Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.129
    Допаѓања:
    10.499
    Пол:
    Женски
    Еве нема грешка дека на тригодишно дете нож ќе дадам.
    Мојава седнува во кафана и прво што прави го зема ножот и ми го дава, знае не смее дете да пипка.
    Ќе лупела, тоа маж ми ме знае краставица и јаболко да излупи со нож на 34 год.
    Иначе маса мести, не и ги давам само убавите чашки за ракија на столче што ми се, да не ми сокрши машини има желба да празни полни, да дипли алишта ама ја избегавам за тие активности, за побрзо да завршам нели. Банана бред заедно прави со мене. Може и друго би правела ама јас ништо не правам друго :). Во корпа алишта става. Прашина има мерак да брише, тоа и давам зашто мене ме мрзи.
    Role play и е омилено, игра мајка, татко, сестра, бебе, докторка, игра како работи, продавачка.
    Сака да бои и црта многу, да пишува сега скоро почна, слагалици сака да реди, кукли да облака соблака, фризури да им прави. Сака да се шминка, лакира, фустани да пробува. Кореографии цели прави на песни, скока по дома
    А најмногу од се, сака инат да ми води и да се расправа со мене. 4 ќе прави во август.
     
    На strelec231992, sani99, Калатеа и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Ова во некои паралелен универзум. Од сето ова само машина совладана, јас му подавам алишта тој ги става внатре, па кажувам дека да притисне и сам ја уклучува. Кога ќе ја начека празна се крие во неа. Ако го оставам сам да лупи овошјето ќе остане со лушпа тој ќе биде целиот излупен. Уште не можам да го оставам сам да пие од отворена чаша зашто се завршува на земја, а не пак нешто повеќе :?: Пробуваме периодот машина за садови да полни веќе 2 чаши и една чинија скрши, плус неговите силиконски како ги фрла во фиока, без ниедна ќе останеше да се скршеа. Има време сестро за се ова, може по америкиве да се вакви кај нас тешко. Алал вера ако на 3 има некој вака способно дете, јас до 6 ќе му дадам шанса на моето :D
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    31.297
    Пол:
    Женски
    @Калатеа ги разгледав линковите ама и онака разбркав по Гугл и ко шо разбрав ова се активности во кои шо детето ако е вклучено Треба да знае што се прави. Во смисол, 6 пати ќе местиме заедно маса, 7миот да знае шо треба сама. А децава сакале нејќеле и онака се вклучени :rofl:
    Мада ова ми е бесмислено, на неколку места прочитав машина да пуштале сами. Како бе побогу 3 годишно ќе ти пушти сама машина од почеток до крај? Па и по бои да не треба да ги дели :D
    За ножевите исто ко на Теа, ко ќе начека нож, ми го носи така внимателно што мислам дека у живот нема да исече нешто :D
    За готвење ае, вклучена е како и да е ама не е дека ќе земе доручек сама да си напраи :rofl:

    Уствари поентава е да си ги вклучиме децата у се. А мислам дека сите го праиме тоа. Така што јас не би се многу замарала за овие Монтесорињата и слично :D
     
    На Mother of 2boys, Anturium, Tea SK и 5 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.063
    Допаѓања:
    9.368
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш на осумгодишно дадов, не да лупи, туку да преполовува портокали за сок да правиме. Исече прст.
    Мајката арно не ме крена во воздух тогаш.
    Така да реков од тогаш, нож и дете не не не.
     
    На Tea SK, Трагедијаупмм, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.576
    Тенкс, добро е нема да барам тутор за низ дома да ја обучава:rofl:
    Уше еднаш ми се докажува до негде дека пола од овие работи се булшит, нереални и прават огромен притисок.
     
    На Tea SK, јolene, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.129
    Допаѓања:
    10.499
    Пол:
    Женски
    Ние сме го хакнале Монтесори сестро, што сме преживеале до сега со ѕверовиве, ја да ти кажам
     
    На strelec231992, LiquidLuna, DELFINA81 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    Викаат остај дете да се измори ќе заспие кај било ... аха важи.
    Вчера демек ќе спие кај золва ми... и така золва ми ги оставала да се изограат до 1 ч и ајде сеа да легнувамеее.
    Ќерка ми : а не јас нема да спијам.
    Како нема да спиеш ,сите ќе спиеме сабајле ќе си играте пак.
    Не ,јас не знам кога е сабајле за да станам.
    Сите сабајле ќе станеме ќе видиш кога е.
    Ако јас сакам дома да си одам и да спијам а сабајле да дојдам пак.
    И така во 1:30 ја носеше дома ,среќа блиску сме :D

    И сеа мене ме интересира какви се тие деца и зошто моето не е :tmi:
     
    На mjay.yyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.074
    Деца како деца, ако ги оставиш до никое време ќе седат и нема да кажат дека им се спие. Еве моево е неспијач од раѓање и сигурна сум дека да го оставам до 3 часот по полноќ, нема сам да каже - ми се спие. Тоа никогаш не се случило, дури и кога му се лепат очите за спиење, не се предава и се е поинтересно. Ама, за некои работи нема компромис. Тука кај што живеам до 10 навечер не се стемнува и кога почна да се зголемува денот и гледаше дека не е темно, урлаше по дома - не спијам, не е теемноооо!! Ама, не преговараш. Викаш - време е за спиење и точка. Спуштам ролетна, пуштам ноќно светло, му давам избор да одбере книга (од што сака да седи повеќе буден, бира 2 книги :D), читаме и тоа е тоа, мора да спие. Го легнувам некаде околу 19:30, до 20 - 20:30 најкасно е заспан.
     
    На mjay.yyy, MilaSs12 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    Да ,и јас така ја носам ,,присилно" :rofl:
    Ама некои луѓе упорни ,пример свекрва ми зошто ја вратила зошто не ја оставила да се измори (lalala)
    До колку да ја остави до 6 ?
    Навистина не сфаќам некои луѓе.
    Да има деца се уморуваат и заспиваат пример внук од братучетка ми ,спие сегде, кај баби кај тетки. Ама моево еве не може затоа што никој друг не и застанува строго.
     
    Последна измена: 7 јуни 2025
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    31.297
    Пол:
    Женски
    Ихааааа у 1:30 машала :x

    Ќерка ми еднаш се има изморено до степен сама да легне. Ама се измалтретиравме тој ден, нејзе ја уништив од трчање натам навам

    И не сум успеала пак да ја изморам толку зашо јас клапнав после тоа 3 дена 8-|
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    Си седи мојава еднаш така многу ми беше тешко почеток на бременоства и сум заспала мм за да не ме буди и дал телефон со мислата као ќе и се смачи ќе го остави и ќе заспие. Женската намалила глас и си гледаше до 2 ч ,он тогаш дошол да легне (си гледа серии навечер)... уште еднаш не му текна телефон да и даде :rofl:
    Спиењето ко казна го гледа ,не знам мислиш на колење ја носиш е.:shake:
     
    На Skorpija25 и mjay.yyy им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    31.297
    Пол:
    Женски
    Леле иста е
    Јас се преиспитувам многу да не сме згрешиле со некои зборови ама не памтам бе нешо такво
    Сеа е као демек помирена за спиење ама пак има денови кај шо е ужас невиден, ко вчера на пример
    Рече ќе вриштам, не спијам, сакам мајсторите за кујната да дојдат. И до 10 рикаше и се измори и заспа така
     
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Ве читам за спиењето значи ист е. Баш како некоја казна го сфаќа. Дури вика “јован умен не лош, не спие сега умен е” демек лош ќе спие. А никогаш не сме му рекле такво нешто не знам што му се случува. Од дете што заспиваше за 5 мин навечер сега некогаш 11 го фаќа, а го легнуваме пред 9. Јас дека работам втора смена и мм го успива стално ми збори да му тргнеме дремка. Ама не, јас не сум спремна без дремка уште, иако саат спие ми треба да здивнам и да пијам кафе на раат пред работа. Кај нас и проблем е што касно станува 8-8ипол ама јас доцна легнувам и стварно ми е мачно порано да стануваме, па немам сила да го будам. Секој ден се надевам дека ќе смени, ако не ќе се мачиме вака уште една година до тргање на дремка
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    31.297
    Пол:
    Женски
    Јас тоа зборев со мм дали некогаш сме изговориле такво нешто ама ни он не може да се сети. Може во нервоза некогаш ама сигурно не секојдневно за вака да го сфаќа

    Изглеа сите се исти а?
     
  15. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    И јас се преиспитував ама не ми текнува ништо.. дали во градинка нешто или не знам со баба и можеби...
    А можеби и карактерно е ,период не е пошо од кај 2 г го почна а 5 ќе прави август така да сигурно не е период.
    Исто порано во темно со мало светло немаше гајле да спие ,сеа бара баш сијалица да е уклучена еве веќе цела година... навистина не знам до што е.
    Замав мелатонин ама не и давам често само кога веќе ни јас немам сила да се оправам. Некогаш и намерно ја оставам да се исплаче па ќе заспие ,жал ми е ама не секогаш човек има нерви.
    Најмногу од се пред да се породам ми фали да си легнам кога ќе ми се приспие и да си заспијам.
    А не да урлам по некој враќај се во кревет 200 пати.
    Колку пати и ќе се изнервирам па не можам да заспијам после 2 саати откако заспала (lalala)
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.348
    Допаѓања:
    31.297
    Пол:
    Женски
    И ја вчера и свикав па си плачевме заедно. Преморена сум, она капак вчера екстра расположена. Па ме глеаше тажно со тие очињата толкави па ко реков ќе си плачам.
    Она си заспа, јас си се изнаплакав и денес 100 пати и се извинив.
     
    На le.soleil и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    Колку години е ?
    Исто ќе биде ,еве мојава сама ја исфрли дневната. Ќе легневме и 2 саати те се превртуваше те мочала те сакала не знам што и ќе се изнервирав ќе станев така се мачевме една недела 2 г беше тогаш и си викам што си ја мачамм душата и јас и неа и престанав да се обидувам.
    Еве и во градинка не сака да оди ради тоа што ги тераат да лежат и тие што не спијат.
    Ии што ако не спиеше денски пак од 21ч легнати во 23 заспива уште од тогаш...
     
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    Не се обвинувај ,разбирливо е...
    Човек без сон сешто може да направи не прашувај како знам...
    Некни сами дома сум заспала денски 2ч среќа не направила некоја поголема глупост.
    Затоа и го зедов мелатонинот кога стварно сум исцрпена и давам за да не ја затепам :rofl:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    4.074
    Јас се преродив кога моето почна да оди во градинка во поголема група од 3 год каде што не се спие. До 3 год мораше да спие таму, па дома беше хорор до 22 часот навечер, сега до 20:30 е заспан и имаме време и ние да поседиме, не сме нервозни и напнати, до 22 часот да убедувам дете да заспие, ме исцрпуваше.
    Бевме пред некое време на вечера со пријатели, нивното е малку поголемо од моево и накај 19 часот детево и вика на мајка му - може ли да си одиме дома, мене ми се спие :o Јас такво нешто од моево никогаш нема да слушнам :x А заспива моево за дел од секунда, ама кога ќе одлучи да ги затвори очите и да престане да зборува :D Ама додека се реши дали баш се што му лежи си кажал, проаѓа мнооогу време ]:) Имаше период, каде по 4 пати стануваше од кревет да вечера (facepalm) Среќа, помина тоа :whew:
     
    На mjay.yyy, Трагедијаупмм и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    2.583
    Пол:
    Женски
    @Marge тука нема и во групата од 5 г ги тераат да спијат/лежат (facepalm)...сеа е во таа фаза цел ден се молиме да јаде на крај од 20:30 (тогаш почнувам со ајде пижами) до 23 ќе изеде за цел ден (facepalm)

    Инаку како пропалитет се осеќам за целото воспитување.. дали хормони ми вријат сеа пред пораѓај дали реалност е не знам.
    Ама само се плаче се нешто непогодено и е и одмаааа одма плачките до зајдување стига :envy:
    Објаснувам кажувам џабе се е џабе :sweat:
    Тантруми не може да се ,значи не е ова за едно нешто или само кога не и е погодено него цело време од како ќе стане додека да легне. Пример да каже дека сака надвор не кажува ,,ајде ќе идеме надвор" туку ;( јас ;( сакаав;( наадвоор;(. Не знам како да го доловам тука сеа..:@
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.