Ќе му објаснуваш дека не смее да го тепа се додека не сфати. Речи му нема да добиеш тоа и тоа ако уште еднаш слушнам дека го удриш, (нешто што многу сака да прави или што му купуваш) и ако го удри тој ден не му ги исполнувај желбите се додека престане.
Мора да најдеш начин да му објасниш. Да престанете да се дружите не е решение, бидејќи утре на друго дете ќе тепа. Не можеш цело време да го тргаш без да го научиш дека тоа што го прави не чини.
@perlaa1 јас мислам дека е период. Тоа поготово се јавува од 2 до кај 4ипол - 5години. После се веќе свесни и не практикуваат тепање и ќошкање. Прво треба да забележиш зошто го тепа. Најчесто кога децата не можат да се разберат или се конттаат нервозата и негодувањето го изразуваат преку удирање. Често тоа се случува меѓу децата. Само зборење и надеж дека побрзо ќе разбере. Син ми е прваче и на пколо некогаш се случува некој некого да удри, учителката просташува со совет дека тоа е лошо и да се извини. Има случаи каде тоа што удрило неќе ни да се извини туку уште побрзо реагира. Со 3 години Мали се сеуште не разбираат
@Anturium како е внук ти сега? Прочитав дека се родило бебето, нека е живо и здраво И среќен роденден на твоето @Lisandra како сте вие, има промени? Кај моево, да чукнам во дрво, сега за сега скроз исчезнаа тиковите, комплетно и во говор и трепкање. Ама јас сум сеуште во грч, да не се активираат наеднаш пак од нешто. Наредна недела сум со него кај психолог, ќе споделам ако добијам корисни совети.
Одлично, а кај нас само гребењето чистење на грлото остана но сепак добро е шо говорно нема проблеми па ќе видиме како ќе се одвива
This too shall pass? Ќе збеснам кај и да е До толку ништо да не и е погодено, ќе пропушам пак Ај ќе чекаме 4 години, може ќе се опраи тогаш
Како се наближуваме на кај темава, така коски ми се ребрат. Неколку месеци не делат ама од приближување издвојувам плачки за се и сешто. Последно, ок меѓу последните денес, оти јас сум ги соблекла моите чорапи. Ова додека ставав пижами за спиење.
Аууу страшно веќе , таман се смири и пак наново .. ќе пукнам веќе , денес толкава драма направи пред влезот на градинка поради чадор дека не сакал да го носи внатре... УЖАС! Учителката го зема и го крена едвај на сила , и внатре се смири ко да не било ништо.....јас жива вода дојдов на работа јас ќе пукнам веќе а и малата плаче на оставање, тек сега почнува период на малата на пребирање итн...... кога ќе наполнат 18 год тогаш ќе се смирам веројатно.
Како наближува 4ката да направам една ретроспектива на последната година - Околу 3тиот роденден сакав да се фрлам од зграда, не знаев како да постапам, плачеше за се живо и диво и не спиеше воопшто, ама воопшто. После некој месец веќе се гледаше разлика во смисол на Мало големо дете, можевме да се разбереме ама не можевме да се убедиме зошто нешто треба/не треба. Спиењето беше малку подобрено, ама затоа имам впечаток дека со месеци не јадеше ништо. Околу 3 и пол години имав Преразбрано дете, послушно, паметно, Неинаетливо абе бомбона детуле. И си реков се опамети госпожата, и почнавме второ да правиме пошо нели најлошото веќе прошло. ПРОШЛО А??? Последниве месец дена не тортурира по дома. Ама ова веќе не е ни до возраст, ни фаза. Ова е лигавење. И не ми скокајте одма, не е од нас разлигавена затоа ќе паузира малку со гостите кај шо се и се дозволува. Сега е месец и пол пред 4ти роденден и јас мислам дека е троа полоша од лани. А може само така ми се чини затоа што: Доаѓа од градинка, плаче за да Не јаде. После плаче зашо Не сум дала ужинка, шо е многу нормално зашо не го изела ручекот. После додека се убедиме да изеде ручекот и да земе ужинка и да излеземе, почнува да плаче за нешто. Не знаеме за што, секој ден е различен. И на крај ќе пројде 90% од времето у плачење и плаче зашо е преморена и не може да заспие. И шта чемо сад ??? Вчера се изнарика ама тоа ко демони да имаше у нејзе шо се борат да излезат, а зашо? Зашо и кажав дека Дедо мраз не носи поклони на неумни деца. И почна да се дере Сакааааам поклон. И ѝ кажав За да добиеш, не е важно само да Сакаш, туку да се однесуваш малку подобро - Да јадеш, да спиеш, да слушаш. АМА САКААААААМ! Ама и ја сакам Беемве бе ќерко пааааа.... И така, пошто се изнарика пред спиење следствено на тоа Не спиеше мирно. У 1 плачеше за да се гушнеме, у 1 и 15 за да ја изгасиме климата, у 1 и 20 зашо ја чешало ноџето, и у 1 и пол веќе ми пукна филмот и ѝ кажав шо сака нека прави. И зема заспа, сакала да спие. И ај сеа НЗС кај да најдам ?
Мојов плаче оти му се мочало. Се игра и од нигде почнува да плаче. Ти скокаш нели, мислиш кој знае што направил, се повредил, ”Што ти е мама”? - МИ СЕ МОЧКАААА !!!! . . . Па мочај ене ја шољата!
Рано е за проценки ама како да престанаа. Тие 3 дена кога беше сестра ми во болницата ептен беа изразени посебно кога ќе одеше во посета, по нивното доаѓање дома трепкањето скроз го снема. Пелтечење има уште поретко и само во ситуации кога е во околина со непознати или ептен ќе се возбуди нешто. Многу е подобро веќе, психологот во градинката и рекол на сестра ми дека поради страв од непознатото (бебето) му било и дека тоа е така кај многу емотивни деца. Може да се јави пак при нова ситуација нели де. Кај вас како е? Едит: фала ти за честитките, живи и здрави да се сите мили мали човечиња
@LiquidLuna нема нзс не барај, не си трошо времето џабе. Синко големиов, тука се со твојава, значи третава година далеку полоша од втората. Terrible twos немаше воопшто, ама за тоа третава година и за втората ни наплати. Посебно од кога се роди брат му. Значи како да ти кажам плаче за невозможни работи, односно не плаче туку сосила рика како магаре. Грешно сум му ставила паста, неубави гаќи сум одбрала, неможел да ја слече патиката, капата не му била на средина на главата, точакот не бил тротинет, удолницата била кратка... Значи нонсенс работи. Нека се живи и здрави, али живциве ми се истенчија, кај да е сама ќе се попратам во Бардовци.
Како се справувате со нејадење? Станува веќе невозможно, јаде 3-4 јадења и тие во круг. Во градинка јаде само леб, ручекот не сака ни да го проба
Има ли некој витамински сируп со убав вкус? Земав киндер имуно сируп, ама не го сака. Не знам во што да го подметнам. Молерс каков вкус има?
Мајки кај син ми пак се вратија тиковите, вокално повторува сврзници на,на на, па,па,па и слично сега имаше случка да е крајно невозможен да мава, да каса и по сто пати кажано да прекини не прекинуваше и си го доби од татко му малце го истрга за уше ништо страшно, е сега другиов ден почна пак, сега знам кој е тригерот страв дефинитивно но некогаш ептен ја претерува и не може со убо. не знам како да се надмини ова ако има и некој психолог да пише шо е запознаен со ова, се работи за пречуствително дете ама тешко можиме граници да поставиме со убо.
Мојата е 5г и 2 м. Паа слична е како твојава @LiquidLuna.. Завчера дојде од градинка и бараше да оди кај другарка и на две куќи од нас се и цело лето беа секој ден или таму или тука ама повеќе таму. И не и дозволив затоа шо последно растуриле играчки и кога требаше да си дојде одбила да собира а веќе дома играат и не може така растурено да остава. Зема плаче вришти рика сосила викам престани да рикаш нема да одиш без мене бидејќи оставаш растурено таа упорна ќе одам не растурав јас другарката растураше и ок одам не одиш и веќе ми се смачи викам преќини да рикаш ми вика НОСОТ не ми ДАВА и уште 10 мин се дереше пошо носот не и давал да престане на крај почнав хистерично да се смеам Од плачење за глупости : Зошто небото е сино Имало облаци ама немало снег Преговорите пак.. ќе ме кажела на мојата мајка дека не сум и купувала играчки да ме истепала ( 3 кеси играчки искршени фрлив завчера ) Мирно седење ,научна фантастика јас не знам во школо како ќе тргнува догодина Сеа на глава да научела да стои сакала Навечер уште си е ,ми се јаде ,ми се моча ,ми се плаче додека заспие сигурно 22 ч фаќа. Среќа оваа недела не пишти за во градинка
Не знам во која тема да пишам па ќе пробам тука? Знаете ли каде примаат деца од 3 ипол годишна возраст за пливање или гимнастика? Евентуално глумење.
И јас се придружувам во групата мајки на деца дткачи. Детето е на 3г и 3м. Живееме во странство. Во исто време, се преселивме од еден град во друг, доби детска соба (спие сам), тргнавме пелени, почна нова градинка, се оддели од другарчињата... Средина на септември бевме на редовна контрола, баш го пофалија колку убаво збори. После две недели почна да дтка. Засега е само дткање, нема други тикови. Дтка само на првите слогови во реченицата. Воспитувачите во градинка ми викаат да не паничам, демек од другите деца таму научил да дтка. Јас сепак ќе го носам на логопед па ќе видиме.