И мене тоа ми го кажува интуицијата за низ она низ кое што поминуваме во моментот. Сопругот вика па дека треба барем овој период да бидам поблага. Јас не се ни сметам за строг родител, буквално на прсти се бројат работите за кои што имам граници поставено, за се друго се договараме. Само се надевам дека се добро ќе заврши…
Во моментов најважно е да знае и да му се покаже дека он е и понатаму многу битен. Ама вие тоа секако го правите. Тоа што во моментов ти си послаба физички и те гледа ранлива да те наречам мислам исто му носи страв. Не е само бебето. Целата таа промена која ја виде кај тебе. Се поклопува нели? Може на некое потсвесно ниво му влијае а не знае како да го искаже. Бебето и љубомора кон него се исто фактор. Ама на тоа ќе се работи. На пример и да поплаче бебето малку намерно обрати му внимание на поголемото. И после пак нели, заеднички и со договор, дали може сега заедно да го смирите бебето. Раскажувај му за него кога бил бебе како сте правеле, покажувај му слики, гушкај го, кажувај му дека ти набргу пак ќе си фит и заедно ќе трчате надвор исл. Мене инаку денес еве ми се плаче веќе. Толку не полуде и на крај избив. Сега ја однесе на игралиште, а јас жива се јадам. Ама многу е диво и темпераментно. Ништо не можам да му објаснам со убаво и да прифати. За се е натегање. Викенд не полудува, особено ако по некоја причина сме дома цел ден. Страв ме фаќа од што иде ладно. Сега ти да ми кажеш оти ќе помине на мене и да си се гушнеме .
3-4 поста ти прочитав и мене ми е очигледен стрес. Најосновен детски страв дека имате ново бебе и него веќе нема да го сакате. Веројатно затоа и се интензивирало во градинка (а што ако не се вратат по мене) и по самото доаѓање на бебето. Ете ти го и одговорот- не знае колку го сакате. Мора да седнете и да му објасните дека новото бебе не е замена за него, дека љубовта не е јаболко што се дели туку се мултиплицира и ред други љубовни филозофии што @Yowannty би ги напишала многу убаво.Дека е сега голем батко и дека не само што подеднакво исто го сакате туку има и нова, многу важна улога на постар брат. Ние немавме и нема да имаме второ дете, ама тоа не значи дека и моето дете нема стравови. Ко го спомна трепкањето, првпат ми текна дека може и на моево дете од истото му беше трепкањето, ама никогаш не го поврзав со стрес- мислевме есен, сув воздух, денот се намалува и нешто околу тоа. Ама сега мислам дека и беше реакција на почеток на нов период во градинка- промени после опуштеното лето. Решававме и сеуште решаваме физички здравствен проблем, се поминавме, од приватни до државни доктори од милион области и на сите советот им бил- да не се апострофира /спомнува проблемот, да се понашаме нормално. За обврските и правилата се согласувам со Јолен. За доктори, не мислам дека имате проблем за таму. Би советувала суплементи на природна база, ги има секакви за секакви проблеми и за психичка напнатост. Пиши ми пп, може нема да одговорам одма ама нема да те заборавам. Нема зијан од психолог да ви даде совет, ама на каков ќе наидете не знам. Само љубов и смиреност и се ќе се реши
Детето е под очигледно голем стрес дома. Новиот член бебето го предизвикува тој стрес. Во однос на правилата и обврските би рекла твојот сопруг е во право, дека не е лошо да намалиш во овој осетлив период. Детето е мало, претпоставувам околу 4 год. Дали е потребно кога е под интензивен стрес да ја исчисти собата? Дали ние возрасните сме функционални кога сме под голем стрес? Не сме. Не е ни тој. Во однос на храната, исто. Дозволи му да не сака, да протестира, да ја искаже тагата импреку одбивање храна. Зошто правила и прописи сега? Кога сме тажни и под голем стрес или јадеме многу или воопшто не јадеме. За него не е исто. Се е сменето. Остави го и да не сака да ја исчисти собата и да одбива одредена храна. Има право на тоа додека се навикне на новиот член. Не му вршите никаков пресинг во моментов, ни за соба чистење ни за ништо. Секојдневно работам со деца под стрес и кај голем дел проблемот лежи во невозможноста да ги исполнат големите очекувања на родителите. Зошто сака да оди во Македонија пешки? Дали можеби го мачи јазикот во градинка? Или бара заштита и внимание од баби/ дедовци сега кога вие имате ново бебе?
@Marge имам внук со тикови, кривење уста и пелтечење, без познат поголем стрес и без бебе дома. Едноставно некогаш во мозочињата имаат спој, кога работи во нивната глава се тешко објасливи или брзо сфатливи и потребно е време да се испроцесира пред да се има реакција, а тие брзаат со реакција. Па реакцијата им е таква каква што им е. Некогаш е случај на поинтелигентно детенце (во случајов со внук ми исто, детето си е многу талентирано). Во глобала, ситуација е што поминува со тек на време и иако изгледа страшно некогаш, невролошки не остава последици. Детенцето е во години кога е нормално поради стрес да добие тикови, обично е загрижувачки ако се случи на многу рана возраст. Секако дека најдобро е да се консултираш со психолог. Од друга страна имам искуство со страшна реакција на новото бебе. Сега повторно и за третово, првото дете ми има поголема реакција од второто. Голем стрес е за нив. До сега целото ваше внимание го имале, дури и не требало ни да се трудат да го добијат, наеднаш доаѓа ново дете кое на почеток го гледаат како конкуренција. И одеднаш треба да се “борат” за вашето внимание и љубов. Секако дека не е така, ама за нив тоа страшно звучи. Додека второто дете веќе доаѓа и знае дека не е само, од сам почеток се “бори” и му е природно. И сега со третово исто, се прашувам како е можно, ама ете можно е. Оно знае дека не е само и како крева глас да биде чуено е навистина фасцинантно. Многу помагаат ситуации, каде ќе дадеш простор на поголемото дете, да се доискаже. Звучи обично, ама е доста моќно во овој процес. На пример бебе веќе почнува да кенка, тебе ти се брза да му смениш пелена, пресоблечеш, заспиеш, а детето нешто ти збори или бара, не го прекинувај, дај му минута две да се до искаже, дај му ако ти бара нешто, бебето може да почека. Друга работа, ќе одвојуваш време насамо за вас и маж ти на само со него. Доволно е измеѓу дремки на бебето, да поиграш со поголемото. Да му направиш некое омилено јадење и заедно да јадете, да му купиш играчка, да редите сложувалка заедно. Маж ти да има време со него и сите тројца кога ќе имате шанса, на пример додека спие бебе. На почеток сега, малку е потешко, бебето е премало и може да не сака да се дели од тебе па во овој период повеќе трпение. Исто битно е да не правиш грешка во комуникација од типот “не можам сега оти бебето мора да спие” за да не се чувствува дека бебето те зема од него. Не објаснувај како ти не можеш поради бебето, туку најди начин да не биде бебето “криво”. Знам дека е тешко некогаш ама верувај со тек на време ќе помине. Ќе му легне ситуацијата. Еве како идеа, ние зедовме прожектор, и секој петок гледаме цртани и се зезаме заедно. Бебе заспива во 7 и продолжувам да го гледам на камера. Сецкам овошје, имам едно садче од лидл, во долниот дел се пали свеќа, а во горниот се ставаат коцки чоколадо да се топи. И со специјални вилувчиња што доаѓаа заедно, боцкаат банана или маршмалоус па во чоколадото. Гледаме минионс последно тоа сакаат, во пижами, еден куп перници долу на под и баш им е забавно цел ѕид е слика. После тоа мијат лице, заби и кревет. Овој петок пукавме пуканки, иако малиот ми е 3 не му давам сеуште страв ми е, а и тој не сака, па јаде тоа што сака пример пуфулети обожава, ама забавно му е да истура пченка и да вади пуканки и да не “служи” нас. Со ќерка ми си купивме стегачи за глава и исти дуксери со Стич и Енџел и мачкаме креми, маски, се лакираме и се сликаме уште дур бев бремена, за да продолжиме исто и откако ќе се породам. Во овој период битно е времето што ќе го поминувате на само со него ама и сите заедно да ви е забавно. Обврските не треба да се менуваат, како што ти кажа и Биља, тие им даваат чувство на стабилност. Сега, ако некогаш не оди, во ред е и да се прескокне, ама најчесто да се инсистира на нив. Така мене психологот ме советуваше. Сеуште се советувам. Почнав пак и по ова бебе и моја препорака секако. Ќерка ми беше многу мала и не соработуваше никако, се се одвиваше преку мене и маж ми, ама тоа и нас многу ни помогна да изградиме поголема самодоверба како родители и како полесно да се справуваме со предизвиците, па најтопло препорачувам.
Ова многу ме потсети на ќерка ми...многу месеци откако се роди втората, големата кога и да имавме моменти заедно бараше уште и уште. Мислам дека добро го прифати бебето, се сакаа уште од почеток (се уште трае тоа 2 години подоцна, со повремени брзински тепачки), но кога и да правев нешто само со големата, не и беше деволно и многу ме фрустрираше тоа, ама си ги бирав битките..Каде може дозволував повеќе, каде мора да се постави граница ја поставував само внимателно, тоа зависи од детето, ако е почувствително, ти си го познаваш највеќе. Памтам дека имав доста плачења во веце од вина дали на една дали на друга не сум и доволна...и тоа е нормален процес, ќе балансираш. Битно е сега да се увери синот дека ништо во вашиот однос не е сменето да се опушти, а ти ете веднаш си излегла на прошетка сама со него, мислам дека супер постапуваш и ќе го надминете овој период само трпение треба.
Имаме посетено невропсихијатар само кој рече дека е фаза во развој заради што е по емотивен и дека ќе помине и детето нема никакви проблеми. Си оди на логопед. Знам дека нешто му прави стрес и главно ко ќе си дојди од градинка се засилува ова со говорот.
Моево се откажа изгледа А си имаше другарки од група, од маало, ги познаваме луѓето, интересно и беше и остана внатре скоро цел саат не не побараа, па после нозете ја болеле, па сакала да оди ни покажуваше што правеле, па после не сакала да оди, па другарка и се откажа и мислам дека ќе не зае***а, ми се оди не ми се оди, а да и плаќам цела година за 5 пати да оди нема да се луксузирам. Ќе видам до следен час како ќе се произјасни, ако не догодина здравје. Инаку зборев со татко на машко дете што е на фудбал, ама он е сега 4ипол и вика уште не издржува да слуша да стои во ред, а сака да игра, интересно му е, оди ама не е премногу сконцентриран нормално.
И јас не можам да замислам дека ќе следат инструкции на 4 години, повеќе ми се за некоја слободна игра, ама ич не знам дали постои нешто во таков стил во Скопјево. Он многу сака да трча, ама ко што пребарував по нетов клубови за детска атлетика примаат од 5 години, а и не познавам некој да има запишано дете на такво нешто. Се што наоѓам се Малац генијалац и сличните, ама сметам дека им фали повеќе движење на децата, кај на 6 тргнува на школо, па уште на 4 да го седнам во клупа.
Не знам за Ск, во мојов град има ваква програма баш за мали Како комбинација од атлетика и други спортови. Може има и ви други градови.
Ги препрочитав по неколку пати постовите и многу, ама многу ми значи секој напишан збор, искуство, совет, фала ви на сите Голем дел од тоа што ми го предложивте веќе применуваме, ама ми ги отворивте очите и за многу други работи. @јolene во право си дека тој всушност и за мене е многу загрижен, сега го увидов тоа, иако јас мислам дека и покрај бременоста и пораѓајот, јас давам се од себе да не се пожалам пред него дека нешто не ми е добро или ме боли, сепак му е јасно дека не сум баш скроз во форма, па го загрижува и тоа. Да бидам најискрена, веќе станувам сигурна дека бебето е тригерот и малку сум посмирена. Сево ова ме фати скроз неспремна, бидејќи се изначитав и бев “спремна” на реакции како љубомора, непослушност, промени во спиење…мислам на се бев спремна, освен на вакво нешто, ни на крај памет дека преку такви тикови ќе го покаже стресот од новиот член и очекував се да почне после раѓањето на бебето, а не недела ипол пред тоа. Да направам апдејт, денес беше многу подобро. Малото не почасти со долги дремки, што ние со маж ги искористивме максимално со големиот. Тиковите се сеуште присутни, можеби со за нијанса помал интензитет, сега некако се проширија, па почна да крева и раменици, а гримасите се намалија. Она што ми дава надеж дека оди на подобро е што почнува да му се враќа радоста и расположението. Денес беше многу поопуштен, си играше доста дуеи и сам во соба, го слушнав неколку пати како пее песнички, јадеше убаво, се будалеше и се смееше доста. Доби и демек подарок од бебето, еден робот трансформер и додека го трансформираше цел ден 100 пати од робот во авион и обратно, немаше ама баш никакви тикови. Е исто и доењето му е тригер. Малово па цица цело време и големиот се вртка цело време околу мене и му ствара непријатност тоа што малото е толку блиску. Секогаш кога го дојам малото, ми викам и него да седне до мене, да донесе играчки или книга, може да читаме, да си играме или да си зборуваме ако сака. Го прави тоа, ама сепак не му е ќејф што малото цица. Ама тука не можам ништо, освен да оставам да го прифати тоа. Му зборувам дека и он исто цицаше како мал, дека бебето нема запчиња и слично. @Yowannty имаш некој совет како да му пристапам и објаснам околу доењето? Вчера ми кажа дека бебето многу го лути кога плаче, уствари го иритира плачот. Сметам дека е чекор напред што почна да зборува пак со мене и што успева да ги дефинира емоциите за одредени работи поврзани со бебето. Јас и он си имаме традиција еднаш неделно да пазариме во маркет и тоа си е како време за нас, денес го направивме тоа и доби и некоја мала играчка и крофна и беше пресреќен. Полека почна пак да се однесува со мене најнормално, да ми се приближува повторно и мислам дека полека ќе му легнат работите. На моменти се однесува со мене ладно, иако е доста поврзан со мене, сега некако повеќе ја влече страната на татко му. Малку како да покажува некоја нестрпливост спрема мене, ама претпоставувам дека ми е “лут” поради бебето. Ме плаши враќањето во градинка од понеделник. Мислам дека кога ќе се врати, ќе има огромно влошување, барем на почеток. Останувањето дома исто мислам дека не носи ништо добро и не знам што е паметно да се направи.
@Marge и син ми реагираше негативно на секој плач од бебето. Тој е многу емотивен и знаеше да се расплаче ако некое дете почне да плаче, за него претходно плачот беше асоцијација за болка. Прво дете во двете фамилии, немал до тогаш контакт со бебиња, не го имавме спремено дека бебето на почеток нон стоп ќе плаче. Прво плачеше и тој, па се криеше и бегаше во друга соба, па затвораше уши. Му објаснивме дека бебето не знае да зборува и дека така пробува да ни каже што сака, а не дека нешто го боли или е тажно. И на секое плачење на бебето му велевме: “Ајде сега да видиме што сака бебево” - заедно проверувавме пелена, па дали сака да цица или му се спие. Ако пример требаше да се смени пелена ќе речевме “Ете, затоа плачело”! За брзо научи и сам почна да ни вика “Плаче, провери пелена или дај и да цица”. На почеток кога ќе ја земев за цицање, обавезно го викав да го гушкам и него или да редиме коцки или читаме книга, додека малава спие во раце. Прво не сакаше и му велев океј е, па после почна сам да иде баш кога ќе ја земев сестра му, а цел ден пример се игра сам или се занимава со татко му. Он цицаше до 2 години, и уште година заспиваше на цице, страствен цицач беше и сите раскажуваат дешавки од времето кога тој цицаше, па некако спремен беше дека бебињата цицаат. Плус му покажувам слики и видеа од кога тој бил бебе, како цицал, плачел, спиел исто во раце. Му велиме дека бебето цица за да порасне побрзо и да се играат заедно. Тактика од маж ми е вклучување во сѐ што правиме со бебето и многу зборење на бебето за него, на пример “Види бато колку е голем, пораснал дека цицал ко тебе, ама сега јаде, исто и ти ќе јадеш ко него ко ќе пораснеш; бато е голем ни помага да те избањаме; види бато каква кула направил; сега бато ќе оди таму и таму и сл. Во секој муабет и приказна тој е вклучен. Се трудиме неговата рутина да е запазена, вечерната посебно. Ако сака јас да го заспивам, ќе го надојам бебево и му ја давам на маж ми тој да ја заспие, јас со него. Некогаш знае да бара да го нишкам ко бебе, да го кренам во раце и него. Јас дека царски му објаснив дека тој е многу голем и потежок и дека мораме да почекаме некој месец, докторите ќе ме караат, па се качува на вага да види колку кг има, или па го нишкам седната. Му велам дека бебето не знае да оди и седи и затоа мора ние да го носиме, му нудиме и тој да ја држи (секако со наша помош), одбиваше првите месец, два и после прифати. Револт кон мене имаше на почеток, почна да ме мава ко ќе е лут, а воопшто не е такво дете, имало моменти да му ја фатам раката и да му се изнавикам да не ме удира, ама сега гледам да реагирам смирено, да го гушнам и да му кажувам дека рацете се за гушкање, галење, за играње, јадење, а не за тепање. И ко ќе почне пак така му велам “Ајде да повториме за што служат рацете” и почнува да рецитира и се смирува. Еднаш, два пати ми има речено да ја вратиме на болница, и јас викам океј и тргнувам, тој веднаш “Не, не тоа е моја сестричка”. Кога го прашав зошто така ми рекол ми рече дека сакал да биде гласен ко порано, а сега не можел да вика и тропа - го будел бебето. Па се договараме дека штом се разбуди ќе може да биде гласен колку сака. Зборење, зборење и само зборење. Иако се трудам да е поретко, знам да кажам “почекај да и смениме пелена или да цица сестра ти”, ако е многу многу упорен (а стално е, научен е сега и одма), ама во секоја наредна прилика потоа гледам и на бебево да му речам “Ајде сега ти во креветче или со тато, мама треба да му даде на бато да јаде или мама ќе прави возче со бато”. Со тек на време почнувам и нејзе да ја вклучувам во играта, да се учат заедно да играат . Сеуште не покажува некоја афектираност кон нејзе, ја игнорира во голем дел од времето ама знае да дојде со тропалка кога плаче за да ја смири, без ние да му речеме, што за нас е мала голема победа .
Да не останам покусо да искоментирам на ова. Ако е ок дете, не многу захтевтно, може да го вклучиш во соживот со бебе дома, поарно остај го подолго дома. Да не си сврти мозочето - сега мене ме праќаат овде, дома таму тоа бебето стално е со мама. Не знам дали е паметно и може ли само да го одложи проблемот, ама сега се обидувам неговата перспектива да ја ре-креирам. Или разговарајте, како тој гледа на тоа, дали сака да оди во градинка веднаш или подоцна. Може истресов глупости, слободно некој нека ме корегира.
@Marge и кас сум за да го оставиш малку подолго дома, да се поврзете, да сфати дека ти не го менуваш или помалку сакаш сега. Мојава е малку поголема, 6 години направи кога се роди бебево и исто никаква љубомора немаше, само што еден ден го седна татко и како возрасен да ми објасни дека е тажна затоа што заради бебето не си играле толку со кукли. А они двајца кога играат со кукли се љубовини. Во поглед на доењето и мојава беше слично. Она сакаше да проба да цица. Не знаев што да правам, ама почнав да и зборам цицаат само бебињата, големите немаат веќе рефлекс, нема ни да знаеш како, ама ако сакаш може да измолзам во чашка. И сакаше, измолзев и дадов и беше ВООДУШЕВЕНА. Неколку пати и толку, помина меракот. Ептен сте тазе, верувај за два, три месеци ќе биде се супер. Шок е за сите сега. Јас последниов месец почнав да се чувствувам како човек, а бебе е 6 ипол месеци.
Некој да не знае вакво нешто дали има во Скопје? Или било која активност за 4 годишно освен балет, некој да предложи нешто.
Во Фитнес Фабрика Џуниор на Бубало има некои вакви активности, има група од 4-5 години, 6-10 и 11+. Немам искуство, ѕирни кај неа.
Да е инволвиран во се што правиш околу бебето. Досадно е и побавно, ама многу функционира. Да ти подава пелени, тетри, бодиња, марамици. Да му дозволиш на пример да му потури вода на бањање, такви работи. Дај му го да го подржи, ама ако сака, не форсирај иначе, ќе си дојде спонтано кога ќе биде спремен. Јас ги седнувам двајцата им ја ставам перницата за доење околу нив и им го легнувам. Нормално цело време сум до нив. Сега веќе сами трчаат со перницата и се расправаат кој прв ќе го држи. Не му објаснувај многу за доењето ако приметиш дека не реагира добро туку инволвирај го. Сега ептен е тазе и бебето знае да седи со саати на цице, вие може да правите нешто заедно. Мојот психолог го форсира цртањето, мене лично ми беше тешко да цртам со лева рака на пример кога доев од десната страна, па и на софа. Игравме игри. Монопол, не лути се човече и такви работи, напорно беше оти треба да помрднам, да подадам рака, па бебе заплакало. На крај го откривме доминото и со ќерка ми традиционално сеуште си играме домино. Не секогаш следевме строги правила, ама ми беше најлесно некако до мене на софа па реди ги бројките до бесконечно со неа заедно сега и со двајцата. Секогаш потенцирај колку е неговата улога битна како голем брат, дека ти не можеш сама и дека ти треба помош. Па кога ќе ти помогне направи голема работа околу тоа. На пример ќе “заборавиш” да ги земеш марамиците кога ќе менуваш пелени, па кога ќе ти ги донесе тој, ќе направиш да изгледа ете без него ти ништо не можеш, пофалби, чуда, овации. Градинка нека си продолжи ( освен ако сакаш да го зачуваш малку дома поради вируси), како по не пишано правило секогаш е полошо пред да биде подобро. Сите активности што ги имал, барем она што се може нели, нека му останат исти. Нему му требаат константи во секојдневието да му влеваат стабилност, оти новото бебе веќе е преголема промена само по себе, па се што може да остане исто, нека остане. Секако, ти си го знаеш најдобро и си го следиш детето и одлучувај како ти сметаш во моментот дека треба. Се надевам дека ќе имаш мирно бебе, што ќе цица па спие само и периодов ќе го надминете побрзо. Моето второ, а и третово, само во раце да се сакаа, па тоа ми отежнува дополнително, ама трпение и поминува.
Moeto odi na gimnastika vo salata vo Orce Nikolov. Sega ja zapisavme na 3 godini,( ima za upis od 3-5 godini grupa ) salata e stara da ostanata od 90tite . Ama mene mi se dopaga sto ona sama sakase da odi zosto gi gleda pogolemite devocjinja i vika ke me nosis i mene na vezbanje i ja zapisavmei sega za sega i se dopaga. Iskreno ne ocekuvav deka ima tolku mnogu mali deca, ima sigirno okolu 20 decinja .Sega za sega casot i e 45min. i najcesto trcaat niz salata , vezbaat nesto skokakaat cisto da trosime vreme da ne ideme samo po igroteki
Да ве прашам 2 работи. Прво, ќерка ми наполни 4 години пред некој ден. Од раѓање има некои потешкотии со допир (не знам како поинаку да дефинирам), никогаш не сакала гушкања и бакнувања, тоа секогаш го почитуваме, не ја форсираме, само ако она сака се гушнуваме, ако не, не. Проблем имаме ако случајно ја допреш или погалиш, бурно реагирала, многу тантруми има доживеано поради тоа, многу пати реагирала така што пробува да го избрише местото каде што е допрена, ќе сфати дека не е нешто за бришење, и почнува да вришти и да се треска од земја. Во последните 6 месеци има позитивен прогрес, не реагира до толку бурно и поретко, сама бара да нè гушне и бакне, повторно оставаме на неа како сака. Но проблемов ми е следен сега: цело лето реагира на облеката, ја тегне и се жали дека сака поголема, добива поголема, пак и' смета, мој впечаток е дека е поврзано пак со допир, облеката на телото? Не знам како да и' помогнам, како да не се измачува, дајте совет. Втората работа што сакам да прашам е, оди во градинка точно година дена, од пред некои си 6 месеци почна да излегува од школката што се вика, почна да се опушта со деца, не се срами толку. Пробува да комуницира, но некако тешко и' оди. И ме фаќа жал, изгледа ни јас не знам како да ја научам. Пример, гледа девојче на лулашки, носи алка. Мене ми вика, мамо сакам да ја видам алката, божем јас ќе отидам ќе ја земам од девојчето и ќе и' ја дадам да ја види. И и' велам, запознај се со девојчето, кажи и' како се викаш, потоа прашај ја дали може да ја видиш. И оди до девојчето и во еден брз здив "здраво, јас сум таа, може ли да ти ја видам алката", и најчесто девојчето нема ни да ја чуе и перцепира, си игра. И моево ме гледа зачудено, и ми вика ете ја прашував, зошто не ми дава да ја видам. И после трчка по девојчето упорно, се труди, не ја перцепира, стои го гревче. Вакви слични примери нонстоп се случуваат. Не знае како да се социјализира, дури и со децата на улица што ја познаваат, мада тие се по некоја година постари па и не ја фермаат многу. Ама жал ме фаќа кога е изоставена, стои со топката во рака, сака да игра, никој не ја ферма. Дајте совет како јас да и' објаснам пред сè каков пристап да има, и истовремено да не се растажува ако некое дете не сака да игра со неа или ете не и' дава да ја види алката.
Мислам дека треба да поразговарате со дефектолог околу сензорите проблеми, постојат техники за ублажување или намалување на истите. За вториот дел мислам дека исто би биле од помош, да работат со неа и да ви дадат насоки.