
    Значи команда се живо, другарки, баби, дедо, татко. Само мене ми го има стравот да речам, ваљда ист карактер дека сме....
    Со другарките е диктатор, ти носи ми го ранецот, ти не трчај оди до мене, ти земи јади банана.....не знам како не ги нервира, мене ми иде да ја рашлакам :drunk:
     
    На Mumoftwo30, sani99, DELFINA81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Ако дознаеш кажи ми мајка..ок?
    Иста е ,иста
     
    На Mumoftwo30 и Tea SK им се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    4.798
    Карактерот и бил таков ми викаат едни, други ми викаат фаза е ќе и помине. Со оглед на тоа што твојава поголема е, ќе да се првите во право. И мене ми иде да ја рашлакам некогаш. Ама па пошто ми е најмала во друштво, какви приказни слушам од школски деца, супер и е карактеров. Јас ќе вежбам трпение.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    10.059
    Пол:
    Женски
    Мене ми е страв зашто јас си сакам да командам и кога ми се понаша вака си викам што можела мајка ми да направи за јас да не бидам сега на 33 ваква, зашти знам дека е лоша особина.
     
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    28.090
    Пол:
    Женски
    Не се справуваме
    Другиве ги команда како сака, ама од мене само поглед добива.
    Она пробуваше ко помала да кажува кој каде ќе седел, кој шо ќе праел, јас ја исеков у корен уште тогаш. Кој си ја оставаше да му се качува на глава, и ден денес му се качува
     
    На Mumoftwo30, Miss_S и Tea SK им се допаѓа ова.
  14. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    10.059
    Пол:
    Женски
    Исто, исто....татко ми во раце ја носи сегде...
     
    На Mumoftwo30 и Калатеа им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    28.090
    Пол:
    Женски
    Јас им кажав додека на нив не им пречи тоа, слободно. Некој ден ќе им се одбие од глава и мене да не ме бараат тогаш.
    А она е одбивана бајаги за тие работи од мене и разграничува веќе кај шо ќе добие.

    Се научила од нив, ќе оди 10м и вика Ме болат ноџињата. Абе важи дека те болат
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    8.097
    Луна ме насмеа со лагите, кај нас ништо не функционира освен закани со Носко.:tmi: И кога сум ја излажала памти, и после ми праи глупо у ситуации, па морам да мислам како ќе ме афектира лагата во иднина.:D

    Иначе две три продавачки ме имаат прашано што е Носко?!:rofl: Пошо моментално само од тоа се плаши, дејството на заканата е од 3 до 8 минути, односно до наредна глупост.:hai:
    Ни пари, ни за играчки одземање, ни за ќотек пошто и тоа праиме, она ќе ме скубне, јас ќе ја скубнам…:envy:

    За качувањето на глава е исто, мене не ми бара да ја носам во раце, а на татко и секое искачање од дома - ајде да ме гушнеш, и чека.(facepalm)
     
    На Mumoftwo30, Tea SK и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    28.090
    Пол:
    Женски
    Моево дете е единствено шо сака да се дрогира со Витамини, сирупи, Носковци, се по ред. Обожава доктори, полицајци. Е волкотттт ко ќе го спомнам ]:)
    И ова памти не дека не, ама брз мозок до сега имам, па се вадам лесно од срањата шо сама си ги правам (highfive):rofl:

    Мајка ми ја нудела портокал ко се стемнило, одбила :D И таква строга и викала Баба не се јадат потокали навечееее!!! :rofl:

    Еднаш толку ме напна со една Жаба играчка глупа, наместо да спие типката си се сврте и ја пикаше у уста. Леле ко ја видов ми се споија жичките :x Земав ја џиткосав, имаше плачење и од тогаш си ја спомнува Мама фрли жабата оти не слушав и не спиев.
    Акција - реакција ќере. Тоа е.

    Е за среќа, намерно не кубе, не штипе, не мава ама доволно е тоа шо е трапава целата па ненамерно со се живо ме мава уз проаѓање - пред некој ден јадев микрофон у фаца додека изведуваше некоја точка а јас сум и требала како морална поддршка - и јас сум целата модрици и она ко да се малтретираме по дома :x
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    4.798
    Абе каква лоша особина. На 3 и 33 не е исто, ти ваљда свесно не правиш лошо никому. Еве вчера баш, ја грабнала топката и чекаат децава да играат и она почна да строи, ти таму застани, ти таму и ај ние се договараме дека треба круг, не и не. На крај ги оставивме и се справија. После си остана сама и ја викнав и реков ете сега никој не игра со тебе и не и беше нешто гајле. Кога ќе е 33 ќе се научи и да лаже и да глуми и тоа е :D. Стварно немам што повеќе од ова да правам, мелам нон стоп, на игралиште ми се смеат дека пробувам се да и објаснам. Важно ми е да разграничи кога треба, а кога не треба да влезе во конфликт. Инаку сериозна сум, кога ќе почнеш да слушаш што се случува во школо, па чак што више и во прво одделение со деца што не се ни 6 години.. Нека си држи став и нека си прави по нејзино.

    Јас веќе топка на игралиште заклучив дека нема да носам.:|
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм и Tea SK им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Јас навистина не знам шо со детево...
    Со одеше супер во градинка до одморот лани ,без плачки ,јадеше таму се супер.
    Како се вративме септември од одморот скроз смени ,не сака да оди и готово.
    Плачеше пред да појде виде не и пали плачеше таму ,виде не пали почна да лаже дека ја боли стомак.
    2 пати воспитувачката ми се обрати со муабетот ,,да не се случува нешто дома"...
    Еве сеа пак плаче насабајле ,не сака да јаде таму ,плаче за спиење...
    Дома навечер пред спиење плаче дека треба утре да оди,насабајле пак со плачење е дека не сака да оди...
    Ќе полудам.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    И со јадењето ни таму ни дома еве моментално мусака ќе јаде без леб јас да и давам ајде... ги нејќела мевцата да сум и чистела и кажав не може и на следното лажиче зема да глуми повраќање ... полудев и ја удрив :u:
    Да спие не сака ,да игра не сака...
    За мене плачела во градинка ;(
    Не знам веќе стварно...
    Стомак ја болел не требало да оди во градинка (facepalm).
    Како лоша мајка се осеќам моментално затоа шо ја терам да оди ,сабајле душата си ја исплакав мислам.