Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    1.078
    Пол:
    Женски
    А не функционира малку мито? Знам дека не е баш најдобро ама да пробаш да ѝ кажуваш после градинка ќе одиме на лулашки, ќе одиме во Стокомак да купиме нешто, ќе ти ги направам твоето омилено јадење и слични работи? Кај нас така пред да појдеме му кажувам што ќе правиме после кога ќе си дојдеме од работа и така некако прифати а имаше период кога не сакаше да оди.
     
    На Mumoftwo30, Snowflake92 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Ништо не функционира,пробав...
    Еве татко и и купил играчка 3 дена не сме и ја дале и стои така баш као ќе ти купам таква и таква играчка ама ако јадеш во градинка/дома инаку ништо.
    За шетањето исто.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Д.И-04

    Д.И-04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  4. Д.И-04

    Д.И-04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво мајка
    ги прочитав вашите коментари. Кај нас состојбата е иста. Во градинка несака да збори а дома и со фамилијта збори нормално. Прочитав дека сте имале мал напредок па би ве молила да споделете искуство. Секоја помош е добродојдена. Сега од Септември поаѓа во школо, се плашам како ќе биде се
     
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.375
    Допаѓања:
    22.614
    Пол:
    Женски
    Пиши ми порака да не пишувам овде на долго и широко.
     
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Мајки, моето девојче фати стомачен вирус. Вчера така почесто одење во вц. Проблемот се јави вчера во градинка така што не можела да стигне до вц (и обично време повеќе стиска)и пуштила во гаќички (4ипол години) како им објаснувате. Беше отворена за муабет одговараше на прашањата. Но сепак деца се како објаснувате такви работи. Бидејки како ја фаќа инает. Ќе стискам, ќе го враќам назат какото. Итн итн. И јас се усрамив пред учителкта се мислам големи сме за вакви работи.
     
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    9.976
    Пол:
    Женски
    Гледам и за смрт сте пишувале, не знам од кај слушнале и двајцата, мама ако спиеш ќе умреш, мама животните во зоо се болни, значи дека ќе умрат? :sweat:
    Ме нервира зборот штом ќе го спомнат само, веќе немам одговори!
    Се живо што ќе им кажеш памтат, се буквално! Големиот е 4 години и е пренасочен на 5 страни, си игра, збори со брат му, и не слуша нас што разговараме, и после ќе ме праша баш тоа што сум зборувала со некоја комшика рандом.

    Да се пожалам, со овие напади на бес, терање инат, акање од земја, ми е преку глава! Секој ден има кенкање за нешто, не сакал банана сакал јаболко, му давам јаболко, плаче зошто не било излупено :@ а претходниот ден плачеше зошто сум му го дала излупено:devil:
    И ај оди разбери се! Ќе се швркнам!:@
     
  8. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Јас сум веќе швркната искрено...Пред некоја вечер пред заспивање плачеше толку многу што не и' давав да си го изеде мрсулот од носе што го извади(facepalm) да да мрсул...:envy:
    Ми идеше од земја да ја треснам...ама во таква ситуација кога почне да плаче почнав да си ја пуштам од Сузето џингарлака џикицак :rofl:
    Да свртам на шала , оти ако продолжам да ја слушам ќе полудам уште толку.
     
    На snegulkata, Tea SK и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    3.575
    Обично кога се случува вакво нешто наеднаш, детето има причина. Пробај да зборуваш со неа, може има промена на персонал, агресивно дете или нешто што нас не би ни текнало.
    Моето е 4 год, пред месец дена отприлика имавме исто така доста тежок период, каде што не сакаше да оди во градинка, плачеше, тажеше, таму одбиваше да јаде и да оди во тоалет. После многу разговори со него и ние од дома и од страна на воспитувачките, излезе дека имаат многу боледувања и дека немаат стабилен персонал и дека децата ги причувуваат нови лица и плус нови деца на адаптација и нови родители внатре и тоа му дошло премногу и се чувствувал вознемирено и несигурно. Јас практикувам после градинка да одиме некаде ние двајца, кога гледам дека нешто се случува и има немир. Некогаш во пекара, некогаш на клупа ќе седнеме, зависи од ситуацијата.Тоа ни е место каде што си раскажуваме како ни поминал денот и е време само за нас, без никој да ни смета. Така некогаш знае да каже дека не сака да зборува, ама после некое време кажува каде лежи проблемот. А кога веќе ќе откриеш каде лежи проблемот, лесно се наоѓа решение.

    Инаку моето вчера плачеше зошто го терав да фрли во канта искористен фластер, што му го дало друго дете :x

    На тема смрт - не знам ни јас како да пристапам. Ама не ме прашува нешто премногу, имаше само ситуација каде што биле во парк од градинка и таму виделе мртво врапче. Ама некако сам си одговори дека може било болно, па остана на тоа.

    Друга тема на која ме фати неспремна е - како мама имаш бебе во мешето? Дали си го голтнала и дали може и мене да ме голтнеш, за да бидам со него? :D Стварно не знам што да му кажам, мал е сеуште за да разбере и сериозно да објаснувам, а од друга страна и не го спомнуваме бебето нешто многу по дома, бидејќи има уште време, ама он некако сам секогаш кога ќе ме види прашува. Што им кажувате на 4 годишните во врска со тема бременост?
     
    Последна измена: 7 мај 2025
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.578
    Допаѓања:
    9.976
    Пол:
    Женски
    Секој ден по минимум еден напад на нервен слом доживувам од двајцата! Здружени сили се! Милион активности имаме, и надвор одиме, и дома не сме застанати, абе што се не, и тие пак ќе најдат начин да се испокараат меѓу себе, и да ме полудат мене!
     
    На Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Пробувам да разговарам одговорите и се: така ми се плаче.
    Никогаш ништо конкретно ,исти и се воспитувачките.. тие мене па ме прашуваат да не има нешто дома.
    Бременост има да ама цело време се трудиме позитивно да и зборуваме во однос на бебето на 14 ти влегувам во 9ти и почесто зборувам бидејќи се ближи а таа си е љубоморна на сите во однос на мене. Според воспитувачката тука е проблемот...
    Ама она уште пред бременост го почна ова..
     
    На Mumoftwo30 и Marge им се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    А не ,ниту таа ниту ти треба да се срамите.
    Збориме за стомачен вирус не за регуларно какање...
    Ќе и објасниш дека кога имаме проливче немаме целосна контрола и дека е во ред... само да избегнува да се повтори на најмал знак дека и се оди да отиде за да не се повтори бидејќи не може да се стиска и сл.
    Полошо ќе направи ако се научи да го враќа ,30 г имам и имам проблем со столицата ради тоа стискање... никако да не дозволиш така да се научи. Особено не ради стомачен вирус бидејќи еве лично мене во возрасни години ми се деси да пуштам за време на вирус само шо јас ,,држев " демек затоа шо сакав дома па пред врата сепак не успеав да додржам :lol:
     
    На Mumoftwo30 и Malesia им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Баш мака мачам со неа карактер невиден. Ама за ова стварно не знам се има засрамено пред децата и кажува готово завршив со градинка. Ќе одам директно прво одделение. Ќе има плачки. Ама тоа е ...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    @Marge инаку за бременоста и кажав дека имам бебе во стомачето ,па што сака да биде и сл.. ме нема прашано како дошло до стомаче и дали може да влезе и она ме има прашано дали била и она така во стомаче. И ме има прашано дали од дундата ќе ми го извадат :o е тука се шокирав и не знаев шо да кажам ...како го заклучила ова исто не знам (facepalm)


    @Malesia зборење многу... ама ќе и претставуваш дека е нормално при стомачен вирус ,измисли дека му се случило и на некој друг близок и сл...
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Добро само мојот ли е претежок за заспивање!?!? Жени начисто полудев... Значи ништо не го тангира, не казни, не со арно, не со лошо, не со криење играчки, значи ни-што! Па сакам ваму да спијам па сакам таму па со мама сакам па со тато сакам и така секоја вечер исто во круг еве го уште не е заспан. Секој ден исто време вечера, мие заби облекува пижами и читаме книга и почнува лудилото. Едно 917829191992 прашања, едно те исто, па сакам вода, па сакам приказна. Денски сто пати повторувам вечер читаме книга и заспиваш и тој да да и вечерта пу пу не важи. Дајте некој трик нешто било што.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.747
    Допаѓања:
    3.440
    Пол:
    Женски
    Ништо, легнувајте и ќутете. Он нека збори вие мижете.
     
  17. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Ама не лежи, станува, шета, па тропа со нозете, па ајде ќе се заканам со нешто и ќе се врати и после 2 мин пак. Сум го оставила и до подоцна да игра и сам да каже ајде да спијам, и ок одиме ќе легне и како рестартиран па одново се.
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.700
    Допаѓања:
    98.498
    Во колку станува насабајле?
     
  19. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Во 7. Оди градинка и таму спие денски. Попладне обавезно излегуваме да вози точак, тротинет, да трча со топка и го гледам дека се уморува и сам ќе каже јас се уморив. Вечера околу 19:45/20:00 до кај 20:00/20:15 да е облечен спремен за легнување. Па читаме книга обавезно, околу 15тина минути ќе подпраша нешто ќе му одговорам и ајде сега спиеме о ќе полежи ама не седи мирен се нешто се врти, па си игра со сенката со рацете па ќе почне со прашања со пребирање и се после 22:30 заспива, доцна е.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.700
    Допаѓања:
    98.498
    Дневната дремка е проблем. И мојата станува во 07, ама не преспива денски и точно во 21 е заспана. Твојот со дремка нема шанси да заспие околу 21.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.