Малово е 4 ипол години, од минатиот четврток како си дојде од градинка, трепка цело време со очињата. Го прашуваме дали го болат окцињата, еднаш вика - да, еднаш - не, кога ќе го прашаме зошто трепка така, вика - не знам. На очно бевме пред два месеци, го носам еднаш годишно на контрола задолжително, затоа што и јас и маж носиме наочари, ама рекоа дека е се океј, освен мала осетливост на светлина, нема никаков друг проблем. За утре пак закажав кај очен, ама искрено не верувам дека ќе најдат нешто. Инфекција не е, да беше инфекција, до сега ќе покажеше некаква реакција мислам дека. Денес дури и од градинка му посочиле на маж ми дека така трепка, наводно дури и боите не ги разликувал и не можел да најде нешто што било пред него. Што ми е скроз чудно, дома се однесува нормално, немаме приметено никакво нетипично однесување. На што може да се должи вакво трепкање со окцињата? Сте имале вакво искуство? Си мислам да не е нешто како игра, фаза, да не видел од некого, па му се видело забавно…
Некој тик или имитација да не е? Можеби од стрес некаков, умор, навика? Доста причини може да се, дури и тоа што го спомна дека е осетлив на светлина може да е, исто така и промена во диоптерот, можеби. Добро е што ќе го однесеш повторно на др. може да се смени кај деца диоптерот и за 1-2 месеци. Пробај обичен раствор за очи ставај му, можеби само му се суви и иритирани очињата.
И јас помислив дека можеби се работи за тик, најмногу на тоа ми личи. Иако, од минатата недела кога почна, до сега, доста е намалено трепкањето. А ако се работи за тик, каде да го носам, на невролог? Ќе видам утре и на очно што ќе кажат…
Па мислам дека и самото од себе ќе се намали, па ќе исчезне. Ми личи како некој си стрес да претрпел во градинка, нова околина да не е во прашање? Многу дечиња стресот го изразуваат преку тикови. Види на очно, па ако сакаш и однеси го на детски невролог, за ти да си мирна, иначе не гледам реална потреба за истиот.
Добро бе другарки, се расправаат вашите со вас вака на скоро 4 години? Значи тоа инает ама со објаснување и карање и обавезно завршува лута со скрстени раце и ми врти грб. Пример од вчера - Не можела веќе да јаде, ја "болело" мешето. А пред тоа пола чипс стопи. И реков Ќе заборави на грицки абе тоа ко рече ќе се кара како тоа она морала да грицка нешто измеѓу јадење, и се налути ќе одела да спие. Ај ок, отиде во соба почна пак да вришти нешто да се расправа со мене и колку и да пробувам смирено и се развикав дека Не може со мене така да се расправа и ѝ реков дека е казнета, нема приказна, нема ништо, директно на спиење. И почна да вришти дека Не сака да биде казнета. Мислам ок, знам. Никој не сака ама јбг, мораш да се смириш малце. И да се вратиме на главното прашање, се караат ко мали теткици Карен такви со вас?
На 5 станува полошо ,се кара со сите ... И прашува се ,пример ја гледа комшивката - ти сега кај ќе одиш Некни така со истава комшивка отворен прозор а жената надвор (70 тина години има ) може ли да дојдам кај тебе и вика ама со баба дека сама мама не ме пушта А сама не ја пуштам отиде еднаш не можев да ја приберам а жената сакаше да легне да одмори оваа и вика ако јас надвор ќе те чекам
Да да скроз исто. Прекрстени раце, намуртен поглед, таа е позата. Па после следува што ми се дереш, што викаш, кажи убаво, ме болат ушите. Ќе видиш ќе те кажам на дедо ми....и така.
Да имавме тикови беа. На очињата помина со време за неколку месеци, можеш да даваш б6 по едно на сабајле и на вечер и не треба за тоа да му зборуваш само ќе помине. Кај нас прво беше на говорот и се префрли на очињата после поминаа сега пак малце со говорот има проблеми развлекува реченици и почетни зборови.
Го однесов на Невролог фаза на развој ми рече, многу чувствително дете шо реагира емотивно. Самото дека ќе помине.
На очен рекоа дека е се океј, баш му направија детален преглед и не оставија ништо на случајност, рекоа за 6 месеци пак да го однесеме. И јас се сомневам дека се тикови, баш и кај моево пред месец дена имаше некоја блокада во говорот, ме замисли сега што и кај вас било вака. Моево расте во двојазична средина и доаѓаше до повторување на сврзниците најчесто, додека му текне како да го каже остатокот од реченицата, најизразено беше кога зборуваше на македонски. Го надмина тоа со зборувањето, сега со окцињата. А исто е мнооогу чувствително дете и приврзано со нас, моментално во градинка имаат нови дечиња, а и таа главната воспитувачка му ствара некој немир очигледно, плус и бебе чекаме. Најверојатно се му е собрано на куп. Зборуваме најмногу што можеме со него и ни останува само да чекаме да помине ова само од себе, се надевам дека ќе помине. Ако не помине за месец дена, ќе побараме термини исто кај невролог и ќе видиме што понатаму.
A со инатот шо праиме? Абе не се разбира од збор, инат невиден, до последно додека не станам да тргнам накај него тој инат ми тера!!! 4 ипол има, и ќе ме полуди ова дете. Никад не му се спие него, се морам јас да го терам, да го прашувам за спиење, па ајде инатење дека нејќе да спие, дека касно станал сабајле, а станал во 8ч. Објаснувања триста, по цел ден! Мука!
Само што наполни 4 год. Навечер не можам да го успијам, насабајле не можам да го разбудам за во градинка. Обраќање очи, мрштење, карање, криење, трескање врати, све е тоа новото нормално. Таман да му кажеш нешто ќе ти одговори со “ај малку пауза“, или у превод „ај ќути“. Од инает ги расфрла играчките, ако му спомнеш да ги присобере сите до последна ќе ги испофрла низ собата, па почне и по шкафовите да удара, или по ново, утумачки ми лупа боксови у слабини. Нема шанси да ти даде рака, во продавница да го однесеш обавезно ќе те посрами, на комшичето играчките му ги краде, се кара со рандом луѓе на улица. А таман имаше некој напредок во однесувањето. При крај сум со нервите.
Генерација 21ва, дали планирате да ги запишете на некоја активност малишаните годинава, танц, спорт? И од поискусните некој совет, од што сте задоволни или кои да се одбегнат? Имам слушано свашта и за школи и за учители. Балет имаа во градинка, веројатно ќе имаат пак нешто и оваа година, ама колку е тоа балет е прашање. Мене класичен балет како уметност никако не ме влече па не размислувам за тоа ама модерен балет ми е прифатлив, ама сега не наоѓам ниедна школа нити па искуства. Атлетика исто размислував, дознав само за една во парк, салата ми личи ужасна .
Kaj nas na 5 ipol sega stana strasno ,pa duri pocna da kazuva ova e moja soba izlezi od nea.Eden den koga go karav nedelava urlase mislev komsiite policija deka ke mi viknat.
Во Денсерс Јунајтед има модерен танц за дечиња од 4 години. Јас сакав да ја запишам ама не сака, а многу ја влече танц, прави кореографии на песни сама. Сепак нема да ја форсирам. Мислам има и од едукативнине активности Малац генијалац и слични за од 4 год ама јас не сакам такво нешто за мојава, доволно и е умствени активности во градинка и дома за 4 години, не сакам да ја оптеретувам дополнително. Согласно возраста доста познавања има.
Мојата се сака, се додека не прекине да сака . Јасно ми е, и јас бев таква, нема што немав пробано. Секако би отишла еднаш два пати да види дали ќе и се свиѓа, немам намера да ја терам да прави нешто ако не и е убаво. На другарка девојчето оди во тинкер, повеќе им е игра мислам, не е како малац генијалац, ептен сака да оди. Денсерс јунајтед не ми се познати, ама го гледам тимот, познато ми е едно од девојчињава и баш е мила, па ќе се распрашам.