Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    6.973
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм , остави ќотекот не е решение.
    Веќе е голема, знае дали и кога и студи, сигурно. Тргни од тоа. Сака јакна, Ок еве ти јакна.
    Намали ги битките наутро посебно пред градинка. Не викам дека треба се да им се дозволи ама јакна, дали жолти или розови патики, дали косата во едно или две репчиња се работи што не сакам нерви да губам.
    Е сега да е 0 степени и да ми вреска како не сака јакна е друго. Тука не попуштам.
    Утрово пример и кај нас дуваше ветер. Може и е свежичко, непријатно без јакна. Јас кога ја оставив ќерка имаше деца по кратки ракави, по долги ракави, со елечиња на нив, со јакнички, значи сакам да ти кажам не значи дека ако е лето мора сите да се исто облечени.

    Друго навлези подлабоко во проблемот. Дали има причина што се заплашила и не сака. Прво таму, ја карале, ја тераат да јаде/спие таа не сака. Викаат по други деца, некое дете ја "малтретира". Се може да е тригер.
    Може и бременоста твоја да е тригер. Може кога ќе си во можност и разговор со психолог да направите.
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    29.569
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм

    Ова ми личи на некоја страшна одбивност спрема градинка. Ај напрај муабет со негувателките, може имаат приметено нешто што ти не можеш да го дознаеш. Сакам јакна, нејќам ова, сакам она ми личи како одолговлечување за да не оди во градинка.
    За ладното јас реално и одам по ќеф, знае кога и е ладно/топло. Сака јакна? Облечи и ја сестро. Кај нас во градинка по пижами и чизми за на дожд доаѓаат. Не можам да се замарам шо сакала да облече реално, шо сака нека носи. Парталава била или ко од Шутка излезена ГАЈЛЕ МИ Е.

    Види, нормално е да се смири ако ја плеснеш. Од страв, од "Ај да се смирам, да не ме плеснат пак". Ама мислам дека така лесно ќе ја изгубиме конекцијата со детето. А тоа со тепаните деца дека се помирни, не знам колку пали. Брат ми е тепан па претепан шо се вика, јас не сум допрена и погоди шо - И двајцата сме исто испаднати :D ( Една тајна да ти кажам, ко ќе пораснат секако ќе имаат замерки како сме ги растеле :D)
    Јас на моите им викам Шо не сте ме тепале за една ситуација ко стварно требало да ме искршат (се џиткав од 3.5м гаража, мајка ми седнала долу ме моли Немој сине, високо е, ама баш џентл парентинг ми праеше) мајка ми вика Па брат ти си го доби прв и видов дека нема поента 8-|
    Тој тепан рипал
    Јас нетепана пак рипав од таму

    Да не изигравам психолог, ќе ја тагнам @Cosmic Girl кога ќе има време да даде свое мислење. Многу убави совети дава.
    Ама јас пак се вртам околу градинката дека е целиот проблем.
     
    На le.soleil, Marge и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    8.284
    Искрено јас би ја однела кај детски психолог. Поедноставно е да им се отворат на други, посебно ако е преку некоја игра, стратегија и слично, и барем ќе имаш некое сознание што се случило.
    Совет од дефектолог ми беше да си играме градинка дома, со кукли, мечиња и слично, и јас така ја приметив што и е проблемот (барем делумно).
     
    На Marge, sani99, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    1.432
    предлози за детски психолог?
     
  5. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    8.284
    Не сум ја однела на психолог пошто дефектолог работеше со неа, па многу работи и неа и кажуваше ама сега за сега прекинавме, па ќе следиме дали има потреба пак.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    @SanelaS
    Знам дека не е затоа и потенцирав дека ретко ја удирам ,можеби 2 пати годишно што се вика и тоа не е ќотек сеа да не испадне се правдам ама за шамар најчесто се работи. Ама не сакам ни тоа.
    Не ја носам на игралиште моментално пошо е прежешко и јас не можам да издржам 40 та недела сум со второ... не е запишана на други активности ама дома скока игра ,вози тротинет по улица или точак не е дете што застанува ни во спиење. Со други деца и треба време да се опушти. Во градинка играше само со две по предлог на воспитувачката ги дели да се замешаат и со другите и кога со некое дете што до сеа не играла ќе игра тој ден ми вика ,,мамо и Марија ме сакала" не знам зошто тоа така си го сфаќа.
    @Miss_S
    Ама не беше јакната ни кај неа ни кај мене богами. Значи цело време бараше нешто обратно, затоа и цело утро го опишав да доловам ситуација,и вака е секое утро од септември наваму. Сега ај не сум на работа и кога бев нели брзам и за таму и дополнителна фрустрација ми се собираше.
    Бременоста не е ,можеби влошува ситуација ама не е корен бидејки тоа го правеше и пред да останам бремена.
    Воспитувачката па ме прашуваше дома да не има нешто... јас мислам дека кога беше со други воспитувачки се случило нешто нели ги мешаат за одморите а и двете најзините во исто време беа... ама не кажува ни она ни од градинка некој што. А од друга страна па и предолг период е за тоа да ја држи...
    @LiquidLuna
    Не знам ,пишав погоре да не повторувам ,од таму мислат до дома е нешто.
    Дома едниствено што кога ќе се заплаче баба и притрчува ќеф да и истера па после со сите истото го праи нема друго ,знам дека тоа плачење за сенешто од таму и потекнува.. зборено е за џабе.
    А со градинка навистина не знам. Глумеше бе таму дека ја боли стомак со недели па ајде уринокултура ,фецес чуда ,секаде се ок. Па одбиваше да јаде ,па плачење и таму за сенешто а воспитувачката е навистина посветена ми се јавуваше да види што да испитаме да сподели мислење и сл и на крај сите заклучивме дека лаже ,па и таму и дома повраќање од инат само да не оди. Еве и викендов исто и викам понеделник во градинка ќе бидеш она аа не можам и демек кашла ,викам па и на роденден не може ако кашлаш таму истите деца од градинка ќе се еее ми помина сега...
    Јакната беше капка што ја прели чашата.
    @Калатеа
    Пробував со играта ама не искажа...
    Има спомнато онака рандом дека децата и викале плачка мачка и објаснував дека тоа е затоа шо им плаче на се ,дека не треба така зошто интересно им е нив како плаче да ја гледаат и затоа така и викаат. Дека ако ете пример некој и збори нешто да му врати а не да плаче.
    Сеа не знам колку применува...
    Изгледа ќе треба да ја носам сеа и кога ќе се породам уште полошо може ќе биде...
    И проблемот со спиењето ,еден период мислев дека од недонаспана и е ама еве додека беше дома насабајле поспиваше до 11 некогаш и пак цел ден беше таква плачлива.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Колку си ти понервозна толку и детето е. Нема да го извадиш од тој круг на плачење и кенкање. Посебно не со шамарање, да, дури и два пати годишно. Како сакаш да ти верува детето? Како сакаш да ти каже нешто ако мисли дека ќе го плеснеш или ќе почнеш да му се дереш?
    Детето во мене го заболе кога пиша дека си му плеснала шамар. Оно не знае како да ги изрази емоциите, не знае како да се справи. Родителите треба да помогнат. Прегрубо? Можеби. И твојот шамар бил прегруб кога наместо тоа си можела да го гушнеш и прашаш што можеш да направиш да му ја олесниш ситуацијата. И за двете би било полесно. Ти си возрасната, од тебе учи.
     
    На Mother of 2boys, thinkerbell, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    29.569
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм
    Ако имаш време пред да се породиш, посетете психолог со маж ти за да те подучи како да се справиш сега а и откако ќе се породиш за почеток.

    Си размислила да не имаш едноставно Преемотивно дете?
    Ова ме натера да мислам дека се осеќа ко Неприфатена на некој начин.

    Дефинитивно психолог мила :) :inlove:
    Ќе го решите проблемчево и ќе уживате со бебле :l:
     
    На sani99 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Не не си прегруба ,јас сама на себе си бев таква ,ако веруваш 1 час после тоа плачев не можев да се смирам.
    Ја гушкав цело утро ,секое каде што пишува се договоривме уствари во прегратка ми беше додека и кажував дека е жешко и затоа и облекувам такви панталони,во прегратка беше додека и ја местев косата ,во прегратка секако кога стана тоа ни е секое утро без разлика дали оди или не во градинка,кога стана од нокшир исто. Веќе дури си помисливам дека од многу прегратки и попуштање е ваква. Дека тоа gentle parent кај моето дете има обратен ефект. Затоа и пишав ,освен да се олеснам и некој од страна да ми укаже не знам совет било каков. Пошо имаме кума на иста возраст мајка и вика додека не изеде не се смирува ,други се нивните предизвици не е ни битно ама советот е тој. На золва ми е 1 г поголем и она ми вика многу ви е разгалена ,залепи и една ќе видиш ама не јас не сакам ,едноставно ете на некои моменти се гасам ,не се гордеам ниту сакам да се оправдам далеку од тоа.

    Исто се договоривме кога нејзините воспитувачки ќе бидат на одмор она нема да оди.
    Претешко ќе ми биде со неа и бебе дома ама за најзина среќа ќе истрпам.
    Па септември ќе биде весело јбг...

    @LiquidLuna не знам дали неприфатено ,или перцепција и е дека ако некој не и обрнува внимание автоматски не ја сака.
    Пошо имавме и гаден период во кој шо баба и за сенешто и правеше ,,ако си таква не те сакам"
    ,,ако правиш вака не те сакам" и сл.
    Тој период и мене и на учителките по неколку пати дневно не прашуваше дали ја сакаме..
    Некако едвај успеав да го прекинам тоа.
     
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    29.569
    Пол:
    Женски
    Aбе ти кажав неколку пати - со баба и си имаш проблеми ти , не со неа
    Извини ама само будала може да каже на дете Ако вака Не те сакам. Греотка. Кој знае шо си има ставено у глава малото. Повеќе луѓе, повеќе начини на воспитување и детево не знае кај тера.

    Татко ми еднаш се осуди да и каже Ако не влезеш внатре, МАЈКА ТИ нема да те сака. И излегов одма, и нејзе и кажав Седи надвор додека јас не те викнам, јас те сакам и внатре и надвор.
    И после му се свртев на старото и бидна големата :)

    Советите од кума ти и золва ти батали ги.
    Gentle parenting подразбира Емпатија, разбирање ама и Граници.
    А границите нема да ги поставиме така, џабе. Еве и за мене си зборам. Мене устата пења ми фаќа по цели денови, веќе сама не се трпам кај шо ги зборам истите работи. Ама си викам еден ден ќе вреди ваљда.

    И тоа шо си приплакува шо викаш колку ми оди на нерви абе ужас. И ние се мачиме со тоа
    Ми се мочаааааа и плаче
    Сакам Х работа и плаче
    Дај ми тоааааа и плаче
    Абе само ја гледам и си викам ко бебе глас не ти слушнав, не знаев како плачеш ама затоа сега мамето мамино ќе ми го расплачеш.
    И ние многу работиме на тоа, ама мојава е осетлива бааги и мора нежничко, полека, степ бај степ. Мислам дека еднаш ако викнам Ај доста со плачење 3 дена нема да престане. И ко ќе се зарика така оставам шо и да праам, ќе идам до нејзе и Ај сеа кажи и на мама што те изнервира или натажи. И ќе ми каже некоја глупост шо нејзе и е животозагрозувачки у моментот ама тоа е.
    И некако така почнавме да учиме емоции. Добро, сега си нервозна заради тоа и тоа. Како да го решиме?

    Затоа ти реков за јакната, јасно ми беше дека е јаготчето на шлагот, не е само јакната. Ама нејзе и било тоа битно. А некогаш треба и да ги оставиме сами да кршат глава и да видат дека не се у право. Јас лично би ја пуштила со јакна на 40° ама знам дека мојава за 2сек ќе ја соблече надвор. Така ми се напна за долна маица. Морало та морало. Добро чим мора. Излезе надвор Мама жешко ми е. Еј дааа? (facepalm)

    Се изнапишував а не знам дали кажав нешо битно.
     
    На Tiny Love, Marge, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    3.803
    @Трагедијаупмм јас исто би додала дека не треба кога ќе се менуваат воспитувачките да ја оставаш дома, туку да ја учиш како да се справува со промените и како да не им посветува големо внимание и да има самодоверба. Затоа што не е само градинка, догодина ќе биде школо и многу други предизвици, што ги носи животот. Те разбирам, бидејќи имам исто многу емотивно дете. Среќа моја и благослов е што сме сами со маж и никој не ми се меша во воспитувањето. Кај тебе и тоа е проблем, може се и хормоните, ама во принцип и имаш проблем со мешањето на свекрвата во воспитувањето на детето. Нежно родителство баш како што кажаа значи и поставување граници. Ама, пак треба да видиме дали тие наши граници се реални или ги поставуваме бидејќи ние така мислиме, така сме пораснале, така ни одговара повеќе итн. Да не носи денес јакна не е граница, тоа е твое покажување моќ над детето, без некоја реална причина, наспроти погазување на нејзините потреби/желби. Не ме сфаќај погрешно, те молам. Мораш да најдеш начин да почнеш да комуницираш со неа, време поминато сами заедно, споделување твои ситуации кога си се чувствувала тажна, не сакана, отфрлена…

    Една ситуација од моето секојдневие. Еднаш на моево дете му падна нешто и му се истури, тука беа свекорот и свекрвата. Без лоша намера му се изнасмеаја на цел глас, каде што детево мое се засрами и се почувствува како да е неспособно, бидејќи нешто му се лизна од раце и му падна, што може секому да му се случи. Почна да вришти на цел глас, да фрла, да се лути и се затвори во соба. Во тој момент, мене ми се врати сеќавање кога се роди сестра ми и отидовме во болница со татко ми и јас сакајќи да подадам јогурт на сестрата, да и го однесе на мајка ми, ми падна и се расплеска на подот во болницата. До ден денес се сеќавам на тоа чувство како се засрамив, како сите гледаа во мене…Му го раскажав ова на син ми, да знае дека не е сам, дека може секому да му се случи и знаеш што? Бараше уште минимум 10 пати да му го прераскажам истото, додека не се почувствува подобро.

    Децата се и онака мали и збунети за овој голем свет, ние сме им единствената заштита. Пробај да ги гледаш работите низ нејзините очи, дали е збунета, дали е исплашена, многу работи ќе разбереш на тој начин, на крај краева, сменете градинка, ако не и чини таму и ако год дена детето се мачи. И најди начин да се конектираш со детето, ќе биде уште потешко кога ќе дојде бебето.

    Јас единствено што посакувам за мене и детево мое е секогаш да доаѓа и да ми кажува што го мачи, никогаш да не мисли сам дека треба да проаѓа низ било што. Затоа што ако сподели, ќе му биде полесно и ќе најдеме решение, ако ќути е страшно во овие модерни времиња.
     
    На see.emily.play, Tiny Love, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Не си gentle parent ако и плеснеш тук и тамо по некоја. И се извинуваш ли после? И објаснуваш ли зошто? Разговараш ли со нејзе? Не е веќе толку мало дете, се разговара за чувства. Мислам, најлесното е да се издереш и да плеснеш шамар, полесно од тоа нема. И не, не стануваат лигави деца од премногу гушкање, не постои такво нешто. Стануваат лигави од пермисивно воспитување, кога им допушташ иако си рекла дека нема, ама на крај пак ќе го дадеш нештото. И не си доследна на зборот.
     
    На le.soleil и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    Секогаш гледам да сум доследна јас како мајка ,други и попуштаат или го погазуваат моето, да сум објаснила ама тоа и е тогаш за тогаш потоа пак ќе продолжи со истото.
    Се трудам и да разговарам и да и објаснам чувства ,некогаш нормално од крв и месо сум и ќе викнам. Ама предолго трае ,се обидувам и неа да ја разберам ама и себе си. Не знам како ќе биде.

    Благодарам на сите за советите ,ќе се обидам и од ова нешто да применам.
     
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    11.986
    Пол:
    Женски
    @LiquidLuna
    За сирупот те прашав за фирма?
    Која фирма Б комплекс користевте?

    Не се трпи, не не.
    Ова ако е нормално за 5годишно дете јас еве.
    Вчера на игралиште бевме, возеа количе, па на лизгалки, и потоа велиме ајде ќе си одиме, нешто брат му лошо се спушти, ќе се превртеше за малку и заплака.
    И татко му го искористи моментот и го зеде малиот, ајде крај вика, готово си одиме.
    Поголемиот почна да се противи. Цел пат потоа, и дома, и пред спиење беше здивен.
    И бараше работи шо знае дека во моментот не се дозволени, само за да се контра и противи и уште толку да вика.
    Ама сега кога прераскажувам, си викам лошо беше постапката од татко му што отсечно ја прекина играта.
    Добро, тој пред тоа велеше ајде готово уште малку, ќе си одиме, велеше. Ама во тој момент така постапи нагло.
    И на тоа овој се вознемири.

    Не знам како сѐ уште. Мене секој ден ми е енигма, за како да го научам да е поотпорен на промени, на прифаќање, на прилагодување.
    Нема во него таков нарав. Тоа треба да се вежба и учи со него.
    Многу бунтовно, со викање со жестокост ги прави нештата.

    Ах, кај да се одморам од децава...
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    6.973
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik , дали одат во градинка? Дневен центар, престој или нешто слично?

    Или пак поголемото да оди на спорт?

    Може имаш веќе пишано, не се сеќавам.
     
  16. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    2.690
    Пол:
    Женски
    Друштво добро утро, т.е. добар ден веќе хаха будни од 5:30 :D

    Ми треба совет, мислење нешто...

    Синко е 3 и пол години. Последно време почна да се мочка во гаќи навечер еве веќе неколку ноќи по ред или да не кажува дека му се кака. Ај ова со какањево најчесто е заигран нешто и не сака да ја остави играта па се стега ама ќе му се испушти во гаќичките. Ме мачи мочкањево. Нема пелена бајаги време и денски и навечер. Имаше мало да речам уназадување кога се роди брат му ама се среди кажуваше. Веќе и нокширот го тргнавме се е на шоља. Пена ми фати устата од зборување. И се аха да нема веќе и станува сабајле помочан. Во свој кревет спие па не секогаш го приметуваме дека се измокрил и спие така воден до сабајле... Чаре?
     
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    11.986
    Пол:
    Женски
    Поголемиот оди во градинка, на спорт не.
    Малото не оди сѐ уште во градинка.
     
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    29.569
    Пол:
    Женски
    Бекутан 230 денари е во Зегин
    Јас давав 2мл насабајле и навечер
    После некое време давав само навечер И го прекинав
    3 месеци континуирано се дава според нашиот педијатар, повеќе не
    Ама јас го прекинав пред тоа
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    29.569
    Пол:
    Женски
    Срц и ќере се измоча еве денес, ја се сомневам дека се разболува
    Може да е нешо такво?
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    6.973
    Пол:
    Женски
    Немам поголемо дете ама од колешка искуството е дека џудо ептен помогнало кај нејзиното дете. И во смисла на трошење енергија и во концентрација и следење насоки.
    Може да се пробате на такво нешто.
     
    На elenaklasik и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.