Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Не верувам, вчера бевме на контрола на педијатар, редовна што одиме на пулмолог, го прегледа све викат одличен е.

    Значи не можам да доисперам постелнини и алишта хахаах 3 вечери со ред.

    Градинка не му се случило само дома ова. И сабајлево стана помочан и му зборвам цело време и ајде го преслеков се супер, нема мама веќе, ќе кажам, го носам во купатило после 5 минути го местам да мочка пак подмочан. Значи како стана само за тоа муабет, да кажиш ко ќе ти се мочка да да ќе кажам и ... Како тарабука да тропаше.
     
  2. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    578
    Знам дека нашите деца се на иста воздраст и нема да ти паметувам како треба да се однесуваш во одредени ситуации затоа што и ние дома поминуваме низ истата фаза ама баш скроз во истата.

    Во принцип јас сум многу строга и не ги преминувам границите макар се мавал од земја. Овој период знам почестот да го казнувам и не отстапувам од тоа и има ефект. Знам некогаш и намерно да му ја прекинам играта за да видам реакција, некогаш слуша некогаш ќе кенка цел ден ама на игнор е.

    Не сака да јади и пребарува, е сега сакам вака, ама не сега сакам така и настапувам во сила дека ќе седи гладен и го оставам.

    Навечер легнува да спие и станува по 100 пати, ми се мочка, ми се пие вода, ми се кака, ми се јадит, ме будит цеце, ми е топло, па ми е ладно и тука веќе притисокот 200, затоа што од 9 сатот легнат до 10 се шета и збеснува, а премногу е уморен.
    Секој ден зборувам, го карам, знам и да го шлапнам, знам и да го наградам,знам и да го игнорирам, да се спуштам на негово ниво, да сум над негово ниво, да го гушкам, да го трпам до максимум. Зависи како сум расположена, како е тој расположен и така се однесуваме.
     
    На elenaklasik, Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.088
    Допаѓања:
    4.970
    Се дешава и кај мојата. Пред некоја недела баш мислам дека 4 дена по ред се мочаше, те во градинка, те дома навечер, сега си е пак ок. Не знам, тој период беа по одмори учителкиве, една само ги чуваше, а мојата најчесто трпи не кажува, ама ете и помина, што беше тие неколку дена не знам.
     
    На Bubamaricka и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    12.385
    Пол:
    Женски
    Исто, држам граници и некако имам чувство дека преминувам во инает.

    Мислам, онака како што опиша, ако се фрла храна, земам чинија, ако има за нешто паѓање во несвест, не попуштам.
    И застанувам некогаш вака и си велам, да не претеруваш? :wasntme:
    Не дозволувам подигрување.
    Си викам кој е бе родител овде, јас или ти? И си ја решавам енигмата.
    Ама!
    Ова трескање веќе не ми се допаѓа, и се разбираме. Особено со две деца е дупло. Второто и да е мирно, ко што и е второво мое, учи од ѕверов поголем и презема од него начини.
    А и комбинацијата две машки сигурно е за нијанса понапорна, оти...две машки. (lalala)
    Некогаш сакам исто да го тренирам, намерно не давам нешто, намерно оддолжувам и слично, за да се учи, да почека, да е потрпелив, да може да се носи со фрустрација и сл.
    И често се фаќам како имам двоумење внатре во мене, дали да му дадам тоа што бара или да не дозволувам.

    Сестра ми ми вели многу сум била контраш, е што сеа тоа така да му велам, па дете е дај му. Ти велам немаше вакви проблеми во однесувањето со твоите деца, бубачки беа.
    Ситуација од ручек. Го враќа дедо му дома и влегува разбојников: кај е мама? Кааај е мааамааа.
    Еве сум, во кујна.
    Доаѓа во кујна.
    Ќе одиме на количиња, да возам кола, сакам, сааакаааам сега одма.
    Велам јадам сега, не може.
    Кога когаа сакам сегааа, ааааа :headbang: :punch:
    Се треска, се врти, урла, вреска како пожар да има. Како да опишам колку е тоа гласно?
    Доаѓа татко му го фаќа за партал и го носи во детска да се смири.
    Се тутна во кревет и ќутеше.

    Дали да дозволам дерење? Не.
    Во зграда сум, не е пријатно. Испаѓа дека сам расте дома.
    Дали да станам и одма да го однесам на количиња? Не. Вчера возеше веќе.

    Му објаснуваш неколкупати. Нема успех. А вреска. Нема начин да се запре. Е па го фаќаш фино го зграпчуваш и го надвикуваш за да го скротиш. :drunk:
    Ко еж во дупка беше во кревет.

    А дојде јуни, лето, како споулавено е.
    И верувајте се преиспитувам цело време. Што ми е работа, мајка...:mm:
    Ама мозокот ми е каша, особено од некои совети од една мајка што следам, ама добро таа е со школо за вакви состојби, ајде ѝ давам кредит за паметна личност.

    Јас навистина не знам како да го ојачам детево.
    Инаку, сѐ памти, сѐ забележува, памти што сум рекла, што кај видел, се сети на едно играче кое е прибрано веќе 2 години и повеќе. Со него играше како бебе, а потоа и брат му. Ама како се сети не знам.

    Сѐ сака да провери, да види, да мирисне, да се осигура.
    Вчера малку порано го врати дедо му и кога видовме со маж ми од прозорец, ко скиснати, аии доаѓа детево викаме :rofl: е до толку сме.
    Мал тиранин е.
     
    На Трагедијаупмм и Panovic им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    8.120
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik ,само нафрлам идеи ама дали би помогнало да имаш фиксиран распоред на неделата, денот или било како?
    Како календар, пример понеделник возиме количиња, вторник е ден за на сладолед, среда за пазарење...
    Да знае што го очекува секој ден.

    Вака кога те читам едно што е дете уште, друго стварно од страна изгледа како да е ептен разгалено, дали од вас или од околината ( баби, дедовци).

    И како се однесува во градинка? Дали таму има поплаки?
    Исто со братчето како се однесува? Да не се јавува љубомора што братчето не оди во градинка и е дома цело време, ( претпоставувам е дома). Може си мисли правите којзнае што со него.
     
    На elenaklasik, Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    12.385
    Пол:
    Женски
    Во градинка баш вчера, четвртокот кога го земав, прашав каков е.
    Рече добар е, и кога ќе го искарам слуша, следи, не се тепа, во ред е.
    А дома си е вампирче.

    Еве вчера вечерта легнав јас со него да го заспивам.
    Обично лежи до него татко му, јас со помалиот. Ама татко му беше втора смена на работа и јас бев со големиов, а мајка ми со малиот.
    Некако го насмеав, читавме книга, го гушнав, ми раскажа за градинка и одма подруго, смекна некако.
    Си велам, мислам дека му фалам јас. Бидејќи цело време сум некако како онака спрема него.
    Татко му го носи, го зема од градинка, татко му лежи до него за заспивање, испаѓа сѐ татко му, јас мал ден.
    И вчера ми светна, дали можда му фали моето присуство а не сум забележала?
    Инаку си писка, да, особено периодов ептен појачано.
    За разгален, не знам.
    Она класичното не. Со лигавење, со посебни подароци или нешто издвојување - не.
    Баби и дедовци, хм, не ги гледа многу.
    Ама и тој си е некако дете со кочница. Пример кај баба му и дедо му по татко, му велат 3 оревчиња, 2 коцки чоколадо ќе јадеш и прифаќа, не се буни.
    Некако ред и предвидливост изгледа сака.
    Можда добро е то ко идеја за различен распоред, ако имам прилика ќе го направам.
    Со брат му го сака, го планира за шетање, за играње, некогаш е љубоморен му вели бегај, да те изведат волци во шума...и сл.
    Ама главно вака го засака, го гушка, од сѐ по малку.
     
    На Miss_S и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. Лалина

    Лалина Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    10000%
    Знам затоа што го имам истото дете дома. Кај мене помага само време поминато, ама свесно наменето, целосно да се посветам, навистина да го слушам и да си ги прераскажуваме заедничките моменти додека сум со бебенцата или не можам да му се посветам и си закажуваме нови интересни работи додека сум зафатена и така е задоволен.
    Викање, не не не, карање, забрани, кај нас само прават полошо и ако тргне денот така нема враќање. Пробајте да се однесувате неколку дена како со возрасен, барем јас така си викам кога ми е најнапорно и кога ќе се осетам дека сум спремна за карање си викам ова е големо дете, да разговараме како со возрасен и УСПЕВА, одма е посмирен. Пробајте ќе видите, не дека нема да лудува, ама е полесно малце, ако почнам да викам НЕ НЕМОЖЕ ЗАБРАНИ, готови сме. На пример за ситуацијата со колички јас би рекла, ај да јадам само и ќе седнеме да се договоримe, ти сега си дојде, сакаш да раскажеш, да се миеш, имаш планови некои ( а во меѓувреме јадам) и или ќе се смири или ќе продолжи да вика, ама ти имаш време да одлучиш што ќе правиш, дали ќе одиш на колички, може ќе те убеди со молба, или ќе му смениш внимание на нешто друго :) За жал може и јас го размазувам мојот, ама секако знаеме дека имаат измешани емоции и тој искрено и навистина сака да оди на колички и тоа е огромна желба, ти не си достапна и мора да ВИКА, па ако разговор и одвлекување на внимание не успее, нека оди во соба да одмори :)))
     
    На le.soleil, elenaklasik и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    12.385
    Пол:
    Женски
    Мајки, јас сум сега малку избезумена и растревожена.

    Завчера на син ми му се појави назад на вратот како бапка како каснато, малку црвено. Помина тоа и рековме добро, не одиме на доктор.

    Утринава станува и го гледам левото уво огромно, црвено и потечено особено во горниот дел.
    Можеби и спиел на него и сега му е навалено нанапред, како смекнато како тресито.
    Сега сме на преглед, ќе прашам директно.
    Ама ми е дали ќе му остане такво клапнато, се истакнува спрема другото ептен.
    Можеби и спиел на него па придонел да се направи такво.
    Ми се буни за стегач, нејќе.
    Не сакам да му остане клапнато :(:(
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    26.440
    Пол:
    Женски
    Валда му е клапнато ради отокот колку што те разбрав. Нормално при оток се деформира, дали е уше,прст или ете од заб нели образ. Кога ќе намали отокот ќе се врати на свое како било.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    668
    Не знам дали е соодветна тема оваа ама за 4 години дете, каде ги носите за да се издуваат освен игротеки? Некој тренинг или
     
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    2.965
    Пол:
    Женски
    Скоро 5 г е ќерка ,ноќе многу шкрипи со забите. Искуство и препорака некако како да го решам ?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Женски
    Што мислите за хемоглобин 11.6, 11.7 за дете 4 години? Дали е на граница?
    Пие флорадикс црвен со паузи, но хемоглобинот од 11.7 не мрда , некогаш е и 11.2, 11.3кога е настинат
    Прашав за железо да испитаме зошто од мал слабо јаде, ама ако бил под 10.5 ке земеле од вена, вака не бил лош, ама шознам...
    Колку е кај вашите деца на оваа возраст одприлика
     
  13. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Син ми има 4 години, од кога е роден нема имано хемоглобин поголем од 120, едноставно детето е такво, никогаш не примал суплементи, пример и јас сум таква, хемоглобин повеќе од 129 во животов немам имамо
     
    На Grasiela** му/ѝ се допаѓа ова.
  14. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Прашање. 3 години и месец дена е девојкава. Ноќе во спиење трие заби и крцка боже мој. Еве ја моментално, не можам да заспијам од што ги гребе забите. Има некој со вакво искуство? Што да правам? Да преземам нешто, стоматолог или што? Не е и убаво за запчињата така мислам :(
     
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.092
    Допаѓања:
    8.579
    Пол:
    Женски
    Бруксизам се вика тоа. Јас имав проблем со тоа од мала. Кецот ми е пола ради тоа. Го решив проблемот со носење фолии силконски, ама тоа пред 10 години, и носев едно три сигурно. За деца не знам дали има тоа. На спиење ги ставав и еве веќе не шкрипам со забите. Нека кажат @Annath @Spidy ?
     
    На emche05 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.069
    Допаѓања:
    15.001
    Пол:
    Женски
    За деца е нормално да шкрипат додека им растат заби. После 3 години би требало да прекинат, ама често знаат да продолжат. На возрасни се дава таа заштитна фолија, ама на деца нема што да се прави. Језиво е, ама нормално е сеуште и ништо страшно не е за сега.
    @emche05
     
    На Трагедијаупмм, Ceneva, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го поставам прашањево ако има посоодветна тема упатете ме.

    Детево ми е алергично на лешници, е сеа прашањето ми е дали има некој еурокрем без лешници!?
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.088
    Допаѓања:
    4.970
    Не:)
    И тој од белина што беше само чоколадо и направи реакција.
    Пред некој ден јадеше флафи само со топено чоколадо исто направи реакција.
    Има по маркети некои кремови што демек немаат позади на деклараци наведено лешник, ама има се друго што треба и не треба и тоа јас не би го јадела и не ги купувам.
    Цела среќа не е алергична на траги, па киндер чоколадите (поубаво се топат) или животинско царство и ги растопувам за на палачинки, вафли и сл.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Баш убаво ти текнало да растопиш чоколадо, следно така ќе направам кога ќе ми побара лебче со крем.

    Абе ова алергииве јас не знам искрено, на тестот имаше 5 плуски за лешници, а јадел претходно крем, ќе се исфрлеше околу устата само, јас мислев од млекото е дека и на крајвји производи ми изреагира. Е сеа ми е шубе последно од нутела на вратот се исфрли што претходно не се случило. Чоколино лешник нема гајле, додуша тоа којзнае што состав е лешник нема сигурно. И некако не можам да фатам крајот. Не јадеше торти сега по родендени сака да јаде да пробане го оставам, зошто чист лешник не пробал. А не можам ни епипен да најдам по аптекиве да го имам за секој случај.
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.088
    Допаѓања:
    4.970
    Ее кај дојде до епипен, па не го оставај да изеде многу. Научи го. Мојата прашува стално дали има во нешто лешник и ако и кажам дека има бега како од чума. На родендени обавезно состав бараме, ако нема состав или има лешник ветено и е дома киндер јајце. Чоколино обично јаде, со лешник не сум и дала. Реакција и по неколку дена може да покаже немој да се чудиш што еднаш немал после имал. Јас пред година дена кога се престрашив пак да проба, два дена немаше реакција (од една точка путер од лешник) третиот ден се исфрли. Ама ова 5 плуски да имал на тест а вака благи реакции ми е чудно, јас би припазувала, пошто таа знае одложена реакција да направи. Она на еден роденден изеде торта со лешник (веројатно мн малце имало), се нафрли и во козле дур стигнеме на ред и се повлече скоро цело, ама пак ја боцкаа, пак терапии, затоа што дава и задоцнета реакција.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.