Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Беше дома една недела настинат и се беше супер, секој ден беше убав.
    Тргна во градинка кога се враќа дома е толку лут и збеснат, сите му сме криви, не тепа, не штипи, вчера ноктите ми ги закачи на лице, ништо не му направив , ништо, ни му реков ништо, се инаети за се, не кажува дали е нешто од градинка, знам дека не сака да оди баш, ама ова однесување се секој ден, ќе полудам искрено, не знам шо да му прам, се воздржувам да не го удрам.
     
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    2.594
    Пол:
    Женски
    Јас само да те утешам дека не е само твојот. Исто се како шо опиша со тоа што јас не и ни читам оти така па вика чекај јас ќе читам ја зема сликовницата и по сликите си прави приказна ,после е уште потешко да заспие чим и се уклучи фантазија |(
    Ова беше една од причините што чекав за второ ,чекав демек сама да заспива и еден момент сфатив дека џабе чекам нема да дочекам.
    Значи љубоморна сум на други што им заспиваат децата рано па уште и сами (имам братучетка малиот сам оди да спие буквално 1 г се разлика и викал мене ми се спие :hai: )
    Јас од ќерка ми ми се спие доживувам само наутро кога оди во градинка и треба да стане, и не нема врска погоре што ти кажале за дремката еве во градинка не спие само лежи веќе скоро 1 г и џабе е пак навечер истото.
    Купив мелатонин не давав секогаш само кога не можам веќе да издржам ама ми го смени однесувањето стана многу плачкива и престанав да и давам ,сеа земав со б комплекс ама и тој не го давам редовно не знам ни јас зошто :D
     
    На warrior, Bubamaricka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.853
    Пол:
    Женски
    Викендов иста песна и без дневни дремки. :| излезени денски со активности точак, тротинет и па исто. Мене ме мота да читаме книга и почнува со лудории па после превзема татко му и па после 22 и кусур заспа и саботата и неделата. Денес ајде со мама ќе спие легнавме се супер и почна со викање пее ма цел глас, иако бевме договорени да не вика за да не го разбуди брат му. И нормално го разбуди малово...Чаре?

    Не знам тоа сирупите некако не ми се дава.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    2.594
    Пол:
    Женски
    Нема чаре... такви ни се децата ,мора да ги прифатиме очигледно. Сношти ми беше претешко и дадов мелатонин си заспа за 10 мин накај 21:30 и одма стана сабајлево и весела... ама не сакам така да ја навикнувам. Еве денес пак по старо, ми се јаде ,гледај ме ,гали ме ,ми се моча ,ти немој да спиеш па се превртуваше по цел кревет и заспа во 22:30 отприлика...
    Не знам што би те посоветувалљ ,во иста каша сме :D
     
    На Bubamaricka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    10.391
    Пол:
    Женски
    Вака кога ми праи, трпам пола саат, и после ме фаќа таква нервоза... па кога ќе спискам, мислам дека и комшиите си легнуваат.
     
    На Mother of 2boys, warrior, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    2.594
    Пол:
    Женски
    Абе не можам да спискам толку почнува да плаче па ај од почеток да ја смирам и во круг. Не дека не сум ја оставала и да поплаче ќе види ја игнорирам ќе заспие за 5-10 мин ама па и жал ми е така...
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Кое време во денот го даваш сирупот? Ќе мора и тоа да се проба (facepalm)
     
  8. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.853
    Пол:
    Женски
    Исто, трпам пола саат после почнувам со повишен тон и закани. Not proud of it али чоек па на крај на ден уморна сум, а ме чекаат обврски.Значи да не ми го буди малово може и повеќе ќе издржам, ама штом почне малово да се буди и мене ми врие. А никако не сака со татко му да оди одма, прво мора со мене после секако ќе се искараме ќе го побара татко му сам.
     
    На Mumoftwo30, warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.354
    Допаѓања:
    31.330
    Пол:
    Женски
    Јас не го давам веќе, а ќере продужи да си се понаша ко да и го давам :D
    Насабајле и навечер по 2мл и давав.
    Докторката ни кажа можело до 3 месеци ама јас мислам дека 2 го користевме, така нешо отприлика
     
    На zemzela91, Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.076
    Детево мое има 4 години и многу е поврзано со мене, ама веќе почнувам да мислам дека и премногу. Сами сме со маж ми, оди во градинка, ама остатокот од времето е само со нас и посебно со мене е како лепенка, како да не сака да ме изгуби од вид. Ситуација од денес, обично маж ми го носи на фудбал, ама денес морав јас и кога сум јас, значи воопшто не посветува внимание на ништо, туку 20 пати дојде од сред игра да каже “мамааа” и да ме гушне. Ниту го слушаше тренерот, ниту беше активно дел од играта. Се плаши ли да не му избегам? Не ми е јасно. Правам ли нешто погрешно како родител и му предизвикувам несигурност? Не знам навистина, ама денес се почувствував очајно. Периодов сум дома, бидејќи сум бремена и имам забрана за работа. Помислувам дека можеби се должи на тоа, ама се обидуваме и да не зборуваме многу за бебето, има време до тогаш, не правиме ништо во секојдневието за да се осети загрозен.
    Не ми е за фудбалот, да не бидам сфатена погрешно, ако не сака, ич не мора да оди, него таа негова зависност од мене. Секој ден пред да влезе во градинка, очите му се полнат со солзи. Сака дома, со мене. Кога ќе го земам е друго дете, си играл, јадел, се било како што треба. Ама зошто после 3 год одење секој ден во градинка, него очите солзи му се полнат пред да влезе. Иста група, исти деца, исти воспитувачки. Не ми смета мене тоа што е залепен за мене, ама почнува да ме загрижува ова презависно однесување. И не е период, ова трае откако е роден и за еве дете до 2, па и 3 год ми е нормално, ама веќе после 4 почнува да ме загрижува. @Cosmic Girl ќе те тагнам тебе, а и секој друг што поминал низ истото или знае да ме посоветува што да правам и дали е алармантно ова. Размислувам и да побарам помош од стручно лице. И навистина многу разговараме со него, секоја емоција ја анализираме, објаснуваме, рамноправно е вклучен во се во нашиот дом, навистина сме посветени и не знам каде грешиме.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Во скроз иста ситуација сум. Скроз исто како ја да сум пишувала. И јас сум бремена и не одам на работа па најверојатно се должи на тоа. Немам совет само да ти кажам се си сама. Ако има некој совет добро би било, бидејки и јас не знам што да правам
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    8.606
    Дали има некој искуство со дете што не сака да извади пелени?

    За мочање воопшто не кажува, имаме два нокшира и никако не сака да седне, за какање кажува дури кога ќе почне да кака…3 години ќе прави.

    Преку глава ми е веќе полна куќа пелени, стварно не знам што да направам, голема е веќе.:x
     
  13. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Машки
    Нокшир што е како столче, ќе седи и кај и да е ќе си заврши работа а потоа аплаузи и пофалби, би требало да се награди некако тоа дека е голем и сам си завршува работа.
     
  14. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.606
    Допаѓања:
    8.606
    Се е пробано, со награди, добри “уцени”,имаме нокшир како шоља за возрасни, мал нокшир, секаков…не сака, или ќе дојде за муабет само и си станува.
     
  15. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Машки
    Ако оди во градинка полесно е, ги гледа другите деца, промена на средината, гости, надвор ..би требало позитивно да влијае на пелените, дека врсниците веќе не носат само тој.
     
  16. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ќерка ми е скоро 4 ипол години,од пред месец време почна да ги завлекува зборовите (пелтечење) прво само сврзниците сега веќе секој збор,загрижена сум, дека зборуваше како возрасен и на македонски и на англиски,ова се случи преку ноќ,немаме никаква промена во фамилија, не е изложена на кавги ,во градинка е пресреќна има другарчиња и обожава да оди.Има ли некој лично искуство,што да преземам и до кога да чекам или да барам мислење од лекари.
     
  17. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.076
    Имаше доста добри мислења на таа тема тука на форумов, само не можам да се сетам во која тема беше, најверојатно ‘Зборувањето кај децата’, ќе мораш на срч да ги побараш, одлично и детално беше објаснето.
     
  18. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Фала ти ,ќе побарам, најдов тема 'Пелтечење кај деца ' но само 1 -2 страни,ќе побарам кај 'Зборување кај деца'.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.143
    Допаѓања:
    26.029
    Пол:
    Женски
    До 3 и 4-5 месеци носеше големава. Како инает да водеше и јас баталив скроз ааа реков кој здрав човек пораснал со пелени и ја остадов. Шо и бидна стана од спиење и рече дај ми гаќи, а дента имавме многу обврски и и реков мама ај не денес оти ќе сме по метроа кај таму ќе мочаш ама ме победи и од тој ден слече пелени и немаше ни едно мочање во гаќи.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.580
    Пол:
    Женски
    Околу 3тата година стануваат и психички свесни за пелените, така што очекувај следниот период да има голем напредок преку ноќ. Знам дека кај нас се инсистира за многу порано фрлање пелени, ама не значи и дека детето е спремно.
    Иначе, исто, може да ви оди потешко и поради новото бебе. Ќерка ми на 2 и 4 месеци ги откажа без проблем, без ниеднаш да направи грешка, на 3 години ги врати како реакција на новото бебе и ги носеше некој месец додека сама не одлучи дека е голема. Не инсистирав, оти нејзи и беше потребно на секој начин да се осети еднаква со бебето.
    Немој да ја форсираш многу, сега имате нова ситуација со бебето дома, има доста за прифаќање, не инсистирај премногу за да не и створиш само одбивност. Земи и адаптер за вашата шоља со скалички и секогаш земај ја со тебе во тоалет да те гледа тебе и прајте си муабет да ви е забавно не мора под дифолт поврзано за одење во вц. Покажи и само како функционира адаптерот дека е голема за нокшири, ти наоружај трпение и ќе си се ослободи сама.

    ————————

    Син ми во Јули ќе прави 3. Се работи за многу сензитивно дете. Многу е мил, повлечен и емоционален. Ако му се пререче нешто одма плаче. За разлика од ќерка ми која е ѕвер и која знае да се избори за себе во секоја ситуација од многу мала, тој не знае.
    Почнува во градинка од Септември, многу се секирам за него, како ќе биде со другите деца. Има некој искуство да сподели? Постои начин некако малку од малку да го спремам за градинка? Не знам како да му помогнам да изгради малку самодоверба…
     
    На LiquidLuna и Калатеа им се допаѓа ова.