Друштво јас може глупаво ќе ми биде прашањето ама пак мое е да прашам. Синко има скоро 4 години и ден денес со одредена храна има проблем. Значи сум пишела дека не јадеше се, пројаде со тек на време, ама пример ден денес од одредена текстура на храна знае да се наткрене и повраќа. Пример банана, значи кога и да се убедиме да проба тој се наткрева и повраќа. Џвака ама изгледа не ја доџвакува како треба и ќе тргне да голтне и пошто недоџвакано се наткрева како гаг рефлекс и ќе поврати. Од палента исто ако е погуста, или чоколино ако е погусто. Значи знае да џвака не е дека не знае. Е сеа дали може да има некој друг проблем во позадина, не знам поврзано јазиче или нешто, зошто ми нема логика јаболко да јаде без проблем, со банана да се дави.
Може му смета текстурата или му се лепи на непцето од горе и затоа да му иде нагон. Ако му ја испасираш, исто ќе има проблем?
Конкретно за банана, да видиш дали вкусот/мирисот е тој што му смета или само текстурата, дали сте пробале со банана леб/мафини ама баш да се сеќава вкусот. Или некој друг десерт? Познавам луѓе што на пример не поднесуваат мирис на сирење. И во собата т.е на маса да има извадено, вика ми се лоши од мирисот. Решение или совет за проблемот немам.
Текстурата мислам дека му смета. Зошто пишав и од палента погуста исто или чоколино. Инаку банана палачинки јаде, леб да направам со банана ќе го јаде, ама вака свежа никако. Општо со овошјето е проблем, јаде јаболко исклучиво зелено, круша, грозје, мандарини, портокали и толку. Лубеница ни под разно, диња исто. Банана бар ја има цела година и сити па заради тоа форсирам ама еве не оди
Мислам дека внесува доволно видови на јадење да би се секирала, скоро сите имаат некој тип аверзија спрема одредени текстури, јас како возрасна имам еден куп а не па деца, можеби со тек на време ќе ја надмине. Не знам дали во државата има feeding specialist за да се консултираш како да постапуваш, ама јас не би форсирала. Тоа е пречка, не е преференца, јас буквално можам и сега да повратам на помислата на некои текстури
Да да во право си, престанав да нудам, тој од мал беше специфичен со јадењето. 3 пати сум понудила во 3 месеци иста реакција, ама мислам и дека не доџвакува, покрај што му смета текстурата, мисли дека може да голтне и нели одбранбен механизам за да не се задави. Ќе прашам и педијатар секако. Ти благодарам за одговорот
Мајки детево 5 годинки многу тешко се социјализира за деуги деца, не игра во парк со нас само, а во градинка си игра со неколку деца, дајте некој совет шо може да се превземи оти пробувам на секој начин да му објаснам дека со други деца е интересно да игра, исто со некои деца од градинка не сака да игра ако ги види во парк бега, се враќа, да си одиме итн. Ако може некој совет оти кај дома е приврзан за нас да си игране и надвор така и во парк и игротека.
@Anturium @Lisandra да направам пак апдејт за детево мое, може ќе помогне и со вашите. Ситуацијата е многу подобрена, гримасите се скроз исчезнати, пелтечењето исто, остана уште трепкањето, ама сведено е на минимум. Јас уште не сум 100% сигурна што е тригерот и искрено уште се плашам дека наеднаш пак може да се активира. Кај нас после долги разговори со него и обиди некако од околу да се дознае главниот тригер, излезе дека е страв од воспитувачка во градинка. Барем мислам така, бидејќи кога го враќаме филмот со маж, се почна кога го земавме еден ден од градинка и иако баш таа воспитувачка беше тогаш на одмор, малово кажа дека сепак била во градинка, а тој најверојатно бил под стрес поради една ситуација пред одморот и кога ја видел му се активирале тиковите. Моја претпоставка. Дефинитивно и бебето има удел, ама мислам дека главниот тригер е воспитувачката. Детево ми е такво, што се растажува кога некој му е лут, во принцип е доста послушен и не е проблематичен и кога некој му се дере, си го сфаќа тоа за жал многу сериозно и си го зема на срце и не го заборава и тагува. Кога го вративме пак филмот со маж, излезе дека дете се жалеше од дотичната воспитувачка уште пред месец дена дека била лута на него, ама ние иако го сфативме тоа сериозно, сепак одевме на тоа да не си става толку на срце и му објаснувавме дека не треба толку лично да си ги сфаќа работите, наша грешка, требаше одма да превземеме нешто. Откако се роди бебето, остана две недели дома и низ разговори дали му фалат другарчињата, секогаш викаше - да, ама да не е воспитувачката таму. Кога видовме со маж колку го допира тоа, јас направив термин со неа и разговаравме отворено, мислам дека изнајдовме решение, се договоривме како ќе функционираме во иднина и ние како родители и они како воспитувачи, се со цел детето да го надмине овој тежок период и дете се врати вчера во градинка. После градинка беше како ново, како ништо да немало никогаш, со тоа што цело време повторуваше како баш таа воспитувачка била најсреќна што се вратил во градинка и се било супер. Значи многу му е битно баш она како се однесува со него. Исто додека не оценивме со маж дека е подобро и додека не добивме термин во градинка и потврда за соработка од нивна страна, рековме дека не го пуштаме да оди, бевме и уште сме спремни ако се влоши ситуацијата да смениме група, градинка и се што е потребно да се превземе. Како ги смиривме тиковите во овие две недели дома - со многу трпеливост, без спомнување на тиковите, цело време гледавме да има скроз опуштена атмосфера дома и иако не е дете што многу гледал тв, скроз укинавме и тоа, тој е опседнат со роботи и секогаш кога гледаше, се возбудуваше премногу и тиковите беа преизразени. Тука исто добив многу добри совети, анализиравме и посматравме со сопругот секој ден и применивме се што прочитав и што ми изгледаше потребно, фала уште еднаш на сите членки што одвоија време да ме посоветуваат и да споделат свои искуства Наредна недела е терминот со психолог, прво јас сама ќе морам да одам, па после со него, ќе работиме и понатаму на ова, ама сега за сега сум задоволна како одат работите. Проверете дали има и кај вашите некој ваков тригер, за кој што дете не кажува. Напрајте пауза од градинка, ако мислите дека после тоа се влошува ситуацијата или од било што што остава впечаток дека ги влошува работите. Пак ќе споделам како ни оди и какви совети ше добиеме од психолог и дали навистина главниот тригер бил воспитувачката или ќе излезе нешто друго.
Ќе има подобрување, трепкањето престана сега уште малце говорот. Поминува и се враќа при стресна ситуација, колку шо забележав е со деца оваа промена шо се малце погруби со него, но мора да се навикнува на секакви ситуации, дома немаме викање по многу но некогаш те вади од контрола кога прај нешто шо не треба, тивок е и чуствителен и се плаши вака од некои работи, некогаш кога ќе повишиме тон.Учителките се супер во градинка за деца кажува, но тука не може многу да се превземи туку он малце поголема самодоверба да има и да не се плаши оти нон стоп ќе се најде нешто, не можиш секаде да го заштитиш и од се, секакви деца има. Можам да речам б6 многу помага и немам прекинато да давам.
Фала ти мила на споделеното. На добар пат сте и мило ми е што сте го откриле проблемот, така барем сега знаеш на што да целиш и како да му помогнеш да го надмине ова. Кај сестра ми нема промени, педијатар рече дека ќе одат на понатамошни испитувања само ако продолжи ова и по 4 години, тој смета дека целосно ќе исчезне кога ќе го надмине рагањето на бебето. Гледам си се породила ти, честитки и многу среќа и гордост да ви носи новиот најмал член Кај внук ми при возбуда ептен е изразено трепкањето исто и кога тој зборува за бебето, така да ептен сите поврзуваме со ова, зашто друга љубомора не покажува, само преголема возбуда за сестричката. Ќе видеме во кој правец ќе оди откако ќе се породи сестра ми. Кај тригерите е баш тоа проблемот, што пак може да се вратат на сосема друга ситуација. Ама ќе ги надраснат, тоа е. Се надевам кај вас скроз ќе исчезне и нема да се појави повеќе
Здраво! Имам син од 3 год.(на 19ти октомври ќе полни 3) и ќерка од месец и пол (на 15ти август се породив). Е сега момчево си е доста активно, интелегентно, разбира доста 3 јазици. За разлика од негови врсници, кои за раче си одат надвор со родителите, моево кога ќе излезе надвор не можеш да го стигнеш, ептен немирен. Работев година и пол втора смена од дома, маж ми со смени по 12 часа, и јас со детево во скут работев до 9ти месец веќе бремена. И некако ред за спиење се изгуби, оти често бев сама, а мораш да работиш не си му на располагање цело време, на полноќ ми завршуваше смена. Иначе не е јадач, ама ич. Само на млеко. Јадеше домашни кашички, му спремам храна со форми да му е интересно, ама во градинка прекина едно време да јаде, одвај шишето со млеко му го даваа, а јас од сабајле му спремав храна, и само тоа цел ден, ми викаа учи го да јаде, како јас да не сакам и да не се трудам. Периодот пред да се роди малечкава и откако се роди, почна да не гризе, да не гребе, не е послушен, сега почна да вика колку го држи глас, фрла предмети, касно заспива, одбива да прави многу работи (да смениме пелена, да се облечиме, да спиеме) смирено му зборувам, ама залудно. Бевме на лекар оти не се трпи ситуацијава, јад постпартум, ненаспана, хормони, само што ќе ја заспијам малава, тој вика и ја буди, ни дадоа Б6 и сируп за железото, ниско му е, докторот рече можеби и тоа предизвикува вознемиреност. Се молам да биде фаза, љубомора, или пак поради железото. Совет ве молам!!! Многу се трудам да бидам силна психички.
@Marge Како сте? Кај мас вокално тиковите исчезнаја, но се сеќава нешто друго како поткашлување но не дека има кашлица туку само така си прави, мислам се префрли на поткашлување и чистење грло.
И јас не знам. Чекор напред - чекор назад. Останато е уште трепкањето, некогаш и говорот го завлекува минимално, ама има денови каде што е супер и има денови каде што е поизразено. И тоа буквално кога ќе стане од спиење, пример петокот беше супер и после градинка, сабота стана од спиење - трепкаше доста. Бев минатиот четврток кај психолог, сега на 23ти сум заедно со него. По се што и раскажав од неговото раѓање до сега, она ми вика дека е баш типично многу сензитивно и многу интелегентно дете, ми даде некои насоки како можеме ние како родители да му дадеме поддршка и да се фокусираме да му дадеме сигурност, за да успее да ги надмине предизвиците со негово темпо. Битно исто ми рече да се држиме до границите и правилата што ги имаме, за да осети сигурност и да не го фалиме премногу, посебно кога прави “обични” работи, од типот да се пресоблече сам, што е нормално за негова возраст, а не да го правиме тоа како да е некое достигнување, затоа што на тој начин он ги поврзува достигнувањата со пофалби, уствари неговите достигнувања во животот ќе му имаат тежина само ако некој му даде признание на некој начин. Не знам дали добро преведувам и доловувам што ми е кажано. Можеш и лп да ми пишеш за некои други работи што ме посоветува како да се однесуваме. Рече дека бебето не е за потценување во ситуацијава, ама очигледно има и нешто од градинка што го вознемирува. Можеби ќе не прати на некои понатамошни тестирања, ама сака прво да го запознае него и бара на следен термин да биде и бебето таму, за да може да ни го види на некој начин секојдневието. И јас сум збунета и сега после терминот со неа, постојано ми се вртат разговорите со неа во глава и кај себе како родител наоѓам исто доста грешки, дека премногу сум загрижена за неговата чувствителност, наместо да верувам дека ќе знае да се носи со тоа и дека ќе знае да се справи со предизвиците понатаму и најверојатно и тој ја чувствува таа моја загриженост. Ќе споделам секако како ќе поминеме на следен термин и како се одвива се понатаму. Кај вас поткашлувањето го прави заедно со некој друг тик? Кога приметуваш најмногу дека се изразени? Кои ситуации му прават најмногу стрес на твоето?
Сега е поткашлување, гребење со грло а вака немаше до сега, се случува ко ќе јади и кога многу се возбудува сега конкретно нема ништо стресно како шо беше со други деца само е возбуда кога игра гледа нешто на таблет пример, од убаво расположение е ова, не знам шо да мислам.
Е ова го прави и моето. Тој многу сака роботи и кога гледа е препревозбуден и трепка премногу, дури и кога зборува за тоа и раскажува, исто е многу изразено. Ние скроз му ги прекинавме цртаните на таблет, сега гледа само со нас долгометражни цртани на тв, во главно пак ги бира со роботи да бидат, ама не се возбудува толку многу. Колку време трае ова со тиковиве кај вас?
Godina i nekoj mesec, kako me nervira ova samo se prefrla od eden tik na drug. Odi na logoped ima podobruvanje no ne za stalno.
На Ќамиле ѝ однесов слика од Крис Хемсворт, џабе баеше и буцаше игли у куклата со негов лик, ене го, уште е во брак. Избегавајте ја, само парите ќе ви ги земе.
Мајки мојот син од 3год сега наполни тепа другарче во градинка. За се го тепа. Зборувам нема ефркт. Проблемот е што и приватно се дружиме. Дома во градинка во парк на улица секаде го тепа. Веќе 1 месец тоа се случува. Јас незнам како да постапам освен да престанам да се дружиме приватно. Фаза ли е незнам ама не се осеќам добро.