Уште сум во оваа тема од 3 до 5. Мајки, сакам еден опис на однесувањето на вашите деца. Не знам шо е ова, ќе скрениме со татко му. Место посалам да е, посмирен, тој како посмален. Не ми се допаѓа ова негово однесување воопшто. Има точно 5 години, а се однесува како 3. Писка, вика силно ако не му дадеме одма шо бара, се инаети, се противи, како невротичен е. Бевме два дена во друга земја, како спореметен беше, де се смееше кога изведуваше некоја глупост, де како посмален плачеше за нешто. Немаме сили некогаш и си го чофкаме, верувајте не можеме. Како да му помогнеме во периодов, ептен се осеќа некоја разлика, не знам. Не дека беше поразличен некогаш, ама имало периоди бил и постишен. Овие два дена настрана како на струја е, трча, преминува улица сам што намислил да си направи, се лигави, во ресторанот за појадок изведува нешто, кине салветка, приплакува, леле се гледаме со маж ми тонеме, велиме како оние лигавине од филмовине, баш оние дечишта размазени, невоспитани. Па вака не сме по дома, вака не го воспитуваме. И како некој свекор е по дома, сѐ да построи, да диригира што каде, како да си игра брат му, и други работи. @LiquidLuna ај уште еднаш за сирупот пиши, кој беше. Дајте совети за развојот, што да преземеме за детево. Мислев и на спорт да оди
Сум те читала неколку пати кај што се жалиш од неговото однесување, од ова што тука си пишала не гледам ништо драматично дека направил, освен еве што сакал сам преку улица, ама ако е тоа само еднаш не би го нарекла нетипично. Она што можам да приметам и ќе ти го кажам ова најотворено со надеж дека нема да ме сфатиш погрешно, е дека ти имаш краток фитиљ. Многу од работите се работи што секое дете ги правело, прави и ќе ги прави ама ти ги доживуваш многу драматично. Мислам дека неговото однесување е во голема мера и ваша вина, односно несоодветни реакции на нормални работи. Викаш кинел салфетка и тоа е нешто како проблем? И ти на тоа губиш нерви и му викаш и го плескаш? Да, во ред е да очекуваш некои манири на тие години ама не и да очекуваш детето да ти биде издресирана кукла. Кине салфетки? Ако толку ти е проблем тоа, му ја земаш салфетката и му објаснуваш дека тоа не е културно. Почнува да плаче? Го вадиш од ресторан и одите во соба. Ќе остане гладен ќе останеш и ти, можеби нема да научи одма, ама после 10 пати конзистентно дисциплинирање ќе научи. Ама прво тргни од себе, дали за се што те изнервирал стварно било толку трагично или сепак е проблем тоа што тебе трпението ти е во минус. Деца ако кенкаат го прават тоа со причина, или им е досадно, или се престимулирани или бараат внимание или слично. Пробај води евиденција кои работи му се тригер, пробај да го разбереш, да разговарате да допреш до него и кога ќе ја знаеш причината полесно ќе ти биде да избегнеш такви епизоди или да ги смириш ако се случат. Да не звучам како мене да ми цветаат рози, имам 2 што се како на стероиди, хипер и по цел ден се од беља во беља, и на моменти губам нерви и јас, и приплакувам од немоќ зашто кога се во елемент немам шанса да ги смирам. Ама на крајот од денот сфаќам дека се деца пробувам прво да ги разберам, па после поставувам граници, се држам до нив, трпам плачење и вриштење ама сум строга не попуштам и чекам и се молам дека еден ден ќе се исплати...
Сирупот е БКомплекс, ама се согласувам скроз со @le.soleil Децата не се роботи, а ние кога сме невротични и тие се. Софија кога кине салфетки, заедно си кинеме. После ги собираме и ги фрламе. Не глеам фрка во ова. Дете е. Кој ни е крив шо не сме интересни. Досадно и е премногу понекогаш и не знаат шо попрво да напраат. И шо кажа сваќата, најкритично у муабетов е што трча преку улица сам. Сама си викаш Има периоди кај шо е постишен. Се е период. Ај барем твоето е големо, ваљда ги разбра овие работи до сега Обиди се да го сфатиш, сте го однеле на друго место. За нив тоа може да е БУМ у мозокот. Ние дома реновираме пример, Софија има ставено у глава дека мајсторите ќе живеат кај нас. Не знае она дека ова ќе заврши евентуално и дека луѓето не ни се доселени во стан. И имаше тантруми зашо и скиснаа веќе да ги гледа, се дереше и им затвараше врата. Ама тоа не е нејзин проблем затоа што не знае. Мој е проблемот како ќе и објаснам. Е кога си отидоа после тантрумот, седнавме убаво и објаснивме и нареден пат кога дојдоа беше многу подруга слика. Може кај твоето тоа што сте биле на друго место му бил тригерот. Затоа мора многу да збориш со него, може му фалело дома па од глупости глава не кренал. Се надевам дека нема лошо да ме сфатиш ама стварно мислам дека детето не ти е толку проблематично колку што ти го сфаќаш трагично. Чисто за споредба ситуација од вчера - 3.5 години е Софија, Излеговме на шопинг демек, жива пресреќна беше. Отидовме у мол, се стужи целата и потонаа сите бродови. Се изнавриште у Синсеј за некои папучи 500 броја поголеми од нејзините и зема да трча ко мува без глава, падна и се расчука. Дали ми се идеше да ја мавнам од земја оти и кажав 500 пати да не трча низ продавница? Скроз. Шо направив? Ја земав у раце и со мене на каса се глупиравме со продавачот за да ја смириме Го боцнав малку и продавачот да и каже дека чичко полицаец се лути кога децата трчаат по продавница и се надевам дека нареден пат нема да имаме проблем. Број до 100ка Елена. 150 ако треба, за тебе. За ти да се смириш.
Тешко е кога ќе влезеш во тој лавиринт и секој испад на дете го доживуваш трагично. Не е разгалено, само е дете и не знае што со себе. Скоро сите се такви верувај. Маж ми е во таков лавиринт и многу му е тешко, упорно се преиспитува и зборува како го разгаливме, само он бил таков. Јас се трудам да го разберам, знам дека е период и дека ќе помине, и така поминувам полесно психички. Пробај да си најдеш нешто што те смирува и што ти ги насочува мислите кон позитивна страна. Мене пример поткастите ми делуват вака и при напорни денови секој ден слушам барем по еден, не дека кој знае што слушам што не знам ама ете тогаш треба некој да ме потсети дека е само дете и дека не знае поинаку. Не го пишам ова да те навредам, верувам дека правиш се како што треба и премногу се трудиш да го воспиташ правилно, и верувај успеваш ама сега е рано да го видиш тоа. За некоја година ќе си задоволна од себе само до тогаш најди начин да си зачуваш психа
И @elenaklasik прочитав нешто што баш допре до срж, го зборев во некоја друга тема Не е вашето дете посебно разгалено или невоспитано Ние така си ги доживуваме зашо се наши и мислиме само нашето е такво. А читај, 95% се исти говедца.
Хахахаха мене рекорд ми е 200 И тоа на глас. И ѝ викам Ако стигнам до 200 и не си смирена, ќе имаме проблем И маж ми од таму вика Ако сакаш да си праите проблеми уште сеа кажи 200, од кај знае она да брои
Мојата пред некој ден ми вика: Мама ти мн викаш по мене и кога треба и кога не треба,оти ме караш мн.јас затоа така правам бељи некогаш,па јас сум дете..мора да е така..ееее лошка си станала многу. Размислив така малку,па во право е детето,ајде малку чил Делфина. Дека др.две се мали нели и по автоматизам поголемото мислам дека е многу големо,дека ептен пораснало,ама и оно е сеуште дете...што е 4 год.
Здраво, ќерка ми поради чести бактерии во нос проследени со кашлица, сакам да ја однесам во ре медика да ја погледнат подетално. Каде треба да закажам на орл, кај педијатар јадранка или искра? Ви благодарам.
@le.soleil @LiquidLuna @Anturium И сеа женски сакате да кажете дека и вашите се такви? Таман е тоа што велите, се согласувам, ама со живци послабо. Ле Солеиј, да, малку јас веќе си сум на работ на нервите, си признавам. Пострауматична состојба, отко му беа тантрумите силни, вриштењата ноќе, и сега веќе ни трпение ни мозок имам за глупости. Треба да вежбам и трпение и однос. Ама во денот знаете, кога си уморна, кога имаш доста задачи, уште тоа да ти дојде ко капак, се лигави, изведува, и ти зоврива во глава. Истото се тешиме и ние, дете е, а другпат пак, се маваме по глава, каде грешиме, нешто не му даваме за развојот. Еве пример ова со невротичноста, трча, не застанува, со рацете прета како нападнат од оси, а бе двеста на сат е. И си викаме дај барем на некој спорт, нешто аир да видиме сите. Тоа во ресторанот, кинеше фрлаше, приправаше, значи тоа не можам да го дозволам, не знам што му стана. А се правиме брзо со договор, со зборување, не е растен занемарен да речам, од мал сме го носеле на шетање, гушкање, читање книги, заспивање заедно, од татко му има многу внимание. Ама таков му е наравот, многу чувствително дете е, и сѐ си искажува преку викање. Изгледа му беше многу патувањето, иако беше мирен во седиште, со повремено привикување, ама па вака и дома го фаќа досада и ќе рече ајде да шетаме, ајде да излезиме. Сакаат да се возат двајцата со брат му во кола. Искрено и нам ни се шета Не знам, мене ова дете премислено ми е. Ќе земам и сирупот и ќе видам. За една година нашкола треба да почне, веќе сакам фокусот да го вежбаме, моторика има, ама мора да посветам внимание на други работи. И мене @DELFINA81 кога го карам син ми баш така вели, не ме карај, не сакам да ме караш и одбранбен став зазеа Душички. Пред некој ден исто изведуваше нешто и викав викав, и после нешто се насмевнав, и ми вели е мама се смејш, значи нема да ме караш Ајде кажете начин на којшто би можела со убаво да се разберам. Инает си е, си тера по свое, и морам да ставам многу граници, ако сакам да ми го регистрира кажаното, морам да се развикам, да го тргнам грубо и сл. Не ми е нит мене тоа во ред, ама што да правам поинаку.
Моите се помали ама ако почнам да набројувам што се направиле еве само вчера треба реферат да напишам. Борба му се сите 12 саати што се будни. И да се разбереме не дека ја имам живци или дека не викам, ама ако збучам знам дека ќе стане 100 пати полошо, и кога ќе ескалира, знам дека ја сум крива, не они. Граници не се поставуваат со викање, барем не кај моите него со последици и дисциплина. Пример се лигават неќат јадење, го кревам и нема јадење после, фрлаат играчки, ги собирам и ставам на тераса, неќам оваа блуза сакам таа што ја измокрив, еве ти оваа или оваа бирај или седи гол, тантруми за нешто што не им е дозволено, нема проблем плачи до сабајле не попуштам. Ама и тоа бара многу труд и нерви да се остане конзистентен, еднаш ќе попуштам и целиот труд ќе отиде во вода, па ајде наново.
И тоа и тоа, ептен труд. И ние не попуштаме, добро, освен со нерви Ставаме граници, не даваме сѐ по негово. Ама такво карактерче си е, односно ајде да кажеме дека уште карактер не може да се нарече кај деца, се формира, ама темпераментот му е брз, бурен, плус чувствителен и екплозија. И сме решителни, ама еве сега сфаќам дека уште повеќе треба, како си размислувам. Всушност, тој расте цело време, секој ден, секој ден си е воспитување. Ама најтешко ми е кога наоѓа моменти густи, кајшто дополнително не ми треба притисок. Тоа е воспитувањето изгледа. Не за џабе се рекло, со децата и ние се учиме.
E баш тоа сакам да кажам Треба, и знаеме. Охооо, колку пати сум си викала Осеќа дека сум екстра напната и пробувам да се смирам за да не збесне уште толку. Ама Марфи јебе работа. Досадно. А да те прашам нешто, се живо вака премислуваш? Пошо не е добро толку да го ПРЕанализираш детето заради еден испад. Ако се разбираме Јас би рекла се раѓаат вакви. И си мислам дека ќе бидат многу успешни личности ако продолжат вака само ние треба да ги издржиме. Замисли го овој карактер како возрасен. Колку ќе биде успешен ако направи се што наумил што мислиш? Наше е само да ги насочиме на правилен пат, да водат компанија пример а не банда во затвор Да си жива Секој ден е "борба". Пак се враќам на првиот муабет - Осеќаат бе пичка му матер.
Е јас бев во заблуда и тоа осеќаат мислев дека е кога те осеќа таква и оно не е добро во смисла ќе биде меланхолично нешто така не знам ни јас да кажам шо мислев ам а дефинитивно не дека уште толку ќе те здивее
Се правиш како шо треба верувај. Мојот е многу помал и уште имам нерви некако ама кога ве читам колку долго трае тој темперамент искрено не знам до кај ќе сум со нервите. Не само секој ден, секој ебан момент за да се убедиме во нешто или да поставиме граница е борба, тееешкаа борба шо ми се иде коса да си корнам. Ако веруваш од католички божик не сме седнале во ресторан, не бива тој ден во грб ни влезе јадењето. Одиме само во 3 локала лето каде што има песок или паркче за деца одма до масите, а зимо само во еден каде што има мини игротека. И тој ни е изборот сигурно уште некоја година. Не дека и вака е сјајно ама барем може да открадеме некоја минута да се напиеме по едно пиво. Друго се шетање ни е природа паркови или паркови со животни има многу тука како мини зоолошка. И јас урлам некогаш, голем дел од денот успевам да го возам ама знам и да спискам, а тоа најчесто кога сум напната од друго па и како за инат тој уште толку ќе ми се беси на живци. Еден ден што никогаш нема да си го опростам претерано бев напната и со него имавме некој ужасен период, и него не го трпев а ни себе толку бев на крај што го заклучив сам во соба за да не го убијам. Рикаше пола саат и заспа до врата на земјата. Знам дното го допрев ама во тој момент не најдов друго решение, морав да го тргнам од мене зашто готова бев да го зашлакам. И дефинитивно не се толку проблем децата колку целиот друг притисок што го носиме.
Јас дојдов да си се исплачам... 5 сега во август ќе прави... не знам лани летото во градинка што се случило ама она не е иста веќе откако ги мешаа групите... лажеше тогаш дека ја боли стомак за да не оди па после бевме на одмор и како се вративме дете секое сабајле плаче еве од септември што се вика за 3 м цела година она секое сабајле плаче па глуми ќе повраќа па не знам веќе ни јас што. И така и денес. Не беше минатата недела беше настината вчера се успав јас не ја однесов денес драми... плачеше дека треба да оди ,се договоривме дека нејзините учителки кога ќе бидат на одмор ќе биде и она дома. Ајдее ќе одиме ,плачеше зошто 3/4 панталони и облекувам ЛАДНО и било. Ајде и тоа се договоривме излезе пред врата и цимоли пак викам што сеа ме дува ветер ЈАКНА сакам. И објаснувам дека е топло за јакна ,не јакна и готово тука исклучив и и плеснав една па и облеков јакна ретко преретко ја удирам и после цел ден ми е лошо ама живци немам веќе ,цела година истото и само приплакува за нешто. Не збориме за тантруми ,него целодневно плачење за нешто не ни искажува што сака па да не и се дозволи и така да плаче туку прво плаче па кажува... а вака ако и плеснам една одма се смирува... и сеа ајде кажете ми кај грешам некогаш си викам може стварно треба да јаде ќотек па да се смири ама па јас не сакам да ја тепам. Ми се случило и да и кажам еве сеа ми иде да те истепам да ја гушнам и да и кажам ама јас не сакам да те тепам зошто вака правиш и ништо џабе. Не знам веќе чаре... Некога ш гледајќи околу мене колку им се децата поинакви а знам ги тепаат од мали си викам може и јас требаше...
Tepanjeto sekako ne e resenie ...treba da se najde izvorot na problemot. Kolku vreme e nadvor na igraliste, odi li na drugi aktivnosti, kakva e so drugi deca.Vo gradinka igra li so drugite deca ?