Совети за развојот на деца од 3-5 години

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 12 јуни 2018.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    16.178
    Ако си накај Карпош,и јас препорачувам Денсер јунајтед ,имаат гледам повеќе програми,мене ми се далеку од Аеродром.
    Мојата е 4,5 години и ја запишав сега на балет по препорака и на ортопедот за стапалата и еве оди два часа жива среќна е :D,додека сака нека оди,ништо не форсирам.
    Други активности немам намера да ја запишувам додека не тргне во школо таму поголема.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  2. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    16.178
    Ако си накај Карпош и јас препорачувам Денсер јунајтед ,имаат гледам повеќе програми,мене ми се далеку од Аеродром.
    Мојата е 4,5 години и ја запишав сега на балет ,класичен,ама имаат понатаму и модерен ко што гледам и најмногу по препорака на ортопедот за стапалата и еве оди два часа жива среќна е :D,додека сака нека оди,ништо не форсирам.
    Други активности немам намера да ја запишувам додека не тргне во школо таму поголема.
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.564
    Допаѓања:
    14.053
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се допаѓаше класичен балет, ама она откако почна да разбира сака. Викав хип хоп, викав модерен балет, ама не и не. Класика и крај.
    И ја запишавме и дете е пресреќно еве втора година веќе. Балетов чуда прави за телото. Колку е исправена, какви грбни и стомачни мускули има. Стана ептен еластична, прави шпаги, се витка мислам ќе измести нешто во секој момент. А си остана шпагета.
    А па моментов што почна да разликува кој е Вивалди и four seasons, Бетовен или Шопен ми го полни срцето. Сега почнав и Франц Лист да и го пуштам, па самата смислува кореографии.

    Пуштајте ги на танц или гимнастика пред се ради здравје.
    Мојава уште на 6,5 години е убедена озбилно дека балерина сака да биде, па сега да гледаме и нижо музичко затоа што е предуслов (facepalm)
     
    На Mumoftwo30, elenaklasik, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.088
    Допаѓања:
    4.970
  5. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    16.178
    Да,скроз си во право ,баш со маж ми пред некој ден го правевме муабетов големава ќерка кога беше помала исто одеше еден период на балет и колку беше исправена,стегната,еластична,ама после фати короната,се се затвори и веќе кога почнаа студиото го преместија подалеку ,а и она почна со музичко и пеење во детски фестивал и толку престана со балетот.
    Инаку мислам дека од второ трето одделение некаде се уписите за во Луј нижото балетско ,следи си ако има афинитети.:) А малава пак каква става ми има за балерина,сува суварка ,шпагета :D,и исто само игра по дома,се крши има слух за музика и танци,кој знае до кога е сака да оди:).

    Мојата оди во Арт балет,има во Аеродром и Карпош ,најди ги на фб.
     
    На Mumoftwo30, Mucika и thinkerbell им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.564
    Допаѓања:
    14.053
    Пол:
    Женски
    Во Диадема е мојата. Арт балет мислам се подобри, ама ваму баш се вклопи веќе и не сака да чуе за менување.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Почнува да ме фаќа паника со трепкањето на детево мое, плус од петокот почна некако и устето да го искривува. Не изгледа воопшто убаво, не сум паметна дали да зборувам да престане или не. На очно е се океј, викендов се намали многу и трепкањето и општо целата таа фацијална експресија и од вчера во градинка пак почна да прави, ама дури екстремно станува. Денес кога стана од спиење беше се океј, ниту трепкање, ниту фаци не правеше, кога го однесов во градинка одма уште пред врата на занимална почна да трепка и да го искривува устето. Можно ли е нешто стрес да му прави таму и да реагира така? Обично зборува со нас за се, за ова кога и да прашаме, вика дека не знае зошто прави така. Од друга страна не можам да видам некаква друга реакција, нешто да му предизвикува стрес и немир во градинка. Ама почнувам многу да се грижам, не знаеме со сопругот дали да одиме по лекари, дали да чекаме, дали да збориме, дали да игнорираме…секој совет на оваа тема ми е добредојден. 4 ипол год е син ми.
     
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    6.871
    Пол:
    Женски
    Немам совет само да споделам исти проблем кај внук ми. Тука не препорачуваат никакви прегледи до 6 месеци, велат тикови се и ќе прекинат. Дефинитивно и кај внук ми е стрес зашто почна и да пелтечи ама никако да откриеме од каде доаѓа тоа. Педијатар тука смета поради двојазична средина и доаѓање ново бебе. Баш лошо изгледа и е ептен загрижувачки, сестра ми е преплашена и исто како вас не знаат што да прават, се трудат да не му зборуваат по совет на педијатар ама се полошо станува. И пелтечењето е ептен изразено кај него сега. Немам совет ама те молам споделувај се што правите и дали нешто ќе помогне
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Епа малтене иста ситуација. Живееме во Германија, расте во двојазична средина и чекаме бебе. И јас мислам дека позадината е некој стрес, никако не може да биде случајно тоа што чекаме бебе, моментално во градинка имаат промени, нови деца доаѓаат, дел од неговите другарчиња почнуваат со школо и слично. Иако досега сосема различно реагирал на стрес и сме ги решавале работите со разговор. Ако ми веруваш и јас како сестра ти, избезумена сум од грижа. И јас и маж ми. Кај нас исто имаше пред некој месец дена фаза на пелтечење, ама беше повеќе повторување на сврзниците, пример и и и и и…додека успее да го надоврзе вториот дел од реченицата, се случуваше 90% кога зборуваше на македонски. Не го корегиравме, само понекогаш ако ептен почнеше да завлекува, ќе клекневме до него, ќе го погалевме и му викавме - полека, размисли и кажи што сакаш да кажеш. И се смируваше некако и продолжуваше да кажува смирено. Беше како некој “бум” на зборови во глава да му се случуваше, а истовремено возбуда измешано со некој судир на јазиците во глава. Во градинка тогаш ни кажаа да видиме да не се работи за недостаток на воздух, така што повторува, ама искрено знаевме дека не е тоа и со смиреност помина. Ама ова сега е скроз друго и не сум паметна што да правам. И јас му кажав денес на маж ми, дека би причекала уште недела дена можеби, ако немам промени, ќе се јавам кај педијатар. Ако наидам на нешто што ќе ја смени ситуацијава, ќе ти пишам. Те молам и ти пиши ми ако најдете било какво решение или ако откриете кај лежи проблемот.
     
    На Mumoftwo30 и Anturium им се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоја да игнорираме да не го прашуваме. Тој исто на 4 почна да пелтелчи па следуваше ова со окото, пак се смири еден период. Сега еве повторно завлекува на зборовите на 5 години, ништо нема стресно но е многу чувствителен и често се лути, така да и јас како и ти не знам која е причината и како ова да го снема. Пишувај како ќе се одвива и на кој начин нешто помага и кај мене беше и уште е мн стресно.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Денес бев на долг разговор во градинка и воспитувачката рече дека и таа се сомнева дека се работи за стрес. Ние чекаме бебе деновиве и таа ни вика дека најверојатно во најголем дел се должи на тоа, бидејќи е исплашен како и што ќе биде. Според неа има два начини да се реши ова - или само од себе, ако сфати дека не е ништо страшно тоа што ќе имаме бебе и џабе бил загрижем и неговото секојдневие нема драстично да се промени или според неа може да има , не дај Боже последици, па не советуваше да се консултираме со психолог. Одлучивме да остане дома деновиве, да не оди во градинка и минимум една недела, а можеби и повеќе откако ќе се роди бебето, да не се почувствува отфрлен, иако ова ќе зависи од тоа како ќе се развиваат работите. Утре ќе се јавам кај психолог за термин. Што приметивме исто денес со сопругот е дека кога е заигран и релаксиран, не прави никакви гримаси и не трепка така со окцињата. Денес после градинка бевме надвор и после тоа дома си игравме, пробувајќи цело време да биде максимум опуштен и релаксиран и навистина се гледаше подобрување. Во првите моменти кога ќе се почувствуваше некако под стрес или исплашено (пример возеше точак и сега тој знае да застане на улица да види лево/десно и ние позади него нормално, ама пак бидејќи тоа е дел од секунда, ќе кажеме малку погласно со сопругот - застани!) и веднаш во истиот момент му се менуваше изгледот на лиценцето и почнуваше да трепка. Исто така денес ми кажа воспитувачката дека во одредена ситуација кога се симнувал по скали во градинка, ептен биле изразени тие гримаси, за после тоа син ми да ми раскаже дека воспитувачката им свикала да се симнат од катчето за играње бидејќи биле прегласни и им забранила да си играат во другите катчиња. Значи истата ситуација ми ја раскажа и тој, со тоа што гримасите негови ги поврзувам пак со стрес и страв очигледно. Ова е тоа што успеав да го заклучам денес кај син ми. Ќе пишам како ќе се одвива понатаму и што совети ќе добијам од психологот. Те молам и ти да споделиш ако откриеш некој тригер, дознаеш совет плус или било што.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Знам до сега дека помина но не целосно и се врати после неколку месеци, тригер по моја претпоставка сега последно беше тоа што имаше едно детенце и го закачаше трагаше на сила за блузето и така почна повторно со говорот да се тргне на секое зборче. Сега за сега е вака и тешко оди не можеш ни да го искараш за некои работи од страв шо ќе се стресе повеќе, граници тешко се поставуваат, јас си викам да не му создаде повеќе стрес, ама си ни ваму ни таму, некогаш мора и да се скара оти не може се да се дозволи.
    Тоа што забележав е дека тиковите се преместуваат од говор , на око, еве сега пак на говор. Поминуваат но не целосно. Се надевам ќе му помине, очекувам ама тоа е.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    6.871
    Пол:
    Женски
    Ептен истата ситуација е те молам известувај ме ако има промени може и во лп да ми пишеш. Кај внук ми баш денес приметив дека трепкањето му е ептен изразено во моментот кога пелтечи така да дефинитивно е поврзано ова, кога ќе успее да каже убаво го нема трепкањето. Исто сум загрижена дека тиковите ќе му создадат ниска самодоверба. Можно е тоа знае некој и како да го спречиме?
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Тиковите дефинитивно можат да влијаат многу на самодовербата, ама бидејќи сеуште се мали, според мене многу побитно во моментов е да се најде коренот на проблемот, што точно ги предизвикува и во кои ситуации се најизразени и тука да се работи. Мислам дека ќе исчезнат тиковите сами од себе или драстично ќе се намалат, доколку се искорени причинителот на стресот. Дали на внук ти му кажувате дека трепка и пелтечи?

    Еден апдејт од мене. Бебето се роди завчера, големиот вчера беше прв пат да го види. При секое приближување до бебето, имаше изразено трепкање со очињата. Значи се “плаши” од него, односно му создава немир и се плаши од тоа што ќе се смени во секојдневието и не знае како да се однесува околу него, бебето му ствара нелагодност. Намалени се гримасите, ама трепкањето не е. Не успеав завчера да се јавам кај психолог, денес ќе го направам тоа и ќе споделам што ќе ми каже.

    Дали кај вашите деца кога имаат комплетно релаксирачка атмосфера и се заиграни, ги има тиковите?

    @Lisandra баш како што пиша, многу е тешко да се постават граници во даденава ситуација. Мора да ги има, а од друга страна, секое обраќање со посериозен тон и поставување граница, кај него создава немир и уште толку влијае на тиковите.

    Душава ме боли што е толку чувствителен и што се допира до него.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    22
    Ќерка ми имаше 3 години кога се породив со второто, и пред пораѓај почна да ја гризе устата од внатре, беше забележливо на секоја тема бебе и интеракција околу бебе. Се гледаше дека е загрижена дали јас ја сакам се уште и нејзе. Не придадовме значење и помина после неколку месеци. Секако секој слободен момент од бебето го поминував со нејзе за да е уверена дека се е ок и ништо не се сменило во мојата љубов кон нејзе. Сега можеби игра улога дека помала била, па побрзо поминало и не го класифицирав во тикови, ама сепак мој совет е многу трпение, внимание и квалитетно поминато време со првото дете за да се опушти од новата промена (иако хормоните не влечат кон бебето повеќе, тоа е природно).
    Нека е живо и здраво бебчето, и со лесно опоравување на вас
     
    На Mother of 2boys и Marge им се допаѓа ова.
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Фала ти :f:
    Многу ми значи што сподели дека сте поминале низ слично и се завршило добро. Навистина ќе дадеме се од себе да се чувствува сигурен и дека нашата љубов за него останува иста.
     
    На Grogu му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    6.322
    Влегов во темава за истото да прашам, ама за машко. Дајте некоја препорака кај да го запишам да троши дете енергија, не оди во градинка btw.
     
  18. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Sekoja mala situacija kako povishen ton kaj nego stvara stres, ne znam kolku e povrzano no snosti duri i placese vo spijanje. Dali davash b6?
     
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    4.392
    Сега за сега, не давам ништо. Чекам на повратен повик од психолог наредна недела, па да видиме што и како понатаму.

    Кај нас е ескалирано овие два дена, откако сме дома со бебето. Повторно се врати пелтечењето, поврзано со трепкање и ептен изразени гримаси. Значи прави се заедно, најверојатно во моменти на, за него, огромен стрес. И јас се наоѓам затечена помеѓу држење до правилата и прегледување низ прсти, со тоа што гледам дека попуштањето почнува пополека да го злоупотребува. Денес имавме ситуација каде што требаше да си ја исчисти собата, бевме договорени од вчера и си имавме поделено обвески, нешто што е најнормално и имаше реакција од негова страна дека сум лоша спрема него и дека не сум фер. Ама му кажав дека ништо не се менува и дека обврските се обврски, истите што беа пред бебето и сега се, буквално ништо не е сменето. После имаше пак ескалација околу јадењето, се поставив исто како за собата. Не знам дали е правилно, баш поради тоа што сакам да се чувствува дека се е нормално и ништо не е сменето, се однесувам така. Ама не знам дали е правилно.

    Тажен е, многу сум загрижена што ми е тажно детето. А тој по природа е толку среќно и позитивно дете, сега гледам тага и загриженост во неговите окциња и душава ме боли. Не можам да продрам и да дознаам што го мачи, дали е само бебето, не знам како да постапам. Прв пат се случува кога ќе го прашам - дали знае колку го сакам, да ми каже - не.
    Денес саат време излеговме сами надвор, кога го прашав од каде сака да направиме кругче за да се вратиме дома, ми рече - сака да одиме пешки до Македонија, толку далеку.

    Дали сте посетиле психолог?

    Ќе ја тагнам @Cosmic Girl , знам дека има големо познавање на тема детска психологија, се надевам ќе најде време да не прочита и ќе сподели некој совет со нас.
     
    На Mother of 2boys и јolene им се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    10.669
    Пол:
    Женски
    За другото не знам како да те советувам Марге, ама за границите и принципите треба да останат исти.
    На децата се потребни границите. Рутини и граници им дава чуство на константа и сигурност.
    Ќе се навикне на промената, само време си треба. Не познавам нигде случај кај што новото бебе било веднаш прифатено.
    Убаво што се обрати на психолог. Се надевам набргу се ќе си дојде на местото.
     
    На Biljarkata и Marge им се допаѓа ова.